21.8 C
Скопје
09/05/2025 13:12
МАКТЕЛ

     

СИСТЕМОТ ПОДДРЖУВА НЕКАЗНИВОСТ И КОРУПЦИЈА, А НЕ ПРАВО И ПРАВДИНА, ВЕЛИ ЗА СДК РЕПРЕСИРАНАТА ОБВИНИТЕЛКА ЛЕНЧЕ РИСТОСКА

      

Системот е повеќе заинтересиран да обезбеди неказнивост, да поддржи корупција, отколку што е заинтересиран да застане на патот на правото и правдата, вели Ристоска за спасувањето на криминалци, дел од нив ставени на црната листа на САД. (Фото:Ѓ. Личовски)
Само што ѝ поведоа постапка дека многу зборувала и ги критикувала, Советот на јавни обвинители го доби истото што им го зборуваше обвинителката Ленче Ристоска во пишана форма и како правила, од Европскиот совет на јавни обвинители. Членовите на Советот сами се посрамија пред Европа, па сега ја ублажуваат цензурата во Кодексот.

Иако Ристоска е победникот, таа веќе не се кандидира за унапредување, зашто кариерата овој состав на Советот, се чини засекогаш ѝ ја запечати. И постапката против неа не ја повлекува или завршува.Правилата од Европскиот Совет на обвинители се:
– Процесот на функционирање и одлучување на советите на обвинители треба да биде регулиран со пишани и транспарентни правила по можност усвоени со закон. Таквите правила треба да обезбедат особено кворум, процедура за гласање и мнозинство за донесување одлука. Ако е потребно, деталните прописи на Советот на обвинители треба да бидат усвоени од страна на самиот совет.

   

-Одлуките на советите на обвинители со влијание врз кариерата на обвинителите треба да бидат образложени, а оние кои имаат обврзувачка сила можат да бидат предмет на судска ревизија за иницијатива на засегнатиот обвинител.
-За да се зајакне довербата на јавноста во правосудниот систем, советите на обвинители треба да дејствуваат транспарентно и да бидат одговорни за своите активности, преку периодични извештаи или други соодветни средства.

Обвинителкe Ристоска, дали вашите укажувања дека Советот на јавни обвинители тргува, носи одлуки со влијанија, е запечатување на вашата кариера за унапредување? Тоа што членовите не гласаа за вас, а не кажуваат зошто, е порака дека вас никогаш нема да ве унапредат зашто отворено ги критикувате?
– Па во некој контекст, да. Јасна е пораката која што ја добив од Советот веќе двапати и во оваа насока не ни гледам зошто би се кандидирала и по третпат, па затоа на последниот оглас за Вишото јавно обвинителство на Скопје не се кандидирав. Друга причина што не се кандидирав е и тоа што веќе имам дадено и аплицирано на оглас за избор на Јавен обвинител за врски во Европравда, за кој сè уште нема одлука. Но, на прашањето за тргувањето со влијание, токму оваа моја изјава што ја дадов на конференција на која се дебатираше за отворени прашања важни за процесот на членство во ЕУ, беше причина Советот да покрене постапка против мене пред Етичкиот совет како што кажавте, токму за непочитување на Кодексот. За потсетување, членот на Кодексот врз основа на кој против мене ја покренаа постапката, всушност е донесен откако јас претходно упатив јавна критика за недостатокот на транспарентност на Советот при изборот на јавни обвинители во Вишото обвинителство. Ќе потсетам и дека пред овој оглас, во јавноста излегоа списоци на кандидати коишто подоцна беа избрани, а моментално немам информација до каде е постапката против мене пред Советот.

Нетранспарентноста е страв да не се дознае дека апла бил наместен изборот на обвинители? Зошто ако член на Советот е сигурен дека го дал гласот за најдобриот од сите кандидати, да не го каже тоа јавно? Или да не каже зошто не гласа за друг обвинител?
– Токму тоа се и моите прашања. Зошто Советот не се одлучува да биде транспарентен во делот на критериумите преку кои се раководи за избор на обвинители? Во овој контекст ќе потенцирам уште нешто многу важно: постои пракса на Европскиот суд за човекови права во Стразбур со која Судот се осврнува на ваквите практики како што ги има Советот на јавни обвинители за водење дисциплински постапки против тие кои гласно ги коментираат состојбите. Стразбур на ваквите појави гледа како на појави кои имаат т. н. чилинг ефект, или застрашувачки ефект. Тоа, всушност, е ефект насочен за страв од санкција од слободно изразување врз сите оние кои имаат намера јавно да критикуваат состојби во обвинителството. И оттука прашањето е: Кога некој поставува прашање за тоа зошто отсуствува транспарентност, мене не ми е јасно зошто Советот на јавни обвинители тоа го доживува како напад, кога едноставно само треба членовите да дадат одговор зошто се притаени и нетранспарентни.

Вашите забелешки не останаа осамени, поткрепа на сè ова што го кажавте сега овој месец даде Европскиот совет на ЈО. Баш три од нив се за она за кое ве земаа на заб и ве пријавија во Советот за етика. Ќе сфати ли конечно Советот што му зборувате или и натаму ќе ви се одмаздува?
– Јас се надевам дека Советот ќе ја земе предвид оваа препорака на Консултативниот совет на европски јавни обвинители, која што е донесена сега во ноември. Станува збор за препорака чија цел е афирмација на Советите за јавни обвинители како тела за саморегулација на Обвинителствата, со цел да се зголемат независноста, транспарентноста, но од друга страна и да се афирмира мерит системот при избор и унапредување на јавните обвинители. Ние од друга страна, пак, имаме Совет кој согласно изјавата на претседателката постапува, односно носи одлуки врз основа на дискреционо право. Да се има Совет на ЈО кој функционира на база на дискреционо право, без да има јасни метрики за евалуација на кандидатите, е спротивно на целта поради која тој Совет постои.

На прашањето: „Какво е тоа безобразие властите овде да лапаат милиони од Владата на САД за помош во судството, а кога таа Влада ќе означи криминалци кои може да ги загрозат и американскиот систем и економија, да ѝ вратат вака со шлаканица в лице?“, Ристоска замислено одговара: „Немам зборови“. (Фото: Ѓ. Личовски)

Сменија Кодекс на Јавните обвинители по вашите критики дека Советот не објаснува зошто некои обвинители ги унапредува, а некои како вас само ги прескокнува. Воведоа цензура за да ве замолчат. Па сега нешто изменија под притисок на ЕУ. Дали е вратена сега слободата на говор во Обвинителството?
– Кон последните измени на Кодексот се пристапи, би потсетила, откако во скрининг Извештајот на ЕК од јули 2023 година беше нотирано дека одредбите од Кодексот кои се со рестриктивна природа, кои ја ограничуваат можноста да се коментираат одлуките, мора да се сменат. Друго е прашањето каков е квалитетот на промената на одредбите на Кодексот. Да, тргната е забраната за коментирање на одлуките на Советот, но како што посочи претседателката, воведена е одредба која што гласи дека јавните обвинители треба да внимаваат при јавните настапи на својот личен и професионален углед, како и на угледот на Јавното обвинителство и на Советот на јавни обвинители. Ова во суштина треба да значи дека обвинителите треба да внимаваат кога даваат коментари во негативен контекст за работата на Советот, бидејќи така би го нарушиле нивниот углед. Според мене, не е работа на еден обвинител да се грижи за угледот на Советот, туку за тој углед треба да се грижат членовите на Советот, преку својата работа и преку професионално постапување. На пример, ако во јавност излегуваат предвреме списоци за тие што треба да бидат унапредени, ако не се следи при изборот листата на обвинители од Академијата за судии и јавни обвинители, за сето ова одговорност имаат членовите на Советот, а не Ленче.

Кој е вашиот коментар за фрлање на буниште сè што сработевте во СЈО за гонење на високата корупција, со измени на Kривичниот законик (КЗ) преку ноќ? Законодавната власт, Владата и партиите не го вадат од уста судството и обвинителството, па се надевам и вие ќе си дозволите да кажете нешто за оваа штета што ја направија. Дали го делите впечатокот дека се донесоа за спасување на функционери и можни луѓе од бизнисот, дел и од црната лиска на САД?
– Измените на КЗ де факто се насочени кон спасување од кривично гонење на високопрофилни личности во ова општество без оглед на политичката провиниенција, доминантно во случаи на висока корупција. Ова веќе се покажа во случаите на СЈО, но освен неказнивост, измените на КЗ допрва ќе предизвикаат дополнителни импликации на Буџетот. Ќе имаме штета на Буџетот на државата. Самото тоа што измените поминаа експресно во неколку дена, а ние сè уште немаме распишано оглас за избор на нов Државен јавен обвинител во ситуација кога на 27 декемри оваа година му завршува мандатот на актуелниот, говори за приоритетите на системот во однос на прашањето за борба против криминал и корупција, правда и правна држава. Кога системот е дисфункционален и кога сака да ги прикрие своите слабости и афинитети, тогаш сме сведоци како институциите меѓу себе си ја префрлаат одговорноста за таа дисфункционалност. Тоа води до состојба одговорноста да е и сечија и ничија, и никој конкретно не сноси последици.

Да се има Совет на јавни обвинители кој функционира на база на дискреционо право, без да има јасни метрики за евалуација на кандидатите, е спротивно на целта поради која тој Совет постои, смета Ристоска. (Фото: Ѓ. Личовски)

„Ние нема да дојдеме во Северна Македонија да апсиме некого или да почнеме правен процес против нив, но интересно ќе биде да се види какви дејствија ќе бидат преземени по означувањата. Не е моја работа како амбасадор на САД да им кажувам на институциите тука што треба да преземат“, рече амбасадорката Агелер на 20 јули. На 6 септември, пратениците ги амнестираа криминалците. По оваа дрскост, ќе има ли Македонија последици од САД?
– Прашањето за последиците не можам да ви го одговорам, бидејќи навистина и не знам дали ќе имаме последици од таа перспектива. Можам да кажам дека апсолутно се согласувам со изјавата на амбасадорката. Тоа е прашање што ние интерно тука треба да го адресираме. За мене, искрено застрашувачки се последиците од неказнивоста која се протежира од највисоките чинители во општеството. И ако го погледнеме степенот на протежирање на неказнивост и степенот на корупција како моментално најгорливиот проблем на нашето општество, некако јас добивам веќе впечаток дека не се ова слабости на системот или некои девијантни појави, туку веќе имаме ситуација кога овие појави стануваат афинитет на системот. Системот е повеќе заинтересиран да обезбеди неказнивост, да поддржи корупција, отколку што е заинтересиран да застане на патот на правото и правдата.

Какво е тоа безобразие властите овде да земаат милиони од Владата на САД за помош во судството, а кога таа Влада ќе означи криминалци кои може да ги загрозат и американскиот систем и економија, да ѝ вратат вака со шлаканица в лице?
– Немам зборови.

Зошто судовите толку ги заглавија предметите на СЈО за највисока корупција? Дали уште од одма се знаеше дека политички се ќе биде испеглано на крајот, што би рекол еден мнoгу моќен обвинет, сега спасен и ослободен од сè живо што имаше како обвинение? Дали се согласувате со коментарите на судиите дека вие обвинителите сте биле криви што место по неколку, сте поднесувале по стотици докази?
– Кога еден предмет ќе влезе во судска постапка, единствен одговорен за менаџирање на тој предмет и господар, е судот. Обвинителот може да има одговорност само ако не се појавува на судските рочишта и поради него се одлагаат рочиштата. Одговорноста секогаш ќе се префрла меѓу судовите и обвинителствата и тоа е исклучиво со цел да нема краен виновник и да нема одговорност. Апсурдно е да се тврди дека постапките долго траат затоа што имаат многу докази, заради тоа што обвинителството си ја сработило работата и обезбедило огромен број на докази. На светско ниво, а богами и кај нас низ историјата, сведоци сме дека имало предмети во кои имало и тоа како бројни докази, бројни обвинети и сведоци, кои што предмети го виделе својот крај. Се трудам да не сум субјективна за предметите на СЈО, во кои сум инволвирана и јас во тие предмети, но еве од дистанца кога ги гледам работите, кај мене преовладува перцепцијата дека долгото траење на овие постапки, се злоупотреби на некој начин, за одредени политички цели.

    

Најново

(ВИДЕО) Чарна Невзати ќе ја претставува Македонија на Мис на светот

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) 24 Анализа – Колку евентуалните потреси во владата ќе донесат и предвремени паралементарни избори?

Sase Ivanovski

Од стационарот „Лајка” до Википедија: Едукативна авантура на учениците од гимназија „Јосип Броз-Тито“-Скопје

Sase Ivanovski

Честитка – Гаши: 9 Мај нека биде поттик за уште посилна посветеност кон европската иднина!

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Вчера 777 сообраќајни прекршоци, 175 за брзо возење

Sase Ivanovski

Јаневска: со квалитетни идеи и повеќе партнери на образовните установи, дополнително ја стимулираме еколошката одговорност кај младите

Sase Ivanovski

Гаши со честитка: Новиот папа да донесе повеќе духовност и поголема етика, а неговата работа да биде патоказ на патот кон мирот!

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Лишен од слобода велешанец затоа што управувал возило под дејство на алкохол и предизвикал три сообраќајни незгоди

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Министерство за внатрешни работи: Лишени од слобода лицето кое пукаше и четворица помагачи во врска со синоќешното убиство во Штип

Sase Ivanovski

СДСМ: Убиствата станаа секојдневие, Тошковски нема контрола над безбедноста

Sase Ivanovski

Ѓорѓиевски: Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ со конкретни мерки и финансиска поддршка е партнер на општините во Македонија

Sase Ivanovski

Ристески: Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ вложува во спортската инфраструктура

Sase Ivanovski

Герасимовски: Со градинката Пролет поставивме нови стандарди за детска грижа во Центар

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: МЗШВ се грижи за земјоделците и руралниот развој во Македонија, доделени се договори во вкупен износ од 10.094.050 денари на 54 здруженија

Sase Ivanovski

Здружение на класични филолози „Антика“: Државен натпревар по класични јазици

Sase Ivanovski

СДСМ: Максим Димитриевски си ги сруши сите изборни ветувања со еден корупциски скандал – тој е минато

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Лишен од слобода крадец во Струга за издржување казна затвор од две години и девет месеци

Sase Ivanovski

Герасимовски: Фотоволтаиците на ООУ „Киро Глигоров“ чекор до енергетски независен Центар

Sase Ivanovski

Филипче: Да го продолжиме патот на мирот, соработката, слободата и солидарноста

Sase Ivanovski

Трамп повикува на „безусловно“ 30-дневно примирје меѓу Русија и Украина

Sase Ivanovski

ВИДЕО: Пропагандни видеа се шират на Фејсбук: Москва е рајот, а европските метрополи пеколот!

Sase Ivanovski

Променливо облачно со сончеви периоди, попладне и во текот на ноќта дожд

Sase Ivanovski

ВИДЕО: Драматична потера по напаѓачот од Штип пред Скопје – полицајците пукале откако ја пробил рампата кај Миладиновци

Sase Ivanovski

Секој четврти Британец смета дека Трамп е поопасен од терористичките организации

Sase Ivanovski

САД по прекинот на струја на аеродромот Њуарк ќе го модернизира системот за контрола на летање

Sase Ivanovski

Кошта идната недела тргнува на турнеја по Западен Балкан

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Манчестер јунајтед и Тотенхем закажаа финале во Лига Европа

Sase Ivanovski

Србија: Гимназиски професор кој ги навредуваше студентите стана државен секретар

Sase Ivanovski

Мерц ќе воведува вонредна состојба за да ја спречи масовната миграција во Германија

Sase Ivanovski

Сиљановска Давкова упати честитка до новиот папа Лав Четиринаесетти

Sase Ivanovski

Томовски: Ако сакаме да бидеме сериозна држава треба да имаме соодветен владин авион

Sase Ivanovski

Димитриевски до Филипче: Самопрогласениот лидер да се занимава со себе и да види да не му се распадне зградата на Бихаќка

Sase Ivanovski

ЗА ВЛАДИНИОТ АВИОН ВЕЌЕ НЕМА РЕЗЕРВНИ ДЕЛОВИ Соседните држави не собираат со нивни летала

Sase Ivanovski

(Видео): Овие документи потврдуваат голем скандал во Куманово – Димитриевски и Митевски, со поддршка на ДУИ, заработиле 350.000 евра!

Sase Ivanovski

БИЛ ГЕЈТС ОБЈАВИ КОМУ ЌЕ ДОНИРА 107 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ Си даде рок од 20 години

Sase Ivanovski

Венс: Не би рекол дека Русија не сака прекин на војната, ама тие бараат премногу

Sase Ivanovski

24 Отворено – Политичка драма на повеќе фронтови

Sase Ivanovski

Вин-Вин: Кој е мастер планот за кого игра Таравари? – Интервју со Зијадин Села

Sase Ivanovski

Вучиќ: Остварив многу срдечни средби со разни лидери

Sase Ivanovski

Кога ќе профункционираат спортските објекти во Прилеп ?

Sase Ivanovski

Претрес на адвокатот на Кешишев: Како царот Палчо ги разочара поданиците, по убиствата на Вања и Панче

Sase Ivanovski

Сиљановска-Давкова: Саемот на книгата е обид за културен натпревар на народите

Sase Ivanovski

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) Крвавата пресметка ги вознемири штипјани

Sase Ivanovski

Честитка од премиерот Мицкоски за изборот на новиот папа Леоне XIV

Sase Ivanovski

Костадинов: Ќе ги рушиме угостителските објекти кои не исполнуваат стандарди!

Sase Ivanovski

„Прв американски папа, каква чест“: Трамп му упати честитки на новиот понтиф

Sase Ivanovski

РУСКА САЛАТА ОД ИЗГОВОРИ Еден по еден му откажуваат гостите на Путин

Sase Ivanovski

Прв говор на новиот папа: На човештвото му е потребен Христос како мост до Бога и неговата љубов

Sase Ivanovski

Новиот владин авион ќе нè чини од 20 до 50 милиони евра, ако сме сериозна држава, треба да имаме соодветно летало“, вели Томовски

Sase Ivanovski

Касами: Таравари ќе биде министер „уште некој ден“

Sase Ivanovski

Американецот Роберт Превост е новиот папа

Sase Ivanovski

(Видео) Пукање во Штип, едно лице убиено, нема информации за повредени

Sase Ivanovski

Родители на починатите во „Пулс“ со писмо до јавноста: Оваа трагедија е масовно убиство и загрозување на човековите животи и безбедноста. Бараме  правна разрешница и одговорност од сите инволвирани лица и институции

Sase Ivanovski

Ворен Бафет на 94 годишна возраст е горд што сè уште е жив со секојдневно јадење на брза храна и пиење кока-кола

Sase Ivanovski

Од ЕКВ и Дисциплина Кичме до Аца Лукас и Мира Шкориќ – „Коцка је бачена“ во МКЦ

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Филмски факт: Хероината на „Исправи се, Делфина“ меѓу реалноста и фикцијата

Sase Ivanovski

Новата сликовница „Девојчето со форичката“ ги едуцира децата за справување со емоциите

Sase Ivanovski

Утре еко час во „Лазо Ангеловски“ организација УНИЦЕФ и на Шведска

Sase Ivanovski

Изречена е казна затвор од една година за ширење расистички и ксенофобичен материјал кон ЛГБТИ заедницата како припадници на маргинализирана група

Sase Ivanovski

Нова продукциска куќа зад „Д-фест“, фестивалот останува во Дојран

Sase Ivanovski

Медицинска опрема вредна 18,6 милиони евра фаќа прашина по болниците бидејќи нема кој да ја користи

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ВМРО-ДПМНЕ: Денот во 60 секунди – Во завршна фаза е набавката за новите 120 автобуси, јавниот долг под просекот на ЕУ, се решава недостигот на човечки ресурси во болниците

Sase Ivanovski

Димовска- Касталди: парламентарните служби се клучни за демократија

Sase Ivanovski

Средба Гаши – Фонтана во Рим

Sase Ivanovski

Порака од Рим: Без интеграција во ЕУ на Балканот, ризикуваме создавање на географски вакуум

Sase Ivanovski

Од Скопје до Вол Стрит: Prime Capital by Adora — првата инвестициска консултантска компанија основана со македонски капитал со акредитација во САД

Sase Ivanovski

Томовски: Бројот на општини кои ВМРО-ДПМНЕ ќе ги освои нема да биде само повторен, туку ќе биде и зголемен

Sase Ivanovski

Томовски: СОЗР со неколку нови проекти во интерес на државата и граѓаните

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Скопската полиција на лице место фати криминалци кои краделе во објектите на поранешна Железара

Sase Ivanovski

Вооружени крадци уапсени во кругот на поранешна „Железара“, со пиштоли им се заканувале на вработени

Sase Ivanovski

Гостиварец извадил нож при кавга во продавница, сега ќе одговара

Sase Ivanovski

Газда на фирма од Гостивар ќе одговара за смртта на работник од Бангладеш

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Скопјанец снимен од камера како краде засадено декоративно растение

Sase Ivanovski

Adora Business Group: Со особена гордост го најавуваме новиот стратешки потфат на Adora Business Group — лансирањето на Prime Capital powered by Adora, инвестициска консултантска компанија со седиште на Wall Street во Њујорк, меѓу највлијателните финансиски институции во светот

Sase Ivanovski

Мистерија околу исчезнувањето на 28 годишниот Миле Тодоров

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Хаос во Париз по победата над Арсенал

Sase Ivanovski

Филипче за можна коалиција со ДУИ и Таравари: Ќе разговараме со сите политички партии

Sase Ivanovski

Ангеловска-Бежоска на Kонференцијата на Светската банка: За повисок раст најважно е да се зголеми продуктивноста којашто е околу половина од европската

Sase Ivanovski

Коцевски: Можно е проширување на истрагата за „Пулс“

Sase Ivanovski

Апелација со повисоки казни за обвинетите во „Ласкарци“, сопственикот на „Дурмо турс“ наместо 4 години ќе лежи во затвор 10 години

Sase Ivanovski
Вчитувам....