Поранешниот американски државен секретар Хенри Кисинџер изјави за „Блумберг“ дека е „малку веројатно“ претседателот Владимир Путин да продолжи да владее доколку Русија биде принудена да се откаже од воената агресија во Украина.Кисинџер изјави за „Блумберг“, пренесува московскиот портал themoscowtimes.ru, дека Путин е лик од роман на Достоевски, растргнат од противречности и неразумни аспирации.
„Тој многу добро научи да ја држи власта во свои раце, но во случајот со Украина го користеше тоа прекумерно“, смета Кисинџер.