13.8 C
Скопје
12/05/2025 07:54
МАКТЕЛ

     

Ние сме книгите што ги читаме

      

Ние, под надворешен притисок, се прилагодивме кон светскиот историски наратив дека античките Македонци биле дел, макар и во поширока смисла, од хеленскиот свет, а дека ние, денешните Македонци, сме модерна словенска нација. Оттаму и промените во учебниците по историја, а не затоа што владата е „предавничка“

Пишува: Денко МАЛЕСКИ

   

Вечерното шоу има за цел, во форма на некаква забава, да ја исмее и да ја омаловажи актуелната политика, која греши буквално во сѐ. Во тоа исмевање и омаловажување, водителот не одбира зборови, а соговорниците, по правило, го копираат.

Темата на оваа емисија беа учебниците по историја, а гости двајца гимназиски наставници. Незадоволен од извршените промени во програмата по историја, наставникот објаснува дека таа почнува дури со Илинденското востание, но дека учениците сакаат да знаат што се случувало пред тоа.

Да ја задоволи нивната љубопитност, тој одвојува од своето време за дополнителни часови. Да им го објасни милениумскиот континуитет на македонската нација и држава, тој, како вели, почнува од античките Македонци, преку Самоил, па до Илинден.

Наставничката е на истата линија со својот колега. Незадоволна е што е исфрлен (нај)важниот дел од нашата историја. Водителот, млад човек кој мисли дека „сѐ што лета се јаде“, театрално бара одговор на прашањето: Добро, ама, зошто, зошто, повторува, го прават тоа, мислејќи на луѓето од власта, кои ја менуваат програмата.

Одговорот не е затоа што имаат поинаков поглед на македонската историја од оној „милениумскиот“. Одговорот е: „Затоа што имаме предавничка, измамничка, и одродена влада, вели наставничката по историја.“ Нејзиниот колега дополнува: „Затоа што преку образовниот систем тие сакаат да го уништат образованието.“

И кога се обидоа да ја стават целата дебата за програмата по историја во некаков општествен контекст, заклучија дека целта на оваа влада е да создадат што полоши услови за живот за младите што вредат нешто, за да заминат од државата.

Човек да се праша дали воопшто постојат такви нелуѓе некаде во светот, какви што се членовите на нашата актуелна влада. И да одговорат: такви нелуѓе кои „за ден повеќе на власт“ ја уништуваат сопствената држава, нема никаде на светот.

МРЗЕЛИВА „ВИСОКА“ ИНТЕЛИГЕНЦИЈА

Така некако приврши дебатата за новата наставна програма по историја. Наставниците напросто се задушуваа во гнев и омраза. Беше мачно да се гледаат. А, сепак, почувствував емпатија кон овие луѓе, емпатија што произлегува од сожалување.

Ние, имено, сме книгите што сме ги читале. Ова особено кога станува збор за историјата, за времињата кога не сме ни биле родени.

Читајќи книги од историчари, борци за националната кауза, а не трагачи по вистината, и самите наставници се трансформирале во жестоки борци за националната кауза за кои друга вистина нема.

Само таквата состојба на умот може да ги обвинува поинакумислечките за предавници.

Крајот на „античката епизода“ со смена на претходната власт и со потпишувањето на Преспанскиот договор не смееше да значи крај на дебатата за нашето античко потекло.

Мораше да продолжи додека не разбереме дека овој дел од нашата историска мисла не кореспондира со светската историографија.

Имено, според светската историографија, ние сме млада словенска нација, а не директни наследници на античките Македонци. За жал, наместо да се дообјасниме, дебатата, и онаа малку што ја имаше, сосема стивна.

Новата власт на СДСМ се устоличи и политичарите, разбирливо, се свртеа кон работите што се очекува да ги прават: благосостојбата на народот и безбедност на државата (НАТО, ЕУ, економија, плати, пензии, здравство, образование, парно…).

Темата за антиката остана неискажана зашто мрзеливата „висока“ интелигенција, која не е во потрага по историската вистина, како секаде во модерниот свет, туку по лична промоција, која е единствено можна ако си борец за националната кауза, одлучи така.

Но, народот, па и наставниците по историја во нашите училишта, останаа во убедување дека на Македонија ѝ е сторена само уште една во низата историски неправди.

ПОБЕДИ ПРИКАЗНАТА ДЕКА СМЕ КЛЕЧЕЛЕ

А, всушност, ние, под надворешен притисок, се прилагодивме кон светскиот историски наратив дека античките Македонци биле дел, макар и во поширока смисла, од хеленскиот свет, а дека ние, денешните Македонци, сме модерна словенска нација.

Оттаму и промените во учебниците по историја, а не затоа што владата е „предавничка, измамничка и одродена“. Оваа проста, но многу непопуларна лекција никогаш не ја апсолвиравме.

Имено, дека ние грешевме кога ги поставуваме темелите на нашиот идентитет во дел од историјата која Грција и светот ја сметаат за хеленска и дека само ја исправаме сопствената грешка со промена на наставните програми.

Тоа го правиме за да можат младите генерации Македонци интелектуално да се подготват за средба со младите на Европа, во еден отворен свет. Но, непомирливиот македонски национализам и стравот од него кај тие што би требало да мислат поинаку, си го стори своето.

Приказната дека сме клечеле пред Грците, а не дека сме се сообразувале со Европа и со светот, победи над здравиот разум. Доказ за тоа беше и сѐ уште е „предавничкиот“ Преспански договор.

Всушност, лекцијата од Преспа требаше да биде македонската интелигенција да чита и други книги. Оние што ги чита светот. Да ја научеа лекцијата, можеби интелектуалците ќе помогнеа да не се повтори истата грешка.

Мислам дека тогаш, како држава и како општество, поинаку ќе ѝ пристапевме на „бугарската тема“, нашиот нов предизвик. Вака, сѐ се чини како веќе видено.

 

   

Најново

Руски дрон погоди цивилен товарен воз, машиновозачот е повреден

Sase Ivanovski

Нетанјаху ги отфрли медиумските тврдења за растечкиот јаз меѓу него и Трамп

Sase Ivanovski

Полицајците денеска на протест, бараат повисоки плати

Sase Ivanovski

Шефовите на воените операции на Индија и Пакистан денес ќе разговараат за чекорите по прекинот на огнот

Sase Ivanovski

Руската армија го освои главното упориште на украинската армија во Донецк

Sase Ivanovski

Талибанците го забранија шахот во Авганистан: Коцкање и кршење на моралните вредности

Sase Ivanovski

Хамас ќе го ослободи последниот преживеан американски заложник

Sase Ivanovski

Времето денеска променливо облачно со сончеви периоди

Sase Ivanovski

Претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта в четврток во Скопје

Sase Ivanovski

KOД 2025 – МОЛК ЗА ДОКАЗИ НА ДОЖИВОТЕН ЗАТВОРЕНИК, ИНТЕРВЈУ СО ПАНДОВ ПО ПОЖАРОТ

Sase Ivanovski

СИТЕ ВРАБОТЕНИ ЌЕ ЗНААТ КОЛКУ ЗАРАБОТУВААТ НИВНИТЕ КОЛЕГИ: Се воведува нов закон, транспарентноста на платите ќе биде задолжителна

Sase Ivanovski

ДАЛИ ЗАТВОРСКА ЌЕЛИЈА Е ИСТО СО ГРОБ, КАКО МОЖЕ НАШАТА БОЛКА ДА ЈА СПОРЕДУВА СО БОЛКАТА НА НЕГОВОТО СЕМЕЈСТВО – сестрата на Фросина го нарече адвокатот на Васо бездушен човек

Sase Ivanovski

СЕДНАЛЕ НА ВЕЧЕРА, ПА СЕ ЗБОГАТИЛЕ: Ни криви ни должни од ресторанот излегле со речиси 90 илјади евра

Sase Ivanovski

МИЦКОСКИ ЖАЛИ ЗА ОДЛУКАТА НА РОДИТЕЛИТЕ НА ЗАГИНАТИТЕ ВО КОЧАНИ ДА НЕ СЕ СРЕТНАТ СО НЕГО: Немам проблем јас да заминам и да појдам во Кочани

Sase Ivanovski

ЖИВЕЕ ВО СТАН ОД 100 КВАДРАТИ И ВАЖИ ЗА МНОГУ СКРОМЕН ЧОВЕК – кој е таинствениот милијардер од Босна

Sase Ivanovski

Шефот на британската морнарицата отстранет од должностите поради истрага

Sase Ivanovski

ДЕМИРОВСКИ: Измеќарите на Дуи. Курто Дудуш и Фатима Османовска Сеат Исмаил , и советниците, нека објаснат чив е објектот затоа ли коалиција со Дуи, да ви ги крие криминалите, …

Sase Ivanovski

МУАМЕДИ: Најбитно е да имаш во “главата” а не на “хартија”…

Sase Ivanovski

ВЕНКО КРСТЕВСКИ: НЕ СЕ ПЛАШАМ НА ЗАКАНИТЕ!

Sase Ivanovski

КАМЕРНОТО ТРИО „АНИМАТО“ СО ЈУБИЛЕЕН КОНЦЕРТ „КВИНТЕСЕНЦА“

Sase Ivanovski

СИЛНО НЕВРЕМЕ ЈА ЗАФАТИ СТРУМИЦА Дрво смачка автомобил, пожарникарите на терен

Sase Ivanovski

Таравари: Жал ми е што премиерот стана жртва на некои уверувања, лично ќе му ги објаснам работите

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Скандал, секаде во светот училиштата се користат за учење, а СДС во Струмица ги користи за партиски состаноци

Sase Ivanovski

Лишен од слобода маж од кичевско, со секира ги нападнал родителите, таткото починал

Sase Ivanovski

Германија протестира за забрана на крајнодесничарската партија АфД

Sase Ivanovski

Трамп со порака до Украина и до Русија: ОДРЖЕТЕ СРЕДБА, ВЕДНАШ

Sase Ivanovski

Додик: Пресудата против мене треба да се поништи

Sase Ivanovski

Прегазена жена во Кочани

Sase Ivanovski

„Здраво перверзњаку“: Измама што тврди дека сте снимани во тек на интимен чин

Sase Ivanovski

Малолетничка пријавила дека доктор на Клинички ја допирал по телото во тоалет. Ме местат со нејзиниот вереник има камери ќе се види дека лажат

Sase Ivanovski

Крис Павловски пристигна во Македонија: Најави дека ќе го бара гробот на Александар Македонски

Sase Ivanovski

Македонските ракометари се пласираа на ЕП, осми пат по ред

Sase Ivanovski

Илјадници луѓе во Париз протестираа против исламофобијата

Sase Ivanovski

Излезна анкета: Социјалистичката партија на Рама победи на изборите во Албанија

Sase Ivanovski

(ФОТО) Чарна Невзати блесна на Мис на светот 2025: На сцената се претстави во впечатлива креација со боите на знамето

Sase Ivanovski

Келог: Прво прекин на огнот, а потоа мировни преговори меѓу Русија и Украина

Sase Ivanovski

Меџити до Таравари: Маските паднаа

Sase Ivanovski

САД и Кина постигнаа трговски договор

Sase Ivanovski

Скопје и регионот зафатени со дожд и засилен ветер

Sase Ivanovski

Муцунски: Македонија ја подржува иницијативата за формирање на воен суд во Украина

Sase Ivanovski

Зеленски: Ќе го чекам Путин во Турција во четврток, лично

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ТРТ: КАКО „ИСЧЕЗНА“ ЗАКОНОТ ЗА ПОТЕКЛО НА ИМОТ?

Sase Ivanovski

Три дена падната светилка во Аеродром – без реакција од Град Скопје

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Христијан Мицкоски: ДУИ гледа антиалбанска политика во потезите на актуелната власт додека владината коалиција гледа обид за заштита на корумпирани поединци

Sase Ivanovski

Мартин Костовски: СДСМ никогаш нема да се откаже од европскиот сон

Sase Ivanovski

Христијан Мицкоски: Денеска извршивме увид на градежните активности за изградба на нова детска градинка во населено место Инџиково, Општина Гази Баба

Sase Ivanovski

(ФОТО) Шукова: Решенија за чиста животна средина- приоритет во програмата на СДСМ за локалните избори

Sase Ivanovski

Костова: СДСМ нуди решенија за подобрување на стандардот на граѓаните

Sase Ivanovski

Трипуновски: Здружувањето на земјоделците е клучот во решавањето на пласманот и рентабилноста на земјоделските производи

Sase Ivanovski

Демократски сојуз: Заканите за дестабилизација се очајнички обиди на Ахмети за враќање на власт

Sase Ivanovski

Костова: Владата има очајни економски резултати, животниот стандард е на дното

Sase Ivanovski

Димитриевски: Македонија не смее да биде повеќе монета за поткусурување во рацете на неспособни и корумпирани лидери

Sase Ivanovski

(ФОТО) Мицкоски од Инџиково: Наскоро од денес се отвора детската градинка за најмалите, продолжуваме да ја градиме Македонија

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Министерство за внатрешни работи: Кривична пријава за мачење животни

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Манасиевски: 24 часа Филипче молчи да одговори на каков начин ја добил златната виза за Дубаи

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Петрушевски: СДС не може глава да крене од скандали со дрога на нивни членови

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Венко демантира поседување на виза, Филипче признава дека бојата на визата е златна, Венко го негира Филипче

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Кривична пријава против турски државјанин за обид за убиство во Скопје, одреден му е притвор

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Скандал, секаде во светот училиштата се користат за учење, а СДС во Струмица ги користи за партиски состаноци

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Лишен од слобода крадец во Куманово

Sase Ivanovski

Филков: Судскиот совет повеќе нема да биде терен за тајни договори, туку арена за интегритет и стручност

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: 92 сообраќајни прекршоци синоќа во Скопје, 50 санкционирани возачи на мотоцикл

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Да покажеме човечност и грижа – СДСМ ја повика ВМРО-ДПМНЕ да го поддржи Законот за Кочани

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Владата помага и ќе продолжи да помага со сите средства на сите опфатени со трагедијата во Кочани, го повикуваме СДС да престане да ја политизира работата

Sase Ivanovski

СДСМ: Максиме прочитан си, сега нема бегање од скандалот со златните парцели

Sase Ivanovski

Трипуновски од Василево: Излегуваме во пресрет на земјоделците, побргу ќе ја направиме проценката, за да се обноват површините кои што се зафатени од невремето

Sase Ivanovski

Денес започнаа парламентарните избори во Албанија

Sase Ivanovski

Стара географска карта извадена од контекст за да се пофали Русија

Sase Ivanovski

Трамп тврди дека постигнал „целосно ресетирање“ на трговските односи меѓу САД и Кина по разговорите за царините во Женева

Sase Ivanovski

ЖЕНИТЕ ВО МАКЕДОНИЈА ИГНОРИРАНИ ДО СМРТ ОД ИНСТИТУЦИИТЕ

Sase Ivanovski

Како забраната за вештачки бои ќе влијае на производтсвото

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) КУЧЕ ВЛЕЧЕНО СО АВТОМОБИЛ ВО КРИВА ПАЛАНКА

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Владимир Димковски: Дали смокот е опасен?

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Стефан Андоновски: „Ходникот е најчесто место каде се чуваа серверите во Македонија“

Sase Ivanovski

Зеленски се согласува да преговата и е подготвен да се сретне со Путин очи во очи!

Sase Ivanovski

Упатените закани кон оние кои дојдоа на парадата на 9 мај, Москва ги нарече манифестација на тероризам

Sase Ivanovski

Москва го обвини Киев дека го прекршил примирјето 14.043 пати, и тврди дека руските сили го почитувале прекинот на огнот

Sase Ivanovski

Пациентка пријавила доктор од Токсикологија за сексуално вознемирување, тој тврди – има камери, има сведоци, пациентката лаже!

Sase Ivanovski

Таравари: Алијансата за Албанците треба да биде во опозицијата, за неа таму ќе биде подобро

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Венко демантира поседување на виза, Филипче признава дека бојата на визата е златна

Sase Ivanovski
Вчитувам....