Од оние кои се определени, во убедливо водство е ВМРО-ДПМНЕ (22%), а 11,5% од испитаниците рекле дека ќе гласаат за СДСМ.
За ДУИ би гласале 9,2 отсто, за Левица 5%, Алијанса за Албанците 3,5 отсто.,Ова го покажуваат резултатите на анкетата на „МКД.мк“ спроведена од агенцијата „Маркет вижн“ од 5 до 16 јуни.
Вкупно 60,9% од испитаниците немаат доверба во ниту еден лидер на политичка партија на македонската политичка сцена.Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ има доверба од 12%, во однос на Димитар Ковачевски кој има доверба од 6,1%.Доверба на Али Ахмети му дале 5,9% од испитаниците, во Димитар Апасиев веруваат 3,7%, а во Никола Груевски 2,9% од испитаниците.
За разлика од анкетата во февруари, Мицкоски има благ раст (од 11% на 12%) во популарноста меѓу гласачите, а Ковачевски пад – од 8,2 на 6,1 отсто.Споредено со февруарската анкета, ВМРО-ДПМНЕ бележи раст за нешто повеќе од еден процент, СДСМ пад за 0,9%, популарноста на ДУИ, Левица и Беса растат…
Повеќе од половина или 56,8% од испитаниците би излегле да гласаат доколку утре се одржат избори.Анкетирањето беше спроведено од 5 до 16 јуни 2023 година со употреба на CATI метода – телефонско анкетирање со помош на компјутер на примерок од 1.200 испитаници со ниво на статистичка грешка од 3% и интервал на доверба од 95%.