28.8 C
Скопје
09/06/2025 12:07
МАКТЕЛ

   

Лукаревска: ЕВРОПА И ДВЕТЕ ЖЕНИ

      

Поранешната државна секретарка на САД, Медлин Олбрајт, во една прилика ќе изјави: „За да ја разберете Европа треба да сте генијалец. Или Французин“. Обидувајќи се да ја разбереме и да ѝ се доближиме на Европа, ние добивме т.н. „француски предлог“. Та нели „мерси“ е исто и таму и до нас. Ама има и рок на траење. Наше е дали ќе го „фатиме“ рокот или не. И бидејќи не станува збор за испитна сесија, а не знаеме кога и под кои услови и дали воопшто ќе има поправен, верувам дека нема наивни ама нема да има ниту невини. Прашањата нема да се променат.
И бидејќи во светот, а и кај нас, како да исчезнува смислата за хумор, старите вицеви се вратија во мода. Па, се сетив на една добра стара шега – „Во рајот: готвачите се Французи, полицајците се Англичани, механичарите се Германци, љубовџиите се Италијанци, а банкарите се Швајцарци. Во пеколот, пак: готвачите се Англичани, полицајците се Германци, механичари се Французите, љубовџиите се Швајцарци, а банкари се Италијанци“.

Во овоземниот живот, во старите добри вицеви на брдовитиот Балкан, додека „бурето“ мируваше, сите имаа точни „професии“ и свои јунаци. Во Србија, мали Ѓокица; во Хрватска, мали Перица; во Босна, Мујо и Хасо; во Црна Гора, џетиќи; во Словенија, Јанез и во Македонија, Трпе. И во тие вицеви, Србите беа мераклии за храна и за шљивовица, а неретко и за мајтап со Хрватите. Хрватите им враќаа, но го имаа наше море. Босанците важеа за мераклии на добро кафе со 6 коцки шеќер и мајтап на сопствена сметка. Црногорците правеа само ако мора и ако не ги мрзи. А нас, Македонците, не сметаа најдобри за играње, пеење и за правење парастоси. Што се промени?
Словенија и Хрватска се членки на ЕУ. Србија ги почна преговорите, отвори поглавја и се „отвори“ Косово. Црна Гора ги продолжува преговорите, Босна е поблиску до нов Дејтон отколку до ЕУ. Ние ?

   

Пред неколку денови претседателот на Стопанската комора, Бранко Азески, меѓу другите мерки како да ѝ се помогне на домашната економија, предложи и „посебни таблици за службените возила“. Овој предлог го врати споменот кај повозрасните на црвените регистарски таблички на службените возила во поранешната заедничка СФРЈ кои биле укинати пред 50 години зашто се сметало дека свеста кај функционерите и кај директорите е на високо ниво. Би рекла, интересен предлог во интересно време.

Но, многу поважен е моменот за помагање на растот на извозот на домашната економија. Верувам дека никој, па ниту нашите стопанственици, не ја пропуштија веста за новиот план за Западен Балкан (Европа сега) која ја соопшти претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен: приближување до единствениот пазар на ЕУ, регионална економска интеграција, забрзување на фундаменталните реформи и стимулирање на економиите на ЗБ преку зголемување на пристапните фондови на Евопската унија. Во превод, преку економијата многу побргу граѓаните да го почувствуваат бенефитот од големиот заеднички пазар. Европа сега е всушност Европа дома. Или, да тргнеме едни кон други со забрзани чекори.

И конкретно, отворањето на овој огромен европски пазар не е за да ги „распродаваме“ националните интереси туку за да не ги продаваме сопствените имоти заради преселба во некоја од земјите на ЕУ. Зарем имавме поголем „Garage sale“ на македонските национални интереси од периодот од кој едвај се извлековме?! Нема да речам, се спасивме.
И во деновите кога повторно на најсилно проработеа националистичките „берзи“ и повторно се разгори пестицидната љубов кон Татковината за уништување на „штетниците“, во себе ја повторувам мислата на 26-от Американски претседател, Теодор Рузвелт : „Не е важен оној кој критикува, ниту тој што вперува прст во силниот човек кога тој се спрепнува, или оној што вели дека тој што создава можел и подобро да создаде. Заслугата му припаѓа на човекот кој е во арената, …. кој се залага за достојна цел, кој во најдобар случај го знае триумфот на високото достигнување и кој, во најлош случај, ако потфрли барем ќе потфрли додека дава сè од себе, за неговото место никогаш да не биде со тие ладни и плашливи души кои не познаваат ниту победа, ниту пораз“.

На 4 јули САД го одбележуваат Денот на независноста од Англичаните. Минатата недела Британскиот премиер насред Вашингтон ја повика Америка да ги зголеми своите инвестиции во Империјата. Да, зашто светските економисти предупредуваат дека не чекаат тешки времиња, дека ни доаѓа „Мајката на сите кризи“. Човекот за кој велат дека ја предвидел светската економска криза во 2008 г., Нуриел Рубини, сега вели дека комбинацијата од инфлација, вештачка интелигенција, климатски промени и реален ризик од Трета Светска војна, има глобално влијание. Затоа, смета тој, мора да научиме да живееме во состојба на подготвеност, а за позитивен исход потребна е глобална соработка и многу среќа. Нема шанса за уште една шанса.Почнав и да завршам со Французите. Луј 14 од лично искуство рекол: „Побргу би можел да ја помирам цела Европа отколку две жени“. Штета што едната не му била од наш крај. Ќе имаше Луј достоен парастос.

   

Најново

Анатомија на протестите во Лос Анџелес: Што навистина ја поттикна ерупцијата на незадоволството?

Sase Ivanovski

Секој втор странски работник сака да остане во Хрватска до крајот на својот живот

Sase Ivanovski

Ако ви доцни летот, ви следува надомест од 500 евра – нема повеќе „вонредни околности“ за авиокомпаниите

Sase Ivanovski

СДСМ: Незаконска употреба на пиротехника на журката на УМС на ВМРО-ДПМНЕ

Sase Ivanovski

Мицкоски до функционерите: Обврската која ја добивме од граѓаните е пред сè одговорност, сите мора одговорно да се однесувате кон секој народен денар

Sase Ivanovski

Мицкоски: СДС ги продаваше македонските интереси, а Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ги врати дел од позициите на Македонија на меѓународен план

Sase Ivanovski

Мицкоски: Помина времето на криминалците и клановите, Македонија победува и припаѓа повторно на народот

Sase Ivanovski

Мнозинството Бугари работат во ниско платени сектори, не земаат ни просечна плата

Sase Ivanovski

Во Косјериќ советничката листа на Вучиќ победи со 51 глас повеќе од опозицијата

Sase Ivanovski

Мицкоски: За Кочани не се помага со прес-конференции, туку со дела, а СДС постојано прави груба злоупотреба на трагични случаи

Sase Ivanovski

Шолја кафе опасна по живот кога производителот не означува што ставил во пакувањето

Sase Ivanovski

Влада: Телефонскиот број 070/355-526 е во функција, Пониква станува центар за рехабилитација за повредените

Sase Ivanovski

САД го напаѓаат иранското „банкарство во сенка“ со нови санкции

Sase Ivanovski

Израел ги уапси активистите од едрилицата „Медлин“, вклучувајќи ја и Грета Тунберг

Sase Ivanovski

ЕУ подготвува нов удар за Русија, сакаат да им ги попречат финансиските трансакции

Sase Ivanovski

БОМБА НА ФОКУС: Уапсен е Александар Нацев од ВМРО-ДПМНЕ, тој е тајниот сопственик на Агенцијата за обезбедување „Рубикон“ за кој Обвинителство ја прошири истрагата

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Трамп се сопна при качување во авионот, едвај се задржа за да не падне

Sase Ivanovski

Владата да не го нарушува концептот „Вардарска долина“, реагираат од Здружението „Инженери на Република Македонија“

Sase Ivanovski

Утрово приведен струмичкиот бизнисмен Крмзов

Sase Ivanovski

Инцидент во центарот на Подгорица – млад човек пукал во кафуле, повредени шест лица

Sase Ivanovski

Предлогот Азир Алиу да биде министер за здравство денеска пред пратениците

Sase Ivanovski

Со армиски хеликоптер евакуиран планинар кој паднал во провалија на Шар Планина

Sase Ivanovski

Муцунски во посета на Казахстан

Sase Ivanovski

Завршни зборови на обвинителството за убиството на Вања и Панче

Sase Ivanovski

Трамп на состанок со воени претставници во Кемп Дејвид

Sase Ivanovski

Нов осомничен за пожарот во „Пулс“ е вистинскиот газда на обезбедувањето!

Sase Ivanovski

Руски ракетен напад во Западна Украина, Полска превентивно ги крена авионите

Sase Ivanovski

Рјабков: Намалувањето на трупите на НАТО во Источна Европа е корисно за безбедноста на целиот континент

Sase Ivanovski

Времето денес сончево со мала до умерена облачност

Sase Ivanovski

ЌЕ ИМА ПАД НА ТЕМПЕРАТУРИТЕ: Еве ја прогнозата за времето неделава

Sase Ivanovski

НИЕ СМЕ ПРВИ ВО ЕВРОПА И ЧЕТВРТА ЕКОНОМИЈА ВО ЕУ: Мицкоски се пофали

Sase Ivanovski

МАКЕДОНИЈА Е СКРИЕН БИСЕР НА БАЛКАНОТ „National Geographic“ им ја препорача на своите читатели поради пријатната ненаметливост

Sase Ivanovski

АЛКАРАЗ ГО ОДБРАНИ „РОЛАН ГАРОС“ Се играше најдолгото финале на турнирот во историјата

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) МАСК И ТРАМП ВО НОСТАЛГИЧНА БАЛАДА НА „ПИНК ФЛОЈД“ Ново ремек дело на вештачката интелигенција

Sase Ivanovski

Стототици туристи во Кушадаси биле цел на измама со картички

Sase Ivanovski

СДСМ го обвини Мицкоски за „забеган наратив“ околу трагедијата во Кочани

Sase Ivanovski

Меѓудржавна спасувачка акција кај Ливадичко Езеро: Повредено лице спасено од бездна!

Sase Ivanovski

„Рено“ ќе произведува дронови во Украина

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Падна авион со 20 патници во Тенеси: 6 повредени, нема жртви

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Драма во Минхен: Португалија преку пенали до трофејот во Лигата на Нации

Sase Ivanovski

Дистрибуирани 17.000 пакети храна во Газа и покрај заканите од Хамас

Sase Ivanovski

Полицијата во Белград заплени 11 килограми кокаин

Sase Ivanovski

МНОГУ Е ГОЛЕМА СМРТНОСТА ОД НЕГО, СТЕ ЧУЛЕ ЛИ ЗА СИНДРОМ НА СКРШЕНО СРЦЕ?! СЕ ДОБИВА ОД МНОГУ СТРЕС, НЕКОГАШ И ОД МНОГУ РАДОСТ ИЛИ НАГЛА ФИЗИЧКА АКТИВНОСТ

Sase Ivanovski

Во ЗОО Скопје, беше отворена Хуманитарна изложба на студентските трудови изработени на работилницата , насловена „Биди суперхерој за животните“, при што беа откупени околу 25 акварели и цртежи

Sase Ivanovski

Потпишан Меморандум за соработка помеѓу Американскиот универзитет на Европа – ФОН, претставуван од ректорот проф. д-р Саво Ашталкоски, деканките проф. д-р Татјана А. Балоска и проф. д-р Билјана Стојчевска, како и директорката Сезен Цаноска, и Управата за извршување на санкции, претставувана од директорот Александар Пандов

Sase Ivanovski

АУЕ ФОН: На 4 јуни 2025 година, свечено беше отворена ИЗЛОЖБАТА НА СТУДЕНТСКИ ДЕЛА на студентите од Факултетот за дизајн и мултимедија при Американскиот универзитет на Европа -ФОН

Sase Ivanovski

АУЕ ФОН: На утринската програма „Македонија на утро“ на МРТ, професорот Игор Шокаровски од Факултетот за дизајн и мултимедија при АУЕ-ФОН, сподели теориски и стручни согледувања за влијанието на аудиовизуелната форма во пренесувањето информации, особено во контекст на претстојната кампања за локалните избори

Sase Ivanovski

Клиниката Жан Митрев Скопје, вработува .NET DEVELOPER 💻💾

Sase Ivanovski

ДРАЧ, ВАЛОНА, САРАНДА ИЛИ ТИРАНА Секој петти стан во Албанија бил купен од странец

Sase Ivanovski

Баба Монди првпат проговори каква ќе биде бекташката држава во Албанија

Sase Ivanovski

Гори депонијата во Неготино, по повеќе од три часовна борба пожарот е локализиран!

Sase Ivanovski

Битола „гори“, се слави новата титула: Фитиљ пак запеа, Алонсо се заблагодари на македонски! (ВИДЕО)

Sase Ivanovski

Капитенот на македонската ракометна репрезентација ги навреди Скопјани па се извини: Несвесен за зборовите, направив грешка!

Sase Ivanovski

Мицкоски до младите: Останете тука, градете тука, Македонија има потреба од вашиот ум, од вашата креативност

Sase Ivanovski

Попов: Ние сме младите кои ја менуваат Македонија, за една година покажавме што значи грижа за младите и реализација на проекти

Sase Ivanovski

СДСМ: Загрижува омразата на Мицкоски кон семејствата на повредените и загинатите во трагедијата во Кочани

Sase Ivanovski

МАКЕДОНИЈА Е СКРИЕН БИСЕР НА БАЛКАНОТ „National Geographic“ им ја препорача на своите читатели поради пријатната ненаметливост

Sase Ivanovski

Силен земјотрес го погоди Крит: Нов потрес на грчкиот остров

Sase Ivanovski

СДСМ: Мицкоски заборава кој му е во коалиција – луѓето што ја направија транзицијата се во ЗНАМ

Sase Ivanovski

Москва чека потврда од Киев за префрлање на телата на загинатите украински војници

Sase Ivanovski

Фицо: Словачка ќе го блокира секој обид за воведување санкции од ЕУ кон Русија

Sase Ivanovski

Мицкоски најави борба за „декласирање и превоспитување“ на ДУИ

Sase Ivanovski

Израелската војска во подземен тунел во Газа го пронајде телото на убиениот лидер на Хамас

Sase Ivanovski

ФОТО | Белгија е веќе минато: Фудбалерите го одработија и последниот тренинг пред Казахстан

Sase Ivanovski

Сиљановска-Давкова на кратка средба со Макрон во Ница

Sase Ivanovski

Остра изјава на Медведев за Украина: Дезинфекцијата против паразити продолжува

Sase Ivanovski

ПОЧИНА МАТИЈА ДЕДИЌ Џез пијанистот е син на Габи Новак и на Арсен Дедиќ

Sase Ivanovski

Експерти ќе утврдуваат дали Железничката станица во Нови Сад ќе се урива или обновува

Sase Ivanovski

Апсења во Белград откако полицијата заплени кокаин вреден 1,2 милиони евра

Sase Ivanovski

„Рено“ ќе произведува дронови во Украина

Sase Ivanovski

СДСМ го обвини Мицкоски за „забеган наратив“ околу трагедијата во Кочани

Sase Ivanovski

МАЖ ПАДНАЛ ВО БЕЗДНА, ГО ИЗВЛЕКУВАЛЕ СО ХЕЛИКОПТЕР Спасувачка акција кај Ливадичко Езеро

Sase Ivanovski

ОСТАНЕТЕ ВО МАКЕДОНИЈА, БОРЕТЕ СЕ СО ВАШИОТ УМ, ИСПРАВЕТЕ СЕ! Мицкоски се обрати пред младите од ВМРО-ДПМНЕ

Sase Ivanovski

Заталкан куршум пробил кров од автомобил во Чаир

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Најмалку 28 загинати во судар на камион и минибус во Танзанија

Sase Ivanovski

САД: Најпознатиот и најбогат тиктокер Каби Ламе уапсен поради истечена виза

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Мицкоски: Помина времето кога криминалците и клановите беа главни, да создадеме систем на ред и одговорност

Sase Ivanovski

Миљана Ристиќ постави нов национален рекорд на 3.000 метри стиплчез

Sase Ivanovski

Македонија сè повеќе се оддалечува од Европската унија, вели Јотова

Sase Ivanovski

Кичевчани ја притиснаа општината. Почна расчистување на депонијата во центарот на градот

Sase Ivanovski
Вчитувам....