ЈП за државни патишта склучило договор вреден над 12 милиони евра за изградба на првата фаза од обиколницата на Тетово со АД „Гранит“, која ја гради и автопатската делница кон Блаце, чија цена, како пишуваше „Фокус“, скокна од 14 на 28 милиони евра, а непосредно пред да го добие вториот тендер за комплетирање на трасата од 2 километри го продала хотелот на Попова Шапка на фирма што го поседувала опожареното возило управувано од Груби.
ЈП за државни патишта и „Гранит“ пред десетина дена склучиле договор за изградба на обиколница на Тетово преку клучка Требош до Непроштено (фаза 1) во вредност од 752 милиони денари или 12.2 милиони евра, покажуваат податоците од Бирото за јавни набавки.Станува збор за договор со времетраење од 39 месеци, кој „Гранит“ го добил во конкуренција на уште 3 компании – „Вато“ од Студеничани, „Ескаватори МК“ од Скопје и „АС Гроуп Сторе“ од Тетово. Притоа, евалуацијата ја минале 2 компании, а 2 биле дисквалификувани.
„Понудите се неприфатливи од следните причини: недоставена банкарска гаранција на понуда со вредност од 2% од вредноста на понудата, согласно точка 4.6.1. од тендерската документација врз основа на член 101 од ЗЈН, како и надминување на предвидената вредност со одлуката за јавна набавка, за која не е предвидена аукција“, ни одговорија од ЈПДП.Од таму не откриваат кои се компаниите што биле елиминирани, а која компанија заедно со победничката „Гранит“ ја минала евалуацијата. Меѓутоа, посочуваат дека критериум за избор во постапката била најниска цена, додека не била предвидена аукција, која, како што појаснуваат, со тековниот Законот за јавни набавки е опционална, односно незадолжителна.
И во тендерската документација се наведува дека овој договор за јавна набавка ќе се додели со примена на отворена постапка, која важи за најтранспарентна и обезбедува конкуренција, меѓутоа во старт била исклучена електронската аукција.Повеќе за ова на ФОКУС.МК