Колективниот договор од 


година е еден од подобрите колективни договори во регионот. Зголемувањето на платите во областа на културата ќе продолжи. Културните работници претставуваат амбасадори, наши промотори во државата и надвор од неа, а јас се залагам нивните плати никогаш да не бидат доведени под знак прашалник.




Ги повикувам пратениците час поскоро да ги усвојат предлог-законите за употреба на македонскиот јазик и измените на Законот за игри на среќа со кој го решаваме недостигот на стручен кадар во заштитата на културното наследство и нивно вработување.
Универзална сала е сѐ уште во владение на град Скопје, очекувам без никакви политички калкулации, Градот да ја прифати Одлуката на Советот во целост и да ја пренесе надлежноста за реконструкција на Министерството за култура.