Имаме со што да се гордееме!
Лидери сме во регионот по инвестиции од #ИПАРД програмата, меѓу кои има и инвестиции во винската индустрија! Една од нив е и винарската визба Камник, која преку #ИПАРД 2 програмата е корисник на средства во износ од 14 милиони денари за набавка на опрема за винарство и складирање на вино. Камник е една од водечките винарски визби, која ја препозна можноста на #ИПАРД програмата и успешно ги искористи средствата за модернизација на производството.
Први во регионот почнуваме со #ИПАРД 3 програмата и буџет кој е зголемен за 62%. На располагање имаме вкупно 120 милиони евра.