МАКТЕЛ

     

Маричиќ призна: Холандија е загрижена за измените на КЗ

      

Покрај реакцијата на Европската комисија за неодамнешните контроверзни измени на Кривичниот законик, Холандија и билатерално реагирала до Владата и изразила загриженост за посочените законски измени, призна вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ.

„Имав контакт со холандскиот амбасадор и со претставници од Хаг. Изразија загриженост и рекоа дека натаму ќе ја следат ситуацијата. Ништо повеќе од тоа, ништо повеќе од тоа што се најде во соопштението на Европската комисија. Ние сме во комуникација, Холандија беше, да речам, единствена која реагираше и директно, билатерално, а останатите преку ЕК“, рече Маричиќ во интервју за „360 степени“.

   

Реакцијата од Холандија дошла после усвојувањето на законските измени во Собранието.

 

„Сите реакции беа откако законот беше донесен, иако ние навремено ја информиравме и Европската комисија и претставниците на САД дека ќе се донесе таков закон“, рече вицепремиерот за европски прашања.

На прашањето – дали очекуваат тоа да стане реално проблем ако во еден момент Холандија каже – ние сега не можеме да дозволиме процесот да продолжи дури и ако уставните измени се донесат – Маричиќ одговори дека не очекуваат такво нешто.

„Мислам дека нема отворено прашање или проблем кое не можеме да го решиме во текот на преговарачкиот процес, сега е моментот. Имаме и холандски експерт кој работи на патоказот за владеење на правото, заедно со нашиот тим“, смета Маричиќ.

 

Експерт за декор?

Ако Холандија реагирала дури по усвојувањето на измените на Кривичниот законик, тоа може да значи дека холандскиот експерт кој работел на патоказот за владеење на правото, немал никакви сознанија дека се планираат експресни законски измени на КЗ со кои ќе се намалат казните за различни облици на кривичното дело од член 353 „Злоупотреба на службена положба и овластување“ и од член 394 „Злосторничко здружување“. Односно, дека лицата кои ги сториле посочените дела во последните 10 до 15 години ќе имаат непосредна корист и ќе можат да избегнат кривична одговорност, а опасност од настапување на апсолутна застареност ќе има за повеќе предмети од висок профил што ги иницираше СЈО.

А токму холандскиот амбасадор во земјава Дирк Јан Коп во мај годинава потсети дека единствената причина поради која Холандија се согласила со одлуката за почеток на пристапни преговори на РСМ со ЕУ, било токму гарантирањето дека ќе се процесуираат предметите на поранешното СЈО.

„Она што ние напротив го гледаме, е дека сите случаи на СЈО, еден по еден тонат, а тоа е многу лош развој“, рече Коп во мај.

Три месеци подоцна, со донесување на измените на КЗ, се овозможи застарување на 14 судски предмети на СЈО во кои се обвинети над 80 лица. Притоа, во оваа пресметка што ја направи Коалицијата Сите за правично судење, не беа земени предвид и случаите кои во моментот се наоѓаат во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција.

 

За увид во „вистинските чекори”

Информацијата дека од Холандија било побарано да номинира експерт во работната група која што ќе го креира патоказот за владеење на правото, исто така ја обелодени вицепремиерот Маричиќ во јуни година. А тоа уследи откако холандскиот амбасадор во РСМ оцени дека состојбите во правосудството во РСМ се влошуваат, и дека по преседанот со разрешување и именување на претседател на Судскиот совет Кралството Холандија решило да стави во мирување голем проект за зајакнување на ефикасноста, отчетноста и транспарентноста на Судскиот Совет.

„Ние ја поканивме Холандија да испрати – номинира свој експерт во работната група која што ќе го креира патоказот за владеење на правото и тие тоа го прифатија и веќе имаме номинација, така што очекуваме под надзор на Холандија да се направи тој патоказ за владеење на правото, за да имаат тие доверба дека сме ги предвиделе вистинските чекори како Влада за наредниот период што следува до членство и да направиме суштинска промена во сите области, особено во клучните – борбата против корупцијата и борбата за владеење на правото“, најави Маричиќ во јуни.

Тој рече дека со Холандија постои непосредна, директна отворена комуникација за тоа и за сите други прашања, со очекување во наредниот период тој дијалог да се интензивира.

„Важно е не само Холандија, туку и целата Европска Унија, да биде убедена дека ние ги преземаме вистинските чекори. Борбата против корупцијата и борбата за владеење на правото е долгорочен процес и Холандија и сите други држави членки на ЕУ во Владата секогаш ќе имаат сојузник по ова прашање, но и во долгорочните мерки и системските одлуки што треба да се носат“, рече Маричиќ.

 

Сојузникот од Будимпешта

Кралството Холандија, меѓу другото, со години е силен поддржувач и на проекти за зајакнување на капацитетите на правосудството, во насока на напредок на РСМ во евроинтегративниот процес. Покрај проектот „Матра“ за зајакнување на ефикасноста, отчетноста и транспарентноста на Судскиот Совет, Академијата за судии и јавни обвинители и Центарот за обука и правосудни студии (SSR) на Кралството Холандија, минатата година потпишаа меморандум за соработка за активности со кои ќе се зајакнат институционалните капацитети на Академијата со цел да се обезбеди повисок квалитет во спроведувањето на обуките наменети за судиите и јавните обвинители, за слушателите во почетната обука на Академијата, за студиски посети на SSR и за размена на експертски искуства.

 

Но, сојузништвото со земји-членки на ЕУ за реформи во правосудството не падна само во сенка на контроверзните измени на КЗ, туку повеќе од две седмици е во сенка на мотивите за нивното експресно усвојување.

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, во интервју за „360 степени“ сподели материјали од УСБ, за кои тврди дека се дел од тајна комуникација меѓу поранешниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски со лидерот на ДУИ, Али Ахмети, претседателот на Собранието, Талат Џафери, и трето лице.

Во нив, меѓу другото, било наведено дека носењето на измените на Кривичниот законик ќе ја релаксира напнатоста во општеството како резултат на политичкиот прогон, како образложение зошто се предлага намалување на казните. Според Николоски, индикативно е тоа што предложените измени во документот од УСБ-то кореспондираат токму со измените што ги предложи Владата, а експресно ги усвои Собранието.

Според Николоски, комуникацијата со Груевски првично била поттикната од ДУИ, а потоа и од СДСМ, со план да се привлечат пратеници на ВМРО-ДПМНЕ кои би гласале за уставните измени. Но откако таа варијанта не успеала, целта била да се ослабне резултатот на ВМРО-ДПМНЕ на следните избори. На прашањето – како јавноста да верува дека тоа што го тврди е точно кога секој може да земе УСБ и да состави одреден текст во „ворд“, Николоски рече дека „на тоа уесбе има јасна трага кој е креатор на текстот“.

 

Игра без излез

Експремиерот Никола Груевски синоќа преку видеоврска во емисија на порталот „Инфомакс“ ги демантираше таквите наводи, со став дека „секој може да направи УСБ“.

„Можам јас да ви направам за 15 минути. Може кој било човек да направи за 15 минути и да каже ова е уесбето што пратил Груевски. Јас можам за 15 минути да напишам писмо и да кажам ова е од Александар Николоски. На пример, ако има во октомври избори, дека Александар Николоски дал предлог дека ќе коалицираат со ДУИ, да го извадам уесбето и да кажам дека Мицкоски преку Николоски му нуди на ДУИ избори и потоа коалиција“, рече Груевски.

Членот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Трајковски, кој во периодот кога поранешниот премиери избега од Македонија му даде голема поддршка и го посети во Будимпешта (средба од која протекоа фотографии во јавноста), вчера му се обрати на Никола Груевски на Фејсбук.

„Почитуван Никола, дали тоа што го кажуваш во емисијата можеш да ми го кажеш и мене, гледајќи ме во очи? Дали Никола можеш да негираш дека од мене бараше да направам средби со претставници од власта на кои ќе зборуваме за измени на Кривичниот законик?“, праша јавно Трајковски.(Дојче веле)

 

  

Најново

Мерц ќе воведува вонредна состојба за да ја спречи масовната миграција во Германија

Sase Ivanovski

Сиљановска Давкова упати честитка до новиот папа Лав Четиринаесетти

Sase Ivanovski

Томовски: Ако сакаме да бидеме сериозна држава треба да имаме соодветен владин авион

Sase Ivanovski

Димитриевски до Филипче: Самопрогласениот лидер да се занимава со себе и да види да не му се распадне зградата на Бихаќка

Sase Ivanovski

ЗА ВЛАДИНИОТ АВИОН ВЕЌЕ НЕМА РЕЗЕРВНИ ДЕЛОВИ Соседните држави не собираат со нивни летала

Sase Ivanovski

(Видео): Овие документи потврдуваат голем скандал во Куманово – Димитриевски и Митевски, со поддршка на ДУИ, заработиле 350.000 евра!

Sase Ivanovski

БИЛ ГЕЈТС ОБЈАВИ КОМУ ЌЕ ДОНИРА 107 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ Си даде рок од 20 години

Sase Ivanovski

Венс: Не би рекол дека Русија не сака прекин на војната, ама тие бараат премногу

Sase Ivanovski

24 Отворено – Политичка драма на повеќе фронтови

Sase Ivanovski

Вин-Вин: Кој е мастер планот за кого игра Таравари? – Интервју со Зијадин Села

Sase Ivanovski

Вучиќ: Остварив многу срдечни средби со разни лидери

Sase Ivanovski

Кога ќе профункционираат спортските објекти во Прилеп ?

Sase Ivanovski

Претрес на адвокатот на Кешишев: Како царот Палчо ги разочара поданиците, по убиствата на Вања и Панче

Sase Ivanovski

Сиљановска-Давкова: Саемот на книгата е обид за културен натпревар на народите

Sase Ivanovski

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) Крвавата пресметка ги вознемири штипјани

Sase Ivanovski

Честитка од премиерот Мицкоски за изборот на новиот папа Леоне XIV

Sase Ivanovski

Костадинов: Ќе ги рушиме угостителските објекти кои не исполнуваат стандарди!

Sase Ivanovski

„Прв американски папа, каква чест“: Трамп му упати честитки на новиот понтиф

Sase Ivanovski

РУСКА САЛАТА ОД ИЗГОВОРИ Еден по еден му откажуваат гостите на Путин

Sase Ivanovski

Прв говор на новиот папа: На човештвото му е потребен Христос како мост до Бога и неговата љубов

Sase Ivanovski

Новиот владин авион ќе нè чини од 20 до 50 милиони евра, ако сме сериозна држава, треба да имаме соодветно летало“, вели Томовски

Sase Ivanovski

Касами: Таравари ќе биде министер „уште некој ден“

Sase Ivanovski

Американецот Роберт Превост е новиот папа

Sase Ivanovski

(Видео) Пукање во Штип, едно лице убиено, нема информации за повредени

Sase Ivanovski

Родители на починатите во „Пулс“ со писмо до јавноста: Оваа трагедија е масовно убиство и загрозување на човековите животи и безбедноста. Бараме  правна разрешница и одговорност од сите инволвирани лица и институции

Sase Ivanovski

Ворен Бафет на 94 годишна возраст е горд што сè уште е жив со секојдневно јадење на брза храна и пиење кока-кола

Sase Ivanovski

Од ЕКВ и Дисциплина Кичме до Аца Лукас и Мира Шкориќ – „Коцка је бачена“ во МКЦ

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Филмски факт: Хероината на „Исправи се, Делфина“ меѓу реалноста и фикцијата

Sase Ivanovski

Новата сликовница „Девојчето со форичката“ ги едуцира децата за справување со емоциите

Sase Ivanovski

Утре еко час во „Лазо Ангеловски“ организација УНИЦЕФ и на Шведска

Sase Ivanovski

Изречена е казна затвор од една година за ширење расистички и ксенофобичен материјал кон ЛГБТИ заедницата како припадници на маргинализирана група

Sase Ivanovski

Нова продукциска куќа зад „Д-фест“, фестивалот останува во Дојран

Sase Ivanovski

Медицинска опрема вредна 18,6 милиони евра фаќа прашина по болниците бидејќи нема кој да ја користи

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ВМРО-ДПМНЕ: Денот во 60 секунди – Во завршна фаза е набавката за новите 120 автобуси, јавниот долг под просекот на ЕУ, се решава недостигот на човечки ресурси во болниците

Sase Ivanovski

Димовска- Касталди: парламентарните служби се клучни за демократија

Sase Ivanovski

Средба Гаши – Фонтана во Рим

Sase Ivanovski

Порака од Рим: Без интеграција во ЕУ на Балканот, ризикуваме создавање на географски вакуум

Sase Ivanovski

Од Скопје до Вол Стрит: Prime Capital by Adora — првата инвестициска консултантска компанија основана со македонски капитал со акредитација во САД

Sase Ivanovski

Томовски: Бројот на општини кои ВМРО-ДПМНЕ ќе ги освои нема да биде само повторен, туку ќе биде и зголемен

Sase Ivanovski

Томовски: СОЗР со неколку нови проекти во интерес на државата и граѓаните

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Скопската полиција на лице место фати криминалци кои краделе во објектите на поранешна Железара

Sase Ivanovski

Вооружени крадци уапсени во кругот на поранешна „Железара“, со пиштоли им се заканувале на вработени

Sase Ivanovski

Гостиварец извадил нож при кавга во продавница, сега ќе одговара

Sase Ivanovski

Газда на фирма од Гостивар ќе одговара за смртта на работник од Бангладеш

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Скопјанец снимен од камера како краде засадено декоративно растение

Sase Ivanovski

Adora Business Group: Со особена гордост го најавуваме новиот стратешки потфат на Adora Business Group — лансирањето на Prime Capital powered by Adora, инвестициска консултантска компанија со седиште на Wall Street во Њујорк, меѓу највлијателните финансиски институции во светот

Sase Ivanovski

Мистерија околу исчезнувањето на 28 годишниот Миле Тодоров

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Хаос во Париз по победата над Арсенал

Sase Ivanovski

Филипче за можна коалиција со ДУИ и Таравари: Ќе разговараме со сите политички партии

Sase Ivanovski

Ангеловска-Бежоска на Kонференцијата на Светската банка: За повисок раст најважно е да се зголеми продуктивноста којашто е околу половина од европската

Sase Ivanovski

Коцевски: Можно е проширување на истрагата за „Пулс“

Sase Ivanovski

Апелација со повисоки казни за обвинетите во „Ласкарци“, сопственикот на „Дурмо турс“ наместо 4 години ќе лежи во затвор 10 години

Sase Ivanovski

Муцунски: Посветени сме на реформите, но очекуваме и Брисел да го исполни она што го вети кон Западниот Балкан

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Виктор Грозданов: Извини господине Ахмети ќе се соочиш со вистината која се вика опозиција

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Лишен од слобода албански државјанин на Граничен премин Блато поради нудење поткуп

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) СДСМ поднесе предлог Закон за поддршка на настраданите во трагедијата во Кочани

Sase Ivanovski

(ФОТО) Голем интерес за селекција на отпад во Охрид: Комплетирана иницијативата за селекција како дел од РСУО

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Дамир Пух со нов инструментален сингл – „Saffron Skies“

Sase Ivanovski

(ФОТО) Средба на заменикот генерален секретар Ѓошевски со специјалната пратеничка на финското Претседателство со ОБСЕ

Sase Ivanovski

Средба на потпретседателот на Собранието Антонијо Милошоски со претставници од Секретаријатот на Партнерството за отворена власт

Sase Ivanovski

(ФОТО) Герасимовски: Ја отворивме првата градинка во Пролет по 50 години, за најмилите, за нашите дечиња

Sase Ivanovski

Максим Димитриевски: Цел на лагите на СДСМ не сум јас, туку ЗНАМ, како најбрзорастечка партија во Македонија

Sase Ivanovski

Дурмиши: Мерките на Министерството за економија и труд даваат резултат, цените на храната се стабилизираат, посветено работиме на заштита на животниот стандард

Sase Ivanovski

(ФОТО) Филипче: Градинката „Пролет“ е пример како треба да изгледа модерно Скопје – спротивно од кичот на Скопје 2014

Sase Ivanovski

Павле Арсоски Движење ЗНАМ – За наша Македонија во Крушево и Демир Хисар

Sase Ivanovski

(ФОТО) Максим Димитриевски во Долнени и Прилеп: Верувам во политиката што произлегува од теренот

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Манасиевски: Фирма за тендери – Стентон Градба во време на СДС 90% од приходите ги имала од јавни набавки, до кога ЈО ќе молчи?

Sase Ivanovski

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ треба да го поддржи Законот за Кочани

Sase Ivanovski

Пренџов: ДУИ е партија базирана на ширење нетрпеливост, лаги и манипулации

Sase Ivanovski

(ФОТО) Потпреседателката на ЗНАМ, Бендевска на средба со членовите и симпатизерите во Кавадарци и Неготино

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Кривична пријава против поранешен директор на ЈП „Колекторски систем“ Скопје – Подрачно одделение Охрид за злоупотреба на службената положба и овластување

Sase Ivanovski

НАВИСТИНА ПРИВЛЕКУВА ПОГЛЕДИ – НОВАТА OPEL MOKKA БЛЕСКА ВО НОВИТЕ БОИ

Sase Ivanovski

МЕП Муртезани: „Реформите се постојана обврска заснована на докази, транспарентност и јавна доверба“

Sase Ivanovski

Македонска опера и балет: Риголето, Лебедово езеро, Набуко – почнуваат Мајски оперски вечери!

Sase Ivanovski

Николоски: Арсовска целосно потфрли, ќе понудиме квалитетен кандидат за Скопје

Sase Ivanovski

Заврши Генералното собрание на Асоцијацијата на уставни судови на Франкофонијата во Букурешт- донесени се повеќе одлуки

Sase Ivanovski

Георгиевски: Изградивме ново основно училиште, нов дел на градинка, нов спортски комплекс, ја развиваме општина Илинден во современо место за живеење

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: СДС измислува анкети, Филипче си ги лечи фрустрациите со лажни бројки

Sase Ivanovski

Национална платформа за вработување на Роми – Отворање на економскиот потенцијал преку инвестирање во ромската заедница

Sase Ivanovski

СООПШТЕНИ НАГРАДИТЕ ЗА МЕЃУНАРОДНИОТ КНИЖЕВЕН ФЕСТИВАЛ “ОТВОРЕН КРУГ”

Sase Ivanovski
Вчитувам....