13.8 C
Скопје
12/05/2025 07:50
МАКТЕЛ

     

Неуспешно бегство во нормалноста

      

Ставив вето, триднeвна забрана на „сурфање“ по социјални мрежи, портали, читање весници и ТВ вести, ембарго за водители кои го вртат јазот кон воденицата која меле саде отрови како лек за несоница.

Пишува Ерол Ризаов

   

Цврсто одлучив продолжениот празничен викенд да го напуштам лудилото што ни се случува и да избегам во нормалноста. Тоа само донекаде ми успева во деновите кога одам на риболов. Но, како тоа да се постигне кога сте под вршникот на Скопје. Намерата ми беше ако успеам, да ви препорачам и вам да се обидете да најдете свој спасоносен рецепт.Направив совршен план. Ставив вето, строга триднeвна забрана на „сурфање“ по социјалните мрежи, портали, читање весници и ТВ вести, ембарго за дебатите на уважените експерти,  аналитичари, политичари, тазе и бајати колумнисти, жестоките момци водители кои одлично го вртат јазот кон воденицата која меле саде отрови како лек за несоница. Сето тоа го блокирав во замена за спортските канали.Си велам тешко, ама може да се издржи барем три дена, па да го видиме резултатот. По утринското и пладневно кафе во „Изи“ на Џанго „пука прв“ и на тениските терени во „Александар палас“ со исклучен мобилен, се подготвив за читање на недочитани и повеќепати прочитани книги, кои на секое навраќање различно се доживуваат. Изборот падна на „Мементо за Истанбул“ од АхметУмут, турскиот Агата Кристи, потоа на романот „apsolvo te“ на Бугаринот Георги Бардаров, добитник на Европската награда за литература во 2021 година, ја препрочитав по трет пат книгата на Душан Ковачевиќ „20 српски поделби“ (Срби против Србите). Чинам доволно за продолжен викенд без биење на камбаните дека доаѓаат Хуните преку Европа да нѐ поробат.

Планот исполнет- резултатот поразителен

 

Веднаш да ви кажам дека резултатот е поразителен, иако планот го исполнив во целост без ниту една отстапка. Разликата е во тоа што веќе нема потреба да бидете изложени на труење. Организмот е доволно затруен. Детоксикацијата не е можна што и да правите. Сѐ што читате и гледате од разлилчни агли асоцира на Македонија. Споредбите не можете да ги спречите. Еве и зошто. Да почнам од спортските ТВ канали. Го држам во рака „даљинското“, најдемократскиот изум за спас од натрапници. А се појави некој познат сурат, веднаш да го исклучам.

Да почнам со моите херои, надлуѓе, што возат велосипеди колку речиси една Македонија во еден ден. Тече колоната по локални патишта низ Европа, Франција, Италија, Шпанија…како подвижна лента управувана од некоја космичка станица. Повеќе ги гледам знаците и пораките покрај патот отколку „гладијаторите“ на велосипеди. Села, гратчиња и градови како од бајките. Сѐ е беспрекорно чисто, прекрасни, а скромни  куќи извонредно вклопени во амбиентот, непрегледни убаво обработени полиња и ридови како да ги шишал мајстор Цафуре само со чешел и ножици.

Зелени реки, езера, шуми како на разгледници. Мостови и замоци, радосни луѓе со шишенца вода за своите јунаци. Возат луѓето вртејќи педали со денови низ овоземните градини како да се рајски. Насобраниот отров во мене вели- добро бе и ние имаме некои убавини од Бога дадени, од луѓето запустени, зарем сме дојдени до таму да не можеме да исчистиме и уредиме колку еден двор на Франција. Не Не можеме оти повеќе ја валкаме, отколку што ја чистиме земјата која многу ја сакаме. Така се мери патриотизмот.

Се префрлам на еден од најголемите спортски спектакли на планетата земја, отвореното првенство на Америка во Њујорк. Комшијата Новак Ѓоковиќ пишува историја. Урива рекорди. Повторно е на светскиот трон. И тие што не го сакаат го почитуваат. Убави непреспани ноќи. Ѓоковиќ е фантастична замена што нас нѐ нема таму. Всушност нѐ има. Тој е наш. Србија игра во финалето на Светското првенство во кошарка. И тие се наши. Жалиме што не ја
победивме“ Германија. Не сме задоволни од второто место во светот. Убаво се чувствуваме кога се лажеме себе си. Нѐ нема ниту на атлетските патеки. Нѐ израдуваа фудбалерите со голот на Барди и нерешено со Италија. Ни приредија радост и одбојкарите. Само еден ден се позначајни од политичарите.треба ли просветен апсолутизам

Во криминалистичкиот детективски роман „Мементо за Истанбул“ од Ахмет Умут се испреплетува културното наследство на престолнината на три империи. Овие делови се автентично напишани со користење на обемно научно творештво без никакви комплекси и предрасуди што е и чие историско минато. Спомениците од западното и источното римско царство и од османлиската империја се фантастична лекција колку е важно тоа да се заштити и колку е тажно да се уништува.Мислите ми отидоа на друга страна, на Кемал Ататурк кој го собори султанот и султанатот. Победи како војсководител во татковинската  војна против многу надмоќни сили и ја спаси Турција. Главниот град на три империи го премести во Анадолија во Анкара. Ја укина арапската азбука, го смести османлискиот јазик во историските архиви и ги повика лингвистите да создадат нова азбука, латинично писмо и нов литературен јазик само десетина години пред тоа да го направи Македонија. Го укина и Шеријатското право и донесе граѓанско право по урнекот на европските земји. Ја заврте Турција од Азија накај Европа.

Годинава Турција ќе одбележи 100 години од парламентарната држава со сѐ уште незавршените визии на големиот државник, Турција да стане европска држава.

Си велам, дали и нам ни треба еден просветен апсолутизам, еден државник, нека е и диктатор да ги спроведе нашите реформи. И веднаш си го гризнав јазикот. Тоа би било ерес во нашата совршена демократија во која исплукавме сѐ живо што не починало најмалку пред 80  години. Од првата параламентарна држава созадена по единствента историска победа во НОБ, сѐ друго е пораз. Сите наши претседатели, премиери,
државници, творци, дејци, сѐ е жигосано, наклеветено, компромитирано, обезвреднето, омаловажено во  политички пресметки.

Една мала група луѓе формиравме невладина организација со единствена цел во Скопје да подигнеме еден споменик на Кемал Ататурк кого го врзуваат многу работи со Македонија. Тропавме залудно речиси две години од врата на врата, запазувајќи ги сите законски прописи и правила.

Како донација добивме и споменик од Турција, транспортиран до Скопје. Но не се најде парче земја, неколку квадрати, да се постави споменикот кој на крајот заврши во дворот на амбасадата на Република Турција. Во Македонија не се градат споменици по регуларен законски пат како и многу други зданија, туку на диво по демократски  пат. Навечер почнува, наутро осамнува, па ако смееш обиди се да го урнеш.
>Македонци против Македонците

Во романот  на бугарскиот писател Георги Бардаров, преведен на македонски, што се чита во еден здив, кој неправедно долго стоеше на мојата маса на ред за читање, конечно да ја отворам ме привлекоа неколку прашања напишани на корицата: „Што може да ги натера обичните, нормални луѓе да прават абнормални ексцеси и sверства?

Дали е можно да се убива и да се употребува насилство врз сопствениот род преку ден, а ноќе истите тие раце да ги галат главите на сопствените деца и лицето насопругата без никаков знак на внатрешна противречност и конфликт сам со себе? Може ли да го направите невозможното за да поживеете на овој свет само секунда подолго?

Може ли да се прости она што не би му го простиле никому на светот, па сета злоба и омраза да истечат од вас како нечиста вода? Одговорот е Absolovo te. Топло ви препорачувам да откриете што значи тоа и уште многу други работи што може да ви бидат многу препознатливи.

Повторно кисело се смеам на извонредната книга на големиот драматург Душан Ковачевиќ за „20 српски поделби“ (Срби против Србите). Кисело оти ние имаме четири пати повеќе македонски поделби. Еве неколку наслови на поглавјата каде зборот српски може да се замени со македонски, па просудете сами: Небесни и овоземски Срби, Происточни и прозападни, Патриоти и предавници, Рационални и ирационални, Монархисти и републиканци, Четници и партизани, Ослободители и ослободени, Срби и Југословени, Богати и сиромашни, Газди и раја, Србин поделен на самиот себе и уште девет поделби. Место Србин ставете Македонец и видите дали одговара.

Ете така мојот обид на бегство кон нормалноста пропадна. Што би рекол Горан Бреговиќ: Не е нормален тој што нема да полуди.

А, може и вака: нормален е тој што полудел. Се разбира во нашиот случај. Луд и будала не е исто.

   

Најново

Руски дрон погоди цивилен товарен воз, машиновозачот е повреден

Sase Ivanovski

Нетанјаху ги отфрли медиумските тврдења за растечкиот јаз меѓу него и Трамп

Sase Ivanovski

Полицајците денеска на протест, бараат повисоки плати

Sase Ivanovski

Шефовите на воените операции на Индија и Пакистан денес ќе разговараат за чекорите по прекинот на огнот

Sase Ivanovski

Руската армија го освои главното упориште на украинската армија во Донецк

Sase Ivanovski

Талибанците го забранија шахот во Авганистан: Коцкање и кршење на моралните вредности

Sase Ivanovski

Хамас ќе го ослободи последниот преживеан американски заложник

Sase Ivanovski

Времето денеска променливо облачно со сончеви периоди

Sase Ivanovski

Претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта в четврток во Скопје

Sase Ivanovski

KOД 2025 – МОЛК ЗА ДОКАЗИ НА ДОЖИВОТЕН ЗАТВОРЕНИК, ИНТЕРВЈУ СО ПАНДОВ ПО ПОЖАРОТ

Sase Ivanovski

СИТЕ ВРАБОТЕНИ ЌЕ ЗНААТ КОЛКУ ЗАРАБОТУВААТ НИВНИТЕ КОЛЕГИ: Се воведува нов закон, транспарентноста на платите ќе биде задолжителна

Sase Ivanovski

ДАЛИ ЗАТВОРСКА ЌЕЛИЈА Е ИСТО СО ГРОБ, КАКО МОЖЕ НАШАТА БОЛКА ДА ЈА СПОРЕДУВА СО БОЛКАТА НА НЕГОВОТО СЕМЕЈСТВО – сестрата на Фросина го нарече адвокатот на Васо бездушен човек

Sase Ivanovski

СЕДНАЛЕ НА ВЕЧЕРА, ПА СЕ ЗБОГАТИЛЕ: Ни криви ни должни од ресторанот излегле со речиси 90 илјади евра

Sase Ivanovski

МИЦКОСКИ ЖАЛИ ЗА ОДЛУКАТА НА РОДИТЕЛИТЕ НА ЗАГИНАТИТЕ ВО КОЧАНИ ДА НЕ СЕ СРЕТНАТ СО НЕГО: Немам проблем јас да заминам и да појдам во Кочани

Sase Ivanovski

ЖИВЕЕ ВО СТАН ОД 100 КВАДРАТИ И ВАЖИ ЗА МНОГУ СКРОМЕН ЧОВЕК – кој е таинствениот милијардер од Босна

Sase Ivanovski

Шефот на британската морнарицата отстранет од должностите поради истрага

Sase Ivanovski

ДЕМИРОВСКИ: Измеќарите на Дуи. Курто Дудуш и Фатима Османовска Сеат Исмаил , и советниците, нека објаснат чив е објектот затоа ли коалиција со Дуи, да ви ги крие криминалите, …

Sase Ivanovski

МУАМЕДИ: Најбитно е да имаш во “главата” а не на “хартија”…

Sase Ivanovski

ВЕНКО КРСТЕВСКИ: НЕ СЕ ПЛАШАМ НА ЗАКАНИТЕ!

Sase Ivanovski

КАМЕРНОТО ТРИО „АНИМАТО“ СО ЈУБИЛЕЕН КОНЦЕРТ „КВИНТЕСЕНЦА“

Sase Ivanovski

СИЛНО НЕВРЕМЕ ЈА ЗАФАТИ СТРУМИЦА Дрво смачка автомобил, пожарникарите на терен

Sase Ivanovski

Таравари: Жал ми е што премиерот стана жртва на некои уверувања, лично ќе му ги објаснам работите

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Скандал, секаде во светот училиштата се користат за учење, а СДС во Струмица ги користи за партиски состаноци

Sase Ivanovski

Лишен од слобода маж од кичевско, со секира ги нападнал родителите, таткото починал

Sase Ivanovski

Германија протестира за забрана на крајнодесничарската партија АфД

Sase Ivanovski

Трамп со порака до Украина и до Русија: ОДРЖЕТЕ СРЕДБА, ВЕДНАШ

Sase Ivanovski

Додик: Пресудата против мене треба да се поништи

Sase Ivanovski

Прегазена жена во Кочани

Sase Ivanovski

„Здраво перверзњаку“: Измама што тврди дека сте снимани во тек на интимен чин

Sase Ivanovski

Малолетничка пријавила дека доктор на Клинички ја допирал по телото во тоалет. Ме местат со нејзиниот вереник има камери ќе се види дека лажат

Sase Ivanovski

Крис Павловски пристигна во Македонија: Најави дека ќе го бара гробот на Александар Македонски

Sase Ivanovski

Македонските ракометари се пласираа на ЕП, осми пат по ред

Sase Ivanovski

Илјадници луѓе во Париз протестираа против исламофобијата

Sase Ivanovski

Излезна анкета: Социјалистичката партија на Рама победи на изборите во Албанија

Sase Ivanovski

(ФОТО) Чарна Невзати блесна на Мис на светот 2025: На сцената се претстави во впечатлива креација со боите на знамето

Sase Ivanovski

Келог: Прво прекин на огнот, а потоа мировни преговори меѓу Русија и Украина

Sase Ivanovski

Меџити до Таравари: Маските паднаа

Sase Ivanovski

САД и Кина постигнаа трговски договор

Sase Ivanovski

Скопје и регионот зафатени со дожд и засилен ветер

Sase Ivanovski

Муцунски: Македонија ја подржува иницијативата за формирање на воен суд во Украина

Sase Ivanovski

Зеленски: Ќе го чекам Путин во Турција во четврток, лично

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ТРТ: КАКО „ИСЧЕЗНА“ ЗАКОНОТ ЗА ПОТЕКЛО НА ИМОТ?

Sase Ivanovski

Три дена падната светилка во Аеродром – без реакција од Град Скопје

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Христијан Мицкоски: ДУИ гледа антиалбанска политика во потезите на актуелната власт додека владината коалиција гледа обид за заштита на корумпирани поединци

Sase Ivanovski

Мартин Костовски: СДСМ никогаш нема да се откаже од европскиот сон

Sase Ivanovski

Христијан Мицкоски: Денеска извршивме увид на градежните активности за изградба на нова детска градинка во населено место Инџиково, Општина Гази Баба

Sase Ivanovski

(ФОТО) Шукова: Решенија за чиста животна средина- приоритет во програмата на СДСМ за локалните избори

Sase Ivanovski

Костова: СДСМ нуди решенија за подобрување на стандардот на граѓаните

Sase Ivanovski

Трипуновски: Здружувањето на земјоделците е клучот во решавањето на пласманот и рентабилноста на земјоделските производи

Sase Ivanovski

Демократски сојуз: Заканите за дестабилизација се очајнички обиди на Ахмети за враќање на власт

Sase Ivanovski

Костова: Владата има очајни економски резултати, животниот стандард е на дното

Sase Ivanovski

Димитриевски: Македонија не смее да биде повеќе монета за поткусурување во рацете на неспособни и корумпирани лидери

Sase Ivanovski

(ФОТО) Мицкоски од Инџиково: Наскоро од денес се отвора детската градинка за најмалите, продолжуваме да ја градиме Македонија

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Министерство за внатрешни работи: Кривична пријава за мачење животни

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Манасиевски: 24 часа Филипче молчи да одговори на каков начин ја добил златната виза за Дубаи

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Петрушевски: СДС не може глава да крене од скандали со дрога на нивни членови

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Венко демантира поседување на виза, Филипче признава дека бојата на визата е златна, Венко го негира Филипче

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Кривична пријава против турски државјанин за обид за убиство во Скопје, одреден му е притвор

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Скандал, секаде во светот училиштата се користат за учење, а СДС во Струмица ги користи за партиски состаноци

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Лишен од слобода крадец во Куманово

Sase Ivanovski

Филков: Судскиот совет повеќе нема да биде терен за тајни договори, туку арена за интегритет и стручност

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: 92 сообраќајни прекршоци синоќа во Скопје, 50 санкционирани возачи на мотоцикл

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Да покажеме човечност и грижа – СДСМ ја повика ВМРО-ДПМНЕ да го поддржи Законот за Кочани

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Владата помага и ќе продолжи да помага со сите средства на сите опфатени со трагедијата во Кочани, го повикуваме СДС да престане да ја политизира работата

Sase Ivanovski

СДСМ: Максиме прочитан си, сега нема бегање од скандалот со златните парцели

Sase Ivanovski

Трипуновски од Василево: Излегуваме во пресрет на земјоделците, побргу ќе ја направиме проценката, за да се обноват површините кои што се зафатени од невремето

Sase Ivanovski

Денес започнаа парламентарните избори во Албанија

Sase Ivanovski

Стара географска карта извадена од контекст за да се пофали Русија

Sase Ivanovski

Трамп тврди дека постигнал „целосно ресетирање“ на трговските односи меѓу САД и Кина по разговорите за царините во Женева

Sase Ivanovski

ЖЕНИТЕ ВО МАКЕДОНИЈА ИГНОРИРАНИ ДО СМРТ ОД ИНСТИТУЦИИТЕ

Sase Ivanovski

Како забраната за вештачки бои ќе влијае на производтсвото

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) КУЧЕ ВЛЕЧЕНО СО АВТОМОБИЛ ВО КРИВА ПАЛАНКА

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Владимир Димковски: Дали смокот е опасен?

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Стефан Андоновски: „Ходникот е најчесто место каде се чуваа серверите во Македонија“

Sase Ivanovski

Зеленски се согласува да преговата и е подготвен да се сретне со Путин очи во очи!

Sase Ivanovski

Упатените закани кон оние кои дојдоа на парадата на 9 мај, Москва ги нарече манифестација на тероризам

Sase Ivanovski

Москва го обвини Киев дека го прекршил примирјето 14.043 пати, и тврди дека руските сили го почитувале прекинот на огнот

Sase Ivanovski

Пациентка пријавила доктор од Токсикологија за сексуално вознемирување, тој тврди – има камери, има сведоци, пациентката лаже!

Sase Ivanovski

Таравари: Алијансата за Албанците треба да биде во опозицијата, за неа таму ќе биде подобро

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Венко демантира поседување на виза, Филипче признава дека бојата на визата е златна

Sase Ivanovski
Вчитувам....