Вчера традиционално, беше означен почетокот на годинешното јубилејно 60-то издание на „Галичка свадба“, со поставување на свадбарскиот бајрак и симболичниот чин на „фрлање три пушки“ од куќата на зетот.
Овогодишениот зет е Оливер Андреевски, со потекло од галичката фамилија Шулески, долгогодишен учесник на Галичка свадба како и дел од организацијата на повеќе настани во Галичник, додека невестата е Елисавета Булоска со потекло од Охрид.
Денешниот ден ќе го одбележат традиционалните свадбени обичаи, а венчавањето на младенците ќе се изврши во храмот „Св. Апостоли Петар и Павле“ во Галичник.