25.8 C
Скопје
14/06/2025 09:08
МАКТЕЛ

   

Го заборавивме ли распадот на Југославија

      

Луѓето што имаат помалку од 45 години, веќе навлезени во петтата деценија од животот, многу веројатно малку што паметат од драматичните години пред распадот на Југославија. Тоа што го слушнале од своите блиски, прочитале, или виделе во разни филмувани и документарни емисии колку и да е точно е многу поразлично од тие што тоа го доживеале и биле непосредни сведоци, или директни учесници на пропаста на една прекрасна држава. Милитантниот национализам, шовинизмот и хегемонизмот ја збришаа Југославија со крвави војни и со илјадници човечки жртви и разорувања, најголеми по Втората светска војна на територијата на Европа. Ова не е сторија на еден задоцнет југоносталгичар, туку соочување со нашата реалност и со поуките и последиците од распадот на една држава која денес ќе беше според многу проценки меѓу највлијателните и најуспешни земји во Европа.

За жал, брзо ги заборавивме причините, последиците и поуките од распадот на Југославија. И тогаш имаше умни луѓе кои предвидуваа трагичен крај, но никој од тие што одлучуваа и од огромното минозинство граѓани не веруваа дека тие ретроградни сили се толку моќни што можат да ја спречат демократизацијата и обновата на веќе потрошениот историски модел каква што беше Југославија во годините пред крвавото исчезнување. Таа голема уништувачка сила како што е национализмот која се крие зад лажниот патриотизам пламна со страотна жестина како трагична потврда дека разгорувањето на жарта под пепелта на „братство и единство“ и не е толку тешка работа ако во тоа се впрегнат политиката во спрега со интелектуалните и академски средини за да стане земја на „братство и убиство.“

   

Академски резолуции и медиумско насилство
Настаните кои сега се одвиваат кај нас колку и да се различни ме потсетуваат на некои ситуации што тогаш се случуваа пред распадот на Југославија. Медиумите во најголем број брзо беа заразени од силниот наплив на национализмот поттикнат со меморандуми и резолуции на интелектуалните и академските авторитети во одбрана на хегемонијата.

Се појавија нови географски карти и историски документи кој до каде е. Заробениците на географијата и на историјата го воздигнаа лажниот патриотизмам на врвен пиедестал за спасување на националните интереси кои беа само изговор за пребројување на патриоти, предавници и непријатели за реализација на целта со војни.
И еве сега доаѓаме до денешните наши сцени што ги гледаме и во Македонија. Медиумското насилство врз вистината е силно поттиканто со слични резолуции, меморандуми јавни настапи на академските средини и јавни личности, дури во одредени случаи пожестоки од партиските лидери и медиумите.

Се сеќавам на надежите дека ќе нема војна и распад на државата кога од целиот свет во Белград доаѓаа државници, претседатели, премиери, влијателни луѓе кои буквално ги молеа тогашните раскарани републички лидери да најдат мирно решение за да се одбегне крвава разврска. Најзначајните предлози на европските државници да не дојде до војна беа дека Југославија ќе биде експресно примена во ЕУ и ќе и се даде голема финансиска неповратна помош да се сочува државата во било кој облик, без оглед дали тоа ќе биде некаква асиметрична федерација, или конфедерација од сите поранешни републики.

Се редеа светски познати личности од цареви и кралеви, лордови до претседатели и министри кои го убедуваа Слободан Милошевиќ српскиот лидер, со останатите републички политичари да најдат решенија по мирен пат. И покрај сите заложби на светската и европска политичка елита Југославија не успеја да опстане во ниту една форма. Победи национализмот.
Во сите републики освен во Македонија дојде до војни и крвопролевање. Првиот претседател на државата Киро Глигоров со договорот со ЈНА, потпишан од генералот Благоја Аџиќ, успеа Македонија да ја избегне војната и по мирен пат да прогласи своја независност.

Од европска велесила во секој поглед, воена, културна , спортска, од држава во економски и демократски развој која беше идеал на граѓаните во режимите зад железната завеса, кои сега ни поставуваат услови, наместо ние на нив, се претвори во воено жариште. Поминаа повеќе од три децении за новата реалност на самостојни држави, а во западен Балкан се уште да не се прифаќа како најдобро решение да се биде дел од слободниот свет со членството во ЕУ. Силни се отпорите не само од нашите проблематични соседи и во самата ЕУ, но најсилни се во политиките и поулизмот на самите кандидадти каде нема широк консензус за евроатланските интеграции.

Кој е најмногу исплашен од успехот на Македонија
И еве ги сега во Македонија и во центрите на западен Балкан пак секојдневно пристигнуваат делегации и државници кои ги убедуваат новите генерации политичари заробеници на историјата и географијата да ги завршат успешно преговорите со ЕУ и да станат дел од европското семејство. Повторно политичари од Америка и од западно европските држави се во Белград, во Приштина, во Сараево, Подгорица и во Скопје кои ги охрабруваат неодговорните политичари да ги спасат своите држави од опасаноста од војни, распад, сиромаштија и заостанатост. Нудат членство во ЕУ со политичка и финансиска поддршка за успешното и забрзано одвивање на преговорите со ЕУ.

Колку се посилни и појасни аргументите да продолжат преговорите со ЕУ, толку се погласни отпорите дека ова е завера на светот, во нашиот случај, против Македонија, дека е во прашање злонамерен притисок и понижување со прифаќање и на бугарскиот по грчкиот диктат. Повторно се труеме со јалови партиски и лидерски средби и преговори кои денес важат, а утре се отфрлаат. Ечат нови популистички засилени академски и интелектуални застрашувања дека е во прашање опасна замка за македонските национални интереси и македонскиот јазик и историја ако се прифати широка владина коалиција и се донесат уставните измени.

Пак е во оптек крајно навредливата лага колку е лесно Македонците да се асимилират и да станат Бугари во сопствената држава. Дали можете да препознаете кој е најмногу исплашен од успехот на Македонија да стане европска држва со зачувување на сите национални и идентитетски посебности што е темелот на опстанокот на целата ЕУ. Подметнувањата на кукавичките јајца е со затскривање зад паролите и ние сме за влез во ЕУ, и ние сме за уставни промени, Бугарите да влезат во Уставот, но не под дикатат на Бугарија и не во вакви околности. Ние сме најголеми поборници за членство во НАТО, но не под овие услови.

До само пред една година се ветуваа нови договори со Грција и со Бугарија, за сега да се сведе само на гаранции дека Бугарија нема повеќе да ни става вета и уставните измени да важат од денот на приемот на Македонија во ЕУ. Нереално барање со одложена важност по десетина години како покритие на еволуцијата во ставот на ВМРО ДПМНЕ од поништиување на договорите со соседите до тоа дека се ќе биде спроведено кога ќе дојдат на власт.

Тоа се „околностите“ на Христијан Мицкоски кои можат да предизвикаат испуштање и на оваа шанса како и повеќе други во изминатите две ипол децении со многу поповолни решенија кои одамна, ќе ја сместеа Македонија како редовна членка на ЕУ и на НАТО, во најлош случај заедно со Хрватска да имавме похрабри и помудри политичари.
Она, на што е тешко да се даде рационален и разумен одговор е „тактиката“ која веќе четири години се потпира само на предвремени парламентарни избори. Поедноставено кажано прашањето е што ќе прават ВМРО ДПМНЕ и Мицкоски по победата.

Дали воопшто се размислува за реалноста да се случи трета победа на ВМРО ДПМНЕ на парламентарни избори без да најде коалциони партнери што ќе им овозможи да формираат влада. Таа грешка веќе ја призна Љупчо Георгиевски, оснивачот на ВМРО ДПМНЕ, што по првите парламентарни избори и покрај победата не сакаше да стане првиот премиер на независна Македонија во коалиција со партијата на Албанците. Никола Груевски пак спротивно од Георгиевски понизно го чекаше во белата палата на ВМРО ДПМНЕ својот партнер Али Ахмети до раните утрински часови по изборите од 2016 година да продолжи коалиционата власт и по 11 години владеење со катастрофални стратегиски грешки во евроаталнските интеграции на Македонија.

Конечно и да обезбеди парламентарно мнозинство и Мицкоски да стане премиер дали ќе ги поништи Преспанскиот и договорот за добрососедство со Бугарија. Според веќе искажаните индиректни најави во неговите јавни изјави и тајни разговори со странските дипломати такво нешто не доаѓа во предвид. Договорите остануваат како што се ратификувани во Собранието. Можно е само да стасаат нови понеповолни услови. Тогаш која е логиката како што вели во други околности и при друг парламентарен состав да ги донесе непопуларните одлуки чиј најголем критичар е тој и да го поништи најголемиот адут на кој сега јава да ја извојува победата на следните избори.

Секој и малку искусен опозициски политичар кој целата стратегија ја гради на тоа дека се издадени националните и државни интереси со лоши договори со соседите, а притоа нема никакви шанси да направи подобри договори, таа тешка одлука ќе ја препушти на политичкиот противник. Се разбира, со неопходната помош да се усвојат уставните промени во интрес на државата. Тоа не е признавање за кавлитетот на договорите со соседите, туку неопходен политички прагматизам во интерес на државата.

Каков третман им даде ВМРО ДПМНЕ на осумтемина свои пратеници кои ги изгласаа уставните промени за Преспанскиот договор и со тоа обезбедија членство на Македонија во НАТО. Ги прогласија за предавници за сега да тврдат дека ВМРО ДПМНЕ многу помогнал со лобирање за члнството во НАТО. Ништо не помогнал ВМРО ДПМНЕ со лобирање, туку помогнаа пратениците на оваа политичка партија кои ги изгласаа уставните промени за да бидат жигосани од својата партија како предавници.

Мицкоски мора да смета и на веројатноста дека секоја следна понуда, ако воошто дојде до тоа, покрај изгубеното време може да биде понеповолна. На ЕУ воопшто нема да и биде тешко во околности на завршување на војната во Украина да се определи за повисоки интереси и за други приоритети при проширување и прием на нови членки. Тие процеси на брз прием на Украина и Молдавија веќе се почнати. Западен Блакан уште е во игра за влез во ЕУ во наредните десетина години, но ако продолжат замрсените балкански односи и ЕУ и Америка можат да кренат раце што не е ништо невообичеано во политиката на големите геостратегиски интереси.
Ерол Ризаов

   

Најново

Охрид е СУПЕР… секој ден 14.06.2025 година, Сараиште, Охрид, Република МАКЕДОНИЈА

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Оклахома не се предава: Го врати „брејкот“ и израмни во финалето против Индијана!“

Sase Ivanovski

Семејствата на загинатите во „Пулс“ денеска ќе одржат уште еден „Марш за ангелите“

Sase Ivanovski

Без струја денеска ќе бидат делови од две села во Скопско

Sase Ivanovski

Бекам ја доби титулата „Сер“

Sase Ivanovski

Исчезнатиот Владимир Бурев од Штип е пронајден жив и здрав

Sase Ivanovski

Утврдени уште 8 кандидати за градоначалници од ВМРО–ДПМНЕ

Sase Ivanovski

„На здравје за молкот“

Sase Ivanovski

ВИДЕО: Иран утрово започна нов напад со ракети, сирените повторно ечат низ Израел

Sase Ivanovski

Лидерки на фирма-секта од САД ги терале следбеничките на интимни односи со клиенти, може да лежат 20 години затвор

Sase Ivanovski

Само 23 приватни фирми во Македонија имаат над 1.000 вработени

Sase Ivanovski

Почнува уписот во средните училишта

Sase Ivanovski

ТЕНДЕНЦИЈАТА Е СДСМ ДА ОСТАНЕ БЕЗ ОПШТИНА Мицкоски очекува огромна победа на локалните избори

Sase Ivanovski

ВОЗАЧОТ ЗАВРШИ ВО БОЛНИЦА Избувна пожар во камион кај Групчин

Sase Ivanovski

БУГАРИЈА ВЕ БЛОКИРА, НО ПОРАДИ ДРУГИ ЧЕКАТЕ 20 ГОДИНИ Сијарто нагласи дека Македонија има малку поддржувачи во Унијата

Sase Ivanovski

КОЧАНИ ЗАД АГОЛОТ

Sase Ivanovski

Венко Крстевски- Ќе се кандидарам како независен за градоначалник на Кочани

Sase Ivanovski

Пред нас е вистински летен викенд, сончев и топол

Sase Ivanovski

Во април издадени драстично поголем број дозволи за градење, најмногу се за згради во Скопје

Sase Ivanovski

„Со пари, врски, закани – виновниците се спасуваат“, велат огорчените родители на загинатите во Кочани

Sase Ivanovski

Трамп: Иран има уште една шанса за нуклеарен договор

Sase Ivanovski

ИРНА: Во израелските напади врз Иран загинаа 18 луѓе

Sase Ivanovski

Нови ракетни удари врз Техеран, иранската армија пресретна проектили

Sase Ivanovski

Македонските и бугарските историчари повторно не се договорија ништо, атмосферата била најдобра за време на ручекот

Sase Ivanovski

СДСМ: Филипче нема допирна точка со Крмзов,Мицкоски да каже за неговата врска со Нацев од Рубикон

Sase Ivanovski

АЕОИ: По израелските напади истекува радиоактивен материјал во нуклеарниот комплекс Натанц

Sase Ivanovski

Трамп: САД не беа предупредени, но беа свесни дека Израел планира да го нападне Иран

Sase Ivanovski

НЕМА ВЕЌЕ ИСКЛУЧУВАЊЕ ОД СТРУЈА ВО ЗИМА Новиот закон предвидува „енергетска сиромаштија“

Sase Ivanovski

Дива депонија во Гази Баба ја загрозува струјата за цело Скопје – Арсовска вели институциите да не молчат

Sase Ivanovski

ТЕНДЕНЦИЈАТА Е СДСМ ДА ОСТАНЕ БЕЗ ОПШТИНА Мицкоски очекува огромна победа на локалните избори

Sase Ivanovski

ОПЕРАЦИЈАТА ЌЕ ТРАЕ СО ДЕНОВИ, ПОГОДИВМЕ И НАУЧНИЦИ За Нетанјаху нападот врз Иран е „историски“

Sase Ivanovski

ОТКАЖАНИ ЛЕТОВИТЕ КОН БЛИСКИОТ ИСТОК Заглавени патници на повеќе аеродроми поради нападот на Израел врз Иран

Sase Ivanovski

ОСУДЕН Е ЗА ВЕЛИЧЕЊЕ НА ЛИКОТ НА МИХАЈЛОВ Условна од една година за претседателот на битолскиот клуб „Ванчо Михајлов“

Sase Ivanovski

Без мигранти ЕУ ќе го обере бостанот

Sase Ivanovski

Трамп против Калифорнија – која е вистинската борба?

Sase Ivanovski

ВАКА ИЗГЛЕДА НОВИОТ ПАТ ОХРИД-СВЕТИ НАУМ Нов асфалт, нови огради и проширувања на коловозот

Sase Ivanovski

ПИЈАН МОТОРЏИЈА ПРЕГАЗИЛ 9-ГОДИШНО ДЕВОЈЧЕ ВО РАДОВИШ Полицијата го уапси, детето е тешко повредено

Sase Ivanovski

ИЗРАЕЛ СО НАД 200 АВИОНИ ГО НАПАДНА ИРАН Убиени тројца генерали, офанзивата продолжува

Sase Ivanovski

ИРАН ПРЕТРПЕЛ ГОЛЕМА ШТЕТА?! Израелските напади сериозно го оштетиле нуклеарниот објект во Натанз

Sase Ivanovski

32 АВИОНИ БИЛЕ ПРЕНАСОЧЕНИ КОН КИПАРСКИ АЕРОДРОМИ Крајна дестинација им бил Израел

Sase Ivanovski

АВИОНОТ НА НЕТАНЈАХУ СЛЕТА ВО АТИНА Дали израелскиот премиер бара засолниште во Грција?

Sase Ivanovski

СЕ ЧЕКА ОДМАЗДА ОД ИРАН – ИЗРАЕЛЦИТЕ ВО ПАНИКА ГИ ПРАЗНАТ ПОЛИЦИТЕ ЗА ХРАНА И ЗА ВОДА Болниците отпуштаат пациенти, се спремаат за жртви

Sase Ivanovski

ПОДОБРО ДА СЕ СПРЕЧИ, ОДОШТО ДА СЕ ЛЕЧИ Зошто Израел токму сега го нападна Иран?

Sase Ivanovski

СИЛНОТО ПАРТНЕРСТВО СО УНГАРИЈА Ѝ НОСИ ОГРОМЕН БЕНЕФИТ НА МАКЕДОНИЈА Сијарто и Муцунски ќе потпишат важен стратешки договор

Sase Ivanovski

ПОРАДИ ДРУГИ ЧЕКАТЕ 20 ГОДИНИ Сијарто нагласи дека Македонија има малку поддржувачи во Унијата

Sase Ivanovski

НЕКОЈ НА МАТКА ЌЕ МОЖЕ ДА СИ РАЗМЕНИ СТРУЈА СО НЕКОЈ ВО АЕРОДРОМ Еве зошто инвестирањето во панели и во батерии ќе стане лесно и исплатливо

Sase Ivanovski

СДСМ: Зошто се штити оној кој ја дал наредбата за затворање на вратата на дискотеката ,,Пулс”?

Sase Ivanovski

Дино Мерлин ќе донесе неколку милиони евра приход за Штип: Најавено е мега шоу во септември!

Sase Ivanovski

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ поддржува една изборна единица

Sase Ivanovski

Јанев: Со дигитализацијата е зголемена бројката на откриени бегалци барани со потерници на граничните премини

Sase Ivanovski

Од четврти до шести јули на стадионот во Штип ќе се одржи The festival, и најавено е гостување на околу 30 познати музички имиња – Бесплатен влез и хуманитарни билети од 1.500 денари за Кочани на The Festival: Архангел, Мизар, Фолтин и Кирил Џајковски помеѓу десетиците гости!

Sase Ivanovski

Татко од Куманово си ја силувал малолетната ќерка

Sase Ivanovski

Димитриеска-Кочоска: За седум години претходната Влада направи долг од 4,1 милијарда евра

Sase Ivanovski

СО ПАМЕТНИТЕ БРОИЛА ЌЕ ЗАБОРАВИМЕ НА ПАУШАЛИТЕ Што точно добиваме како потрошувачи со новиот закон за енергетика?

Sase Ivanovski

Грузија продолжува со апсења на водечки опозициски фигури – Ника Гварамија во притвор до девет месеци

Sase Ivanovski

ФЛЕКС КРЕДИТ ПРИСУТЕН И ВО ЦРНА ГОРА Компанијата отвори ново поглавје во работењето

Sase Ivanovski

ИЗНЕНАДУВАЧКИ ПОТЕГ НА ВУЧИЌ Српскиот претседател ја посети Украина прв пат по избувнувањето на војната

Sase Ivanovski

ДАНЕЛА БЕСНО ЗАПУКА ПО ЈОЦИ И ПО ОРЦЕ ЃОРЃИЕВСКИ „Да завршам со Висар Ганиу во Чаир, па ќе дојдам во Кисела Вода“

Sase Ivanovski

Битиќи до Кочоска: Колкав е реално јавниот долг на државата после историското задолжување?

Sase Ivanovski

Општина Аеродром е без струја поради пожар, седум противпожарни возила се на терен

Sase Ivanovski

Полицаец возел пијан, пресекол полна линија и се заканувал на возач, заработи кривична пријава

Sase Ivanovski

За неуспехот на евроинтегративната политика во 2024 и 2025 е виновна оваа Влада

Sase Ivanovski

И се заканил со пиштол на вработена во тобако во Кавадарци и и го земал дневниот промет

Sase Ivanovski

СДСМ: Јавното обвинителство со денешната прес-конференција се обиде да ја релативизира одговорноста на актуелните функционери

Sase Ivanovski

Изгорел „Пасат“ во Бардовци, огнот зафатил уште еден автомобил

Sase Ivanovski

Дејан Мираковски реизбран за ректор на штипскиот универзитет „Гоце Делчев“

Sase Ivanovski

Пензионер е тешко повреден во Свети Николе, сограѓанин го прегазил со автомобил

Sase Ivanovski

Бугарско приморје: Млада девојка избоде тројца мажи во ресторан во Сончев Брег

Sase Ivanovski

Се судриле мопеди во Битола, три деца се повредени

Sase Ivanovski

Трагедија во Грција: Потврдена мозочна смрт кај две деца што паднаа во реката Арахтос

Sase Ivanovski

Мито, негрижа, фалсификати и среброљубие: За пожарот во „Пулс“ обвинети 34 физички лица и 3 фирми

Sase Ivanovski

Пуштен патот од Охрид до Св. Наум, обновени 24,4 километри

Sase Ivanovski

За невладиниот сектор високиот праг е акт на страв

Sase Ivanovski

Сиљановска Давкова: Ако ми е мене редот, не е проблем да разговарам и со премиерот Жељазков

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) СДСМ ПРИЛЕП: Борче Јовчевски им го направи кошмар животот на Прилепчани

Sase Ivanovski

Битиќи до Кочоска: Фирмите страдааат, кога ќе обезбедите поврат на ДДВ кон сите компании?

Sase Ivanovski

Џамбаски повторно бара вето: „Срам и предавство“ е што бугарската Влада не го санкционира тоа што се случува во Македонија

Sase Ivanovski

РСЕ: Влегува ли Македонија во игра за депортација на мигранти од САД?!

Sase Ivanovski

Силјановска Николиќ: Вишиот управен суд потврди картел на веледрогериите АД Д-р Пановски и Фарма Трејд, следува институционална координација

Sase Ivanovski

Дозволиле активирање на пиротехниката“, осомничените 13 полицајци се однесени во суд

Sase Ivanovski
Вчитувам....