Славиме за постигнатиот успех на македонските винарии на 12-тиот The Balkans International Wine Competition and Festival што се одржа во Романија.
Во конкуренција од 1200 вина од 360 винарии од 10 земји македонските винарии се вратија со 109 награди.
Горди сме на
трoфеј за најдобро црвено вино од автохтона сорта,
трофеј за најдобро розе вино од автохтона сорта,
трофеј за најдобро вино од Македонија,
5 двојни злата,
25 златни медали,
28 сребрени медали и
47 бронзени медали.






