МАКТЕЛ

     

После АСНОМ ни ги зедоа граѓанските права, а во 1991 година сакаа од Македонија да направат бановина!

      

Кога зборувам за 2 август 1944 година и за измамата на тoгашните комунисти, се разбира, не се работи за чинот на конституирањето на македонската држава. Од тој чин нема, ниту ќе има поголем во нашата историја.

Се работи за она „внатре“ во новата држава; за ветеното внатрешно уредување – за економскиот, социјалниот и за политичкиот систем. Тоа ветување е претворено во огромна измама.

   

Како?

Па еве, едно потсетување за оние што никогаш не помислиле на тоа и никогаш не ја прочитале славната Декларација на АСНОМ за правата на граѓаните на Демократска Македонија. Клучните точки од неа:

Точка 3: „На секој граѓанин му се гарантира сигурноста на личноста и имотот, загарантирано е правото на сопственост и часната (приватната) иницијатива во стопанскиот живот.

Точка 4: „На секој граѓанин му се гарантира слободата на вероисповед и слободата на совеста“.

Точка 5: „На сите граѓани им е гарантирана слободата на говорот, печатот, собирањето, договорот и слободата на здружувањето.

Веднаш по формирањето на првите органи на новата држава (на Републиката во составот на СФРЈ) ги „снемало“ правото на загарантираниот имот, правото на сопственост, часната (приватната) иницијатива во стопанскиот живот, слободата на совеста, слободата на говорот, печатот, собирањето, договорот и слободата на здружувањето. Настапува ерата на национализацијата, конфискацијата, секвестрацијата, колективизацијата, цензури на напишаното, санкциите за изреченото, лишувањето на луѓето од дотогаш веќе прифатените „неотуѓиви права на човекот и граѓанинот“. Извојувани и применувани, чекор по чекор, првично во атарот на т.н. „западна цивилизација“.

Како е изведена оваа голема измама?

Со репресија! Но, која била тактиката?

За тоа пишува и проф. Дејан Јовиќ (не само тој), во својата книга од 530 страници, под наслов „Југославија, држава која је одумрла“. Значи, на следниов начин:

„Во Втората светска војна… југословенските комунисти го истакнуваа принципот на националната еманципација многу повеќе од идејата за социјалната правда и за социјалистичката револуција. Тоа не било само последица на сопствениот прагматизам, туку и израз на лојалноста спрема главните сојузници, Лондон и Москва, кои препорачувале да не се отвораат политички прашања (посебно не во форма на граѓанска војна) во текот на војната за ослободување на земјата од окупаторот. По почетниот драматичен пораз, на врвот на партизанското движење му требало долго време отворено да признае дека го води комунистичката идеја. Наместо тоа, партизаните го истакнувале патриотскиот карактер на својата борба, говорејќи за братство и единство, идеал кој лесно може да се идентификува со братство, единство, слобода, значи, со темелите на либерално-демократските барања. Дури кон крајот на 1943 година станало јасно дека нова Југославија нема да биде само козметички поинаква од старата. Но, ни тогаш, во програмата на настапувачката власт, не се нашол социјализмот, а ни монархијата не била забранета еднаш засекогаш. Партизанската реторика вешто ги обединувала патриотските (југословенски) елементи (кои биле популарни не само кај Србите), со ветувањата за радикални (но неспецифицирани) промени… По многу нешта партизанското движење било широка ‘црква’ во која можеле да застанат разни струи и групи“.

„Една држава  една партија, една идеологија“  

На лидерите на КПЈ им било совршено јасно што би можело да се случи доколку уште во текот на војната ги соопштеле плановите за лишување на граѓаните од приватната сопственост, лишувањето од земјата преку колективизацијата (селските работни задруги), укинувањето на правото на политичко здружување итн. Затоа, одбегнувале да одат понатаму од синтагмата „социјална и национална правда“ (за народите и малцинствата, подоцна народностите) кон спецификација на личните права и слободи на поединецот.

Бидејќи политиката на КПЈ се „варела“ и се „печела“ во самиот врв на Партијата, во тоа време во никој случај без Коминтерната (читај: СССР) и се дистрибуирала „надолу“ преку фамозните „директиви“, воопшто не треба да изненадува што ни во Декларацијата, ни во Манифестот, усвоени на Првото собрание на АСНОМ, нема ни збор за она што потоа фактички ќе се случи со фундаменталните слободи и права на граѓаните.

Сѐ било „потопено“ од  геслото: „Една држава – една партија, една идеологија“.

И една голема лага, бездруго. На следната, Македонија ќе почека безмалку пет децении…

Зошто се одолговлекуваше закажувањето на Референдумот за независност?

Од филмуваните прикази за Референдумот за осамостојувањето на Македонија, посебно од финалната снимка, кога Киро Глигоров, на плоштадот Македонија, вечерта по гласањето, со пискав глас ќе изрече „Нека ни е честита слободна, суверена и самостојна Македонија“, сѐ изгледа така едноставно, чисто, величествено, храбро. Но, до тој ден, но и прилично време потоа, целиот процес беше исполнет со надмудрувања, симулирања, итроштини, резервни опции.

Две прашања посебно ги интригираа политичките актери и поинформираната јавност: Зошто се одолговлекуваше закажувањето на Референдумот? И од кои причини референдумското прашање, најблаго речено, беше формулирано на противречен, контроверзен начин?

За да може читателот подобро да го разбере ова прашање, особено тој што бил вон професионалните политички процеси, ќе се позанимаваме со некои важни настани, пред, за време на одржувањето и пропаѓањето на 14. Вонреден конгрес на СКЈ и по него.

Претконгресно „млатење празна слама“

Уште пред да бидам избран за претседател на ЦК СКМ, бев остро напаѓан од српските медиуми, контролирани од нивните политички газди. Не им се допаѓаа моите ставови за реформите на економскиот и политичкиот систем на земјата. Патем, барав систем без доминантност на т.н. општествена сопственост, комплетен пазар –  не само пазар на  стоки, туку и пазар на капитал и работна сила – и партиска политичка конкуренција.

Во тоа време, можеби поради тоа, можеби поради нешто друго, тие отворено навиваа на таа функција (во Македонија) да биде избран мојот противкандидат, Михаил Данев. Во нивниот печат (многу застапен во Македонија) објавија повеќе текстови со директни напади врз мене непосредно пред одржувањето на 10. конгрес на Сојузот на комунистите на Македонија (ноември 1989 година), со намера да повлијаат врз изборот за претседател на Партијата. Како што можев да се уверам, мене тоа повеќе ми помогна, отколку спротивното.

Од 20 до 22 јануари 1990 година, се одржа пропаднатиот конгрес на СКЈ. Учествував директно во неговата подготовка, преку членството во проширениот состав на Претседателството на ЦК СКЈ (проширен со учество на претседателите на републичките сојузи на комунисти, меѓу кои бев и јас). Со недели „млатевме празна слама“. Бадијала летаа државните авиони за Белград. Ќе се одржи, нема да се одржи, која е минимум платформата прифатлива за сите републички организации, по кои прашања најмногу се разликуваме итн.

Што бараа Словенците во Белград?

Клучното: Словенците бараа СКЈ да се трансформира во сојуз на самостојни републички организации, што значеше: да нема надгласување за прашања што секоја република ги смета дека се од витален интерес за неа и напуштање на таканаречениот демократски централизам при одлучувањето во органите на посакуваниот сојуз на сојузите на комунисти.

Србите жестоко се спротивставуваа на тоа. Знаеја дека потоа следува и таква дефиниција за асоцијацијата на шесте републики што ќе треба да се впише во новиот устав: целосно трансформирање на федерацијата во конфедерација. По тешки натегања, конечно, сите се согласивме со напишана препорака од Претседателството на ЦК СКЈ, дека на Конгресот нема да има надгласување за прашања што републиките ќе ги кандидираат дека се од посебен интерес за нив. Дека за такви е потребно одлучување со консензус. Кога почна Конгресот, настапи српското стампедо. Сите амандмани за кои Словенците инсистираа да нема надгласување, беа одбиени со надгласување.

Словенечкиот предлог за дефинирање на СКЈ како организација на републичките организации на СК, кои рамноправно се здружуваат во СКЈ, доби поддршка од само 169 делегати, од вкупно 1156 присутни. Предлогот на Миран Потрч (познат повеќегодишен словенечки функционер) во документите од Конгресот јасно да биде запишано дека „Народите здружени во Југославија го исполнуваат својот суверенитет внатре во републиките и имаат право да одлучат кои од своите суверени права сакаат да ги остваруваат преку демократските институции во Југославија“, доби поддршка од 526 делегати. Солидна бројка, но не и мнозинство за да биде прифатен. Потоа уследи уште еден амандман од Словенците: „Политички да се осудат економските блокади што некои републики им ги наметнуваат на други“. И овој амандман не доби мнозинство.

Веднаш потоа, словенечките делегати објавија дека го напуштаат Конгресот, а по нив истото го сторија и хрватските. Слободан Милошевиќ побара продолжување на Конгресот, со утврдување „нов кворум“. Не се прифати, настана голема мешаница и мораше да има пауза. Во текот на паузата, ги свикав нашите делегати на состанок „од нога“. Кратко образложив дека без полн состав (присуство на сите делегации) нема југословенски конгрес. Си ги спакувавме куферите и ние се вративме назад во Македонија. Добив информација дека истото, но со голема поделеност, го сториле и делегатите од БиХ, а малку изненадувачки, и делегацијата од ЈНА констатирала дека нема услови за продолжување на конгресот.

Збеснаа кога кажавме: „Нема конгрес без сите шест републики“

По 14. Вонреден конгрес на СКЈ настана вистинско лудило од напади и притисоци врз оние што не сакаа да продолжи без Словенците и без Хрватите (тоа, пред сѐ, бевме ние Македонците): жестоки напади од српските медиуми, вистинско черечење и притисоци од врвот на ЈНА, кој неколкупати ме „удостои“ со делегации во мојот кабинет, во мисија за негово продолжување на линијата на српската позиција  – „кого нема, без него се може!“

Притоа, секој од највисоките офицери, не пропушташе да додаде: „Оваа земја е со крв градена, со крв ќе ја браниме“. Не правеа разлика дека таа не е нападната однадвор, туку некои од тие што се внатре, што биле дел од основачите и од градителите, не сакаат под секакви услови да продолжат со другите. Во делегациите на ЈНА секогаш имаше и по некој генерал или полковник Македонец – на служба во Белград, или во Македонија.

Јас, пак, исто така, секому од нив морав да му повторувам: „Нема конгрес без сите шест републики. Ако интервенирате, ќе се распаднете како кула од карти. Размислете добро, како ќе ги натерате ‘децата’ (војниците) да пукаат во своите родители, браќа, сестри. И вие во врвот нема да одржите единство, не само зашто не сте еднонационален состав!“ (Патем, еден од нив, адмиралот Божидар Грубишиќ, кој на еден од состаноците прилично го подигна тонот кон мене, потоа стана прв соработник на Фрањо Туѓман, од кого беше и одликуван).

Во тој период нападите врз мене ги вжештив со дополнителни две изјави, што предизвикаа вистински изливи на бес. Во едната изјава реков: „Македонија повеќе нема да биде ничија бановина, покраина, протекторат и понтификат“. Во втората: „Ако една република ја напушти Југославија, за самостојност ќе се определи и Македонија“. Вторава ја повторувавме речиси сите од Претседателството и беше запишана во Изборната програма на СКМ-ПДП за претстојните избори во ноември 1990 година, па затоа не беше поштедено ни потесното раководство на Партијата, набедувано дека „се одметнало од сопствената база“. Дека, наводно, мнозинството членови на Партијата не го поддржувале таквиот став. Да бидам прецизен: секогаш префериравме опстанок на Југославија, во каков било формат на асоцијација, но под услов со сите шест рамноправни републики.

Во српскиот печат, насловите против мене се редеа како на филмска лента. Само во месец април 1990 година, и тоа само во белградска „Политика“, беа објавени 37, притоа 7 само во еден број (10 април).

За илустрација, еве некои наслови и поднаслови:

  • Лажна демократија Петар Гошева!“ (7 април)
  • За Гошев је наставак 14-ог конгреса разбијање СКЈ“ (9 април)
  • Петар Гошев се залаже за авнојску Југославију, а ради на Југославију словенечког типа“ (10 април)
  • Понашање Гошева је исто као и  понашање Методија Шаторова Шарло, који је 1941 г. одвоио КП Македоније од КПЈ“ и „Гошев је забранио растурање српске новине у Македонији“, заклучок од дискусијата на СУБНОР, Белград (12 април)
  • „Гошев и његове клевете на рачун Србије“ (14 април)
  • Гошев завађа македонски народ“ (18 април, спакувано во антрфиле)
  • „Ко стоји иза изречених тврдњи Петра Гошева да је СРМ бановина, покрајина или понтификат северне републике, питају кумановски борци“ (18 април). Всушност, реков дека „Македонија нема никогаш повеќе да биде…“
  • Разбијачке намере Петра Гошева“ (18 април) итн.

„Лесно“ ги најдоа и „причините“ за моите ставови. Сум бил „словенечки докторант“.

Од Ѕинго, преку „Писмата на читателите“ во „Нова Македонија“ и до МАНУ

Наведените политички позиции (во кои услови и Македонија би се определила за целосна самостојност) имаа поддршка од убедливо мнозинство граѓани на Македонија. Во самата партија, најшироки артикулирани противења беа искажани од кумановската партиска организација. Во некои други делови од партијата, несогласувањата беа ограничени на некои тесни раководни кругови и на поединци. Во Кратово, во рамки на најтесното раководство, под влијание на Љубисав Иванов-Ѕинго, на поединци од битолската и кичевската партиска организација, имаше почетна, но брзо коригирана реакција и од тесното раководството во општината Карпош (Скопје) и сé друго, небитно за спомнување.

Во вонпартиската јавност забележав несогласување кај еден дел од членовите на Сојузот на борците на Македонија, без некоја поголема јавна артикулација и сведено на некои текстови против мене, објавувани во „Нова Македонија“, на страницата „Писма од читателите“. Отворено против беше и  новоформираната „Партијата на Југословените“ (некои други од новоформираните не се изјаснуваа по тоа прашање), знаев за некои групи од поголемите бизнисмени со силни трговски врски со Србија (како потврда на Марксовиот став дека идеологијата доаѓа од стомакот), а ми беа познати и поединци од универзитетската средина, вклучително и неколку членови на МАНУ.

Сѐ на сѐ, слаба (барем јавно) опозиција на нашиот, прилично рано деклариран став.

Во сите анализи, распаѓањето на СКЈ се посочува како главна причина за распаѓањето на Југославија. Во таа смисла имаше повеќе наслови од типот „Исчезна партијата, исчезна државата“. Бездруго, наведеното воопшто не беше без основа, зашто градбата на Југославија, доминантно базираше на идеологијата на СКЈ. Односно, може да се каже дека Југославија, пред сѐ, беше „идеолошка конструкција“. Сепак, тоа не е сѐ и не може баш толку да се поедноставува.

(Во второто продолжение: Србија прва ја напушти Југославија, а ние патевме од комплекс на помала вредност и од вазалски сентимент кон Белград)

 

   

Најново

Унгарија ги откажа разговорите со Украина за правата на малцинствата

Sase Ivanovski

СДСМ: Филипче јасно кажа дека не поседува имот во ОАЕ, визата што ја поседува не е добиена на основ на инвестиции

Sase Ivanovski

Денес, „Матица македонска“ ќе чествува 195 години од раѓањето на Прличев со промоција на новата книга од акад. Митевски

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ТРАМП ЌЕ ДОБИЕ ЗЛАТЕН АВИОН ОД КАТАР Го викаат „летечка палата“, таков луксуз не сте виделе

Sase Ivanovski

Масовни апсења на деца низ Европа: Се раѓа нова генерација терористи, а некои од нив имаат 14 години

Sase Ivanovski

Трамп ќе потпише извршна наредба за намалување на цените на лековите што се издаваат на рецепт

Sase Ivanovski

Таравари: Ја напуштаме Владата за да се вратиме посилни

Sase Ivanovski

Руско Министерство за одбрана тврди дека нивниот „Искандер“ уништил ХИМАРС на украинската армија

Sase Ivanovski

ЕУ е нашата цел, но треба да научиме да победуваме и во Вашингтон и во Брисел, порача Мицкоски

Sase Ivanovski

Таравари: Не сакаме да бидеме кукли во владата. Кога не можеме да бидеме тоа за што народот не избрал му се враќаме нему

Sase Ivanovski

(ФОТОГАЛЕРИЈА) Повеќе од 500 гости на Самитот Македонија 2025 во Скопје

Sase Ivanovski

Од срцето на Европа – Чешка нуди литиум наместо јаглен

Sase Ivanovski

Мицотакис патува во Рим на средба со Мелони

Sase Ivanovski

Станбените заедници во Центар ќе добијат субвенции за поправка на лифтови и кровови на зградите

Sase Ivanovski

Корупцијата сè уште е најголем проблем во државата, вели Мојсоска Блажески

Sase Ivanovski

За Венко злато – за СДСМ р’ѓа!

Sase Ivanovski

Силен земјотрес вечерва во Романија

Sase Ivanovski

Оптимизам на берзите во Европа по договорот меѓу САД и Кина за намалување на царините за 90 дена

Sase Ivanovski

Настан „Гуш и бац е љубов“ за зголемување на свесноста за лицата со атипичен развој

Sase Ivanovski

ЌЕ СЕ СРЕТНЕЛ СО МИЦКОСКИ ДА МУ ЈА ОБЈАСНИ ВИСТИНСКАТА СЛИКА: Се огласи Таравари

Sase Ivanovski

„ЦЕЛО ВРЕМЕ ИМАЛЕ ТАЕН ДОГОВОР ЗА СОРАБОТКА“: Се огласи Меџити

Sase Ivanovski

„ПОЛИЦИСКИ ЕКИПИ, УЈП, ДПИ И ОСТАНАТИ ИНСПЕКЦИИ ДЕНЕС ГО ТЕРОРИЗИРААТ КОЧАНИ, НА РАЗГОВОР ПОВИКАН РОДИТЕЛ НА ЖРТВА“: Костовски обвинува

Sase Ivanovski

СЕ ЧЕКА ЗАВРШНО ПИЕЊЕ КАФЕ СО ТАРАВАРИ: „Се враќа во прегратките на Али Ахмети“, вели Мицкоски

Sase Ivanovski

„ТРАМПАА БАЈАДЕРИ ЗА КОРНИШОНИ“: Димитриевски вели државата не смее да биде монета за поткусурување

Sase Ivanovski

ЛЕТЕЧКА ПАЛАТА ЗА ТРАМП: Кралското семејство на Катар го почести Трамп

Sase Ivanovski

Проф. д-р Крлиу: Нашата заложба е да создадеме граѓани на светот – тоа се гледа во секој наш студент

Sase Ivanovski

„Макпетрол“ и „Телма“ во соработка со Сашко Коцев почнуваат нова забавна детска емисија

Sase Ivanovski

Левица: Обвинетите во „Делчевски ниви“ кои се блиски до Мицкоски добиваат тендери од МРТВ

Sase Ivanovski

Крај на деценискиот конфликт? Во историска одлука во Турција, ПКК објави планови за распуштање и разоружување

Sase Ivanovski

Трамп: Демократите сакаат скапо да платиме за авионот што САД го добиваат како подарок

Sase Ivanovski

Туск ја обвини Русија дека стои зад минатогодишниот пожар во трговскиот центар во Варшава

Sase Ivanovski

Црна Гора: Казни до 60 евра за долготрајна употреба на автомобилски сирени

Sase Ivanovski

Руски дрон погоди цивилен товарен воз, машиновозачот е повреден

Sase Ivanovski

Нетанјаху ги отфрли медиумските тврдења за растечкиот јаз меѓу него и Трамп

Sase Ivanovski

Полицајците денеска на протест, бараат повисоки плати

Sase Ivanovski

Шефовите на воените операции на Индија и Пакистан денес ќе разговараат за чекорите по прекинот на огнот

Sase Ivanovski

Руската армија го освои главното упориште на украинската армија во Донецк

Sase Ivanovski

Талибанците го забранија шахот во Авганистан: Коцкање и кршење на моралните вредности

Sase Ivanovski

Хамас ќе го ослободи последниот преживеан американски заложник

Sase Ivanovski

Времето денеска променливо облачно со сончеви периоди

Sase Ivanovski

Претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта в четврток во Скопје

Sase Ivanovski

KOД 2025 – МОЛК ЗА ДОКАЗИ НА ДОЖИВОТЕН ЗАТВОРЕНИК, ИНТЕРВЈУ СО ПАНДОВ ПО ПОЖАРОТ

Sase Ivanovski

СИТЕ ВРАБОТЕНИ ЌЕ ЗНААТ КОЛКУ ЗАРАБОТУВААТ НИВНИТЕ КОЛЕГИ: Се воведува нов закон, транспарентноста на платите ќе биде задолжителна

Sase Ivanovski

ДАЛИ ЗАТВОРСКА ЌЕЛИЈА Е ИСТО СО ГРОБ, КАКО МОЖЕ НАШАТА БОЛКА ДА ЈА СПОРЕДУВА СО БОЛКАТА НА НЕГОВОТО СЕМЕЈСТВО – сестрата на Фросина го нарече адвокатот на Васо бездушен човек

Sase Ivanovski

СЕДНАЛЕ НА ВЕЧЕРА, ПА СЕ ЗБОГАТИЛЕ: Ни криви ни должни од ресторанот излегле со речиси 90 илјади евра

Sase Ivanovski

МИЦКОСКИ ЖАЛИ ЗА ОДЛУКАТА НА РОДИТЕЛИТЕ НА ЗАГИНАТИТЕ ВО КОЧАНИ ДА НЕ СЕ СРЕТНАТ СО НЕГО: Немам проблем јас да заминам и да појдам во Кочани

Sase Ivanovski

ЖИВЕЕ ВО СТАН ОД 100 КВАДРАТИ И ВАЖИ ЗА МНОГУ СКРОМЕН ЧОВЕК – кој е таинствениот милијардер од Босна

Sase Ivanovski

Шефот на британската морнарицата отстранет од должностите поради истрага

Sase Ivanovski

ДЕМИРОВСКИ: Измеќарите на Дуи. Курто Дудуш и Фатима Османовска Сеат Исмаил , и советниците, нека објаснат чив е објектот затоа ли коалиција со Дуи, да ви ги крие криминалите, …

Sase Ivanovski

МУАМЕДИ: Најбитно е да имаш во “главата” а не на “хартија”…

Sase Ivanovski

ВЕНКО КРСТЕВСКИ: НЕ СЕ ПЛАШАМ НА ЗАКАНИТЕ!

Sase Ivanovski

КАМЕРНОТО ТРИО „АНИМАТО“ СО ЈУБИЛЕЕН КОНЦЕРТ „КВИНТЕСЕНЦА“

Sase Ivanovski

СИЛНО НЕВРЕМЕ ЈА ЗАФАТИ СТРУМИЦА Дрво смачка автомобил, пожарникарите на терен

Sase Ivanovski

Таравари: Жал ми е што премиерот стана жртва на некои уверувања, лично ќе му ги објаснам работите

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Скандал, секаде во светот училиштата се користат за учење, а СДС во Струмица ги користи за партиски состаноци

Sase Ivanovski

Лишен од слобода маж од кичевско, со секира ги нападнал родителите, таткото починал

Sase Ivanovski

Германија протестира за забрана на крајнодесничарската партија АфД

Sase Ivanovski

Трамп со порака до Украина и до Русија: ОДРЖЕТЕ СРЕДБА, ВЕДНАШ

Sase Ivanovski

Додик: Пресудата против мене треба да се поништи

Sase Ivanovski

Прегазена жена во Кочани

Sase Ivanovski

„Здраво перверзњаку“: Измама што тврди дека сте снимани во тек на интимен чин

Sase Ivanovski

Малолетничка пријавила дека доктор на Клинички ја допирал по телото во тоалет. Ме местат со нејзиниот вереник има камери ќе се види дека лажат

Sase Ivanovski

Крис Павловски пристигна во Македонија: Најави дека ќе го бара гробот на Александар Македонски

Sase Ivanovski

Македонските ракометари се пласираа на ЕП, осми пат по ред

Sase Ivanovski

Илјадници луѓе во Париз протестираа против исламофобијата

Sase Ivanovski

Излезна анкета: Социјалистичката партија на Рама победи на изборите во Албанија

Sase Ivanovski

(ФОТО) Чарна Невзати блесна на Мис на светот 2025: На сцената се претстави во впечатлива креација со боите на знамето

Sase Ivanovski

Келог: Прво прекин на огнот, а потоа мировни преговори меѓу Русија и Украина

Sase Ivanovski

Меџити до Таравари: Маските паднаа

Sase Ivanovski

САД и Кина постигнаа трговски договор

Sase Ivanovski

Скопје и регионот зафатени со дожд и засилен ветер

Sase Ivanovski

Муцунски: Македонија ја подржува иницијативата за формирање на воен суд во Украина

Sase Ivanovski

Зеленски: Ќе го чекам Путин во Турција во четврток, лично

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ТРТ: КАКО „ИСЧЕЗНА“ ЗАКОНОТ ЗА ПОТЕКЛО НА ИМОТ?

Sase Ivanovski

Три дена падната светилка во Аеродром – без реакција од Град Скопје

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Христијан Мицкоски: ДУИ гледа антиалбанска политика во потезите на актуелната власт додека владината коалиција гледа обид за заштита на корумпирани поединци

Sase Ivanovski

Мартин Костовски: СДСМ никогаш нема да се откаже од европскиот сон

Sase Ivanovski

Христијан Мицкоски: Денеска извршивме увид на градежните активности за изградба на нова детска градинка во населено место Инџиково, Општина Гази Баба

Sase Ivanovski

(ФОТО) Шукова: Решенија за чиста животна средина- приоритет во програмата на СДСМ за локалните избори

Sase Ivanovski

Костова: СДСМ нуди решенија за подобрување на стандардот на граѓаните

Sase Ivanovski
Вчитувам....