23.8 C
Скопје
19/05/2024 16:35
МАКТЕЛ

  

     

 

Во името на бугарскиот диктат, бугарскиот диктат и светиот бугарски диктат, амин

      

Декартовото „Мислам, значи постојам“ не ги исклучува од постоење луѓето кои не мислат, туку само остава простор за прашањето како успеваат да постојат и покрај немислењето. Одговорот е во социјалната динамика – покрај нив има луѓе коишто мислат. Немислењето е штедење лична енергија, а критичкото мислење е најскапата работа на светот за една личност, па затоа, во едно општество се наоѓаат многу повеќе немислачи.

   

Но, колку и да изгледа економски неодржливо, човековата просоцијална природа не работи по принципот на најниска енергија. Љубовта, емпатијата, солидарноста, правењето добро без да се очекува ништо се докази за тоа. Само недоволната свест за себе спирално си го натура вештачкото економско правило сама на себе. Оттаму, следбеништвото, како замена и за немислење, и за сопствено мислење, е популарно од одамна. Но, порано, следбениците биле, практично, ученици, со цел да се оспособат за мислење или барем да добијат практични знаења и подобар живот.

 

Популизмот комбиниран со диктатурите од минатиот век изгледа почна да го менува тоа. Денес се следи некого или нешто и без желбата за нови вештини или знаења, едноставно, може да се седи во „балон“ на самопотврдување на сопственото немислење. Нишките на мрежите се толку густи, што може да се впива немислењето од лепеза немислечки инфлуенсери – со повеќе или помалку директна и/или широка штета за општеството, без никаква свест за тоа. Колку „да се троши“ човек веќе не е избор, туку поттик за претварање во понизок облик на суштество, да биде поблизок до бавно животно кое се врзува со јаже. Да нема волја за волја, ниту свест за сопствената свест.

   

     

Сепак, балоните од немислачи денес, како никогаш порано, станале војски против рациото. Никогаш порано немислењето немало толкав нагон да опстои. Денес едно критичко мислење е опколено, не само мнозински придружено – со немислење. Тоа, пак, се витка, се превртува како глиста во преправањето дека е силно чувство, цврста волја или критичко мислење! Немислењето, во својот стремеж да си се поништи заедно сосе луѓето кои го носат со себе, личи на вреќа бетон на грбот на оној кој ги извлекува од непостоењето.

Нашите квази-конзервативни балони од разни тврди самонаречени-патриотски крила од партии (или движења) се стремат кон сеопшто непостоење, продуцирано од немислење на масите, вклучувајќи се и себеси. Секоја интерпретација дека тоа е баш така – не е случајна, иако тие го тврдат спротивното. Односно, имаат цел дијапазон немислечки тврдења, од најфиното ниво – дека демократијата била, ете, сеопшт заговор за ропство, до грубото, локално во Македонија, сега – некритичко прифаќање на анти-мислечката глупост како „бугарски диктат“.

Додека првиот екстрем е некоја копирана архетипска „антимасонерија“ што влече на диктатури од типот на фашизам, сталинизам и други ултралеви / ултрадесни авторитаризми (колку немислење му треба на некого за да ги посакува себеси овие, до сопствено уништување), второво, т.е. ова нашево, е многу потривијален пример за немислење што влече кон непостоење. Имено, имаме пред нас тест колку сме цивилизирани за овој свет, со тоа – дали ќе избереме вредност или трици. Врвот на ВМРО-ДПМНЕ (и ситните), ѝ контрапозиционираат на Македонија универзални цивилизациски вредности (се знае што е ЕУ), со триците на отпор кон запишување делови од уште народи во Уставот. Како од изреката „шта зна сељак шта је чоколада, папир поједе, чоколаду баци“…

Пропагандата зад „отпорот“ е сконцентрирана во сублиминалната кованица „бугарски диктат“ (почнаа да експериментираат со „ЕУ диктат“ и „политички диктат“ – од кол, на кол…), сугестивно местејќи наратив – „слугување на непријателот“. Ова фаќа плодно тло само кај рамноземјашкиот отпор кон критичкото мислење. Акцентот на овој прост слоган е скроен во запалливиот збор „диктат“, скроен да излегува надвор од патеките на рациото и да влијае на ирационалните, негативни емоции. Така, за маса немислачи залудно е знаењето на фактот дека македонскиот јазик и идентитет се потврдени во ЕУ, залуден е и фактот дека сите барања од „објаснувачкиот меморандум“ на Бугарија пропаднаа како услов во Рамката, залуден е и фактот дека која било земја, вклучувајќи ја и Бугарија, е невозможно да смисли вето при изгласана Рамка без согласност од сите останати земји (а за таков консензус треба сериозна основа, која ќе ја нема ако сериозно се сака да се имплементираат вредностите). Тоа им се неврзани бирократски „детали“ кои ги замараат.

Не влегува во „патриотските“ (само)уништувачки глави дека никому не му се подаруваат ЕУ-вредностите кои и така не е способен самостојно да ги основа во сопствената држава, туку дека тоа е тест дали сака да се издигне над претходното коруптивно матење, низ еден про-форма бениген демократски чин – дополнување на Уставот со делови од народи кои живеат во Македонија, меѓу кои и бугарскиот, од три и пол илјади души. Оваа бројка е и аргумент за бенигноста. Наспроти тоа, зборот „бугаризација“ за три и пол илјади наспроти два милиони е само – или кукавичење, или кукумјавчење, а секако дезинформаторска, злобна пропаганда чија цел е да ја убие мислата.

Со копнежот да не сме други („Грци, Бугари, ил’ Срби“) масата се заглави до чувството и плагираше туѓи симболи, се цртаа претенциозни карти и криминално се изградиja кичести купишта од имитаторско ништо под автократската палка на ВМРО-ДПМНЕ. Никако да се согледа дека нередот на соседски посакувања на македонскиот дел од Балканот, европската и американската волја отсекогаш имале интерес да го средат токму преку идеалното решение за независните Македонци – тлото на Македонија и македонското население да не се присвојуваат од никого. Кој не верува во оваа волја, нека ја провери литературата од периодот околу Втората светска војна, до понови сериозни аналитики, наместо нерелевантните од 19-ти век или, пак, нерелевантните во длабок минус – од антиката.

За жал, сфаќањето на какви и да било реални информации би било невообичаено за обожаватели на немислењето. Опиени со простата приказна за некое си херојско ВМРО, како приказна за Бетмен/Спајдермен (да не се прекомплицирани и тие?), сѐ друго им личи на делчиња од сомнителни сликички коишто немаат врска едни со други и за секоја имаат забелешка преку произволен вотабаутизам. Или немаат. Дури и по цена на сопствената деградација до непостоење. Во ирационалноста на нагонските емоции, итањето кон непостоењето инверзно го толкуваат како врв на постоењето, дури и како супериорно постоење.

Сегашниот врв на партијата е, очигледно, оптоварен со „Груевски диктат“ – не требаат особени вештини да се препознае тоа. Но, во „бугарски диктат“ се наѕира сосема свесен акт на пренасочување на вина (“blame shifting”). За редовното пренасочување на вината кон други од страна на ВМРО-ДПМНЕ, сме и редовни сведоци. Нивните одрекувања и миења раце (од Данела, од ДУИ, од 8 пратеници, од тепачите на 27 април, од загадениот воздух, од концесии, триста премислувања наваму-натаму, …) се веќе хумор. Не гласаат за очигледно добри политики (против големите камати на долгови, Фронтекс, закони од социјалата…). Потоа, пречесто се впуштаат во негативни констатации или неверојатни „предвидувања“ за работи кои се документирани дека токму тие биле иноватори на таквите дејства („шпионски софтвер“, Иловица, скапа струја, толкување на солидарниот данок како нивниот рекет на фирми, провизија за патишта, за вакцини…). Не остана неизбркана мува од капата. Тука спаѓа и ланското тврдење дека токму ВМРО-ДПМНЕ се тотално за ЕУ, но другите им го киднапирале наративот. Односно, лесно се гледа намерното, свесно пренасочување на вината по иста шема како претходниве и во пропагандата „бугарски диктат“.

Каде е вината? А во која друга македонска групација е толку присутно поседувањето на бугарски пасоши и величење на врховисти и дејци кои работеле за голема Бугарија (да не гo изоставиме и плагијатот на бугарскиот лав)? Ништо немаат од НОБ, го презреа и 29-ти Ноември, бидејќи за периодот од II Светска војна, вината им експлодира в лице.

Нагонското „мене никој не може да ми диктира“ на примателот на пропагандното слоганче му прави краток спој, после кој мислењето е невозможно. Посакуваната натамошна проекција на слоганчето е, веројатно замислена како трибален ек на пештерски тапани од кожи со прогласувања на „послушници“ на непријателот, за во крвожеден нагон да се бара нивно жртвување. Така, непријателот од „бугарскиот диктат“, одеднаш не е оној со бугарски пасош, во палата наречена Христо Татарчев и чиј континуитет експлицитно тврди дека му е Ванчо Михајлов. Когнитивната дисонанца дека се следи дно од движење кое нон-стоп величи великобугарски дејци, без да трепне во срам барем од недоследност, се пренасочува во омраза кон денешните дејци кои се стремат кон неспоредливо високите вредности на ЕУ. Нема евалуација, нема рефлексија, нема желба за предизвик и тест на немислењето. Својот балон на конфирмациска пристрасност му е билет за рајот на немислењето, а немислењето му е рај во балонот. Непостоењето е незамисливо за некој што не мисли, Декарт сигурно би се сложил. Следбеник, но како автоматски апарат за проектирање трибализам, без сомнежи дека е онечовечено орудие.

А оние од врвот на ВМРО-ДПМНЕ, кои на задоволство на недостоинствениот бегалски диктатор го искажуваат пропагандното слоганче, заради него мирисаат како да имаат што да изгубат лично. Ефектот на манипулативната фразичка го замислиле како ваучер да се доберат до семоќ преку гласовите на онечовечените автомати. Ништо полековито за заедничката страшна вина. Воедно, оние со „бугарски корени“ замислиле дека тоа е доволно моќно за фрлање на Македонија во прегратките на нивната „мајка Бугарија“ – таа на „баба им“ од пасошот. Инсистирањето за недодавање на делови од народи во Уставот, уште повеќе, мириса на слугување на интересите на бугарското националистичко подземје – да не биде дека кочи државата Бугарија, туку кочничарската работа ја завршува измеќарот – оној кој силно шири реа на квазимакедонска филијала на великобугарските интереси, на пример кочничарското крило од ВМРО-ДПМНЕ.

Штом ова мириса така, без оглед веќе дали е вистина или не, џабе пресметуваат број на места во идниот состав на Собранието. Задоцнија. Ако се држат до крај во магарешкиот инает (или зајачкиот страв?), многумина што претходно не излегле да гласаат на избори ќе излезат и ќе гласаат за проевропски опции за на ВМРО-ДПМНЕ да му намали бројот на пратенички места. Ако се освестат од инаетот и го изгласаат дополнувањето на Уставот, ќе им се налути тврдиот дел од базичните гласачи и пак ќе изгубат места. Ним дефинитивно им отиде и возот, и бродот за демократски разговор со аргументирани убедувања.

Сепак, да не се обесхрабруваме од масовното немислење, дури и во горните ешалони на тврдо-рамноземјашките групации. Со развојот на комуникациите, светот стана глобално – иако, не сосема – село. Тој збор „село“ оди заедно со изолирана малкубројност која бргу ја средува својата социјална динамика (како што било во минатите векови). Туку, токму заради многубројноста и различноста, комуникацијата нѐ фрли сите заедно во несредени вртлози и флуидни комешања.

Од една страна, секако дека постмодерните текови направија тешко да се каже кој мисли, а кој не, што е објективно, а што субјективно, што е вистината, која е етиката и инсистирањето да има повеќе вистини и етики. Притоа, глобалната и засилена комуникација, уште повеќе ја потенцира таа тешкотија, не оставајќи можности за локални средувања на социјалната динамика. Но, од друга страна, немислачите, во инсистентноста да опстојат, сакале-нејќеле се вклучени во социјалниот флуид и нема назад. Нема ни стоење во место, колку и да им е привремено комотно во балоните од исто-немисленици. Тоа е неповолна ситуација за немислењето, јасно. На проба ја искусуваат постмодерната, паѓајќи од парадокс во парадокс, особено при релативизациите на вистината и етиката.

Но, проба – проба, древен метод, нека, важно ќе се научи дека човекот не може да се врати во не-полносвесна предчовечка состојба, судено му е да мисли заедно со целиот човечки род. Така, благородните цивилизациски вредности како оние на ЕУ неизбежно ќе станат неприкосновен етички центар.

 

    

Најново

Приведен дилер во Битола за издржување затворска казна

Sase Ivanovski

РЕС е најголем снабдувач со струја на слободниот пазар, објави Регулаторната комисија за енергетика

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Каменуван автобусот на ,,Чкембари“ на излезот на Скопје, повредени се неколку лица

Sase Ivanovski

Таравари за РТК: Во новата влада на Северна Македонија шест министри и претседател на Собранието ќе бидат Албанци

Sase Ivanovski

Фуркан Салиу: Во наредните денови ќе се официјализира коалицијата меѓу ВМРО ДПМНЕ и ВЛЕН

Sase Ivanovski

СИНА АЈКУЛА ТЕШКА 200 КИЛОГРАМИ Е УЛОВЕНА ВО БУДВА Ајкулата ќе биде препарирана и изложена во музеј

Sase Ivanovski

ОСПОРЕНИОТ ЗАКОН ЗА МОБИЛИЗАЦИЈА СТАПИ НА СИЛА Украина ја намали и возраста за одење во војска

Sase Ivanovski

„СЕ ПРОБИВАА ТОЛКУ БРЗО, НЕМАШЕ КОЈ ДА ГИ СПРЕЧИ“ Русите ја преминаа северната граница на Харков

Sase Ivanovski

4 километри пепел на небото и виолетови молњи – еруптираше вулкан во Индонезија

Sase Ivanovski

Нетанјаху го обвини Ганц дека „му дал ултиматум на премиерот, наместо на Хамас”

Sase Ivanovski

Вучиќ најави дека утре ќе отпатува во Њујорк за да се спротивстави на усвојувањето на резолуцијата за Сребреница

Sase Ivanovski

Ахмети: ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ прават се за да добијат двајца пратеници од „Европскиот фронт“, тајните договори во подруми се неприфативи

Sase Ivanovski

Франција го обвини Азербејџан за поттикнување немири во Нова Каледонија

Sase Ivanovski

Андоновски: Министерството на Груби ќе се трансформира

Sase Ivanovski

ЦУК: Поплавени подруми и гаража, пожари на отворено

Sase Ivanovski

Таравари: Верувам дека претседател на парламентот ќе продолжи да биде Албанец

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) На излезот од Скопје каменуван автобусот „Чкембари“, повредени неколку лица

Sase Ivanovski

Протести во Израел – меѓу барањата и предвремени избори

Sase Ivanovski

Сина ајкула тешка 200 килограми уловена во Будва

Sase Ivanovski

Вкупно 23 бегалци се водат како исчезнати откако со чамец тргнале од Тунис за Италија

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Невреме во Струга

Sase Ivanovski

Разлика меѓу паламудење и тртомудење

Sase Ivanovski

Силјановска ПОДАДЕ РАКА КОН БУГАРИЈА преку културна дипломатија

Sase Ivanovski

МВР со детали за нападот врз Кацарска. Напаѓачот е уапсен

Sase Ivanovski

(ФОТО) Најмалку четири возила оштетени во сообраќајна несреќа пред влезот на Клинички центар

Sase Ivanovski

Ахмети ја загуби контролата откако сфати дека ја загуби власта, порачаа од Вреди

Sase Ivanovski

Паркиран камион се придвижил и удрил во автомобил: тешко повреден возачот на камионот кој се обидел да го сопре возилото

Sase Ivanovski

Членот на израелскиот воен кабинет се закани со оставка ако Нетанјаху не го усвои неговиот нов воен план за Газа

Sase Ivanovski

Едно лице почина друго се бори за живот во несреќа во лифт во угостителски објект во Штип

Sase Ivanovski

Ветерот и сонцето произведоа рекордни 22 отсто од електричната енергија во ЕУ

Sase Ivanovski

Од девет убиени жени во Србија, седум се од Војводина

Sase Ivanovski

Четиринаесетгодишно девојче од Црна Гора планирало терористички напад во Грац

Sase Ivanovski

Тешка сообраќајна несреќа пред влезот на Клиничкиот центар

Sase Ivanovski

Во Иран обесени седум луѓе осудени на смрт, меѓу кои и две жени

Sase Ivanovski

Лавров: Русија останува отворена за дијалог со Западот, но само под еднакви услови

Sase Ivanovski

Невработеноста голема, а бројката на отворени работни позиции расте, каде лежи проблемот?

Sase Ivanovski

Големо истражување откри што повеќе влијае на животниот век – гените или начинот на живот

Sase Ivanovski

Фуркан Салиу: Директорот на токсикологија упорно се обидува да дефокусира и ја тера дебатата во меѓуетнички контекст

Sase Ivanovski

Полска инвестира повеќе од 2 милијарди евра во зајакнувањето на својата источна граница

Sase Ivanovski

Опасната игра на ДУИ

Sase Ivanovski

(Видео) „Јас моето што го сакав, да го набркам силеџијата Шилегов, го направив“ – Со Перо Камиказа за политиката

Sase Ivanovski

Вработените во „Дрекселмаер“ засадија 1.200 садници во Жегљане

Sase Ivanovski

Средба на претседателката Сиљановска Давкова со Крис Павловски, директор на Рамбл

Sase Ivanovski

Герасимовски: Булингот носи сериозни последици, само ако делуваме заедно може да го спречиме

Sase Ivanovski

„Јас одам Скопје – Атина, само не знам дал ќе минам граница“ – Стануваат ли повторно актуелни овие рефрени?

Sase Ivanovski

Куманово на врвот на листата по дивоградби – се легализираат куќи од 300 квадрати, се злоупотребува законот, се отвораат можности за корупција

Sase Ivanovski

Најголемата општина во државата – Куманово нема кино, младите бараат решавање на проблемот

Sase Ivanovski

Донесена првата неправосилна пресуда за мобинг во Кумановскиот суд

Sase Ivanovski

Ќе го урнат ли Мицкоски и Мицотакис Преспанскиот договор

Sase Ivanovski

Пронашле граната и ја однеле во полиција, ЦУК апелира да не се допираат неексплодираните средства

Sase Ivanovski

Владини функционери во Словачка ги обвинуваат медиумите и опозицијата за пукањето во премиерот Фицо

Sase Ivanovski

Д-р Димитров: ПАП тестот е историја, жените треба да прават ХПВ тест

Sase Ivanovski

Димитров: Грција и Северна Македонија постигнаа договор во Преспа, не се враќајте назад

Sase Ivanovski

Палевски во затворот во Шутка дошол со куфер, евра и лири

Sase Ivanovski

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

Sase Ivanovski

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Sase Ivanovski

„СЕ ДОДЕКА ГРЦИЈА НЕ ГИ ПОТПИШЕ ПРОТОКОЛИТЕ НИЕ НЕМА ДА ГИ ПОЧИТУВАМЕ ОДРЕДБИТЕ КОИ СЕ ОДНЕСУВААТ НА УПОТРЕБАТА НА ИМЕТО СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА“: Најчевска со предлог

Sase Ivanovski

Франција изгуби контрола над делови на Нова Каледонија: На островот одекнуваат истрели и експлозии

Sase Ivanovski

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скопските ИТ компании доминираат со направените добивки кај програмерите

Sase Ivanovski

СООБРАЌАЈКА НА ТРИ АВТОМОБИЛИ КАЈ КИЧЕВО Повредени се тројца тинејџери и двајца возрасни

Sase Ivanovski

СЕ СУДРИЈА ТРАКТОР И КАМИОН ВО БИТОЛСКО НОВАЦИ Трактористот е тешко повреден

Sase Ivanovski

УТРЕ ЌЕ ИМА ПОСЕБЕН РЕЖИМ НА СООБРАЌАЈ НА ДВЕ ЛОКАЦИИ ВО СКОПЈЕ Се одржуваат две рекреативни трки

Sase Ivanovski

ПАДНАА ТУЖБИТЕ НА ЕВРОПСКИ ФРОНТ ПРЕД УПРАВЕН СУД Ќе се прегласува на 7 изборни места

Sase Ivanovski

ФОТО | Салфетката на која Меси го потпиша договорот со Барселона продадена за 888.000 евра

Sase Ivanovski

Фондацијата „ЗАЕВ – Едно општество за сите“ донираше ламинат за детската градинка во Конче

Sase Ivanovski

Сиљановска-Давкова освен со папата, во Рим на средба и со италијанскиот претседател Матарела

Sase Ivanovski

Претседателството на ДУИ попладнево ќе одржи состанок

Sase Ivanovski

Најмалку 50 загинати во поплавите во Авганистан

Sase Ivanovski

ВИДЕО| Бислимоски: Да ги одржуваме браните, да не ни се случи Либија

Sase Ivanovski

Поранешен српски репрезнтативец направил скандал во Белград: Беснеел во хотел и се заканувал на полицајци

Sase Ivanovski

САД со предупредување до американските граѓани, да бидат внимателни додека патуваат во странство

Sase Ivanovski

Сејдини ги отфрла тврдењата дека врши притисок врз судиите во Управен

Sase Ivanovski

Климатски активисти ги блокираа пистите на аеродромот во Минхен, објавено е одложување на летовите

Sase Ivanovski

Експертската јавност децицна – Нема правни механизми за распуштање на Советите

Sase Ivanovski

Кривична против градоначалник за незаконски исплати за време на избори

Sase Ivanovski

Кривична пријава против полицајката која беше фатена со мито од над 10 илјади евра

Sase Ivanovski

Зеленски го одби планот за примирје на Макрон:„Емануеле не веруваме во тоа“

Sase Ivanovski

Човекот кој го нападна сопругот на Ненси Пелоси со чекан е осуден на 30 години затвор

Sase Ivanovski

Изгласана новата хрватска Влада, 79 пратеници гласаа за

Sase Ivanovski

Полуматуранти во Подгорица при прослава со факли го запалиле покривот на училиштето

Sase Ivanovski
Вчитувам....