Премиерот Димитар Ковачевски денеска не одговори дали разговарал со лидерот на ДУИ Али Ахмети за последните настани со ставањето на градоначалникот на ДУИ Рамиз Мерко на црната листа на САД. Тој упати сите прашања за случајот да се бараат во Обвинителството и во судовите. Продолжуваат партиските препукувања меѓу власта и опозицијата по случајот со струшкиот градоначалник Рамиз Мерко од ДУИ, кој е ставен на црната листа на САД.Пратеничката Ели Панова, обвини дека црнаа листа на САД, ве им значи ништо на СДСМ и на ДУИ. Таа вели Мерко да беше од друга партија или од ВМРО-ДПМНЕ досега веќе ќе беше во притвор поради опасност од влијание на сведоци.
„Ова црна листа е еден шамар за ДУИ, затоа што одговорноста мора да постои. А, одговорни за непостапувањето и затскривањето на криминалните дејствија на високите функционери на ДУИ се токму инфилтрирани членови во највисоките судски инстанци, и во обвинителството и во судствот на Република Македонија. Истотака, ако подобро размислиме, ќе сфатиме дека оваа црна листа и ова објавување на САД е опомена за премиерот Димитар Ковачевски, ако знае да ја прочита, заради тоа што не знаел што се случувало во Струга, а истотака не знае и за купувањето на деловни објекти од страна на лица блиски до највисокото раководство на ДУИ, на само 50 метри оддалеченост од Собранието“кажа Панова на денешната партиска трибина.
Од СДСМ пак, реагираат дека первезно е ВМРО-ДПМНЕ да одржува трибина за криминал и корупција, па згора на се, како што велат оттаму, во Белата палата – симболот на криминалот и корупцијата.Од друга страна, премиерот Димитар Ковачевски денеска не одговори дали разговарал со лидерот на ДУИ Али Ахмети за последните настани со ставањето на градоначалникот на ДУИ Рамиз Мерко на црната листа на САД и обвинувањата за купувањето на зградата на „Соравиа“ во центарот на Скопје од страна на неговиот внук. Премиерот упати сите прашања за случајот со Мерко да се бараат во Обвинителството и во судовите
„Имав изјава во однос на градоначалникот на Струга и ги повикав сите надлежни институции во рамки на своите законски надлежности да делуваат за да го направат се она што е пропишано според закон. Владата не е ниту Обвинителство, ниту суд. Второ, ме прашувате за внуци на друг политичар, за внуците на тој политичар, ќе го прашате тој политичар. Мене можете да ме прашате за моите внуци“рече Ковачевски одговарајќи на новинарско прашање пред трибината во Куманово.
За случајот со Мерко повтори дека наводите поради кои градоначалникот на Струга е ставен на црната листа на САД се сериозни.
„На крај излезе дека веќе постоеле случаи во Обвинителството. Ќе отидете во Обвинителство ќе ги прашате. Обвинителството е независно, па во судовите. Таму се одговорите на прашања. Одговорите на прашањата не се во Владата“,рече Ковачевски.