21.8 C
Скопје
09/05/2025 11:51
МАКТЕЛ

     

(ИНТЕРВЈУ) Одлив на мозоци: Во Македонија мора повеќе да се прифаќаат различностите

      

Во последните неколку години бројот на одлив на мозоци рапидно се зголемува во нашата држава. За тоа постојат многу причини, почнувајќи од економската криза која ја зафати државата. Но, младите не си заминуваат само заради пари и работа. Неквалитетното образование и здравството се исто така голем дел од тоа. За разликите помеѓу животот во Северна Македонија и САД дознаваме многу повеќе од страна на студент кој се преселил во САД.
Кога беше моментот кога одлучи да заминеш од државата и зошто?

Има неколку причини зошто заминав, првата беше тоа што сакав малку разлика. Имав роднина во САД со која што првпат по десетина години зборував со неа, ми спомна дека е многу убаво таму и ми даде идеја да се преселам, иако никогаш претходно немав размислено и не планирав да се селам. Втората причина беше тоа што на факултет професор ми побара пари за да положам, иако имав десетка.

   

На кој начин замина од државата?
Четири години бев на студентска виза, после тоа од работното место ме спонзорираа за иселеничка виза.
Кои се разликите помеѓу Македонија и САД?

Прво, луѓето се различни во смисла што тука има луѓе од секаде. Иако сум во Америка, немам другари Американци, сите се иселеници од цел свет, од Мексико, Виетнам, Шпанија.. Дури и тие што се родени Американци имаат некое странско потекло. Запознаваш луѓе со многу различни имиња, религии, убедувања и погледи кон светот. Другото е тоа што тука сум јас странец. Колку и да живеам тука нема никогаш да е дома. Поради тоа што сум бел, првично претпоставуваат дека сум Американец , но штом ми го видат името и го слушнат мојот акцент, веднаш го менуваат начинот на кој ми се обраќаат.

Што би променил во Македонија?
Би променил многу. Македонија ќе ја бранам до крај на животот, поради тоа што постојат работи во Македонија што ги земаме здраво за готово. На пример, во Америка е многу тешко ако немаш автомобил. Ова е мал детал, но за мене е важна работа. Во Македонија имаш автобуси и возови а тука треба да си во голем град за да можеш на тој начин да се снајдеш. Тоа што би променил во Македонија е менталитетот на луѓето што не прифаќаат разлики во секоја смисла. Ако си многу висок, ти си “високиот”. Ако си многу низок, ти си “нискиот”. Некој детал што те дели од другите, веднаш те идентификува. Сите сме бели во Македонија, но ако некој има потемен тен тој е “црниот”. Бидејќи нема многу разлика од едни до други, освен етничка или религиозна разлика, луѓето се толку слични што секој мал детал го прифаќаат како голема разлика меѓу себе. Тука има многу различни луѓе, но сепак наоѓаат помалку разлики меѓу себе, иако се физички многу различни.

Кога се врати последен пат во Македонија и дали чувствуваше промена?
Заминав во 2019, а последен пат кога се вратив во мај 2022 приметив разлика. Лично за мене во Америка голем проблем е здравствениот систем. Кога се вратив во Македонија беше многу полесно затоа што здравството е подобрено во споредба од кога си заминав. Исто така, местото каде што живеев во Македонија е многу сменето и изградено.

Дали луѓето се поотворени од кога замина?
Со мојата генерација не комуницирам многу, но со тие што уште имам контакт, нема голема промена. Имам помала сестра и тие како генерација се многу поотворени и поприфатливи.

Дали сметаш дека во САД живееш послободен живот од тука?
И да и не. Да, затоа што тука ми е многу полесно да запознавам друштво. Почнувам како празна табла и можам да се поставам себеси како сакам. Во Македонија другите ме претставуваа, од мал пораснав таму, и таа околина има перцепција за тебе и таа ти останува до крајот на животот. Тука дојдов и никој не ме знаеше, се поставив сам како сакам и имам подобар начин на живот. Но, понеслободен сум финансиски зато што сум студент, работам и живеам како студент. Не можам да си дозволам да излезам и да се дружам колку што сакам. Финансиите секогаш ќе се проблем и тоа што дојдов тука не ме направи магично побогат.

Дали твоето ментално здравје е подобрено откако се пресели?
Сметам дека е исто, причината за тоа е што тука сум сам и морам да се грижам за сметки, за кирија, за храна, за готвење и за превоз. Сето тоа ми беше снабдено во Македонија. Во Македонија се грижев за тоа што друштвата се распаѓаа, менуваш ново друштво, и стресот беше многу различен од тука. Тука е поголем стрес што морам да сум возрасен. Но, и во Македонија не беше сјајно. Имав и таму финансиски проблеми, таму бевме речиси сиромашни, но барем имав семејство, имав куќа,храна..

Што треба да се смени во Македонија за да би се преселил пак тука?
Како и да е јас ќе се преселам. Америка ми е план Б. Но, генерално би сакал да се смени корупцијата. Најважни работи за мене се образование, економија и здравство. Јас завршив со образование но, сакам да имам деца коишто треба да поминат низ образовниот систем и не сакам да ги ставам во приватни училишта. Сметам дека државното образование, државното здравство и економијата мора да се подобрат. Јас имам американска диплома, ќе имам работа во секој случај но, сакам и моите сограѓани да имаат подобар живот. Ако јас имам добар живот а сите околу мене се мизерни, тогаш ни јас нема да бидам среќен.

Кои се причините зошто би се вратил во Македонија?
Освен тоа што целото мое семејство е таму, тука здравството е скапо. Исто така тука има класизам што го има во Македонија, но е поразличен. Тука ако не се претставуваш како белец, ако немаш добра работа, нема ни да зборуваш со тие што се класа над тебе. Има очигледна класна разлика тука што близу ја следи расната граница. Иако сум бел, белците не ме гледаат како бел. Другите раси ме гледаат како бел, и не можам да се пронајдам во некоја група на луѓе што се како мене.
Ова интервју го направија група младински активисти во рамки на младинската програма за онлајн актвизизам имплементирана од Здружението за едукативен развој Еквалис во партнерство со Фокус, а поддржана од Националниот фонд за демократија, Европската младинска фондација и Советот на Европа.

    

Најново

Трамп повикува на „безусловно“ 30-дневно примирје меѓу Русија и Украина

Sase Ivanovski

ВИДЕО: Пропагандни видеа се шират на Фејсбук: Москва е рајот, а европските метрополи пеколот!

Sase Ivanovski

Променливо облачно со сончеви периоди, попладне и во текот на ноќта дожд

Sase Ivanovski

ВИДЕО: Драматична потера по напаѓачот од Штип пред Скопје – полицајците пукале откако ја пробил рампата кај Миладиновци

Sase Ivanovski

Секој четврти Британец смета дека Трамп е поопасен од терористичките организации

Sase Ivanovski

САД по прекинот на струја на аеродромот Њуарк ќе го модернизира системот за контрола на летање

Sase Ivanovski

Кошта идната недела тргнува на турнеја по Западен Балкан

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Манчестер јунајтед и Тотенхем закажаа финале во Лига Европа

Sase Ivanovski

Србија: Гимназиски професор кој ги навредуваше студентите стана државен секретар

Sase Ivanovski

Мерц ќе воведува вонредна состојба за да ја спречи масовната миграција во Германија

Sase Ivanovski

Сиљановска Давкова упати честитка до новиот папа Лав Четиринаесетти

Sase Ivanovski

Томовски: Ако сакаме да бидеме сериозна држава треба да имаме соодветен владин авион

Sase Ivanovski

Димитриевски до Филипче: Самопрогласениот лидер да се занимава со себе и да види да не му се распадне зградата на Бихаќка

Sase Ivanovski

ЗА ВЛАДИНИОТ АВИОН ВЕЌЕ НЕМА РЕЗЕРВНИ ДЕЛОВИ Соседните држави не собираат со нивни летала

Sase Ivanovski

(Видео): Овие документи потврдуваат голем скандал во Куманово – Димитриевски и Митевски, со поддршка на ДУИ, заработиле 350.000 евра!

Sase Ivanovski

БИЛ ГЕЈТС ОБЈАВИ КОМУ ЌЕ ДОНИРА 107 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ Си даде рок од 20 години

Sase Ivanovski

Венс: Не би рекол дека Русија не сака прекин на војната, ама тие бараат премногу

Sase Ivanovski

24 Отворено – Политичка драма на повеќе фронтови

Sase Ivanovski

Вин-Вин: Кој е мастер планот за кого игра Таравари? – Интервју со Зијадин Села

Sase Ivanovski

Вучиќ: Остварив многу срдечни средби со разни лидери

Sase Ivanovski

Кога ќе профункционираат спортските објекти во Прилеп ?

Sase Ivanovski

Претрес на адвокатот на Кешишев: Како царот Палчо ги разочара поданиците, по убиствата на Вања и Панче

Sase Ivanovski

Сиљановска-Давкова: Саемот на книгата е обид за културен натпревар на народите

Sase Ivanovski

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) Крвавата пресметка ги вознемири штипјани

Sase Ivanovski

Честитка од премиерот Мицкоски за изборот на новиот папа Леоне XIV

Sase Ivanovski

Костадинов: Ќе ги рушиме угостителските објекти кои не исполнуваат стандарди!

Sase Ivanovski

„Прв американски папа, каква чест“: Трамп му упати честитки на новиот понтиф

Sase Ivanovski

РУСКА САЛАТА ОД ИЗГОВОРИ Еден по еден му откажуваат гостите на Путин

Sase Ivanovski

Прв говор на новиот папа: На човештвото му е потребен Христос како мост до Бога и неговата љубов

Sase Ivanovski

Новиот владин авион ќе нè чини од 20 до 50 милиони евра, ако сме сериозна држава, треба да имаме соодветно летало“, вели Томовски

Sase Ivanovski

Касами: Таравари ќе биде министер „уште некој ден“

Sase Ivanovski

Американецот Роберт Превост е новиот папа

Sase Ivanovski

(Видео) Пукање во Штип, едно лице убиено, нема информации за повредени

Sase Ivanovski

Родители на починатите во „Пулс“ со писмо до јавноста: Оваа трагедија е масовно убиство и загрозување на човековите животи и безбедноста. Бараме  правна разрешница и одговорност од сите инволвирани лица и институции

Sase Ivanovski

Ворен Бафет на 94 годишна возраст е горд што сè уште е жив со секојдневно јадење на брза храна и пиење кока-кола

Sase Ivanovski

Од ЕКВ и Дисциплина Кичме до Аца Лукас и Мира Шкориќ – „Коцка је бачена“ во МКЦ

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Филмски факт: Хероината на „Исправи се, Делфина“ меѓу реалноста и фикцијата

Sase Ivanovski

Новата сликовница „Девојчето со форичката“ ги едуцира децата за справување со емоциите

Sase Ivanovski

Утре еко час во „Лазо Ангеловски“ организација УНИЦЕФ и на Шведска

Sase Ivanovski

Изречена е казна затвор од една година за ширење расистички и ксенофобичен материјал кон ЛГБТИ заедницата како припадници на маргинализирана група

Sase Ivanovski

Нова продукциска куќа зад „Д-фест“, фестивалот останува во Дојран

Sase Ivanovski

Медицинска опрема вредна 18,6 милиони евра фаќа прашина по болниците бидејќи нема кој да ја користи

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ВМРО-ДПМНЕ: Денот во 60 секунди – Во завршна фаза е набавката за новите 120 автобуси, јавниот долг под просекот на ЕУ, се решава недостигот на човечки ресурси во болниците

Sase Ivanovski

Димовска- Касталди: парламентарните служби се клучни за демократија

Sase Ivanovski

Средба Гаши – Фонтана во Рим

Sase Ivanovski

Порака од Рим: Без интеграција во ЕУ на Балканот, ризикуваме создавање на географски вакуум

Sase Ivanovski

Од Скопје до Вол Стрит: Prime Capital by Adora — првата инвестициска консултантска компанија основана со македонски капитал со акредитација во САД

Sase Ivanovski

Томовски: Бројот на општини кои ВМРО-ДПМНЕ ќе ги освои нема да биде само повторен, туку ќе биде и зголемен

Sase Ivanovski

Томовски: СОЗР со неколку нови проекти во интерес на државата и граѓаните

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Скопската полиција на лице место фати криминалци кои краделе во објектите на поранешна Железара

Sase Ivanovski

Вооружени крадци уапсени во кругот на поранешна „Железара“, со пиштоли им се заканувале на вработени

Sase Ivanovski

Гостиварец извадил нож при кавга во продавница, сега ќе одговара

Sase Ivanovski

Газда на фирма од Гостивар ќе одговара за смртта на работник од Бангладеш

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Скопјанец снимен од камера како краде засадено декоративно растение

Sase Ivanovski

Adora Business Group: Со особена гордост го најавуваме новиот стратешки потфат на Adora Business Group — лансирањето на Prime Capital powered by Adora, инвестициска консултантска компанија со седиште на Wall Street во Њујорк, меѓу највлијателните финансиски институции во светот

Sase Ivanovski

Мистерија околу исчезнувањето на 28 годишниот Миле Тодоров

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Хаос во Париз по победата над Арсенал

Sase Ivanovski

Филипче за можна коалиција со ДУИ и Таравари: Ќе разговараме со сите политички партии

Sase Ivanovski

Ангеловска-Бежоска на Kонференцијата на Светската банка: За повисок раст најважно е да се зголеми продуктивноста којашто е околу половина од европската

Sase Ivanovski

Коцевски: Можно е проширување на истрагата за „Пулс“

Sase Ivanovski

Апелација со повисоки казни за обвинетите во „Ласкарци“, сопственикот на „Дурмо турс“ наместо 4 години ќе лежи во затвор 10 години

Sase Ivanovski

Муцунски: Посветени сме на реформите, но очекуваме и Брисел да го исполни она што го вети кон Западниот Балкан

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Виктор Грозданов: Извини господине Ахмети ќе се соочиш со вистината која се вика опозиција

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Лишен од слобода албански државјанин на Граничен премин Блато поради нудење поткуп

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) СДСМ поднесе предлог Закон за поддршка на настраданите во трагедијата во Кочани

Sase Ivanovski

(ФОТО) Голем интерес за селекција на отпад во Охрид: Комплетирана иницијативата за селекција како дел од РСУО

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Дамир Пух со нов инструментален сингл – „Saffron Skies“

Sase Ivanovski

(ФОТО) Средба на заменикот генерален секретар Ѓошевски со специјалната пратеничка на финското Претседателство со ОБСЕ

Sase Ivanovski

Средба на потпретседателот на Собранието Антонијо Милошоски со претставници од Секретаријатот на Партнерството за отворена власт

Sase Ivanovski

(ФОТО) Герасимовски: Ја отворивме првата градинка во Пролет по 50 години, за најмилите, за нашите дечиња

Sase Ivanovski

Максим Димитриевски: Цел на лагите на СДСМ не сум јас, туку ЗНАМ, како најбрзорастечка партија во Македонија

Sase Ivanovski

Дурмиши: Мерките на Министерството за економија и труд даваат резултат, цените на храната се стабилизираат, посветено работиме на заштита на животниот стандард

Sase Ivanovski

(ФОТО) Филипче: Градинката „Пролет“ е пример како треба да изгледа модерно Скопје – спротивно од кичот на Скопје 2014

Sase Ivanovski

Павле Арсоски Движење ЗНАМ – За наша Македонија во Крушево и Демир Хисар

Sase Ivanovski

(ФОТО) Максим Димитриевски во Долнени и Прилеп: Верувам во политиката што произлегува од теренот

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Манасиевски: Фирма за тендери – Стентон Градба во време на СДС 90% од приходите ги имала од јавни набавки, до кога ЈО ќе молчи?

Sase Ivanovski

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ треба да го поддржи Законот за Кочани

Sase Ivanovski

Пренџов: ДУИ е партија базирана на ширење нетрпеливост, лаги и манипулации

Sase Ivanovski

(ФОТО) Потпреседателката на ЗНАМ, Бендевска на средба со членовите и симпатизерите во Кавадарци и Неготино

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Кривична пријава против поранешен директор на ЈП „Колекторски систем“ Скопје – Подрачно одделение Охрид за злоупотреба на службената положба и овластување

Sase Ivanovski
Вчитувам....