На почетокот на јули, големопродажните цени паднаа далеку под нулата на европските берзи за електрична енергија, вклучително и на хрватскиот Кропекс, кој беше погоден од прекумерната понуда во однос на побарувачката.
Негативните цени се ретки и оваа година во Кропекс се забележани за 63 часа, но Марко Ласиќ, директор на виртуелната централа Коер, забележува дека со зголемувањето на бројот на обновливи извори, особено соларните електрани кои најмногу произведуваат на истото време од денот, феноменот на негативни цени ќе се зголеми. Тој објаснува дека на 2 јули кога е забележан негативен рекорд од дури – 500 евра за мегават час, тоа било поради ветерните и соларните електрани во Германија. Пазарот на електрична енергија е прилично каприциозен, а постојаното зголемување на уделот на обновливите извори на енергија може да доведе до фактот дека понудата и побарувачката се толку несихронизирани во одреден момент што цените одат на нула, па дури и до таков минус што влегуваат во делот „верувале или не“.
Но, крајните потрошувачи не го чувствуваат влијанието на ваквите пазарни ескапади, барем не засега, додека не се изградат магацини за складирање на струја, односно додека не се развие т.н. флексибилна потрошувачка. Од берзата за Н1 одговорија дека негативната цена е ретка појава и на хрватската и на многу други европски берзи. Но, тоа се случуваше и во претходните години, и тоа „најмногу поради зголемувањето на учеството на обновливите извори на енергија во производството на електрична енергија, што доведува до поголема варијабилност во производството“. Кратката статистика на Кропекс вели дека оваа година негативната цена е забележана за 63 часа, лани само за пет, а преголемата цена за 38 часа.