Возило џип, управувано од Д.М.(41) од Скопје, синоќа се запалило на местото викано Теферич во општина Кисела Вода. Повредени нема, соопшти МВР. Џипот бил во сопственост на италјанската амбасада.
Случајот синоќа, во 19:29 часот, во СВР Скопје бил пријавен од Бригадата за противпожарна заштита Скопје.
Полициски службеници од Полициската станица Кисела Вода излегле на терен и констатирале дека возилото било опожарено.
„Возачот појасни дека движејќи се во правец од Теферич кон Сопиште забележал чад и оган од десната страна на предната хауба, при што застанал и со помош на граѓани го изгаснале пожарот. Опожарен е делот на моторот и шал таблата“, наведува МВР.