Ве повикуваме уште еднаш да го погледнете преводот на изјавата, цениме дека е направена грешка во преводот, намерна или не намерна од службите. Изјавата на канцеларот Шолц е дека не треба да има нови условувања, што секако е и наш партиски став, меѓутоа тоа не се гаранции дека нема да има нови условувања, рече Ковачки.
Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Драган Ковачки смета дека вчерашната изјава на германскиот канцелар Олаф Шолц била погрешно пренесена во медиумите. Според Ковачки, Шолц изразил свое мислење дека Бугарија не треба да ѝ поставува нови услови на Македонија, но не гарантирал дека такво нешто нема да се случи, како што тоа беше пренесено.
– Ве повикуваме уште еднаш да го погледнете преводот на изјавата, цениме дека е направена грешка во преводот, намерна или не намерна од службите. Изјавата на канцеларот Шолц е дека не треба да има нови условувања, што секако е и наш партиски став, меѓутоа тоа не се гаранции дека нема да има нови условувања – рече Ковачки и додаде:
– Но, исто така искуството покажува дека дури и да има таква изјава, потсетуваме дека беа безбројни изјавите, тапшањата по рамо и по договорот од Нивици, после што Македонија не доби ништо и сѐ уште е во чекалницата на Европската унија.