МАКТЕЛ

     

Трамп: Ќе ѝ ставам крај на војната за 24 часа

      

Победата на Трамп би значела голем предизвик за американската демократија, но и за меѓународните односи, чиј дел е и нашата држава. Со оваа опасност на ум, некои поинакви македонски политичари би копале со раце и со нозе за членство во ЕУ и не би зборувале како и без членство државата нема да пропадне

Пишува: Денко МАЛЕСКИ

   

Јас ќе спречам трета светска војна. За тоа нема да ми треба повеќе од еден ден. Ќе им кажам на Зеленски и на Путин да седнат на маса и да постигнат договор.

Политичката формула на Трамп е едноставна: го зборува она што сакаат да го слушнат гласачите, кои се уморни од војната и исплашени од нуклеарна катастрофа.

Во неговата прва изборна кампања играше на стравот од мигранти и градење ѕидови што ќе ги сопрат. Сега, Трамп ќе гради мостови на мир и соработка.

Дали навистина ќе може да ја заврши војната со мировен договор преку ноќ? За тоа ќе мисли по евентуалната победа.

ВОЈНА НА ИСТОШТУВАЊЕ

Анализите на реалистите кажуваат за една крајно сложена ситуација, која не се решава бргу.

Кога во 2023 година им тргна добро на Украинците, пораснаа надежите дека тие ќе можат да ги повратат окупираните територии, нанесувајќи му пораз на окупаторот. Но, како последица на руската мобилизација на сите свои ресурси, работите се сменија во 2023 година. Зошто?

Воените аналитичари ја нарекуваат оваа војна меѓу Русија и Украина, војна на истоштување, споредувајќи ја со рововската Прва светска војна. Во таква истоштувачка рововска војна, сметаат тие, на крајот победува страната што има повеќе луѓе и поголема артилериска моќ.

Оттаму заклучокот дека Русија, која има петпати повеќе население од Украина и несразмерно поголема артилериска моќ, ќе убие повеќе Украинци од Украинците Руси, што ќе го определи исходот на војната.

Украинската влада е под силен притисок од Западот да оди во офанзива за враќање на териториите. Но, да се излезе од рововите и да се јуриша наспроти утврдената доминантна руска артилериска моќ, значи кланица од типот на Првата светска војна, во која изгинаа 8.000.000 млади луѓе.

Оттаму дилемата на Украинците: ако излезат од рововите, нивните војници ќе бидат покосени од супериорна артилерија, воздушната поддршка и од бројот на војниците.

Да, но Трамп изјави дека ќе ѝ стави крај на војната за 24 часа со мировен договор меѓу Зеленски и Путин. Истакнатиот претставник на реалистичката школа во меѓународната политика Џон Мершајмер вели дека тоа е невозможно.

Мојот аргумент, вели Мершајмер, е дека не постои мировен договор околу кој би можело двете страни да се согласат. Ниту за територијалното прашање, ниту за прашањето за неутралност.

ЗАМРЗНАТ КОНФЛИКТ

Украинците си ја сакаат територијата назад, но Русите, со одлука на Думата и со цврст став дека нема да ја вратат територијата, веќе ги анектираа четирите области, а сега ги утврдуваат своите позиции. Значи, нема решение за територијалниот проблем.

Нема решение ни за прашањето за неутралност. Украинците, особено по ова искуство, сакаат безбедносни гаранции, кои можат да ги добијат само од НАТО. Но, Русите инсистираат на неутралност и прекинување на сите врски со НАТО.

Затоа, смета Мершајмер, во отсуство на мировен договор, кој едноставно не е можен, останува само двете страни да се обидат да стасаат до „замрзнат конфликт“. Но, и тоа ќе биде исклучително тешко зашто Украинците нема да го почитуваат и ќе продолжат да се борат за одземените територии.

Америка, пак, има интерес и натаму да ја поддржува Украина за Русија да не оствари голема победа, која би го поткопала угледот на оваа суперсила во светската политика. Особено зашто таква победа ќе испрати сигнал до Кина за слабост на Америка. Русите, пак, сакаат голема победа, па оттаму тешкотиите да се види крајот на војната, дури и во форма на „замрзнат конфликт“.

Значи, заклучува Мершајмер, да се стаса до „замрзнат конфликт“, нема да биде лесно, а да се одржи „замрзнат конфликт“, ќе биде уште потешко. Оваа катастрофална ситуација ќе трае многу долго зашто не постојат предуслови за мирно решение.

ДА СЕ ПРАША НАРОДОТ

Има решение, вели Едвард Лутвак, американски научник за стратегија и геополитика, но и тоа не се решава за 24 часа: Русија да се повлече од сите територии, освен Доњеск и Луганск, да се организира пребисцит во тие две области под меѓународна контрола и да се праша народот дали е за Русија или за Украина.

Пример му се плебисцитите организирани по Првата светска војна, под надзор на илјадници инспектори. Во денешниов случај, инспекторите би биле регрутирани од земји неутрални во војната, како Индија или Израел, на пример, кои би гарантирале дека изјаснувањето ќе биде слободно и без притисок.

Можеби ова ви изгледа смешно, вели Лутрак, но друг план не постои. Украинците, според овој план, би морале да се откажат од Крим, кој, ако не им се врати на Татарите, вистинските сопственици, историски бил руска поморска база, доделена на Украина од Хрушчов.

Во моментот кога Украина ќе ги прифати резултатите од плебисцитот и ќе се откаже од Крим, наградата би била членство во НАТО. Од друга страна, членството на Украина во НАТО е отстапката што би ја направила Русија, сега откога пропадна идејата за неутралност.

Дали е ова само желба на Лутвак или прогноза дека тоа ќе се случи? Има две можности, одговара тој: едната е дека ќе се случи, а втората е дека нема да се случи. Ако не се случи, нè чекаат многу години конфликт.

КОЈ ЌЕ ПОБЕДИ ВО САД?

Следната 2024 е важна за војната. Наближуваат американските претседателски избори, на кои, се чини, повторно ќе се соочат Доналд Трамп и Џо Бајден. Какво ќе биде влијанието на војната во Украина врз изборите?

Бајден тврди дека Украина победува, а Русија губи. Ако е така, тогаш Бајден е во предност. Но, сè зависи од ситуацијата на теренот. Доколку во 2024 година, Русите ги консолидираат своите позиции врз окупираните територии, а Украинците не успеат да ги пробијат, тоа ќе ги намали изборните шанси на Бајден.

Во тој контекст, и на Бајден би му одговарало барем да запре војната и да почнат тешките мировни преговори. Се разбира, тука е главната непознаница: кој ќе победи на претседателските избори во Америка.

Победата на Трамп би значела голем предизвик за американската демократија, но и за меѓународните односи, чиј дел е и нашата држава. Со оваа опасност на ум, некои поинакви македонски политичари би копале со раце и со нозе за членство во ЕУ и не би зборувале како и без членство државата нема да пропадне.

Може ли да гарантираат вечност на македонската држава во сфера каква што е меѓународната политика, во која нема никакви гаранции, за ништо?

 

   

Најново

Унгарија ги откажа разговорите со Украина за правата на малцинствата

Sase Ivanovski

СДСМ: Филипче јасно кажа дека не поседува имот во ОАЕ, визата што ја поседува не е добиена на основ на инвестиции

Sase Ivanovski

Денес, „Матица македонска“ ќе чествува 195 години од раѓањето на Прличев со промоција на новата книга од акад. Митевски

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ТРАМП ЌЕ ДОБИЕ ЗЛАТЕН АВИОН ОД КАТАР Го викаат „летечка палата“, таков луксуз не сте виделе

Sase Ivanovski

Масовни апсења на деца низ Европа: Се раѓа нова генерација терористи, а некои од нив имаат 14 години

Sase Ivanovski

Трамп ќе потпише извршна наредба за намалување на цените на лековите што се издаваат на рецепт

Sase Ivanovski

Таравари: Ја напуштаме Владата за да се вратиме посилни

Sase Ivanovski

Руско Министерство за одбрана тврди дека нивниот „Искандер“ уништил ХИМАРС на украинската армија

Sase Ivanovski

ЕУ е нашата цел, но треба да научиме да победуваме и во Вашингтон и во Брисел, порача Мицкоски

Sase Ivanovski

Таравари: Не сакаме да бидеме кукли во владата. Кога не можеме да бидеме тоа за што народот не избрал му се враќаме нему

Sase Ivanovski

(ФОТОГАЛЕРИЈА) Повеќе од 500 гости на Самитот Македонија 2025 во Скопје

Sase Ivanovski

Од срцето на Европа – Чешка нуди литиум наместо јаглен

Sase Ivanovski

Мицотакис патува во Рим на средба со Мелони

Sase Ivanovski

Станбените заедници во Центар ќе добијат субвенции за поправка на лифтови и кровови на зградите

Sase Ivanovski

Корупцијата сè уште е најголем проблем во државата, вели Мојсоска Блажески

Sase Ivanovski

За Венко злато – за СДСМ р’ѓа!

Sase Ivanovski

Силен земјотрес вечерва во Романија

Sase Ivanovski

Оптимизам на берзите во Европа по договорот меѓу САД и Кина за намалување на царините за 90 дена

Sase Ivanovski

Настан „Гуш и бац е љубов“ за зголемување на свесноста за лицата со атипичен развој

Sase Ivanovski

ЌЕ СЕ СРЕТНЕЛ СО МИЦКОСКИ ДА МУ ЈА ОБЈАСНИ ВИСТИНСКАТА СЛИКА: Се огласи Таравари

Sase Ivanovski

„ЦЕЛО ВРЕМЕ ИМАЛЕ ТАЕН ДОГОВОР ЗА СОРАБОТКА“: Се огласи Меџити

Sase Ivanovski

„ПОЛИЦИСКИ ЕКИПИ, УЈП, ДПИ И ОСТАНАТИ ИНСПЕКЦИИ ДЕНЕС ГО ТЕРОРИЗИРААТ КОЧАНИ, НА РАЗГОВОР ПОВИКАН РОДИТЕЛ НА ЖРТВА“: Костовски обвинува

Sase Ivanovski

СЕ ЧЕКА ЗАВРШНО ПИЕЊЕ КАФЕ СО ТАРАВАРИ: „Се враќа во прегратките на Али Ахмети“, вели Мицкоски

Sase Ivanovski

„ТРАМПАА БАЈАДЕРИ ЗА КОРНИШОНИ“: Димитриевски вели државата не смее да биде монета за поткусурување

Sase Ivanovski

ЛЕТЕЧКА ПАЛАТА ЗА ТРАМП: Кралското семејство на Катар го почести Трамп

Sase Ivanovski

Проф. д-р Крлиу: Нашата заложба е да создадеме граѓани на светот – тоа се гледа во секој наш студент

Sase Ivanovski

„Макпетрол“ и „Телма“ во соработка со Сашко Коцев почнуваат нова забавна детска емисија

Sase Ivanovski

Левица: Обвинетите во „Делчевски ниви“ кои се блиски до Мицкоски добиваат тендери од МРТВ

Sase Ivanovski

Крај на деценискиот конфликт? Во историска одлука во Турција, ПКК објави планови за распуштање и разоружување

Sase Ivanovski

Трамп: Демократите сакаат скапо да платиме за авионот што САД го добиваат како подарок

Sase Ivanovski

Туск ја обвини Русија дека стои зад минатогодишниот пожар во трговскиот центар во Варшава

Sase Ivanovski

Црна Гора: Казни до 60 евра за долготрајна употреба на автомобилски сирени

Sase Ivanovski

Руски дрон погоди цивилен товарен воз, машиновозачот е повреден

Sase Ivanovski

Нетанјаху ги отфрли медиумските тврдења за растечкиот јаз меѓу него и Трамп

Sase Ivanovski

Полицајците денеска на протест, бараат повисоки плати

Sase Ivanovski

Шефовите на воените операции на Индија и Пакистан денес ќе разговараат за чекорите по прекинот на огнот

Sase Ivanovski

Руската армија го освои главното упориште на украинската армија во Донецк

Sase Ivanovski

Талибанците го забранија шахот во Авганистан: Коцкање и кршење на моралните вредности

Sase Ivanovski

Хамас ќе го ослободи последниот преживеан американски заложник

Sase Ivanovski

Времето денеска променливо облачно со сончеви периоди

Sase Ivanovski

Претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта в четврток во Скопје

Sase Ivanovski

KOД 2025 – МОЛК ЗА ДОКАЗИ НА ДОЖИВОТЕН ЗАТВОРЕНИК, ИНТЕРВЈУ СО ПАНДОВ ПО ПОЖАРОТ

Sase Ivanovski

СИТЕ ВРАБОТЕНИ ЌЕ ЗНААТ КОЛКУ ЗАРАБОТУВААТ НИВНИТЕ КОЛЕГИ: Се воведува нов закон, транспарентноста на платите ќе биде задолжителна

Sase Ivanovski

ДАЛИ ЗАТВОРСКА ЌЕЛИЈА Е ИСТО СО ГРОБ, КАКО МОЖЕ НАШАТА БОЛКА ДА ЈА СПОРЕДУВА СО БОЛКАТА НА НЕГОВОТО СЕМЕЈСТВО – сестрата на Фросина го нарече адвокатот на Васо бездушен човек

Sase Ivanovski

СЕДНАЛЕ НА ВЕЧЕРА, ПА СЕ ЗБОГАТИЛЕ: Ни криви ни должни од ресторанот излегле со речиси 90 илјади евра

Sase Ivanovski

МИЦКОСКИ ЖАЛИ ЗА ОДЛУКАТА НА РОДИТЕЛИТЕ НА ЗАГИНАТИТЕ ВО КОЧАНИ ДА НЕ СЕ СРЕТНАТ СО НЕГО: Немам проблем јас да заминам и да појдам во Кочани

Sase Ivanovski

ЖИВЕЕ ВО СТАН ОД 100 КВАДРАТИ И ВАЖИ ЗА МНОГУ СКРОМЕН ЧОВЕК – кој е таинствениот милијардер од Босна

Sase Ivanovski

Шефот на британската морнарицата отстранет од должностите поради истрага

Sase Ivanovski

ДЕМИРОВСКИ: Измеќарите на Дуи. Курто Дудуш и Фатима Османовска Сеат Исмаил , и советниците, нека објаснат чив е објектот затоа ли коалиција со Дуи, да ви ги крие криминалите, …

Sase Ivanovski

МУАМЕДИ: Најбитно е да имаш во “главата” а не на “хартија”…

Sase Ivanovski

ВЕНКО КРСТЕВСКИ: НЕ СЕ ПЛАШАМ НА ЗАКАНИТЕ!

Sase Ivanovski

КАМЕРНОТО ТРИО „АНИМАТО“ СО ЈУБИЛЕЕН КОНЦЕРТ „КВИНТЕСЕНЦА“

Sase Ivanovski

СИЛНО НЕВРЕМЕ ЈА ЗАФАТИ СТРУМИЦА Дрво смачка автомобил, пожарникарите на терен

Sase Ivanovski

Таравари: Жал ми е што премиерот стана жртва на некои уверувања, лично ќе му ги објаснам работите

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Скандал, секаде во светот училиштата се користат за учење, а СДС во Струмица ги користи за партиски состаноци

Sase Ivanovski

Лишен од слобода маж од кичевско, со секира ги нападнал родителите, таткото починал

Sase Ivanovski

Германија протестира за забрана на крајнодесничарската партија АфД

Sase Ivanovski

Трамп со порака до Украина и до Русија: ОДРЖЕТЕ СРЕДБА, ВЕДНАШ

Sase Ivanovski

Додик: Пресудата против мене треба да се поништи

Sase Ivanovski

Прегазена жена во Кочани

Sase Ivanovski

„Здраво перверзњаку“: Измама што тврди дека сте снимани во тек на интимен чин

Sase Ivanovski

Малолетничка пријавила дека доктор на Клинички ја допирал по телото во тоалет. Ме местат со нејзиниот вереник има камери ќе се види дека лажат

Sase Ivanovski

Крис Павловски пристигна во Македонија: Најави дека ќе го бара гробот на Александар Македонски

Sase Ivanovski

Македонските ракометари се пласираа на ЕП, осми пат по ред

Sase Ivanovski

Илјадници луѓе во Париз протестираа против исламофобијата

Sase Ivanovski

Излезна анкета: Социјалистичката партија на Рама победи на изборите во Албанија

Sase Ivanovski

(ФОТО) Чарна Невзати блесна на Мис на светот 2025: На сцената се претстави во впечатлива креација со боите на знамето

Sase Ivanovski

Келог: Прво прекин на огнот, а потоа мировни преговори меѓу Русија и Украина

Sase Ivanovski

Меџити до Таравари: Маските паднаа

Sase Ivanovski

САД и Кина постигнаа трговски договор

Sase Ivanovski

Скопје и регионот зафатени со дожд и засилен ветер

Sase Ivanovski

Муцунски: Македонија ја подржува иницијативата за формирање на воен суд во Украина

Sase Ivanovski

Зеленски: Ќе го чекам Путин во Турција во четврток, лично

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ТРТ: КАКО „ИСЧЕЗНА“ ЗАКОНОТ ЗА ПОТЕКЛО НА ИМОТ?

Sase Ivanovski

Три дена падната светилка во Аеродром – без реакција од Град Скопје

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Христијан Мицкоски: ДУИ гледа антиалбанска политика во потезите на актуелната власт додека владината коалиција гледа обид за заштита на корумпирани поединци

Sase Ivanovski

Мартин Костовски: СДСМ никогаш нема да се откаже од европскиот сон

Sase Ivanovski

Христијан Мицкоски: Денеска извршивме увид на градежните активности за изградба на нова детска градинка во населено место Инџиково, Општина Гази Баба

Sase Ivanovski

(ФОТО) Шукова: Решенија за чиста животна средина- приоритет во програмата на СДСМ за локалните избори

Sase Ivanovski

Костова: СДСМ нуди решенија за подобрување на стандардот на граѓаните

Sase Ivanovski
Вчитувам....