Лисиче и „Островска“ добиваат нов плоштад и современ спортски центар, проект кој целосно се реализира со средства на Општина Аеродром. Градоначалникот Тимчо Муцунски и Претседателот на Советот Дејан Митески утрово беа посета во посета на Лисиче каде уште еднаш заеднички потврдија дека активностите за изградба на новиот модерен и повеќенаменски спортски центар на „Островска“ се реализираат согласно предвидената динамика.

