10/06/2025 00:09
МАКТЕЛ

   

ДОЈЧЕ ВЕЛЕ: Кавги во Софија за нацрт-извештајот за напредокот на РСМ

      

Бројни политичари во Софија се незадоволни од нацрт-извештајот за напредокот на РСМ на известувачот на ЕП, Илхан Ќучук. Пратеникот на ИТН, Тошко Јорданов, го обвини европратеникот Илхан Ќучук од ДПС, кој е известувач во Европскиот Парламент за напредокот на Северна Македонија, дека од нацрт-извештајот го отстранил амандманот кој ги вклучува точките за етничкиот прогон и проблемите на лицата со бугарска самосвест во РСМ, вклучувањето на Бугарите во Уставот и потребата историјата да се заснова на оригинални документи.

Во интервју за БНР, Ќучук ги демантира таквите обвинувања. Тој вели дека „ништо не отстранил“, туку дека неговите колеги не дале поддршка за еден од 22-та компромисни текстови што тој ги подготвил. Според Ќучук, неподдржаниот текст бил „доста поширок од самата идеја за впишување Бугарите во Уставот, и се однесувал на билатералните прашања, вклучително и за Историската комисија“. На прашањето зошто од неговите колеги немало согласност за таа точка, Ќучук не даде конкретен одговор, а фокусот го насочи во сферата на човеките права.

   

„Се обидуваме да направиме нешто што е многу сложено – да ги осовремениме историските факти и да ги претвориме во политичка реалност. Многу пати сум кажал дека најдобриот начин да одиме напред во односите со Северна Македонија е мерката на човековите права и слободи. Овој пат во Извештајот беше вметнат специјален дел во кој се осудува насилството врз луѓе кои се определуваат како етнички Бугари во РСМ, нешто што претходно никогаш не било, затоа што насилството или провокациите – конкретните инциденти, не биле толку чести или не сме знаеле за нив, ако биле такви. Тоа е изразено во Извештајот“, вели Ќучук, дополнувајќи дека има и многу објаснувања што сѐ направила Бугарија, и што пропуштила со оглед дека немала редовна влада.

Извештајот се однесува за период од пет години, а Ќучук објаснува дека тој е само еден од седумината кои одлучуват во Комисијата за надворешна политика.

Тој првично предложил 22-та текстови да се гласаат во пакет, но со оглед дека едниот (спорниот) не ги исполнил очекувањата на другите, останало да им предложи да гласаат за секој текст посебно. Првото гласање е на 27-ми јуни во Комисијата за надворешна политика, но Ќучук повеќе очекувања има од големото гласање во пленарната сала. Притоа го нагласува и неговиот придонес за одредени прашања.

„Има многу текстови кои се мој придонес за тоа – јазикот на омразата и сите провокации, обиди и акти на насилство врз луѓе кои се дефинираат како Бугари – да бидат осудени во Извештајот. Овие текстови наоѓаат широка поддршка“, вели известувачот за РСМ, а според него таква поддршка имала и идејата за впишување на Бугарите во Уставот и за отворање на сите архиви од бившата УДБА. Досега стигнале околу 320 амандмани, од кои голем број од бугарските европратеници.

Николоски: Политиката на негација носи само тензии

И додека во фокусот се правата на Бугарите во РСМ, во длабока сенка останува односот на Бугарија кон слободата и правото на здружување на Македонците во Бугарија, особено по пресудите на ЕСЧП.

„Бугарија не е посветена и не ги спроведува своите обврски како членка на Советот на Европа“, вели Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ и потпретседател на групата на ЕПП во Парламентарното собрание на Советот на Европа.

„Бугарија со години одбива да ги спроведе пресудите на Европскиот суд за човекови права. Има 14 пресуди на Судот поврзани со Македонците во Бугарија кои не се спроведуваат. На Македонците им е забрането да го користат и да го учат својот мајчин јазик, ограничено им е на правото на собирање, како и учество на избори. Овие пресуди мора да се спроведат! Националниот устав и судовите на Бугарија не можат да бидат над пресудите на Европскиот суд за човекови права. Советот на Европа преку свои механизми ја притиска Бугарија во оваа насока. Но ние како Македонија мора да се грижиме за Македонците во Бугарија и затоа бараме да почне со спроведување на пресудите. Тоа ќе е добар чекор кон зголемување на довербата меѓу двете држави. Сегашната ситуација е потврда на политиката на негација на Бугарија и носи само тензии“, вели Николоски.

На истата тема во април годинава тој говореше пред Парламентарното собрание на Советот на Европа, што наиде на реакции од бугарски претставници, кои дури побараа да му се суспрендира правото на Николоски да говори од името на ЕПП.

Тој потсетува дека на 451. состанок на Комитетот на министри на Совет на Европа, побарано е Бугарија повеќе да не го одбива регистрирањето на здруженија кои имаат за цел „признавање на македонско малцинство во Бугарија“, врз основа на мотиви кои се во спротивност со пресудите на Европскиот суд за човекови права.

Станува збор за шест правосилни пресуди, од кои три за „ОМО Илинден“ (конечни во 2006, 2012 и 2018 година) за „Јордан Иванов и други“ од 2018 година; за „Македонски клуб за етничка толеранција во Бугарија и Радонов“ од 2020 година и „Василев и Друштвото на репресирани Македонци во Бугарија жртви на комунистичкиот терор“ од 2020 година, кои се разгледуваат како „комплексен проблем“.

Бугарија и понатаму ќе биде следена во (не)спроведувањето на оваа група на пресуди. Од бугарските власти беше побарано да дадат информации за тие прашања до 31-ви мај годинава, а Комитетот на министри одлучи да го продолжи разгледувањето на овие случаи на состанокот закажан за септември годинава. Притоа, Советот на Европа ја изрази својата подготвеност, во отсуство на опиплив напредок пред нивниот состанок во септември 2023 година, да го поканат претседавачот на Комитетот на министри да испрати писмо до бугарските власти, барајќи од нив да најдат брзи решенија со цел целосно и ефективно да ги почитуваат нивните обврски кои произлегуваат од пресудите на Судот во овие случаи.

Уште една „реприза” за ОМО Илинден И покрај ова, праксата на Софија остана непромената.

„Организацијата која се бори за признавање на македонското малцинство кај нас – ОМО „Илинден“ направила обид да се регистрира во Пловдив, но Агенцијата за регистрација одбила. Тоа е веќе потврдено и од Окружниот, и од Апелацискиот суд, и одлуката на второстепената инстанца е конечна“, објави минатиот месец „24 часа“.

Медиумот пренесува дека во статутот на ОМО „Илинден – Пловдив“ било наведено дека целите на организацијата се засноваат на „несомнениот и очигледен факт дека македонското малцинство во Бугарија е реалност повеќе од 100 години“.

„Составот на Апелациониот суд во Пловдив, кој го разгледувал случајот, утврди дека текстовите во статутот на ОМО „Илинден“ се во спротивност со чл. 44, ст. 2, од Уставот, кој гласи: ‘Се забрануваат организации чија активност е насочена против суверенитетот, територијалниот интегритет на земјата и единството на нацијата, кон поттикнување расно, национално, етничко или верско непријателство, кон кршење на правата и слободите на граѓаните, како и организации кои создаваат тајни или милитаризирани структури или се стремат да ги постигнат своите цели преку насилство’. По оваа основа, беше потврдено одбивањето да се регистрира здружението“, објави „24 часа“.(Дојче веле)

   

Најново

(ВИДЕО) ПОРАНЕШНИОТ БУГАРСКИ АМБАСАДОР ВО СКОПЈЕ ЈОРДАНОВ НАПИША КНИГА – МИСИЈА МАКЕДОНИЈА

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ЕКС БУГАРСКИОТ ПРЕМИЕР ДЕНКОВ: Македонскиот инат скапо ќе ги чини Македонците!

Sase Ivanovski

Бугарија ќе купува ураниум од Казахстан

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ЕКС ПРЕМИЕРОТ ДЕНКОВ ГИ ТЕШИ БУГАРИТЕ: Лесно ќе го победиме Мицковски, прави многу грешки! Новинарката не му верува, преплашена дека владата на РСМ е во залет!

Sase Ivanovski

Делови од Скопје утре без струја: Проверете дали сте на списокот

Sase Ivanovski

Поради овие работи може да бидете вратени од авионот, морате да внимавате

Sase Ivanovski

Орбан: На ​​Украина и требаат преговори и мир, дипломатите да ја преземат контролата од генералите

Sase Ivanovski

Само 20 минути престој во природа го намалува стресот

Sase Ivanovski

Станале директори на училишта во Македонска Каменица со фалсификат сертификати за англиски јазик

Sase Ivanovski

Уставен ме одјави како да сум сезонска работничка, вели судијката Елизабета Дуковска

Sase Ivanovski

Џеј-Ди Венс: Израел не врши геноцид, но сликите на децата кои страдаат во Газа се потресни

Sase Ivanovski

Договори до декември, но не и решение за работа – медициските сестри од Тетово незадоволни, најавија протест во Скопје

Sase Ivanovski

Спасувачка акција на Јадранското Море: Силни струи однеле две жени далеку од брегот кај Сутоморе

Sase Ivanovski

Митева: Никој што е вмешан нема да биде амнестиран во истрагата за Кочани

Sase Ivanovski

Храната во Македонија за еден месец поскапела за 4,1 отсто

Sase Ivanovski

Угостителски објект-дивоградба работел без стандарди во Делчево, газдарицата ќе одговара

Sase Ivanovski

ВМРО ДПМНЕ: Денот во 60 секунди – Грантови до 10.000 евра за самовработување на млади, намалена инфлација и раст на платите

Sase Ivanovski

Тренчевска: Хаосот во здравството не може да го среди министер информатичар

Sase Ivanovski

Притвор му е одреден на Крмзов, 30 дена треба да помине во Шутка оти судот смета дека може да избега, влијае на доказите или да го повтори делото

Sase Ivanovski

ДЕВОЈЧЕ ПАДНА ОД РИНГИШПИЛ ВО СРБИЈА Полицијата уапси три лица

Sase Ivanovski

„ТИЕ СИ ЗНААТ, ГОЛЕМИ СЕ“ Русија нема да се меша во спорот меѓу Трамп и Маск

Sase Ivanovski

НОВ МЕТОД ЗА ОТКРИВАЊЕ ХИВ ВИРУС ВО КЛЕТКИТЕ Пробивот може да биде клучен за изнаоѓање лек

Sase Ivanovski

СО ЕЛЕКТРИЧНИ ОГРАДИ ЌЕ СЕ ШТИТAT ДОБИТОКОТ И ПЧЕЛИТЕ ОД НАПАДИ НА МЕЧКИ НА ШАР ПЛАНИНА Пет земјоделци опфатени со проектот за заштита на кафеавата мечка

Sase Ivanovski

Соработка за економски напредок: Средба на гувернерот со претседателот на Стопанската комора

Sase Ivanovski

Прегазен велосипедист во Охрид

Sase Ivanovski

По убиството на Панче, никој од обвинетите не реагирал со човечко чувство, рече обвинителката Жаклина Трајковска

Sase Ivanovski

Владата му ја покачила платата на Стојанче Ангелов – ќе зема 200 евра повеќе секој месец, објави Трендафилов од ССМ

Sase Ivanovski

Филипче: Следната недела СДСМ ќе соопшти имиња на дел од кандидатите за градоначалници

Sase Ivanovski

Сиљановска-Давкова: ООН постои да гради мир не само меѓу нациите, туку и со природата

Sase Ivanovski

Собранието го изгласа Азир Алиу за нов министер за здравство

Sase Ivanovski

Македонија славеше во Астана: Светското првенство се поблиску

Sase Ivanovski

Туфегчиќ: Обвинителство не докажа дека Александар Ѓорчевски го сторил кривичното дело кое му се става на товар

Sase Ivanovski

БОЛИ ГЛАВА ОД СУМАТА: Кривична пријава против 23 физички и 15 правни лица, го оштетиле државниот буџет за над 94 милиони евра

Sase Ivanovski

Драга публико, јас без вас не бил ништо, кажа Гоце Тодоровски: Награди за животно дело за бардовите на македонското театарско глумиште!

Sase Ivanovski

„Сапорт Кочани“ до премиерот: Не убивајте го ентузијазмот на луѓето

Sase Ivanovski

Стојкоски: Арсовска се обидува да создаде несигурност во јавноста, не е точно дека ќе се градат хемиски фабрики

Sase Ivanovski

ДЕБАР СТРАВУВА ОД ЗАРАЗА На 20 километри има животни болни од чума

Sase Ivanovski

Филипче: Актуелната власт го заборави Делчево само затоа што градоначалникот е од друга партија

Sase Ivanovski

ПОБАРАН ПОГОЛЕМ ПРИСТАП ДО ФИНАНСИИ ЗА ФИРМИТЕ Гувернерот Славески се сретна со претседателот на Стопанската комора

Sase Ivanovski

РУТЕ БАРА 400% ПОЈАКА ВОЗДУШНА ОДБРАНА ВО НАТО Според генсекот е потребен квантен скок во моќта

Sase Ivanovski

Бугарија бара истрага за Томас Вајц – Георгиев: Лага е дека ќе ја пуштиме Македонија во замена за еврото

Sase Ivanovski

РУСИЈА ГО ИЗВРШИ НАЈГОЛЕМИОТ НАПАД СО ДРОНОВИ ОД ПОЧЕТОКОТ НА ВОЈНАТА?! Кремљ ја нападна Украина со 479 беспилотни летала

Sase Ivanovski

ПРВИТЕ ЗАРОБЕНИЦИ СЕ ВРАТИЈА ВО УКРАИНА Стигнаа млади и тешко повредени војници

Sase Ivanovski

Општина Аеродром ѝ изрече казна од 88 000 евра на „Комунална хигиена“ поради несобирање отпад

Sase Ivanovski

Гувернерот на Калифорнија ќе го тужи Трамп поради хаосот во Лос Анџелес: „Претседателот долеа масло на огнот“

Sase Ivanovski

СДСМ: Апсењето на Нацев е задоцнето, со жртвено јагне ВМРО-ДПМНЕ сака да ги спаси актуелните функционери 

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) БОМБА НА ЉУБЧО: Дедото на големиот патриот Никола Груевски бил дел од одборот за пречек на бугарската војска во Штип

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) БОМБА НА ЉУБЧО: Генерал Михајло Апостолски бил спасен од германски логор со тоа што се изјаснил за Бугарин

Sase Ivanovski

Полициски службеници евакуираа и транспортираа повредено лице од планината Јабланица

Sase Ivanovski

НАТО Е АГРЕСОР, ПАДНА МАСКАТА Кремљ го коментира барањето на генсекот Руте

Sase Ivanovski

AA: Азир Алиу, човекот кој инсистираше Алијансата за Албанците да се поврзе со Али Ахмети, прв и главен човек кој ја иницираше комуникацијата со него… денес ќе се изгласа за министер за здравство!!!

Sase Ivanovski

НЕ БИРАЛЕ СО ШТО СЕ ТЕПААТ Маж и жена се гаѓале со тврди предмети, интервенирала полицијата

Sase Ivanovski

СПАСУВАЧКА ДРАМА НА ЈАБЛАНИЦА Повредена планинарка од Струга, хеликоптер лета кон неа

Sase Ivanovski

Зоран и Зорица Заеви на продолжен викенд на море во Грција

Sase Ivanovski

Мицкоски: Алиу и Хоџа се дел од еден важен процес на освежување, на унапредување и поставување нови стандарди

Sase Ivanovski

Талески за Алиу: Власта нуди министер за здравство информатичар кој не знае ни колку болници има

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) БОМБА НА ЉУБЧО: Германците стрелале над 500 Македонци во втората светска војна, зошто нема никаде за нив споменик плоча?!

Sase Ivanovski

Почина 43-годишник од Гостиварско откако бил каснат од пчели

Sase Ivanovski

Освен Крмзов, обезбедени се уште две лица – ОЈО ГОКК утре ќе информира за кривичните дела

Sase Ivanovski

СДММ: Ќе има ли одговорност за УМС за пиротехниката или тие се над законот?

Sase Ivanovski

ИНФО ДЕН посветен на можностите за поддршка на научно – истражувачката дејност во Македонија

Sase Ivanovski

Вардарска регата од Велес до Солун: Пловење низ историја, природа и пријателство

Sase Ivanovski

Струга во мрак, стружани со свои пари менуваат светилки

Sase Ivanovski

Директорот на Јавното претпријатие Комунална хигиена Скопје, Сабахадин Рустеми испрати формална нотарски заверена изјава, проследена со соопштение со кое се осврнува на неодамнешните обвинувања изнесени од како тој ги нарече “комитите” од ВЛЕН во врска со наводни неовластени плаќања

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) На експресен пат почитувај ги правилата кои спасуваат животи !!!

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) БОМБА НА ЉУБЧО: Сите големи победи на партизаните во втората светска војна се измама, тие ги изгубиле сите битки, цело време масакрирале и пљачкале цивили

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) БОМБА НА ЉУБЧО: Целата плодна почва во Македонија е во рацете на Срби доселени од Србија, Босна и Хрватска од страна на српската власт пред втората светска војна

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) БОМБА НА ЉУБЧО: Во нашата историја учевме дека втората светска војна траела од 1941 до 1945, иако цел свет знае дека војната почнала 1939та, но се крие дека 2 години фашистите и комунистите биле најголеми сојузници

Sase Ivanovski

СЕДУМ НОВИ ЗАСИЛУВАЊА ЗА АЛКАЛОИД Еве кои ракометари доаѓаат во шампионот на ЕХФ купот

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Прославата на УМС беше на отворено, а факли може да купи и физичко лице

Sase Ivanovski

ВМРО ДПМНЕ: Денешното апсење на Александар Нацев е доказ дека правда има, и таа важи за сите

Sase Ivanovski

Субвенции за велосипеди и во Ѓорче Петров, најмногу до 3000 денари

Sase Ivanovski

Македонските граѓани и натаму се изложени на трошоци за зелениот картон

Sase Ivanovski

Премиерот најави „историски“ проект за Кочани и обвинува граѓанско движење дека преминувало во политичко движење?!

Sase Ivanovski

(ФОТО) Костадинов ги искара полуматурантите: Ова не е повод за хаос, учениците веднаш да го исчистат отпадот што го оставиле

Sase Ivanovski

Почина работникот кој падна од платформа на автопатот во изградба Охрид – Кичево

Sase Ivanovski

ОД 7.000 ДО 10.000 ЕВРА ЗА СЕКОЈ ШТО ЌЕ ПОЧНЕ БИЗНИС Државата нуди грантови, еве кој може да аплицира и до кога

Sase Ivanovski

УКРАИНА УДРИ ВО ВНАТРЕШНОСТА НА РУСИЈА Два авиона уништени на аеродромот Саваслејка

Sase Ivanovski

ТРАМП МУ ОДБИЛ 20.000 КЛУЧНИ РАКЕТНИ ФИТИЛИ НА ЗЕЛЕНСКИ Украина со Бајден договорила испорака на моќно оружје

Sase Ivanovski

СЛОБОДЕН ПЕЧАТ: „Ја убиле Вања а со парите сакале да им прават свадби и да им купуваат станови на своите деца“, рече обвинителката Жаклина Крстевска Јосифовска

Sase Ivanovski
Вчитувам....