НИКОЛОВСКИ: Започнавме со доделување на првите 730 решенија за набавка на трактори, поддршка вредна 500 милиони денари
Нашата грижа за земјоделците и инвестирањето во одржливо и ефикасно домашно производство ја продолжуваме.
Модернизацијата на македонското земјоделство покрај овој повик за набавка на трактори, ја реализираме и преку поддршката за набавка на силоси за зголемување на сточниот капацитет.
Потоа поддршката во изградба на мандри, за да можат сточарите во своите бачила да инвестираат во објекти за преработка на млекото од сопствено производство.
Поддржуваме набавка и на опрема за прозиводство на тутун за да им го олесниме тој процес на тутунарите, набавка на специјализирани комбајни и сушари за ориз, или системи капка по капка.