Оваа година обезбедуваме двојно поголем буџет за проектот Здрав оброк за секое дете, односно 40 милиони денари. Повеќе од 743.000 кг. наши домашни јаболка минатата година беа откупени преку оваа програма и беа дистрибуирани до 350 основни училишта односно до сите 186.000 ученици.
Од оваа година одлучивме да бидат опфатени и детските градинки, но и да бидат откупени 880.000 кг. повеќе видови на овошје, јаболка, кајсија, праска, слива и крушка од реколта 2023. Веќе од овој понеделник почнуваме со дистрибуција до сите детски градинки ширум државава. Нашата цел е децата да јадат свежо овошје, да растат здраво и среќно.