18.8 C
Скопје
09/05/2025 09:49
МАКТЕЛ

     

СДК: НА СКОПЈАНКА ВО БУТЕЛ Ѝ УКРАЛЕ 800 МЕТРИ КВАДРАТНИ ОД ПРИВАТЕН ПЛАЦ, ИЗГРАДИЛЕ 125 МЕТРИ ДОЛГА УЛИЦА И ЈА ОСТАВИЛЕ ДА ПЛАЌА ДАНОК НА НЕЗАКОНСКИ ОДЗЕМЕНИОТ ИМОТ

      

Некој од општината ставал и „легнати полицајци“ на улицата – дивоградба. (Фото: приватно видео/принтскрин)
Во општина Бутел, на приватна парцела на скопјанката Лила Станоеска и на нејзина роднина, без прашање и без експропријација им е извршен упад со изградба на локален асфалтиран пат широк 5 метри и долг 125 метри.

Од приватниот плац на Станоеска и семејството, кој е во нивна сопственост со генерации, со вкупна површина од околу 3.000 квадрати, а кој е во индустриската зона кај Визбегово, диво изградена улица зафаќа дури 800 метри квадратни.
„Ај што ми украле од имотот, туку на украденото плаќам данок. Ем не е мое, ем сè уште јас плаќам данок за 800-те квадрати на кои сега има асфалт. И тоа му плаќам данок на Градот Скопје како за тло во индустриска зона! Тој данок на имот е многу повисок“, вели очајна Лила Станоеска во изјава за САКАМДАКАЖАМ.МК и бара помош од Општина Бутел.

   

Но, како ѝ оди комуникацијата со градоначалникот Дарко Костовски, зборува фактот што година ипол таа бара прием кај него, а тој не ја прима.
Костовски не сака ни да каже кој го изградил патот – дивоградба, а не пак да ја урне дивоградбата. За обесштетување на сопственичката Станоеска и нејзината роднина, пак, не станува ни збор.Го прашавме кој ја изградил улицата пред тој да седне на градоначалничката функција, тој крие. Не му кажува ни на Народниот правобранител, кој двапати му се обраќа.Како доказ, еве ги поставените конкретни прашања од нас, а подолу неговиот одговор.

„Почитуван градоначалник Дарко Костовски,
Дигиталната редакција САКАМДАКАЖАМ.МК бара да ни одговорите кога ќе ја уривате големата улица-дивоградба, изградена на приватна парцела КП бр 38/9, без спроведена експропријација? Се работи за дивоизграден локален пат широк 5 метри, долг 125 метри, за кој една од сопствениците, Лила Станоеска, има поднесено претставка кај Народниот правобранител.Без оглед кој ја изградил, обврска на општината е да урива и отстранува дивоградби, па затоа е прашањето. Ве молиме да ни одговорите кој ја изградил улицата со нелегален упад во приватна парцела, бидејќи се надеваме дека досега сте истражиле, согласно вашата должност пред граѓаните и функцијата“, се прашањата од СДК.МК .
Еве што одговори градоначалникот Костовски:

„Согласно Вашите прашања, Ве известуваме дека КП 38/9 КО Чаир, во приватна сопственост е опфатена со ДУП за Градска Четврт ССИ 01, Општина Бутел, како дел од ул. 1562 – новопланирана станбена улица 2 и дел од ул. 1562 – новопланирана сервисна улица 1. Истата улица не е опфатена со Годишната програма (Ј) за комунални дејности на Општина Бутел, односно Општина Бутел нема поведено постапка за проектирање, изведување и градење на истата улица во изминатиот период. Општина Бутел како надлежен орган, нема поведено постапка за издавање на одобрение за градење на улица, нема издадено одобрение за градење на улица која ја опфаќа горенаведена катастарска парцела и не се јавува како инвеститор во изведбата на улицата. Согласно сознанија од граѓани, во периодот од 2019 до 2021 година, се вршени градежни активности на локацијата, односно поставување на асфалтот. Во горенаведениот период, од страна на инспекциска служба не е извршен инспекциски надзор и согласно тоа, за истата не е поведена инспекциска постапка за бесправно градење. Во однос на постапка за спроведена експропријација, Ве информираме дека Општина Бутел нема поведено постапка за експропријација, бидејќи согласно Годишната програма (Ј) за комунални дејности на Општина Бутел за 2023 година, не е предвидена реализација на новопланирана улица согласно Детален урбанистички план за Градска Четврт ССИ 01, Општина Бутел. Во прилог, Ви доставуваме известување по барање за информација (бр. 23-664/4 од 30.05.2023 година), доставено до Народниот правобранител (со адреса ул. „Македонија“ бр. 19 Скопје)“.

Не кажува кој ја изградил дивата улица, а во одговорот никаде не навел дека ќе преземе нешто околу нејзиното уривање, или барем да ги обесштети сопствениците.
Се работи за тешко кршење на уставно загарантираното право на приватна сопственост, за кое во моментот е загрижен само Народниот правобранител, каде беспомошните сопственички поднеле претставка за ова што им се случило.

„Ем не е мое, ем сè уште јас плаќам данок за 800-те квадрати на кои сега има асфалт“, вели сопственичката Лила Станоеска. (Фото: приватна архива)
Тие не живеат таму и случајно дознале дека за време на пандемијата на коронавирус, кога сите седеа дома, на нивниот плац некој изградил огромна улица. Претпоставуваат дека е општината, за да им се донесе асфалтиран пат на бројните дивоизградени куќи на тој потег. Оштетените препознаваат по тоа што некој од општината ставал и „легнати полицајци“ на улицата – дивоградба.

„Така оди во оваа држава: ние ќе плаќаме висок данок и за тоа што ни е украдено и што го немаме веќе, за овие што граделе на диво куќи и палати, а кои не платиле комуналии ни денар во општинската и во градската каса! Но важно е нашите градоначалници да не ја растурат коалицијата со ДУИ, па ако треба и цел плац да ни го узурпираат. Па барем нека не ослободат од данокот“, бара Станоеска.Народниот правобранител од Општината (секторот за урбанизам) побарал да го извести дали Општина Бутел е инвеститор на посочената улица, и ако е, да му достават примерок од издадената градежна дозвола и да му одговори во рок од 30 дена и за тоа каков е карактерот на земјиштето и што е предвидено согласно урбанистички план на Општина Бутел.

Исто така, Омбудсманот бара да биде известен дали претходно се разрешени имотно-правните односи со лицата од кои евентуално треба да се одземат-експроприраат недвижности.„Следствено на тоа, потребно е изјаснување дали за таа цел се планира и експропријација од недвижноста од подносителот на претставката, по колку м2 е навлезено во приватните сопствености, конкретно за поднесителот на претставката“, бара Народниот правобранител во обраќањето до секторот за урбанизам во Бутел.

На градоначалникот Дарко Костовски, пак, Народниот правобранител му кажува дека досега требало да преземе мерки за улицата на туѓ, на приватен имот.
„Народниот правобранител смета дека Општина Бутел со нејзино непостапување не ги почитува сопственичките права на нејзините граѓани. Односно, ако Општина Бутел не е инвеститор на конкретниот асфалтен пат, таа требало да преземе соодветни мерки за спречување на градбата од ваков вид без притоа да се прибави дозвола за градба и истовремено да се иницира прекршочни постапка за незаконската узурпација. Ако пак самата Општина го има изградено, тоа е во спротивно со законските прописи на државата, со што за изградбата претходно не е започната никаква постапка за расчистување на имотно-правните проблеми, впрочем и ја оправдува причината зошто не е издадена градежна дозвола“, реагира остро Народниот правобранител.

Во продолжение, Омбудсманот му укажува на градоначалникот дека оштетените сопственици имаат законско право да ја отстранат дивоградбата, ако градоначалникот се прави ненадлежен.„Во случај патот да е изграден од непознат инвеститор, Општината има законски надлежности и соодветни механизми односно требала да дејствува кога нешто се прави во спротивно со законите и истото не требало да дозволи да се изгради, а особено поради фактот што со таквото постапување е оштетен подносителката на претставката. Ваквата состојба му дава за право на сопственикот на земјиштето да постапува по сопствена волја за отстранување на истото (да го отстрани асфалтираниот пат) со што земјиштето ќе го доведе во првобитна состојба прилагодувајќи ја за сопствените потреби/желби за да располага со неа, а кое произлегува од нејзиното право за сoпственост над тоа земјиште утврдено со закон“, укажува Народниот правобранител.

Тој уште еднаш од градоначалникот бара да преземе дејства за отстранување на констатираните повреди на Станоеска и семејството, „и тоа на начин што ќе започне постапка за експропријација на имот или со купување на имотот“ на кој лежи дивоизградениот асфалтен пат.Општината и градоначалникот на Бутел имаат рок од нови 30 дена за одговор на ова второ обраќање.

  

Најново

Трамп повикува на „безусловно“ 30-дневно примирје меѓу Русија и Украина

Sase Ivanovski

ВИДЕО: Пропагандни видеа се шират на Фејсбук: Москва е рајот, а европските метрополи пеколот!

Sase Ivanovski

Променливо облачно со сончеви периоди, попладне и во текот на ноќта дожд

Sase Ivanovski

ВИДЕО: Драматична потера по напаѓачот од Штип пред Скопје – полицајците пукале откако ја пробил рампата кај Миладиновци

Sase Ivanovski

Секој четврти Британец смета дека Трамп е поопасен од терористичките организации

Sase Ivanovski

САД по прекинот на струја на аеродромот Њуарк ќе го модернизира системот за контрола на летање

Sase Ivanovski

Кошта идната недела тргнува на турнеја по Западен Балкан

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Манчестер јунајтед и Тотенхем закажаа финале во Лига Европа

Sase Ivanovski

Србија: Гимназиски професор кој ги навредуваше студентите стана државен секретар

Sase Ivanovski

Мерц ќе воведува вонредна состојба за да ја спречи масовната миграција во Германија

Sase Ivanovski

Сиљановска Давкова упати честитка до новиот папа Лав Четиринаесетти

Sase Ivanovski

Томовски: Ако сакаме да бидеме сериозна држава треба да имаме соодветен владин авион

Sase Ivanovski

Димитриевски до Филипче: Самопрогласениот лидер да се занимава со себе и да види да не му се распадне зградата на Бихаќка

Sase Ivanovski

ЗА ВЛАДИНИОТ АВИОН ВЕЌЕ НЕМА РЕЗЕРВНИ ДЕЛОВИ Соседните држави не собираат со нивни летала

Sase Ivanovski

(Видео): Овие документи потврдуваат голем скандал во Куманово – Димитриевски и Митевски, со поддршка на ДУИ, заработиле 350.000 евра!

Sase Ivanovski

БИЛ ГЕЈТС ОБЈАВИ КОМУ ЌЕ ДОНИРА 107 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ Си даде рок од 20 години

Sase Ivanovski

Венс: Не би рекол дека Русија не сака прекин на војната, ама тие бараат премногу

Sase Ivanovski

24 Отворено – Политичка драма на повеќе фронтови

Sase Ivanovski

Вин-Вин: Кој е мастер планот за кого игра Таравари? – Интервју со Зијадин Села

Sase Ivanovski

Вучиќ: Остварив многу срдечни средби со разни лидери

Sase Ivanovski

Кога ќе профункционираат спортските објекти во Прилеп ?

Sase Ivanovski

Претрес на адвокатот на Кешишев: Како царот Палчо ги разочара поданиците, по убиствата на Вања и Панче

Sase Ivanovski

Сиљановска-Давкова: Саемот на книгата е обид за културен натпревар на народите

Sase Ivanovski

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) Крвавата пресметка ги вознемири штипјани

Sase Ivanovski

Честитка од премиерот Мицкоски за изборот на новиот папа Леоне XIV

Sase Ivanovski

Костадинов: Ќе ги рушиме угостителските објекти кои не исполнуваат стандарди!

Sase Ivanovski

„Прв американски папа, каква чест“: Трамп му упати честитки на новиот понтиф

Sase Ivanovski

РУСКА САЛАТА ОД ИЗГОВОРИ Еден по еден му откажуваат гостите на Путин

Sase Ivanovski

Прв говор на новиот папа: На човештвото му е потребен Христос како мост до Бога и неговата љубов

Sase Ivanovski

Новиот владин авион ќе нè чини од 20 до 50 милиони евра, ако сме сериозна држава, треба да имаме соодветно летало“, вели Томовски

Sase Ivanovski

Касами: Таравари ќе биде министер „уште некој ден“

Sase Ivanovski

Американецот Роберт Превост е новиот папа

Sase Ivanovski

(Видео) Пукање во Штип, едно лице убиено, нема информации за повредени

Sase Ivanovski

Родители на починатите во „Пулс“ со писмо до јавноста: Оваа трагедија е масовно убиство и загрозување на човековите животи и безбедноста. Бараме  правна разрешница и одговорност од сите инволвирани лица и институции

Sase Ivanovski

Ворен Бафет на 94 годишна возраст е горд што сè уште е жив со секојдневно јадење на брза храна и пиење кока-кола

Sase Ivanovski

Од ЕКВ и Дисциплина Кичме до Аца Лукас и Мира Шкориќ – „Коцка је бачена“ во МКЦ

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Филмски факт: Хероината на „Исправи се, Делфина“ меѓу реалноста и фикцијата

Sase Ivanovski

Новата сликовница „Девојчето со форичката“ ги едуцира децата за справување со емоциите

Sase Ivanovski

Утре еко час во „Лазо Ангеловски“ организација УНИЦЕФ и на Шведска

Sase Ivanovski

Изречена е казна затвор од една година за ширење расистички и ксенофобичен материјал кон ЛГБТИ заедницата како припадници на маргинализирана група

Sase Ivanovski

Нова продукциска куќа зад „Д-фест“, фестивалот останува во Дојран

Sase Ivanovski

Медицинска опрема вредна 18,6 милиони евра фаќа прашина по болниците бидејќи нема кој да ја користи

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ВМРО-ДПМНЕ: Денот во 60 секунди – Во завршна фаза е набавката за новите 120 автобуси, јавниот долг под просекот на ЕУ, се решава недостигот на човечки ресурси во болниците

Sase Ivanovski

Димовска- Касталди: парламентарните служби се клучни за демократија

Sase Ivanovski

Средба Гаши – Фонтана во Рим

Sase Ivanovski

Порака од Рим: Без интеграција во ЕУ на Балканот, ризикуваме создавање на географски вакуум

Sase Ivanovski

Од Скопје до Вол Стрит: Prime Capital by Adora — првата инвестициска консултантска компанија основана со македонски капитал со акредитација во САД

Sase Ivanovski

Томовски: Бројот на општини кои ВМРО-ДПМНЕ ќе ги освои нема да биде само повторен, туку ќе биде и зголемен

Sase Ivanovski

Томовски: СОЗР со неколку нови проекти во интерес на државата и граѓаните

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Скопската полиција на лице место фати криминалци кои краделе во објектите на поранешна Железара

Sase Ivanovski

Вооружени крадци уапсени во кругот на поранешна „Железара“, со пиштоли им се заканувале на вработени

Sase Ivanovski

Гостиварец извадил нож при кавга во продавница, сега ќе одговара

Sase Ivanovski

Газда на фирма од Гостивар ќе одговара за смртта на работник од Бангладеш

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Скопјанец снимен од камера како краде засадено декоративно растение

Sase Ivanovski

Adora Business Group: Со особена гордост го најавуваме новиот стратешки потфат на Adora Business Group — лансирањето на Prime Capital powered by Adora, инвестициска консултантска компанија со седиште на Wall Street во Њујорк, меѓу највлијателните финансиски институции во светот

Sase Ivanovski

Мистерија околу исчезнувањето на 28 годишниот Миле Тодоров

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Хаос во Париз по победата над Арсенал

Sase Ivanovski

Филипче за можна коалиција со ДУИ и Таравари: Ќе разговараме со сите политички партии

Sase Ivanovski

Ангеловска-Бежоска на Kонференцијата на Светската банка: За повисок раст најважно е да се зголеми продуктивноста којашто е околу половина од европската

Sase Ivanovski

Коцевски: Можно е проширување на истрагата за „Пулс“

Sase Ivanovski

Апелација со повисоки казни за обвинетите во „Ласкарци“, сопственикот на „Дурмо турс“ наместо 4 години ќе лежи во затвор 10 години

Sase Ivanovski

Муцунски: Посветени сме на реформите, но очекуваме и Брисел да го исполни она што го вети кон Западниот Балкан

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Виктор Грозданов: Извини господине Ахмети ќе се соочиш со вистината која се вика опозиција

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Лишен од слобода албански државјанин на Граничен премин Блато поради нудење поткуп

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) СДСМ поднесе предлог Закон за поддршка на настраданите во трагедијата во Кочани

Sase Ivanovski

(ФОТО) Голем интерес за селекција на отпад во Охрид: Комплетирана иницијативата за селекција како дел од РСУО

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Дамир Пух со нов инструментален сингл – „Saffron Skies“

Sase Ivanovski

(ФОТО) Средба на заменикот генерален секретар Ѓошевски со специјалната пратеничка на финското Претседателство со ОБСЕ

Sase Ivanovski

Средба на потпретседателот на Собранието Антонијо Милошоски со претставници од Секретаријатот на Партнерството за отворена власт

Sase Ivanovski

(ФОТО) Герасимовски: Ја отворивме првата градинка во Пролет по 50 години, за најмилите, за нашите дечиња

Sase Ivanovski

Максим Димитриевски: Цел на лагите на СДСМ не сум јас, туку ЗНАМ, како најбрзорастечка партија во Македонија

Sase Ivanovski

Дурмиши: Мерките на Министерството за економија и труд даваат резултат, цените на храната се стабилизираат, посветено работиме на заштита на животниот стандард

Sase Ivanovski

(ФОТО) Филипче: Градинката „Пролет“ е пример како треба да изгледа модерно Скопје – спротивно од кичот на Скопје 2014

Sase Ivanovski

Павле Арсоски Движење ЗНАМ – За наша Македонија во Крушево и Демир Хисар

Sase Ivanovski

(ФОТО) Максим Димитриевски во Долнени и Прилеп: Верувам во политиката што произлегува од теренот

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Манасиевски: Фирма за тендери – Стентон Градба во време на СДС 90% од приходите ги имала од јавни набавки, до кога ЈО ќе молчи?

Sase Ivanovski

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ треба да го поддржи Законот за Кочани

Sase Ivanovski

Пренџов: ДУИ е партија базирана на ширење нетрпеливост, лаги и манипулации

Sase Ivanovski

(ФОТО) Потпреседателката на ЗНАМ, Бендевска на средба со членовите и симпатизерите во Кавадарци и Неготино

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Кривична пријава против поранешен директор на ЈП „Колекторски систем“ Скопје – Подрачно одделение Охрид за злоупотреба на службената положба и овластување

Sase Ivanovski
Вчитувам....