19.8 C
Скопје
21/06/2025 01:45
МАКТЕЛ

   

Доколку Македонците и Бугарите сакаат да изградат траен мир и меѓусебно пријателство, првиот чекор е да посакаат да ја чујат приказната за наследената траума на другиот

      

Во есејот „За поимот на историјата“ ( „Über den Begriff der Geschichte”), кој Валтер Бенјамин го напиша кусо пред да си го одземе животот 1940-та, за да не падне во рацете на Гестапо, тој во ангелот на Паул Кле, „Ангелус Новус“(„Angelus Novus“, 1920), го препознава „ангелот на историјата“. Патем, Бенјамин го купил цртежот на Кле во дваесеттите, во една галерија во Минхен. Ангелот на Кле втренчено гледа во нешто, што го ужаснува. Според Бенјамин, така „ангелот на историјата“ го гледа минатото. Таму каде што ние откриваме само низа од факти, тој гледа гигантска катастрофа. Таа непрекинато реди пред нозете на ангелот урнатини врз урнатини, високи до небото.

Пред триесет години Југославија се распадна, оставајќи зад себе илјадници жртви и урнатини.Само нецели пет децении траеше мирот. Потоа повторно се разбуди „призракот“ на Балканот. Балканскиот „ангел на историјата“ уште со втренчен поглед гледа врз балканското минато како низа од катастрофи. Притоа, секој балкански наратив е најтрагичниот, затоа и најексклузивниот. Алајда Асман покажува на примерот на Австралија покажува зошто ексклузивните национални наративи не дозволуваат хетерогени перспективи за минатото. Австралиската историја досега беше раскажувана само од перспективата на англиските доселеници.
Но за потомците на домородските Абориџини приказната на модерна Австралија е приказна за нивната колонизација. Два хетерогени наратива се судираат во исто општество, при што оној на домородните Австралијци досега беше потиснат. Асман е уверена дека „токсичноста“ на наративите кои воспитуваат на национална гордост, може да се надмине со наративите кои воспитуваат на емпатија. За тоа е потребна дијалошка перспектива во која ќе се пројават хетерогените толкувања на историските факти.

   

Страдање, во различен контекст
Но како да се изгради дијалошка перспектива таму, каде што двата хетерогени национални наратива, како македонскиот и бугарскиот, не се во рамноправна положба? Кога едниот партнер „диктира“ по силата на своето членство во ЕУ, тогаш не е можна дијалошка перспектива. Впрочем, говорејќи на друго место за враќањето на нацијата, Асман истакнува дека многу од некогашните социјалистички земји од Варшавскиот пакт по 1989-тата ја избраа за себе улогата на жртва на сталинистичкото време, притоа ја табуизираа својата колаборација со фашистичка Германија. Токму таква е констелацијата помеѓу Бугарија и Македонија, во која датумите од минатото се доживуваат сосем различно.

На едно место во романот „Засолниште во времето“ на Георги Господинов, раскажувачот се потсетува на разговорот во Цирих со Бугарка за многу работи, затоа што предноста „на малиот јазик“ правела да си сигурен дека никој од присутните нема да те разбере. Зборуваат и за „вечната тага и незгода да си Бугарин“. До нив седи постар господин кој ги разбира – Бугарин во егзил. Тој човек потоа ја раскажува својата приказна, за која се вели дека е „класичната бугарска приказна по 1944 година – таткото отпуштен, суден, минал низ Белене“. Тоа бил логорот во комунистичка Бугарија, сличен на оној на Голи Оток во Југославија. Читајќи се фатив себеси дека сум љубопитна да ја чујам и приказната на таткотo пред „1944“, а не само по „1944“. Затоа што помислив дека таа приказна, можеби, е поврзана со Втората светска војна. Секако, таа војна има поинакво значење во македонското и во бугарското културно паметење. Во бугарското паметење по 1989-тата траумата е советската диктатура, а не Втората светска војна, како кај Македонците. Тоа е затоа што овие два периода во македонското и во бугарското национално паметење се поврзани со страдање, но во различен контекст.

Различното доживување на „1944”
Затоа во актуелната контроверза помеѓу Бугарија и Македонија датумот „1944“ има сосем различно значење. Таа година во сегашниот македонско-бугарски дискурс за Бугарите е само датумот од кој „постојат“ Македонците. Се заборава дека тој датум го означува и поразот на бугарската држава во сојузот со Третиот Рајх, „загубата“ на Македонија, почетокот на сојузништво со Советскиот сојуз и траумата на Бугарите кои не беа комунисти во комунистичкиот режим. Како по секоја голема војна, нејзиниот крај го означуваат судењата и ликвидациите на тие кои во војната биле на спротивната страна. Меѓутоа, за трауматизираниот е реална само неговата траума. Затоа бугарската перцепција на сопствената траума не го доживува како трауматичен периодот пред 1944-та, како што тој е кај Македонците. Од друга страна, Македонците во југословенскиот период ја остварија својата самостојност. Периодот по „1944“ за Македонците е датум на победа, затоа што тогаш се случи АСНОМ.

Во бугарското паметење „1944“ е очигледно наследената траума, како датум на пораз, а не на ослободување“ на Бугарите од фашизмот, како што тој датум се доживувал од Советскиот сојуз. Затоа би ме интересирала и приказната на таткото на егзилираниот Бугарин во Цирих во романот на Господинов, за да разберам што се случувало во животот на тој човек пред „1944“, во Втората светска војна. Можат ли во ваква констелација Македонците и Бугарите да изградат дијалошка перспектива? Можат ли да водат вистински дијалог, кога наративот што го определува едниот противречи на оној на другиот? Затоа што и за едниот и за другиот народ времето пред, односно по „1944“ е поврзно со траума, за нив е невозможно да се сретнат на половина пат, зашто секој од нив на тој пат ја претпочита спротивната насока. Впрочем, тоа ја легитимира за секој од нив тежината на наследената траума на предците.

Надминување на митовите и стереотипите
Затоа ми се чини дека треба да се трага по поинакви патишта за надминување на непомирливите перспективи во бугарско-македонскиот спор. Отсекогаш бев уверена дека литературата може повеќе да ни помогне да го разбереме погледот на еден народ врз себеси и врз својата историја. Иако денес уште има балкански историчари кои во духот на „историскиот материјализам” говорат за „објективна вистина“ во историјата, минатото секогаш се толкувало во еден политички и културен контекст. Тоа, впрочем, го потврдува и различното доживување на „1944” во бугарски и во македонски контекст. Кога кај Господинов прочитав за „вечната тага и незгода да се биде Бугарин“, сфатив дека секој од нас ја знае само „вечната тага“ на својот народ која, всушност, има врска со наследената, ненадмината траума од минатото на нашите предци. Не тие од времето на цар Самуил или на Гоце Делчев, туку оние од времето на Втората светска војна и од времето по неа.

Доколку Македонците и Бугарите сакаат да изградат траен мир и меѓусебно пријателство, првиот чекор е да посакаат да ја чујат приказната за наследената траума на другиот. Тоа би го отворило процесот во кој двата народа со помош на историската, филозофската и уметничката рефлексија за своето минато критички би се соочувале со ненадминатите сопствени трауми. Само таков процес е еманципаторски и може да ги надмине митовите и стереотипите. Но, најнапред, би требало литературата да го отвори просторот да се изрече „неизреченото“ во приказаните на предците – кај двата народа.

Тоа „неизречено“ кое станало речиси мит во синтагмите за „вечната тага и незгода да се биде Бугарин“ или во „вечната мака и незгода да се биде Македонец“ во светот. Само литературата ја раскажува историјата низ приказни. Дури и кога личностите се фиктивни, особеноста на литературата е што таа низ приказни ни го приближува духот на времето. Само кога минатото ќе биде оживеано пред нас низ приказни за драмата на човечките животи во војните, ние ќе почнеме да сознаваме дека страдањето е исто – од двете страни на фронтот.

   

Најново

Апелација пресече: Нино Васев од домашен во притвор во Шутка

Sase Ivanovski

Во израелските напади врз Појасот Газа загинаа над 40 луѓе

Sase Ivanovski

ОП, ОП, ОП, БРАВО

Sase Ivanovski

„Таков каков што сум’’ – aвтобиографија на бизнисменот Кочо Анѓушев

Sase Ivanovski

БОЕМОТ: „Проколнати“ локали во Скопје 

Sase Ivanovski

Дали знаевте дека на врвот на неговата кариера, Тоше Проески, во потрага по постојан развој и усовршување на неговиот вокал и уметничка умешност, отпатува во Њу Јорк да учи со еден од најдобрите светски вокални тренери како Бил Рајли Сениор, некој кој своевремено имал тренерски сесии со великани од калибарот на Селин Дион, Андреа Бочели и Џош Гробан

Sase Ivanovski

Филипче: СДСМ ги објавува првите 19 кандидати за градоначалници-личности со кредибилитет

Sase Ivanovski

Голем број дизел автомобили во Европа мора да завршат во отпад

Sase Ivanovski

Шефот на СЗО го осуди нападот врз болниците во Иран и Израел

Sase Ivanovski

Хезболах ги осуди заканите до ајатолахот Хамнеи: „Неодговорни и опасни изјави“

Sase Ivanovski

„ЕСМАИЛ ФЕКРИ Е ОБЕСЕН ПО СУДСКА ПОСТАПКА ПОРАДИ ВОЈНА ПРОТИВ БОГА“ Иран погуби агент на Мосад

Sase Ivanovski

ВИДЕО ИНТЕРВЈУ | Д-р Саздов, анестезиолог од приватната болница „Аџибадем Систина“: Канцерогена болка се отстранува со крионевролиза- со ниски температури се оштетува нервот

Sase Ivanovski

Хрватска и Индија ќе соработуваат во одбранбената индустрија

Sase Ivanovski

ЕСМ вонредно купи струја од трговци по пожарот во РЕК Битола

Sase Ivanovski

ПЛАТИТЕ ВО ЕУ СЕ ЗГОЛЕМУВААТ: Kои земји се на врвот?

Sase Ivanovski

„РАБОТОДАВАЧИ ПОДГОТВЕТЕ СЕ, СЕ РАБОТИ НА СТИМУЛАЦИЈА ЗА ДА ВРАБОТУВАТЕ СТУДЕНТИ“: Грчева најавува – се работи за нов Закон за студентска работа

Sase Ivanovski

Министерот Андоновски: Апасиев живее во Аеродром, а не знае каде да го регистрира новороденчето

Sase Ivanovski

„ЕКСПЛОДИРАА“ ЦЕНИТЕ НА КИРИИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА: Порастот стигнува и до 107 отсто

Sase Ivanovski

СТАТИСТИКА ОБЈАВИ НАЈНОВИ ПОДАТОЦИ: Koлкава е просечната плата во Македонија?

Sase Ivanovski

Кои се бизнисмените кои ќе менаџираат со „Македонско село“?

Sase Ivanovski

Албански бизнисмен ја купи UNIQA во Македонија

Sase Ivanovski

Паљото е неуморен – најави нов поход на локалната власт, листата ќе му се вика „За Битола“

Sase Ivanovski

58 ПОВРЕДЕНИ ОД „ПУЛС“ ВЕЌЕ НОСАТ КОМПРЕСИВНА ОБЛЕКА Позитивни резултати и нови терапии во болницата во Кочани

Sase Ivanovski

ПОСЕТА НА ДЕЛЕГАЦИЈА НА ЕВРОПСКИ СОВЕТ ПО ПОВОД СКОПЈЕ ЕВРОПСКИ ГРАД НА КУЛТУРАТА ЗА 2028-МА

Sase Ivanovski

КАЦ НАРЕДИЛ ЗАСИЛЕНИ УДАРИ ВРЗ ИРАН Мета се Исламската револуционерна гарда и Басиџ

Sase Ivanovski

НЕТАНЈАХУ СЕ ЖАЛИ, СИН МУ ДВАПАТИ ОТКАЖУВА СВАДБА „Сите ја плаќаме цената за нападите на Иран“

Sase Ivanovski

„СПРЕМЕТЕ ГИ KOВЧЕЗИТЕ“ Илјадници луѓе протестираа по молитвата во Техеран

Sase Ivanovski

КАНЈЕ ВЕСТ И БЈАНКА ЦЕНСОРИ ЗАВРШИЈА ВО МЕНТАЛНА КЛИНИКА Неделно плаќаат 170.000 долари?

Sase Ivanovski

ПРЕДЛОЖЕНО Е РАЗРЕШУВАЊЕ ЗА ВИШИОТ ОБВИНИТЕЛ ХАЈРУЛАХИ Обвинителот Цветановски е казнет со помала плата

Sase Ivanovski

(Видео) Филипче: Наместо економски бум, Македонија тресна на дното во Европа

Sase Ivanovski

Скопјанка нападната од партнерот на одмор во Грција

Sase Ivanovski

Дачиќ има највисока министерска плата во Србија, Вучиќ – речиси 60 отсто помалку примања од него

Sase Ivanovski

Кешишев: Многу се каам што бев со таа група

Sase Ivanovski

Зоран Ставрески не стана гувернер ама основа своја фирма за финансиски консалтинг

Sase Ivanovski

Сообраќајка на автопатот Тетово – Скопје, сообраќајот е во прекин

Sase Ivanovski

Мурати: Македонија некогаш беше пример на надеж за регионот, денес таа е пример на застој

Sase Ivanovski

ССМ: За два месеца минималната кошница е зголемена за 2007 денари

Sase Ivanovski

МАНЕВ: Потрошив 6 години од мојот живот, запоставувајќи ја мојата фамилија и работата. Шест години ме манипулирал и ме спремал како жртвен вол

Sase Ivanovski

Иран би можел да произведе нуклеарно оружје во рок од „неколку недели“, соопшти Белата куќа, додека американскиот претседател Доналд Трамп дебатира дали да преземе воена акција против земјата

Sase Ivanovski

Во прекин сообраќајот на регионалниот пат Маврово – с.Галичник поради сообраќајна незгода

Sase Ivanovski

Може ли Израел да финансира војна на повеќе фронтови?

Sase Ivanovski

ОПШТИНА КУМАНОВО Проштална средба во чест на амбасадорката на Р Србија во РС Македонија

Sase Ivanovski

ВАКОВ ПСИХОПАТ СЕ РАЃА ЕДНАШ НА 100 ГОДИНИ Палевски: Боре пукаше, Манев е организатор, а Кешишев е стражар

Sase Ivanovski

ЈП Водовод и канализација – Скопје информира за зголемена потрошувачка на водата и апелира до граѓаните на градот Скопје за рационално користење и употреба на водата

Sase Ivanovski

ДРАМА НЕВИДЕНА: Вработениот во Народна Банка што го уништил ранецот со пиштол и мотороли е сопруг на кривичен судија?!?!

Sase Ivanovski

ВМРО ДПМНЕ: Советникот на Филипче во Кочани да си поднесе оставка, наместо во интерес на граѓаните, работи на реализација на сценарио за негов спас

Sase Ivanovski

Иран е подготвен да разговара за ограничувањата за збогатување на ураниум

Sase Ivanovski

Пресудите за Мерко се доказ за правосудниот колапс на судиите избрани во Зајас и Струмица, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Sase Ivanovski

Во Кочани пристигна првата пратка на креми за санација на изгорениците

Sase Ivanovski

ЕУ: Први унифицирани стандарди за чување на домашни миленици

Sase Ivanovski

Лишен од слобода возач во Македонска Каменица, управувал возило под дејство на алкохол

Sase Ivanovski

Се шири лажна наградна игра поврзана со „Лидл“, компанијата апелира граѓаните да бидат внимателни

Sase Ivanovski

Чупеска: Падот на рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ е реален, граѓаните живеат тешко и препознаваат неспособност

Sase Ivanovski

Прилепчанец оштетил апарат за коцкање па во полиција пријавил дека делото го сторило друго лице

Sase Ivanovski

ОПШТИНА КУМАНОВО: Втор третман на терестичка дезинсекција

Sase Ivanovski

Рамиз Мерко казнет со 10 илјади евра за незаконското поставување директори во училиштата

Sase Ivanovski

Европејците излегоа со предлог од четири точки до Иран за деескалација со Израел

Sase Ivanovski

Приведени тројца разбојници во Скопје, следува соодветна пријава

Sase Ivanovski

Одморалиштето на Пониква утре ќе прими пациенти од трагедијата во Кочани, се подобруваат условите и во кочанската болница

Sase Ivanovski

Таткото на Вања до Палевски: „Зошто ми е убиена Вањичка?

Sase Ivanovski

Исланд е повторно на врвот на рангирањето како најмирна земја во светот во 2025 година, титула што ја држи од 2008 година. Ирска го зазема второто место, Нов Зеланд е трет, потоа Австрија и Швајцарија. Сингапур, Португалија, Данска, Словенија и Финска исто така влегуваат во првите 10

Sase Ivanovski

Таравари и Европскиот фронт ги поделиле општините: Се формализира коалицијата „BASHKË“ (ЗАЕДНО) за локалните избори

Sase Ivanovski

Дотерај се и трепкај за работна позиција – засрамувачки барања за жените на пазарот на труд

Sase Ivanovski

Фетаи: Таравари ми рече да го оставам на мира да оди со ДУИ во коалиција

Sase Ivanovski

Кузеска: Рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ паѓа

Sase Ivanovski

Петрушевски: Тепачката од Кочани е план за дестабилизација направен во Дубаи меѓу Заев и Филипче, целта е да се сее страв пред избори

Sase Ivanovski

НБРМ: Годинава се очекува просечна инфлација од 3%

Sase Ivanovski

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ подготвува криминал тежок 2 милијарди евра – пруга без проект, но со веќе пресметана провизија

Sase Ivanovski

Aкиов: На правничката од општината и се извинувам. Јас не сум „гомнар“ ВМРО ДПМНЕ постојано провоцираат

Sase Ivanovski

БОГОЈЕСКИ: Додека престојувам во Брисел и се залагам за достоинството на македонската Кауза, во исто време, добивам закани по животот на моите деца

Sase Ivanovski

Костадинов ги повика политичарите на ВМРО-ДПМНЕ од Струмица на дебата во живо: „Ако го имате – дојдете. Ако не – молчете“

Sase Ivanovski

44-годишна жена пешак е жртва во синоќешната сообраќајка во Охрид. Без возачка дозвола 22 годишник ја прегазил на тротоар

Sase Ivanovski

АДВОКАТИТЕ СЕ НЕШТО ПОСЕБНО 10 години да имате – вина на Палчо нема да докажете, им рече неговиот адвокат на обвинителите

Sase Ivanovski

БОМБА ВО СУДНИЦА Манев: Човекот што го уништил пиштолот со кој Палевски ги уби Вања и Панче е Зоран Давитков и работи во Народна банка

Sase Ivanovski

Чупеска: Ценовните шокови бараат одговорна влада, но ВМРО-ДПМНЕ не покажува грижа за граѓаните

Sase Ivanovski

ВЕСТ НА ДЕНОТ: Уапсено е лицето од Народна банка, за кое Манев рече дека го уништил ранецот со пиштолот и моторолите

Sase Ivanovski

360 СТЕПЕНИ: МВР ги довери возачките испити во Пелагонија на функционер на ВМРО-ДПМНЕ од Кичево

Sase Ivanovski

ВМРО ДПМНЕ: Денот во 60 секунди – Раст на туризмот над 20%, нови градинки и зголемени буџетски приходи

Sase Ivanovski

Манасиевски: СДС лаже за Кочани, како што лажеше за Смилковско, Младенов, Тамара, за на крај да завршат со кабелот во Модуларна

Sase Ivanovski

ТРОЈЦА СКОПЈАНИ ИЗМАМИЛЕ ФИРМА ОД БЕЛОРУСИЈА ЗА ОКОЛУ 750.000 ЕВРА Со затајување данок го оштетиле македонскиот буџет за околу 585.000 евра

Sase Ivanovski
Вчитувам....