Околу 1.100 добија итно засолниште од ерменската влада, а уште 1.000 нашле сопствено сместување.Неодамнешната воена операција на Азербејџан за преземање контрола врз Нагорно-Карабах ги принуди етничките Ерменци да го напуштат регионот, кој долго време е оспоруван меѓу двете поранешни советски републики.
Тој е меѓународно признаен како дел од Азербејџан, но има ерменско мнозинско население кое сега се плаши за својата иднина, што ги натера многумина да се упатат кон соседна Ерменија, пренесе ДПА.Главниот град во регионот, Степанакерт, исто така, забележа прилив на бегалци од други области на Нагорно-Карабах, јавија медиумите, кои предупредија на хуманитарна вонредна состојба. Повеќемесечната блокада на регионот од страна на Азербејџан им остави недостиг од храна и лекови.