Во руското гранатирање на Херсон ранети се 23 лица, меѓу кои и три деца, соопшти украинското Министерство за внатрешни работи.Против цивилното население беше употребена артилерија“, објави Министерството на Телеграм. Во неколку области на градот одеднаш одекнаа експлозии.„Меѓу ранетите има 15-годишно момче, 16-годишно девојче и 11-годишно девојче. На сите им е укажана лекарска помош. Оштетени се неколку згради и инфраструктурни објекти“, беше објавено на Телеграм.