На 18.07.2023 околу 03.10 часот во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово лишиле од слобода двајца малолетници, кои претходно биле пријавени дека извршиле кражба во патничко моторно возило „бмв“ со тетовски регистарски ознаки, а кое било паркирано на улица „Христо Антовски“ во Тетово. Одземеното било пронајдено и вратено на сопственикот Ф.Б.(32) од Тетово. По целосно документирање на случајот против малолетниците ќе биде поднесена соодветна пријава.