25.8 C
Скопје
19/05/2024 18:03
МАКТЕЛ

  

     

 

Феникс патриотизам!

      

За ВМРО-ДПМНЕ, патриотизам е да заработиш на грбот на народот, да му ги украдеш парите на народот во име на нивната замисла за тоа што е патриотизам, и сето тоа дозирано на начин што ќе им ги украдеш нивните пари во размер да има за сите – за партијата, за шефот, за себе, за прво второ и трето колено…

   

Последната година мошне често слушаме за патриотизам, идентитет, култура, јазик, па потоа се додава придавката изгубен пред сите овие концепти од одредена групација способна и желна за уназадување, а не за напредок и подобрување, и човек навистина да се праша што е проблемот со идентитетот и патриотизмот?

 

Зошто како да не зборуваме за ист концепт на патриотизам? Зошто како да не зборуваме за ист идентитет? Дали сите активни чинители во оваа држава живееме во истата држава?

   

     

Каде е проблемот? Зошто не се разбираме и уште поважно, дали ќе се разбереме? Јас лично мислев дека ќе се разбереме, сè додека на сцената не се врати фениксот.

РАЗМЕР 1:4

Фениксот постави еден нов поглед кон тоа што е патриотизам за ВМРО-ДПМНЕ групацијата – мора да ја наречам групација бидејќи само групација на алчни, гладни, лоши и себични луѓе можат да исперат толку пари во име на идентитетот?!

Фениксот ни покажа дека патриотизмот и мерењето на истиот оди во соодветен размер. Оди поврзан и сврзан со одредени договори, анекс договори, колку повеќе, толку подобро, и најважно од сè – соодветен размер.

По она што го видовме, тоа да ти бил 1:4. Или 4:1. За волја на вистината, некогаш е 1:2, но никогаш не е 1:1. Или, малку да појаснам за да може секој да разбере, да не паднат пак во транс кога не можат да разберат што зборуваме…

За ВМРО-ДПМНЕ, патриотизам е да заработиш на грбот на народот, да му ги украдеш парите на народот во име на нивната замисла за тоа што е патриотизам, и сето тоа дозирано на начин што ќе им ги украдеш нивните пари во размер да има за сите – за партијата, за шефот, за себе, за прво второ и трето колено…

Или уште попластично – ако еден споменик чини 300.000 евра цирка, ти плаќаш/прикажуваш дека чини 1.300.000 евра и велиш дека тоа е врв на патриотизам. А споменик да ти биде пример Ќосето. Само колку за пример.

Или еве уште еден пример. Те здоболуваат градите од чукање во нив дека ќе изградиш нова зграда на местото каде што била старата, ќе пишеш дека чини 36 милиони народни пари, па правиш преку 70 анекси на тој договор, и на крај на погрешна страна ја ставаш влезната врата, внатрешниот дел го бојадисуваш со прехранбена боја за торти, штедиш на изолација и покривна конструкција и не правиш технички прием, па кој ќе преживее, ќе раскажува.

А тие 36 милиони народни пари стануваат најмалку Х3, ама не можеме точно да утврдиме бидејќи ниту документацијата постои, ниту фирмите постојат.

САМО ПАРИ

Може уште еден пример. Патриотизам (ама овој феникс патриотизам) значи да се премислуваш кои постулати како партија ги следиш – Гоце, Даме или Иван.

Е во 1992 се колнеш дека го следиш делото на Иван, му правиш две восочни фигури ултраскапи, ја занемаруваш историјата на Иван, се поклонуваш пред него доследно, без исклучок дали згрешил кон твојот народ, па во блиската иднина 2022/2023 се одрекуваш од него, па по некое време пак потврдуваш дека дишеш за истите идеали како него.

Ама, најважно, и за Гоце има восочна фигура, ама нема храброст да се напише дали е Македонец или не. Зошто е тоа така? Затоа што нема тука размер. Тука или си или не си.

Можеби уште подобар пример за ваквиот вид на патриотизам може да се нарече хистерија патриотизам. Тоа значи, без исклучок, за секој еден настан, ситуација, единствена цел да си го мачиш народот со паника, со драмолетки, со лажење на сопствениот народ, со една единствена цел да се докопаш до шанса повторно да си патриот во одреден размер.

Да сумирам за овој вид патриотизам: ПАРИ, ПАРИ и само ПАРИ. Ама пари заработени строго со крадење од сопствениот народ. И тоа строго исконтролирано во колкав размер за да се исплати.

Можеби подобро ќе биде да се нарече украден патриотизам бидејќи се темели на крадење, измама, преслекување на историјата, со една единствена цел – пари. Тоа е тој патриотизам, кој, мора да признам, и на батерии да е, единствен полнач има во Белата палата.

Никаде на друго место во светот. Само таму во процесот на полнење се надополнува поривот за повеќе пари. За ништо друго. Оригинален феникс патриотизам. Само парите се тригер за појава на истиот. Ништо друго. Пак и пак и пак.

Вториот вид на патриотизам го живееме веќе седма година. Зголемени плати, зголемени пензии, рамноправни договори со сите социјални партнери, враќање пари кај граѓаните, стабилен пензиски фонд.

Обезбедување европска иднина. Подобрување на животниот стандард. Помош на граѓаните. Економска поддршка. Зголемени субвенции. Некриминално работење.

Каде е полначот за овој вид патриотизам? Во секој еден од нас. Во секој што сака напредок за државата и иднина за своите деца, внуци и пријатели.

Овој патриотизам не ја преслекува историјата и не краде во име на културата. Ги остава да постојат и да се развиваат. Ги остава да биднуваат. Не предизвикува масовна хистерија. Не прави паника.

Овој вид патриотизам само бара храброст, верба и волја. Толку едноставно.

 

    

Најново

Приведен дилер во Битола за издржување затворска казна

Sase Ivanovski

РЕС е најголем снабдувач со струја на слободниот пазар, објави Регулаторната комисија за енергетика

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Каменуван автобусот на ,,Чкембари“ на излезот на Скопје, повредени се неколку лица

Sase Ivanovski

Таравари за РТК: Во новата влада на Северна Македонија шест министри и претседател на Собранието ќе бидат Албанци

Sase Ivanovski

Фуркан Салиу: Во наредните денови ќе се официјализира коалицијата меѓу ВМРО ДПМНЕ и ВЛЕН

Sase Ivanovski

СИНА АЈКУЛА ТЕШКА 200 КИЛОГРАМИ Е УЛОВЕНА ВО БУДВА Ајкулата ќе биде препарирана и изложена во музеј

Sase Ivanovski

ОСПОРЕНИОТ ЗАКОН ЗА МОБИЛИЗАЦИЈА СТАПИ НА СИЛА Украина ја намали и возраста за одење во војска

Sase Ivanovski

„СЕ ПРОБИВАА ТОЛКУ БРЗО, НЕМАШЕ КОЈ ДА ГИ СПРЕЧИ“ Русите ја преминаа северната граница на Харков

Sase Ivanovski

4 километри пепел на небото и виолетови молњи – еруптираше вулкан во Индонезија

Sase Ivanovski

Нетанјаху го обвини Ганц дека „му дал ултиматум на премиерот, наместо на Хамас”

Sase Ivanovski

Вучиќ најави дека утре ќе отпатува во Њујорк за да се спротивстави на усвојувањето на резолуцијата за Сребреница

Sase Ivanovski

Ахмети: ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ прават се за да добијат двајца пратеници од „Европскиот фронт“, тајните договори во подруми се неприфативи

Sase Ivanovski

Франција го обвини Азербејџан за поттикнување немири во Нова Каледонија

Sase Ivanovski

Андоновски: Министерството на Груби ќе се трансформира

Sase Ivanovski

ЦУК: Поплавени подруми и гаража, пожари на отворено

Sase Ivanovski

Таравари: Верувам дека претседател на парламентот ќе продолжи да биде Албанец

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) На излезот од Скопје каменуван автобусот „Чкембари“, повредени неколку лица

Sase Ivanovski

Протести во Израел – меѓу барањата и предвремени избори

Sase Ivanovski

Сина ајкула тешка 200 килограми уловена во Будва

Sase Ivanovski

Вкупно 23 бегалци се водат како исчезнати откако со чамец тргнале од Тунис за Италија

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Невреме во Струга

Sase Ivanovski

Разлика меѓу паламудење и тртомудење

Sase Ivanovski

Силјановска ПОДАДЕ РАКА КОН БУГАРИЈА преку културна дипломатија

Sase Ivanovski

МВР со детали за нападот врз Кацарска. Напаѓачот е уапсен

Sase Ivanovski

(ФОТО) Најмалку четири возила оштетени во сообраќајна несреќа пред влезот на Клинички центар

Sase Ivanovski

Ахмети ја загуби контролата откако сфати дека ја загуби власта, порачаа од Вреди

Sase Ivanovski

Паркиран камион се придвижил и удрил во автомобил: тешко повреден возачот на камионот кој се обидел да го сопре возилото

Sase Ivanovski

Членот на израелскиот воен кабинет се закани со оставка ако Нетанјаху не го усвои неговиот нов воен план за Газа

Sase Ivanovski

Едно лице почина друго се бори за живот во несреќа во лифт во угостителски објект во Штип

Sase Ivanovski

Ветерот и сонцето произведоа рекордни 22 отсто од електричната енергија во ЕУ

Sase Ivanovski

Од девет убиени жени во Србија, седум се од Војводина

Sase Ivanovski

Четиринаесетгодишно девојче од Црна Гора планирало терористички напад во Грац

Sase Ivanovski

Тешка сообраќајна несреќа пред влезот на Клиничкиот центар

Sase Ivanovski

Во Иран обесени седум луѓе осудени на смрт, меѓу кои и две жени

Sase Ivanovski

Лавров: Русија останува отворена за дијалог со Западот, но само под еднакви услови

Sase Ivanovski

Невработеноста голема, а бројката на отворени работни позиции расте, каде лежи проблемот?

Sase Ivanovski

Големо истражување откри што повеќе влијае на животниот век – гените или начинот на живот

Sase Ivanovski

Фуркан Салиу: Директорот на токсикологија упорно се обидува да дефокусира и ја тера дебатата во меѓуетнички контекст

Sase Ivanovski

Полска инвестира повеќе од 2 милијарди евра во зајакнувањето на својата источна граница

Sase Ivanovski

Опасната игра на ДУИ

Sase Ivanovski

(Видео) „Јас моето што го сакав, да го набркам силеџијата Шилегов, го направив“ – Со Перо Камиказа за политиката

Sase Ivanovski

Вработените во „Дрекселмаер“ засадија 1.200 садници во Жегљане

Sase Ivanovski

Средба на претседателката Сиљановска Давкова со Крис Павловски, директор на Рамбл

Sase Ivanovski

Герасимовски: Булингот носи сериозни последици, само ако делуваме заедно може да го спречиме

Sase Ivanovski

„Јас одам Скопје – Атина, само не знам дал ќе минам граница“ – Стануваат ли повторно актуелни овие рефрени?

Sase Ivanovski

Куманово на врвот на листата по дивоградби – се легализираат куќи од 300 квадрати, се злоупотребува законот, се отвораат можности за корупција

Sase Ivanovski

Најголемата општина во државата – Куманово нема кино, младите бараат решавање на проблемот

Sase Ivanovski

Донесена првата неправосилна пресуда за мобинг во Кумановскиот суд

Sase Ivanovski

Ќе го урнат ли Мицкоски и Мицотакис Преспанскиот договор

Sase Ivanovski

Пронашле граната и ја однеле во полиција, ЦУК апелира да не се допираат неексплодираните средства

Sase Ivanovski

Владини функционери во Словачка ги обвинуваат медиумите и опозицијата за пукањето во премиерот Фицо

Sase Ivanovski

Д-р Димитров: ПАП тестот е историја, жените треба да прават ХПВ тест

Sase Ivanovski

Димитров: Грција и Северна Македонија постигнаа договор во Преспа, не се враќајте назад

Sase Ivanovski

Палевски во затворот во Шутка дошол со куфер, евра и лири

Sase Ivanovski

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

Sase Ivanovski

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Sase Ivanovski

„СЕ ДОДЕКА ГРЦИЈА НЕ ГИ ПОТПИШЕ ПРОТОКОЛИТЕ НИЕ НЕМА ДА ГИ ПОЧИТУВАМЕ ОДРЕДБИТЕ КОИ СЕ ОДНЕСУВААТ НА УПОТРЕБАТА НА ИМЕТО СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА“: Најчевска со предлог

Sase Ivanovski

Франција изгуби контрола над делови на Нова Каледонија: На островот одекнуваат истрели и експлозии

Sase Ivanovski

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скопските ИТ компании доминираат со направените добивки кај програмерите

Sase Ivanovski

СООБРАЌАЈКА НА ТРИ АВТОМОБИЛИ КАЈ КИЧЕВО Повредени се тројца тинејџери и двајца возрасни

Sase Ivanovski

СЕ СУДРИЈА ТРАКТОР И КАМИОН ВО БИТОЛСКО НОВАЦИ Трактористот е тешко повреден

Sase Ivanovski

УТРЕ ЌЕ ИМА ПОСЕБЕН РЕЖИМ НА СООБРАЌАЈ НА ДВЕ ЛОКАЦИИ ВО СКОПЈЕ Се одржуваат две рекреативни трки

Sase Ivanovski

ПАДНАА ТУЖБИТЕ НА ЕВРОПСКИ ФРОНТ ПРЕД УПРАВЕН СУД Ќе се прегласува на 7 изборни места

Sase Ivanovski

ФОТО | Салфетката на која Меси го потпиша договорот со Барселона продадена за 888.000 евра

Sase Ivanovski

Фондацијата „ЗАЕВ – Едно општество за сите“ донираше ламинат за детската градинка во Конче

Sase Ivanovski

Сиљановска-Давкова освен со папата, во Рим на средба и со италијанскиот претседател Матарела

Sase Ivanovski

Претседателството на ДУИ попладнево ќе одржи состанок

Sase Ivanovski

Најмалку 50 загинати во поплавите во Авганистан

Sase Ivanovski

ВИДЕО| Бислимоски: Да ги одржуваме браните, да не ни се случи Либија

Sase Ivanovski

Поранешен српски репрезнтативец направил скандал во Белград: Беснеел во хотел и се заканувал на полицајци

Sase Ivanovski

САД со предупредување до американските граѓани, да бидат внимателни додека патуваат во странство

Sase Ivanovski

Сејдини ги отфрла тврдењата дека врши притисок врз судиите во Управен

Sase Ivanovski

Климатски активисти ги блокираа пистите на аеродромот во Минхен, објавено е одложување на летовите

Sase Ivanovski

Експертската јавност децицна – Нема правни механизми за распуштање на Советите

Sase Ivanovski

Кривична против градоначалник за незаконски исплати за време на избори

Sase Ivanovski

Кривична пријава против полицајката која беше фатена со мито од над 10 илјади евра

Sase Ivanovski

Зеленски го одби планот за примирје на Макрон:„Емануеле не веруваме во тоа“

Sase Ivanovski

Човекот кој го нападна сопругот на Ненси Пелоси со чекан е осуден на 30 години затвор

Sase Ivanovski

Изгласана новата хрватска Влада, 79 пратеници гласаа за

Sase Ivanovski

Полуматуранти во Подгорица при прослава со факли го запалиле покривот на училиштето

Sase Ivanovski
Вчитувам....