-Земјите од ЕУ, доколку е потребно, ќе применат мерки за зајакнување на лостот на влијание на Европската унија и ќе го поддржат дијалогот со цел нормализирање на односите меѓу Србија и Косово.
Изборите во четирите општини на северот на Косово мора да се организираат со безусловно учество на косовските Срби и двете страни мора да покажат волја за спроведување на обврските од дијалогот, рече Борел.Тој додаде дека не е возможно општините на северот на Косово секогаш да бидат под заштита на КФОР.