Екс градоначалник на Општина Центар, наводно, бил приведен по слетување од Загреб.
Во истата акција заедно со него на граничниот премин Табановце бил приведен и Владимир Здравев, кој беше поранешен функционер на Општина Центар. На Табановце, според информациите, биле уапсени уште најмалку 8 лица.
Апсењето, како што неофицијално се дознава, е за набавка на опрема за мостот „Око“ како дел од проектот „Скопје 2014“ во предмет поврзан со поранешно СЈО.Повеќе детали се очекуваат во текот на денешниот ден.