Фото: GoffPhotos.com / Goff Photos / Profimedia
Американскиот актер Дени Мастерсон (47), кој стекна светска слава со својата улога во ситкомот „That ’70s Show“, пред речиси четири месеци беше прогласен за виновен за две силувања.
Сега, како што јавуваат странските медиуми, тој официјално е осуден на 30 години до доживотен затвор. Во мај за време на повторното судење на случајот во кој беа вклучени три жени, поротата во Лос Анџелес го прогласи Мастерсон за виновен по две точки од обвинението за силување.
Актерот ќе одлежи две последователни казни од 15 години, по една за секое од обвиненијата. Тој исто така мора да се регистрира како сексуален престапник.
Обвинителите, кои повторно подигнаа обвинение за Мастерсон по неодлучната порота во декември, која доведе до понуштување на судењето, рекоа дека актерот употребил сила за да ги принуди жените да имаат секс во неговиот дом во Холивуд Хилс, вклучително и неговата долгогодишна девојка.
Дени Мастерсон и сопруга Бижу Филипс Фото: BACKGRID / Backgrid USA / Profimedia
Тоа се случило во периодот помеѓу 2001 и 2003 година. Обвинителите им кажаа на поротниците дека актерот ги дрогирал жените со пијалок за да може да ги силува. Серијата „That ’70s Show„ за време на трите силувања, сè уште беше во етерот.
Обвинителите, истакнаа дека тој ја користел и својата позиција во Скиентолошката црква, за да ги избегне последиците со децении, а сите три жени исто така биле членови на истата црква.Жените сведочеа дека кога го пријавиле Мастерсон кај црковните службеници, им било кажано дека тоа не е силување, дека се дел од етичка програма и биле предупредени да не одат во полиција.Црквата категорично негираше дека има каква било политика, што им забранува на членовите да одат кај секуларните власти.