19.8 C
Скопје
19/05/2024 11:12
МАКТЕЛ

  

     

 

Македонската кујна може да биде „хит“ за Германците

      

Пред речиси четириесет години, кога од летниот престој во Скопје првпат донесовме една голема лубеница и за нашата германска фамилија, некои зачудено ме прашаа како се јаде. Кога ја пробаа, ми рекоа дека имала вкус на краставица. Јасно, не беа многу восхитени, затоа што вкусот им беше непознат. Веројатно и затоа што лубеницата е највкусна во горештите лета. А тогаш германските лета уште имаа умерени, континентални температури, а не како денес, медитерански горештини. За мене, пак, лубеницата беше станала речиси симбол за Македонија. Дури имав и едно платно во акрилик, со наслов „Лубеница и маслинки“. Двете нешта беа за мене шифра за медитеранскиот начин на живот.

   

Иако Македонија нема море, нејзината кујна и начинот на животот може со право да се сметаат за медитерански. Зборот „Медитеран” потекнува од латинскиот и значи, „Средоземје“. Тој ги опфаќа земјите и културите кои се наоѓаат околу Средоземното, Јадранското и Егејското Mоре. Всушност, се работи за географскиот простор во кој настанале најраните европски високоразвиени култури. Долгата историја и традиција на Медитеранот во себе обединува многу различни влијанија, затоа што во овој простор се вкрстувале многу култури, јазици и обичаи. Тоа е особеноста и богатството на тоа што се нарекува медитеранска култура на живеење, но и медитеранска кујна. Во таа кујна има јадења кои првобитно биле грчки, арапски, еврејски и.т.н. На пример, прочуената македонска „мусака” се смета за особен белег и во грчката и во израелската кујна, притоа името има арапско потекло. Античка Грција имала „колонии” во Јужна Италија и Јужна Франција (Magna Graecia). Затоа многу познати градови во тој регион имаат имиња чиј корен е грчки, како Марсеј (Massilia) или Неапол (Неаполис). А потоа и Рим основаше „колонии” сѐ до Германија, за што сведочи името на Келн (Colonia). Источното римско царство (Византија) го прошири своето културно влијание во уште поголем географски простор. Османлиското царство, кое уследи по пропаста на Византија, остави траги не само во кујната на балканските земји, туку и во градбите и начинот на живот. Балканот, особено Македонија, беше раскрсницата на различните културни традиции, па токму затоа често се истакнува дека во Македонија се вкрстуваат менаталитетот и традицијата на Ориентот и на Оксидентот. Додуша во македонскиот менталитет и начин на живеење почесто другите го препознаваат само Ориентот, иако Македонија била долго и римска колонија, така што со право може да се рече дека во неа има траги и од римската култура. Ако не повеќе, барем во археологијата, за што сведочи прочуениот римски аквадукт во Скопје.

 

Вкусот на Медитеранот

   

     

Денес медитеранската култура на живеење го освојува западот и северот на Европа на поинаков начин од оној на големите империи во историјата. Туризмот направи во последните три децении Германците да ги откријат благодетите на медитеранската култура на живеење. Пред три децении секој Германец кој првпат летниот одмор го беше поминал во Тоскана, се враќаше дома како траен вљубеник на италијанската кујна, но и на италијанскиот начин на живот. Тој тогаш омилените италијански специјалитети, како пршутата, саламата, виното, маслиновото масло и моцарелата, уште ги носеше од Италија. А потоа ги канеше барем на една вечера своите германски пријатели и роднини, за да ја вкусат и тие убавината на медитеранскиот начин на живот.

Ако беа вљубеници во чудесната италијанската природа, но и во италијанските градини, тие Германци од одморот во Италија со себе во автомобилот носеа и садници од рузмарин, лаванда, лимон, маслинки и кипариси. Садниците од рузмарин, маслинки, лимон, олеандри, буганвилија, лаванда и кипариси денес може да се купат во речиси секој германски расадник, дури, понекогаш, по многу пристапни цени и во познатите супермаркети. Како што и најголемиот број медитерански прехранбени производи ги има во секој поголем супермаркет. Во Келн постојат неколку специјализирани супермаркети кои ги нудат сите италијански прехранбени производи кои се омилени и во германската кујна.

Јасно, понудата е толку разновидна затоа што медитеранската кујна и медитеранската култура на живеење одамна ги има освоено модерните Германци. Италијански ресторани има на секој агол, а дури и во менито на прославите во германските фамилии доминираат медитеранските деликатеси. Рецептот за салатата со паста (макарони) „Farfalle“, со рукола, сушени домати, свежи домати, сирење и задолжителното маслиново масло, стана речиси задолжителен за секоја роденденска прослава. За многу германски деца пастата, односно, шпагетите со сосот „болоњезе” или тортелините, се најомилените јадења. Овчото сирење, кое кај Германците е најпознато по грчкото име „фета”, е исто толку омилено како и италијанската „моцарела” или „пармеџано”. Друг омилен медитерански рецепти е оној за салатата од лубеница, овчо сирење и црни маслинки.

 

Медитеранскиот начин на живот како филозофија

Притоа, љубовта за медитеранската култура на живеење кај многу Германци се препознава и во тоа како тие ја уредуваат градината или терасите. Јас и сопругот пред дваесет години првите саксии од теракота ги донесовме од Италија. Тие денес се нудат насекаде, а често се произведени во Италија. Во интернетот специјалисти за градинарство и внатрешен дизајн нудат совети како да ја уредите вашата градина, тераса или балкон на медитерански начин. Всушност, медитеранскиот начин на живот е омилен затоа што се поврзува со здрава и вкусна исхрана, но и со животен стил во кој се ужива во јадењето, во прославите со фамилиите и со пријателите. Откако кардиолозите ја прогласија медитеранската кујна и медитеранскиот начин на живот како најпријатни за срцевото здравје, многу самосвесни Германци од тоа направија своја филозофија на животот. Тоа важи особено за младите генерации Германци, кои фокусот во животот уште во младоста го положија врз здравата исхрана и избегнувањето на преголем стрес. Нивната кујна не е веќе онаа на нивните баби и дедовци, во која обично доминираа компирите и кнедлите, свинските и говедските печења со сос, но и тортите со путер и слатка павлака.

Така медитеранската култура на живеење го промени сензибилитетот и чувството за животот на многу Германци. Верувам дека влијанието особено на италијанската кујна е сѐ повидливо и во македонскиот начин на живот. Тоа може само да ја збогати постоечката традиционална ризница од македонски јадења. Меѓутоа, македонските специјалитети би можеле исто толку добро да бидат прифатени и од германските љубители на медитеранската кујна, доколку македонските стопанственици би станале свесни колку успешен „бренд” би била медитеранската кујна од Македонија и би се обиделе да ја пласираат на пазарите во Западна Европа.

Засега во ретки германски супермаркети може да се купат само теглички со многу вкусна лутеница, ајвар и пинџур, кои ги нуди некоја фирма од Келн. Сѐ уште нема голема понуда на квалитетно македонско вино, ниту пак македонски калинки. Оние највкусните и најсочните, од Демир Капија. За тоа македонската држава треба само да направи план за извоз на најтипичните македонски медитерански производи. Секако, планот треба да се сфати сериозно и да се спроведе. Еден стар келнјанин, кој наспроти катедралата имаше прочуен дуќан за тутун, за цигари-пури и за лулиња, пред неколку децении ми раскажа дека од Македонија пред војната стигнувал во Германија најквалитетниот тутун и памук. Тоа значи дека денес во германските супермаркети од Македонија би можеле да стигнуваат барем најслатките лубеници, дињи и калинки, кои инаку доаѓаат од Турција или од Шпанија. Лубениците, дињите и калинките се одамна омилени кај Германците. Треба само на македонските стопанственици да им текне дека и тие би можеле да ги снабдуваат германските пазари, затоа што Македонија е поблиску до Германија отколку, на пример, Турција.

 

    

Најново

Таравари: Верувам дека претседател на парламентот ќе продолжи да биде Албанец

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) На излезот од Скопје каменуван автобусот „Чкембари“, повредени неколку лица

Sase Ivanovski

Протести во Израел – меѓу барањата и предвремени избори

Sase Ivanovski

Сина ајкула тешка 200 килограми уловена во Будва

Sase Ivanovski

Вкупно 23 бегалци се водат како исчезнати откако со чамец тргнале од Тунис за Италија

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Невреме во Струга

Sase Ivanovski

Разлика меѓу паламудење и тртомудење

Sase Ivanovski

Силјановска ПОДАДЕ РАКА КОН БУГАРИЈА преку културна дипломатија

Sase Ivanovski

МВР со детали за нападот врз Кацарска. Напаѓачот е уапсен

Sase Ivanovski

(ФОТО) Најмалку четири возила оштетени во сообраќајна несреќа пред влезот на Клинички центар

Sase Ivanovski

Ахмети ја загуби контролата откако сфати дека ја загуби власта, порачаа од Вреди

Sase Ivanovski

Паркиран камион се придвижил и удрил во автомобил: тешко повреден возачот на камионот кој се обидел да го сопре возилото

Sase Ivanovski

Членот на израелскиот воен кабинет се закани со оставка ако Нетанјаху не го усвои неговиот нов воен план за Газа

Sase Ivanovski

Едно лице почина друго се бори за живот во несреќа во лифт во угостителски објект во Штип

Sase Ivanovski

Ветерот и сонцето произведоа рекордни 22 отсто од електричната енергија во ЕУ

Sase Ivanovski

Од девет убиени жени во Србија, седум се од Војводина

Sase Ivanovski

Четиринаесетгодишно девојче од Црна Гора планирало терористички напад во Грац

Sase Ivanovski

Тешка сообраќајна несреќа пред влезот на Клиничкиот центар

Sase Ivanovski

Во Иран обесени седум луѓе осудени на смрт, меѓу кои и две жени

Sase Ivanovski

Лавров: Русија останува отворена за дијалог со Западот, но само под еднакви услови

Sase Ivanovski

Невработеноста голема, а бројката на отворени работни позиции расте, каде лежи проблемот?

Sase Ivanovski

Големо истражување откри што повеќе влијае на животниот век – гените или начинот на живот

Sase Ivanovski

Фуркан Салиу: Директорот на токсикологија упорно се обидува да дефокусира и ја тера дебатата во меѓуетнички контекст

Sase Ivanovski

Полска инвестира повеќе од 2 милијарди евра во зајакнувањето на својата источна граница

Sase Ivanovski

Опасната игра на ДУИ

Sase Ivanovski

(Видео) „Јас моето што го сакав, да го набркам силеџијата Шилегов, го направив“ – Со Перо Камиказа за политиката

Sase Ivanovski

Вработените во „Дрекселмаер“ засадија 1.200 садници во Жегљане

Sase Ivanovski

Средба на претседателката Сиљановска Давкова со Крис Павловски, директор на Рамбл

Sase Ivanovski

Герасимовски: Булингот носи сериозни последици, само ако делуваме заедно може да го спречиме

Sase Ivanovski

„Јас одам Скопје – Атина, само не знам дал ќе минам граница“ – Стануваат ли повторно актуелни овие рефрени?

Sase Ivanovski

Куманово на врвот на листата по дивоградби – се легализираат куќи од 300 квадрати, се злоупотребува законот, се отвораат можности за корупција

Sase Ivanovski

Најголемата општина во државата – Куманово нема кино, младите бараат решавање на проблемот

Sase Ivanovski

Донесена првата неправосилна пресуда за мобинг во Кумановскиот суд

Sase Ivanovski

Ќе го урнат ли Мицкоски и Мицотакис Преспанскиот договор

Sase Ivanovski

Пронашле граната и ја однеле во полиција, ЦУК апелира да не се допираат неексплодираните средства

Sase Ivanovski

Владини функционери во Словачка ги обвинуваат медиумите и опозицијата за пукањето во премиерот Фицо

Sase Ivanovski

Д-р Димитров: ПАП тестот е историја, жените треба да прават ХПВ тест

Sase Ivanovski

Димитров: Грција и Северна Македонија постигнаа договор во Преспа, не се враќајте назад

Sase Ivanovski

Палевски во затворот во Шутка дошол со куфер, евра и лири

Sase Ivanovski

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

Sase Ivanovski

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Sase Ivanovski

„СЕ ДОДЕКА ГРЦИЈА НЕ ГИ ПОТПИШЕ ПРОТОКОЛИТЕ НИЕ НЕМА ДА ГИ ПОЧИТУВАМЕ ОДРЕДБИТЕ КОИ СЕ ОДНЕСУВААТ НА УПОТРЕБАТА НА ИМЕТО СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА“: Најчевска со предлог

Sase Ivanovski

Франција изгуби контрола над делови на Нова Каледонија: На островот одекнуваат истрели и експлозии

Sase Ivanovski

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скопските ИТ компании доминираат со направените добивки кај програмерите

Sase Ivanovski

СООБРАЌАЈКА НА ТРИ АВТОМОБИЛИ КАЈ КИЧЕВО Повредени се тројца тинејџери и двајца возрасни

Sase Ivanovski

СЕ СУДРИЈА ТРАКТОР И КАМИОН ВО БИТОЛСКО НОВАЦИ Трактористот е тешко повреден

Sase Ivanovski

УТРЕ ЌЕ ИМА ПОСЕБЕН РЕЖИМ НА СООБРАЌАЈ НА ДВЕ ЛОКАЦИИ ВО СКОПЈЕ Се одржуваат две рекреативни трки

Sase Ivanovski

ПАДНАА ТУЖБИТЕ НА ЕВРОПСКИ ФРОНТ ПРЕД УПРАВЕН СУД Ќе се прегласува на 7 изборни места

Sase Ivanovski

ФОТО | Салфетката на која Меси го потпиша договорот со Барселона продадена за 888.000 евра

Sase Ivanovski

Фондацијата „ЗАЕВ – Едно општество за сите“ донираше ламинат за детската градинка во Конче

Sase Ivanovski

Сиљановска-Давкова освен со папата, во Рим на средба и со италијанскиот претседател Матарела

Sase Ivanovski

Претседателството на ДУИ попладнево ќе одржи состанок

Sase Ivanovski

Најмалку 50 загинати во поплавите во Авганистан

Sase Ivanovski

ВИДЕО| Бислимоски: Да ги одржуваме браните, да не ни се случи Либија

Sase Ivanovski

Поранешен српски репрезнтативец направил скандал во Белград: Беснеел во хотел и се заканувал на полицајци

Sase Ivanovski

САД со предупредување до американските граѓани, да бидат внимателни додека патуваат во странство

Sase Ivanovski

Сејдини ги отфрла тврдењата дека врши притисок врз судиите во Управен

Sase Ivanovski

Климатски активисти ги блокираа пистите на аеродромот во Минхен, објавено е одложување на летовите

Sase Ivanovski

Експертската јавност децицна – Нема правни механизми за распуштање на Советите

Sase Ivanovski

Кривична против градоначалник за незаконски исплати за време на избори

Sase Ivanovski

Кривична пријава против полицајката која беше фатена со мито од над 10 илјади евра

Sase Ivanovski

Зеленски го одби планот за примирје на Макрон:„Емануеле не веруваме во тоа“

Sase Ivanovski

Човекот кој го нападна сопругот на Ненси Пелоси со чекан е осуден на 30 години затвор

Sase Ivanovski

Изгласана новата хрватска Влада, 79 пратеници гласаа за

Sase Ivanovski

Полуматуранти во Подгорица при прослава со факли го запалиле покривот на училиштето

Sase Ivanovski

Деветмесечно бебе почина во Општата болница во Охрид

Sase Ivanovski

Герила акција кај фонтана во парк: Поставена макета – конструкција на јавен тоалет

Sase Ivanovski

Град Скопје: Фирма без дозвола поставува панорамско тркало во Карпош, институциите да постапат во најкус период

Sase Ivanovski

Божинов и Момировски првите луѓе во кабинетот на Силјановска Давкова

Sase Ivanovski

Евакуирани околу 10.000 луѓе од украинската област Харков

Sase Ivanovski

Напаѓачот на Фицо призна вина

Sase Ivanovski

(Видео) Ордановски- Во врвот на ВМРО ДПМНЕ се шокирани од однесувањето на Мицковски и Силјановска околу Преспа договорот

Sase Ivanovski

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“

Sase Ivanovski

(Видео) Села: Прво уставни измени, па формирање Влада – како гаранција дека продолжуваме на тој пат

Sase Ivanovski

Променливо облачно и топло време, попладне нестабилно со дожд и грмежи

Sase Ivanovski

Азески за милијардата: Господ да е на помош на сите што ќе овозможат да се донесат нови пари

Sase Ivanovski

Мисовски и Зајкова демантираат дека ќе преминат во коалиција со ВМРО-ДПМНЕ

Sase Ivanovski

Реакции на Зеленски и Путин за предлогот за прекин на огнот за време на одржувањето на Олимпијадата во Париз

Sase Ivanovski

„Њујорк тајмс“: НАТО подготвува „неизбежно“ испраќање војска во Украина за обука на украинските сили

Sase Ivanovski

Управен ја одби тужбата на Европски фронт на решението на ДИК за избирачко место во Крушево

Sase Ivanovski
Вчитувам....