Пратеникот на ДПК Мергим Љуштаку вели дека однесувањето на премиерот Албин Курти го оддалечува Косово од европскиот пат, што, како што вели, се потврди и со воведувањето санкции од страна на Европската унија, пренесува Теве1.
„Со своите постапки Курти го оддалечи Косово од европскиот пат, а реално секој успех оди во Србија, а сликата за Косово од ден на ден се влошува, а имаме и санкции од ЕУ и САД во различни форми“, рече Љуштаку.
Коментирајќи ја изјавата на вицепремиерот Бесник Бислими, кој рече дека не треба да се одржат избори без укинување на санкциите за Косово, Љуштаку вели дека „до вчера велеа дека нема санкции, а сега бараат да се укинат за да се оди на избори“.
„Јасно е дека со овие изјави ги потврдија критиките и на аналитичарите и на граѓаните кои со право бараат одговорност за целата доверба што и ја дадоа на оваа влада и дека во реалноста нема конкретен резултат“, додаде Љуштаку.