20.8 C
Скопје
09/05/2025 14:57
МАКТЕЛ

     

НОВИНАРОТ ЕРОЛ РИЗАОВ: Kому денес пречи Глигоров?

      

Ако во тешки времиња за иднината на Македонија претседателот Глигоров пречел некому до таму да му се подготви атентат, не помалку значајно е прашањето кому денес пречи Глигоров? Пишува Ерол Ризаов

Првиот претседател на независна Македонија, Киро Глигоров
Првиот претседател на независна Македонија, Киро ГлигоровФотографија: European Comission

Денеска, 3 октомври 2023 година, утрово во 9 часот и 50 минути се навршуваат точно 28 години од атентатот врз претседателот Киро Глигоров. И по речиси три децении ова злосторство и обид за дестабилизација на Македонија останува најголемата мистерија во поновата историја. Предметот не е затворен, велат истрагата уште трае, иако во тоа никој не верува. Резултати нема, останува нечепната големата тајна, кој и зошто го нарача и кој го изврши атентатот врз првиот претседател на независна Република Македонија.

   

Во разговорите со претседателот Глигоров во една пригода тој прогнозираше дека ако тоа воопшто некогаш се дознае, ќе биде тогаш кога нема да предизвика никакви конфликти и инциденти. Кажано едноставно, рече Глигоров, тоа ќе се случи кога нема никого да погоди. Ова кажува дека, сепак, Глигоров имал некакви сомнежи кој стои зад обидот за неговото убиство. Најверојатно мотивот да не ги обелоденува своите сомнежи е во неговата претпазливост и грижа да не се предизвика дестабилизација во земјата, или конфликтни ситуации.

Историскиот грб му е многу широк

Но, сигурно дека мотивите на нарачателите на атентатот, доколку некогаш се откријат, ќе осветлат уште една страница за тоа кому му пречеше Глигоров во овие судбински години за Македонија.Ако во тие војни и тешки времиња за иднината на Македонија претседателот Глигоров пречел некому до таму да му се подготви атентат, да биде ликвидиран физички, не помалку значајно и интересно е прашањето кому пречи Глигоров се уште и денес по безмалку 25 години како не е во политиката и цели 12 години од неговата смрт, да бидат оспорувани неговите заслуги и од една куса историска дистанца да се превреднува историјата со лични сведоштва не прифаќајќи ги околностите кога се носени клучни одлуки за иднината на државата.

За тоа најточната прогноза ја даде американскиот амбасадор во Македонија Кристофер Хил по повод смртта на Глигоров кога рече: „Балканот не е добар кон своите политичари. Значи, ќе помине некое време пред придонесите на Глигоров да бидат признаени во неговата проблематична татковина. Но, тој постигна нешто што други лидери на Балканот во 1990-тите години и во многу други времиња и места не можеа, или не сакаа. Тој ја држеше својата земја понастрана од војна“.

Оваа мисла, но и порака до граѓаните на Македонија, на Кристофер Хил, американски амбасадор и највисоко котиран политичар кој живеел и работел во нашата земја во едни бурни и историски времиња, најдобро ја отсликува улогата на првиот претседател на независна Македонија, Киро Глигоров. На кој и по 12 години од неговата смрт, премногу му е широк историскиот грб да може и мртов да се одбрани, за да не можат новите пишувачи на инстант-историја, или направи сам историја, или сами со сведоштва во стилот јас му реков, тој ми рече, да си обезбедат свое место во историјата со што ќе го испратат Глигоров во заборав и ќе го маргинализираат. Многубројните обиди за тоа во целиот изминат период беа безуспешни и лека-полека исчезнуваат пред големината и значењето на историската улога што ја одигра Киро Глигоров, првиот претседател на независна Република Македонија.

Историски континуитет од АСНОМ до независна држава

Во овие 12 години по смртта на Глигоров, без каква било идолатрија, се зацврсти во колективното памтење на повеќе генерации граѓани неговиот голем придонес за татковината уште од времето на Народноослободителна антифашистичка војна до АСНОМ 1944, кога е формирана првата современа национална држава Федерална Македонија, што претставува најголем историски дострел на македонскиот народ и народностите во кој активно учествува и Глигоров. Историскиот континуитет од АСНОМ до независна Република Македонија 1991 година природно му припадна на Глигоров. Да застане на чело на новата самостојна држава овој мудар и искусен државник, беше логичен и клучен историски потег на неговите поддржувачи во време кога на повидок беше најкрвавата војна по Втората светска војна на просторите на поранешна Југославија, што би се рекло среде Европа.

Мислам дека ставовите на Киро Глигоров во врска со иднината на Македонија уште во времето кога Југославија не е распадната со крвава војна и кога тој не е претседател на државата даваат јасен одговор на неговите политички и државнички определби. Со Киро Глигоров имав повеќе интервјуа, и како пензионер и како претседател на државата. Но чинам дека првото интервју има најдрагоцено сведоштво не само за неговите определби за иднината на државата, туку и за тестаменталните пораки и за неговиот аманет во која насока треба да се движи државата. Првиот наш разговор беше на негова 73 годишна возраст, како познат поранешен политичар веќе во пензија. Во редакцијата на „Нова Македонија“ разговаравме повеќе денови, обично во време на викендите во периодот август – септември 1990 година.

Ерол Ризаов води интервју со Киро Глигоров (архивска фотографија)
Ерол Ризаов води интервју со Киро Глигоров (архивска фотографија)Фотографија: Erol Rizaov

Тоа беше невообичаено интервју од 12-13 продолженија на речиси 60 страници. Тогаш, некои тоа интервју го доживееја како негова политичка кандидатура, а имаше кои веруваа дека тоа е осмислена уредувачка политика на „Нова Македонија“ за негова промоција за претседателски кандидат. Тоа не беше точно бидејќи разговорот требаше да заврши по два три часа и со едно интервју максимум на една страница од „Нова Македонија“. Но на мое инсистирање поради интересноста на разговорот и многу непознати работи за пошироката јавност во Македонија, но најмногу поради настаните што тогаш се случуваа во Југославија кога веќе мирисаше на распад и сите живеевме во некои мачно исчекување и неизвесност продолживме со разговорите во период од цели два месеци.

Македонија треба да биде парламентарна држава

Еве ги тестаменталните одговори на клучни прашања и во првиот и во последниот разговор.Прашање: Европската ориентација во согледувањето на македонската држава е битна и ако сите во Југославија, па и на Балканот, тргнеме во таа европска димензија, можеби договарањата ќе бидат полесни?

Одговор: „Ние мораме да живееме на оваа почва заедно и да најдеме некоја заедничка платформа. Значи од таа гледна точка тешко е сега да се зборува или федерација, или ништо, или пак конфедерација, или ништо, доколку воопшто кога луѓето зборуваат за федерација или конфедерација сите зборуваат со исто сознание и со исти параметри, што е едното, а што другото. Македонија во тие разговори треба да влезе со отворени очи и со подготвеност да се разговара за сите прашања, да се бара се она што максимално би ги заштитило на македонскиот народ и на македонската држава од една страна  и од друга  да имаме разбирање за  се она  што може да доведе до позитивен исход, а интересите на македонскиот народ и неговата сувереност да бидат респектирани. Оттаму ние можеме да бидеме исправени пред сите можни опции и не треба априори да бегаме од секоја од нив. Природно е секој народ кога над него се надвиснува опасноста да се биде или не, опасноста што може да ја загрози неговата држава и нејзиниот суверенитет добро да ја согледа својата положба и своето место на овие простори и во Европа.

Киро Глигоров во обраќање пред македонското Собрание (архивска фотографија)
Киро Глигоров во обраќање пред македонското Собрание (архивска фотографија)Фотографија: Dnevnik

Без оглед на конкретниот облик на уредувањето на Југославија, Македонија треба да биде парламентарна демократска држава отворена спрема светот и спрема соседите, отворена за комуникации, за движење на капиталот и луѓето. Бидејќи е отворена држава, ќе има полно право да пледира и за отвореноста на соседните држави. На тој начин треба да се бара решението на македонското прашање. Во рамките на едно вакво европско гледање  има место за заедничко живеење со југословенските народи. За такви разговори Македонија треба да има легитимни претставници, треба да се ослободи од следење на чие било однесување и да не повладува на кого било, да истапува како самостоен субјект со полна индивидуалност во секој поглед и со нормално артикулирање на своите интереси, за да најде за себе си најоптимално решение и да се зачува пријателството и заедничкото живеење со сите народи.

Европа е нашиот дом

Не смееме да дозволиме како резултат на барање на што пооптимално решение за иднината да дојде до нови поделби, до граѓански војни и пресметки. Секое одделно прашање во таквите глобални рамки бара согледување. Ние не смееме да останеме без една сопствена програма, но програма која ја согледува сегашноста и иднината на Македонија пред се со полно уважување на сите реалности што постојат во светот и тенденциите карактеристични за тој свет. Тоа не е светот пред Првата ни пред Втората светска војна. Иако и при сето тоа и такво широко и евентуално хуманистичко размислување за иднината на Европа не смееме да заборавиме дека сѐ уште се можни војни. Не смееме да живееме ниту со начинот на решавање на македонското прашање, на македонските интереси како што тоа било во 19 или првата половина на 20 век, а да не уважуваме дека многу работи се промениле во Европа. А таа е наш дом.

(Нова Македонија 09. 10. 1990 година)

Киро Глигоров (архивска фотографија од јануари 2012 година)
Киро Глигоров (архивска фотографија од јануари 2012 година)Фотографија: Petr Stojanovski

Последните разговори со претседателот Глигоров заедно со колегата Виктор Цветановски ги водевме со денови во Скопје и во Охрид во период од повеќе месеци. И повторно како пензионер во длабока старост, но се уште со одлична меморија. Од тие разговори и во оваа прилика издвојувам одговор само на едно прашање на кое исто така има има визионерска порака.Прашање: Дали вашиот аманет за Македонија е всушност да се работи интензивно за влез во НАТО и во ЕУ?

Одговор: „Богами со сите сили. Нема да се случи Македонија сама да вмаршира во НАТО и воЕУ. Тоа треба да се одработи. Македонија ќе стане членка на НАТО и на ЕУ, но на тој пат ќе има перипетии. Треба да се држиме до Временската Спогодба, (се однесува на ПЈРМ м.з.) таму има еден член кој ни овозможува членство со привременото име. Треба цврсто да се држиме до тоа.

Битката за уставното име ќе ја добијат други генерации. Но мора да се знае и тоа дека ниту во ЕУ, ниту во НАТО ќе тече мед и млеко. Ќе мора многу да работиме и да учиме. Треба да се држиме до науката и до работата. Кога ќе стасаме до Европа и натаму ќе се соочуваме со голем број други тешкотии и проблеми, но Македонија ќе биде на добар пат. Јас верувам во тоа. Македонците заедно со сите етнички заедници ќе ја сочуваат својата држава, идентитет, јазик и ќе обезбедат прогрес на идните генерации. Сите други работи се помалку значајни.“

Ете тоа се најконзистентните, непроменливи ставови на Киро Глигоров и пред и за време и по неговата претседателска функција, искажани јасно и документирано пред да се случат сите настани кои ги потврдуваат визионерските ставови на првиот претседател на независна Македонија. Ете затоа му е широк грбот да одговори и починат на сите оспорувања. На Македонија и нејзините одговорни политичари и интелектуални и деловни елити  останува докрај да го исполнат аманетот на својот прв претседател кој целосно се совпаѓа со желбите на повеќе генерации граѓани на Македонија. (Дојче веле)

Ерол Ризаов

    

Најново

Министерство за внатрешни работи: Директорот на БЈБ, Јанев на работна средба во касарната „Ѓорче Петров“ и СВР Куманово

Sase Ivanovski

Миистерство за внатрешни работи: Кривична пријава против поранешна директорка на средно училиште од Куманово, шест вработени во Министерството за образование и наука, две правни лица од Куманово и нивните сопственици за злоупотреба на постапката за доделување договор за превоз на ученици

Sase Ivanovski

(ФОТО) СКРИЕНОТО ТРЕТО: Некаде помеѓу присуството и отсуството

Sase Ivanovski

Ден на Европа – прослава на единство, култура и поврзаност

Sase Ivanovski

ИНЖЕНЕРИ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА: 54 МИЛИОНИ ЕВРА СЕ ТРОШАТ БЕЗ КОРИСТ – ПОТРЕБНА Е РЕАКЦИЈА ОД ОБВИНИТЕЛСТВОТО

Sase Ivanovski

(ФОТО) ГАШИ – ЧЕЗА: ЧЛЕНСТВОТО ВО НАТО ЗНАЧИ ЗАЕДНИЧКИ ВРЕДНОСТ И СПОДЕЛЕНА ОДГОВОРНОСТ

Sase Ivanovski

Викторија Трајков ќе учествува на панел-дискусија насловена: Патот на Македонија кон ЕУ-предизвици и можности во 2025 година!

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Со заминувањето на СДС во опозиција, заврши и времето на недопирливите криминалци и на безредието во државата

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Богданка Кузеска: Убиствата станаа секојдневие, СДСМ бара одговорност од Тошковски

Sase Ivanovski

(ФОТО) СДСМ: РЕК Битола работи на продолжен кабел!?

Sase Ivanovski

(ФОТО) Министерство за одбрана: Висока владина делегација на одбележувањето на Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа, пораки за значењето на борбата против фашизмот и потребата од обединета Европа кон која припаѓа и македонската држава

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) СДСМ: Димитриевски се уште не даде одговор на ниту едно прашање, институциите да не молчат и да постапат за овој случај

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) СДСМ: Цените постојано растат, власта нема решение

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Манасиевски: Лицемерно и исмевање на народот во лице е СДС и Филипче да поднесуваат закон за Кочани, исто како да поднесеа за Модуларната или за враќање на името

Sase Ivanovski

Костовски: Димитриевски е бесрамен предавник, институциите мора да реагираат за неговиот криминал

Sase Ivanovski

ЗНАМ: Реакција на денешната прес конференција на СДСМ од 09 мај 2025

Sase Ivanovski

На денешен ден 9-ти мај, во престрелките во Куманово, животот го загуби бившиот припадник на Единицата Лавови, како припадник на Македонските специјални сили, Саше Самојловски – Касандрa од Тетово

Sase Ivanovski

(ФОТО) Орце Ѓорѓиевски: НЕКА Е АИРЛИЈА – СТАДИОНОТ ССК Е ЦЕЛОСНО РЕКОНСТРУИРАН!

Sase Ivanovski

(ФОТО) Орце Ѓорѓиевски: ЉУБИША АРАНЃЕЛОВИЌ, се поклонувам на твоето херојство! ВЕЧНА ТИ СЛАВА!

Sase Ivanovski

Саша Богдановиќ: Благодарам на поканата за вселување на семејството Трајковски

Sase Ivanovski

Муцунски: Еднодневна посета на Украина

Sase Ivanovski

Николче Мискоски: По втор пат во Општина Кривогаштани се организира акција за чистење на отпад GENERALKA WEEKEND

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Чарна Невзати ќе ја претставува Македонија на Мис на светот

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) 24 Анализа – Колку евентуалните потреси во владата ќе донесат и предвремени паралементарни избори?

Sase Ivanovski

Од стационарот „Лајка” до Википедија: Едукативна авантура на учениците од гимназија „Јосип Броз-Тито“-Скопје

Sase Ivanovski

Честитка – Гаши: 9 Мај нека биде поттик за уште посилна посветеност кон европската иднина!

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Вчера 777 сообраќајни прекршоци, 175 за брзо возење

Sase Ivanovski

Јаневска: со квалитетни идеи и повеќе партнери на образовните установи, дополнително ја стимулираме еколошката одговорност кај младите

Sase Ivanovski

Гаши со честитка: Новиот папа да донесе повеќе духовност и поголема етика, а неговата работа да биде патоказ на патот кон мирот!

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Лишен од слобода велешанец затоа што управувал возило под дејство на алкохол и предизвикал три сообраќајни незгоди

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Министерство за внатрешни работи: Лишени од слобода лицето кое пукаше и четворица помагачи во врска со синоќешното убиство во Штип

Sase Ivanovski

СДСМ: Убиствата станаа секојдневие, Тошковски нема контрола над безбедноста

Sase Ivanovski

Ѓорѓиевски: Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ со конкретни мерки и финансиска поддршка е партнер на општините во Македонија

Sase Ivanovski

Ристески: Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ вложува во спортската инфраструктура

Sase Ivanovski

Герасимовски: Со градинката Пролет поставивме нови стандарди за детска грижа во Центар

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: МЗШВ се грижи за земјоделците и руралниот развој во Македонија, доделени се договори во вкупен износ од 10.094.050 денари на 54 здруженија

Sase Ivanovski

Здружение на класични филолози „Антика“: Државен натпревар по класични јазици

Sase Ivanovski

СДСМ: Максим Димитриевски си ги сруши сите изборни ветувања со еден корупциски скандал – тој е минато

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Лишен од слобода крадец во Струга за издржување казна затвор од две години и девет месеци

Sase Ivanovski

Герасимовски: Фотоволтаиците на ООУ „Киро Глигоров“ чекор до енергетски независен Центар

Sase Ivanovski

Филипче: Да го продолжиме патот на мирот, соработката, слободата и солидарноста

Sase Ivanovski

Трамп повикува на „безусловно“ 30-дневно примирје меѓу Русија и Украина

Sase Ivanovski

ВИДЕО: Пропагандни видеа се шират на Фејсбук: Москва е рајот, а европските метрополи пеколот!

Sase Ivanovski

Променливо облачно со сончеви периоди, попладне и во текот на ноќта дожд

Sase Ivanovski

ВИДЕО: Драматична потера по напаѓачот од Штип пред Скопје – полицајците пукале откако ја пробил рампата кај Миладиновци

Sase Ivanovski

Секој четврти Британец смета дека Трамп е поопасен од терористичките организации

Sase Ivanovski

САД по прекинот на струја на аеродромот Њуарк ќе го модернизира системот за контрола на летање

Sase Ivanovski

Кошта идната недела тргнува на турнеја по Западен Балкан

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Манчестер јунајтед и Тотенхем закажаа финале во Лига Европа

Sase Ivanovski

Србија: Гимназиски професор кој ги навредуваше студентите стана државен секретар

Sase Ivanovski

Мерц ќе воведува вонредна состојба за да ја спречи масовната миграција во Германија

Sase Ivanovski

Сиљановска Давкова упати честитка до новиот папа Лав Четиринаесетти

Sase Ivanovski

Томовски: Ако сакаме да бидеме сериозна држава треба да имаме соодветен владин авион

Sase Ivanovski

Димитриевски до Филипче: Самопрогласениот лидер да се занимава со себе и да види да не му се распадне зградата на Бихаќка

Sase Ivanovski

ЗА ВЛАДИНИОТ АВИОН ВЕЌЕ НЕМА РЕЗЕРВНИ ДЕЛОВИ Соседните држави не собираат со нивни летала

Sase Ivanovski

(Видео): Овие документи потврдуваат голем скандал во Куманово – Димитриевски и Митевски, со поддршка на ДУИ, заработиле 350.000 евра!

Sase Ivanovski

БИЛ ГЕЈТС ОБЈАВИ КОМУ ЌЕ ДОНИРА 107 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ Си даде рок од 20 години

Sase Ivanovski

Венс: Не би рекол дека Русија не сака прекин на војната, ама тие бараат премногу

Sase Ivanovski

24 Отворено – Политичка драма на повеќе фронтови

Sase Ivanovski

Вин-Вин: Кој е мастер планот за кого игра Таравари? – Интервју со Зијадин Села

Sase Ivanovski

Вучиќ: Остварив многу срдечни средби со разни лидери

Sase Ivanovski

Кога ќе профункционираат спортските објекти во Прилеп ?

Sase Ivanovski

Претрес на адвокатот на Кешишев: Како царот Палчо ги разочара поданиците, по убиствата на Вања и Панче

Sase Ivanovski

Сиљановска-Давкова: Саемот на книгата е обид за културен натпревар на народите

Sase Ivanovski

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) Крвавата пресметка ги вознемири штипјани

Sase Ivanovski

Честитка од премиерот Мицкоски за изборот на новиот папа Леоне XIV

Sase Ivanovski

Костадинов: Ќе ги рушиме угостителските објекти кои не исполнуваат стандарди!

Sase Ivanovski

„Прв американски папа, каква чест“: Трамп му упати честитки на новиот понтиф

Sase Ivanovski

РУСКА САЛАТА ОД ИЗГОВОРИ Еден по еден му откажуваат гостите на Путин

Sase Ivanovski

Прв говор на новиот папа: На човештвото му е потребен Христос како мост до Бога и неговата љубов

Sase Ivanovski

Новиот владин авион ќе нè чини од 20 до 50 милиони евра, ако сме сериозна држава, треба да имаме соодветно летало“, вели Томовски

Sase Ivanovski

Касами: Таравари ќе биде министер „уште некој ден“

Sase Ivanovski

Американецот Роберт Превост е новиот папа

Sase Ivanovski

(Видео) Пукање во Штип, едно лице убиено, нема информации за повредени

Sase Ivanovski

Родители на починатите во „Пулс“ со писмо до јавноста: Оваа трагедија е масовно убиство и загрозување на човековите животи и безбедноста. Бараме  правна разрешница и одговорност од сите инволвирани лица и институции

Sase Ivanovski

Ворен Бафет на 94 годишна возраст е горд што сè уште е жив со секојдневно јадење на брза храна и пиење кока-кола

Sase Ivanovski

Од ЕКВ и Дисциплина Кичме до Аца Лукас и Мира Шкориќ – „Коцка је бачена“ во МКЦ

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Филмски факт: Хероината на „Исправи се, Делфина“ меѓу реалноста и фикцијата

Sase Ivanovski

Новата сликовница „Девојчето со форичката“ ги едуцира децата за справување со емоциите

Sase Ivanovski

Утре еко час во „Лазо Ангеловски“ организација УНИЦЕФ и на Шведска

Sase Ivanovski
Вчитувам....