На Твитер е објавено видео во кое е Џек Ма, а според оваа социјална мрежа видеото е создадено во еден бар во Белград каде се дружел кинескиот милијардер и основач на Alibaba.
На видеото се гледа како Џек Ма се забавува со музиката. Основачот на Alibaba држеше прскалка во раката и мавташе со неа заедно со музиката, како и останатите гости на барот. На лицето имаше насмевка „од уво до уво“. Инаку, Џек Ма води мирен и затскриен живот, па ова видео кое е објавено на Твитер привлече големо внимание.
Да потсетиме, на почетокот на 2021 година медиумите шпекулираа дека Џек Ма исчезнал бидејќи не се појавувал во јавноста три месеци. Тој, исто така, не се појави во последната епизода од неговото реално шоу, African Business Heroes, што им даде шанса на младите африкански претприемачи да се натпреваруваат за дел од 1,5 милиони американски долари, како што беше објавено во јануари 2021 година.
Ма требаше тогаш да биде еден од судиите, но во финалето беше заменет од извршниот директор на Алибаба, пренесоа медиумите. Неговата слика исто така беше отстранета од веб-страницата. Алибаба ПР изјави во таа прилика дека Ма не може да учествува во жирито „поради конфликти во распоредот“, објавија медиумите.
Инаку, неговата деловна империја се најде под лупа од Пекинг откако Ма одржа контроверзен говор во Шангај на 24 октомври 2020 година во кој го критикуваше регулаторниот систем на Кина за задушување на иновациите и ги спореди глобалните банкарски правила со „клуб на старци“.
Некогаш најбогатиот човек во Азија, сега е претседател на Управниот одбор на Alibaba Group, како и член на Управниот одбор на компанијата Huaji Brothers. Основач е на компаниите Таобао и Алипај и директор на јапонската компанија Softbank. Тој е претседател на Кинескиот совет и член на одборот на директори на Здружението за конзервација.