Од кабинетот на градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев, пак, посочуваат дека два дена Тиквешијата е зафатена од обилни врнежи, а најголема количина е регистрирана на мерните станици во селото Раец каде се измерени 145 литри на метар квадратен.
„Оваа количина на вода предизвика излевање на Раечка река и поплавување на голем дел од земјоделските површини во атарот на Раец и селото Дреново. Се апелира до населението да не се движи во близина на речното корито во тој предел, бидејќи водостојот на реката е се уште голем и водата од земјоделските површини не е повлечена“, велат од општината.