МАКТЕЛ

     

ДЕНКО МАЛЕСКИ: Пендаровски излезе политичар кукавица, се размина со најважната задача од својот мандат, Глигоров не внесе во ООН, Пендаровски требаше да не внесе во ЕУ!

      

На претседателот Пендаровски, историјата му додели една многу тешка „карта“, речиси како онаа на Глигоров при осамостојувањето: да се зафати со решавање на „историскиот спор“ со Бугарија. Првиот претседател успешно ја одигра „картата“ и, на мирен начин, ја внесе државата во ОН, петтиот претседател едноставно одби да учествува во „играта“.

Пишува: Денко МАЛЕСКИ, ФОКУС.МК

Тоа утро, пред некоја година, кога слушнав на телевизија дека вашиот претседател Пендаровски кажал дека Гоце Делчев бил со бугарска национална самосвест, ми вели поранешниот претседател на Бугарија, Петар Стојанов, при неодамнешната посета на Скопје, ѝ викнав на жена ми дека нема веќе македонско-бугарски проблем.Решен е. Но, проблемот е тука до денешен ден и без решение на повидок. Зошто? Што се случи?

   

Соочен со нападите на опозицијата со жестина каква што е невидена во демократските држави, како и со страшно негативната реакција на јавноста, претседателот никогаш не се дообјасни.Едноставно ја затвори темата во надеж дека кажаното ќе се заборави. Или дека компензација може да бидат „празни популистички изјави“, како што Ивајло Дичев ќе ги нарече изјавите на Пендаровски и на Радев.

Но, во модерниве времиња на видеозаписи тоа не е можно. Од опозицијата сѐ уште го прогонуваат за изјавата, а од власта се прават дека таа не постои.Можеме само да замислиме што ќе се случи доколку Пендаровски влезе во трка за втор мандат.Некои портали побрзаа да напишат дека изјавата на македонскиот претседател е плод на моето влијание како советник, но тоа не е точно.

СЕ ИСПЛАШИ И ЗАМОЛКНА

Не само што никогаш, во тие месеци „советништво“, не прозборевме на таа тема, туку ни на која било друга.Иронично, на претседателот Пендаровски, токму историјата му додели една многу тешка „карта“, речиси како онаа на Глигоров при осамостојувањето: да се зафати со решавање на „историскиот спор“ со Бугарија.

Првиот претседател успешно ја одигра „картата“ и, на мирен начин, ја внесе државата во ОН.Петтиот претседател едноставно одби да учествува во „играта“, свесен дека политичко единство не е можно, а жестоки критики и обвинувања за предавство се неизбежни.Околу решението, Пендаровски беше раководен од ставот дека колку и да трае кризата, на крајот, како и секогаш досега во нашите кризи, ќе има интервенција на големите сили, кои, преку посредници, ќе го издиктираат решението.

Меѓутоа, ова е идентитетски спор во кој и ние треба да кажеме нешто. Сепак, за нас се работи. Но, како да кажеме нешто кога одбиваме да зборуваме?Од македонско-бугарската тема направивме таков бауч, што дури и претседателот се исплаши и замолкна. Тоа беше сигнал и сите други да замолчат.

Свесен дека е оставен сам на чистина, да ја избегне темата успеа дури и претседателот на мешовитата историска комисија Драги Георгиев, кој јавно изјави дека не е работа на комисијата да го каже националниот идентитет на Гоце Делчев(?!).Новинарката, пак, со истата ментална блокада како и професорот, не се осмели да праша барем за негово лично мислење како историчар.Претседателот Пендаровски не требаше да го направи тоа што го направи. Мораше да опстои на кажаното со објаснувањето дека Гоце Делчев е и творецот на македонската држава и нација.

НАРАТИВОТ НА КАТАРЏИЕВ

Така, апсолвирајќи ја темата за етничката припадност на Делчев од едно минато време, апсолвирајќи еден прост историски факт од пред 120 години, кога меѓу македонските Словени од Отоманското царство владеела пан-бугарската идеја, претседателот требаше да го стави акцентот на улогата на Делчев како татко на модерната македонска нација.

Зашто тука има една вистинита приказна за нашата еволуција во модерна нација: од никулците на јазичниот идентитет во средината на деветнаесеттиот век, преку политичкиот идентитет на Гоце Делчев во дваесеттиот, до националниот идентитет на македонските партизани, дотогашни Јужносрбијанци, во средината на векот.

Доколку се осмелеше да зборува на темата, претседателот Пендаровски ќе мораше самиот да пишува нов македонски историски наратив компатибилен со европскиот и светскиот?Не. Има еден што е веќе напишан, заборавениот наратив на професорот и академик Иван Катарџиев.

Како што пишува странски научник кој педантно ги изучувал делата на нашите историчари, како и секаде во светот, и во македонската историографија нема едногласност за нашата етногенеза, како што обично се мисли.Имено, тој распознава три наративи. Првиот, кој ги наоѓа нашите корени во Античка Македонија (Пановски), вториот, кој корените ги наоѓа во средниот век (Блаже Ристовски) и третиот, кој почетоците на македонската нација ги наоѓа во средината на деветнаесеттиот век (Катарџиев).

ПРОПУШТЕНА МОЖНОСТ

Има нешто добро во идејата Пендаровски повторно да се кандидира за претседател: ќе мора да се доискаже и така да го отвори патот кон решавање на македонско-бугарскиот спор околу историјата.Поконкретно, на „милениумската етногенеза“ на ВМРО-ДПМНЕ, производ на умот на партијата и на човек од техничките науки, но никаде во литературата не фигурира како историски наратив „Коцарев“, да им го спротивстави наративот „Катарџиев“.

Зашто, тој македонски наратив е клучот за решавање на спорот. Но, зад овој наратив би требало да застане СДСМ, партија на која ѝ се придружи Иван Катарџиев по независноста.

Еве, како и во многу други нешта од нашата историја, и овде има една трагична нота.Имено, шансата е пропуштена пред речиси пет години. Во сегашнава политичка клима во земјата, овој наратив е многу непопуларен.Иако Катарџиев покажува дека имаме сопствено објаснување, кое е модерно и европско, јавност, задоена со негативни чувства кон Бугарите, нема лесно да го прифати, па тешко која било партија да застане зад таков непопуларен наратив во овој момент.

Имено, избори се ближат. А, има ли политичар или партија што сакаат да бидат непопуларни? Па, баш пред избори? Не ми се верува.Кога, некаде на почетокот од својот мандат, претседателот Пендаровски не се доискажа, најверојатно засекогаш ја загуби шансата да тргне во решавање на најважната тема на својот мандат: македонско-бугарските односи како пречка за нашите евроинтеграции.

  

Најново

Трамп повикува на „безусловно“ 30-дневно примирје меѓу Русија и Украина

Sase Ivanovski

ВИДЕО: Пропагандни видеа се шират на Фејсбук: Москва е рајот, а европските метрополи пеколот!

Sase Ivanovski

Променливо облачно со сончеви периоди, попладне и во текот на ноќта дожд

Sase Ivanovski

ВИДЕО: Драматична потера по напаѓачот од Штип пред Скопје – полицајците пукале откако ја пробил рампата кај Миладиновци

Sase Ivanovski

Секој четврти Британец смета дека Трамп е поопасен од терористичките организации

Sase Ivanovski

САД по прекинот на струја на аеродромот Њуарк ќе го модернизира системот за контрола на летање

Sase Ivanovski

Кошта идната недела тргнува на турнеја по Западен Балкан

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Манчестер јунајтед и Тотенхем закажаа финале во Лига Европа

Sase Ivanovski

Србија: Гимназиски професор кој ги навредуваше студентите стана државен секретар

Sase Ivanovski

Мерц ќе воведува вонредна состојба за да ја спречи масовната миграција во Германија

Sase Ivanovski

Сиљановска Давкова упати честитка до новиот папа Лав Четиринаесетти

Sase Ivanovski

Томовски: Ако сакаме да бидеме сериозна држава треба да имаме соодветен владин авион

Sase Ivanovski

Димитриевски до Филипче: Самопрогласениот лидер да се занимава со себе и да види да не му се распадне зградата на Бихаќка

Sase Ivanovski

ЗА ВЛАДИНИОТ АВИОН ВЕЌЕ НЕМА РЕЗЕРВНИ ДЕЛОВИ Соседните држави не собираат со нивни летала

Sase Ivanovski

(Видео): Овие документи потврдуваат голем скандал во Куманово – Димитриевски и Митевски, со поддршка на ДУИ, заработиле 350.000 евра!

Sase Ivanovski

БИЛ ГЕЈТС ОБЈАВИ КОМУ ЌЕ ДОНИРА 107 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ Си даде рок од 20 години

Sase Ivanovski

Венс: Не би рекол дека Русија не сака прекин на војната, ама тие бараат премногу

Sase Ivanovski

24 Отворено – Политичка драма на повеќе фронтови

Sase Ivanovski

Вин-Вин: Кој е мастер планот за кого игра Таравари? – Интервју со Зијадин Села

Sase Ivanovski

Вучиќ: Остварив многу срдечни средби со разни лидери

Sase Ivanovski

Кога ќе профункционираат спортските објекти во Прилеп ?

Sase Ivanovski

Претрес на адвокатот на Кешишев: Како царот Палчо ги разочара поданиците, по убиствата на Вања и Панче

Sase Ivanovski

Сиљановска-Давкова: Саемот на книгата е обид за културен натпревар на народите

Sase Ivanovski

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) Крвавата пресметка ги вознемири штипјани

Sase Ivanovski

Честитка од премиерот Мицкоски за изборот на новиот папа Леоне XIV

Sase Ivanovski

Костадинов: Ќе ги рушиме угостителските објекти кои не исполнуваат стандарди!

Sase Ivanovski

„Прв американски папа, каква чест“: Трамп му упати честитки на новиот понтиф

Sase Ivanovski

РУСКА САЛАТА ОД ИЗГОВОРИ Еден по еден му откажуваат гостите на Путин

Sase Ivanovski

Прв говор на новиот папа: На човештвото му е потребен Христос како мост до Бога и неговата љубов

Sase Ivanovski

Новиот владин авион ќе нè чини од 20 до 50 милиони евра, ако сме сериозна држава, треба да имаме соодветно летало“, вели Томовски

Sase Ivanovski

Касами: Таравари ќе биде министер „уште некој ден“

Sase Ivanovski

Американецот Роберт Превост е новиот папа

Sase Ivanovski

(Видео) Пукање во Штип, едно лице убиено, нема информации за повредени

Sase Ivanovski

Родители на починатите во „Пулс“ со писмо до јавноста: Оваа трагедија е масовно убиство и загрозување на човековите животи и безбедноста. Бараме  правна разрешница и одговорност од сите инволвирани лица и институции

Sase Ivanovski

Ворен Бафет на 94 годишна возраст е горд што сè уште е жив со секојдневно јадење на брза храна и пиење кока-кола

Sase Ivanovski

Од ЕКВ и Дисциплина Кичме до Аца Лукас и Мира Шкориќ – „Коцка је бачена“ во МКЦ

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Филмски факт: Хероината на „Исправи се, Делфина“ меѓу реалноста и фикцијата

Sase Ivanovski

Новата сликовница „Девојчето со форичката“ ги едуцира децата за справување со емоциите

Sase Ivanovski

Утре еко час во „Лазо Ангеловски“ организација УНИЦЕФ и на Шведска

Sase Ivanovski

Изречена е казна затвор од една година за ширење расистички и ксенофобичен материјал кон ЛГБТИ заедницата како припадници на маргинализирана група

Sase Ivanovski

Нова продукциска куќа зад „Д-фест“, фестивалот останува во Дојран

Sase Ivanovski

Медицинска опрема вредна 18,6 милиони евра фаќа прашина по болниците бидејќи нема кој да ја користи

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ВМРО-ДПМНЕ: Денот во 60 секунди – Во завршна фаза е набавката за новите 120 автобуси, јавниот долг под просекот на ЕУ, се решава недостигот на човечки ресурси во болниците

Sase Ivanovski

Димовска- Касталди: парламентарните служби се клучни за демократија

Sase Ivanovski

Средба Гаши – Фонтана во Рим

Sase Ivanovski

Порака од Рим: Без интеграција во ЕУ на Балканот, ризикуваме создавање на географски вакуум

Sase Ivanovski

Од Скопје до Вол Стрит: Prime Capital by Adora — првата инвестициска консултантска компанија основана со македонски капитал со акредитација во САД

Sase Ivanovski

Томовски: Бројот на општини кои ВМРО-ДПМНЕ ќе ги освои нема да биде само повторен, туку ќе биде и зголемен

Sase Ivanovski

Томовски: СОЗР со неколку нови проекти во интерес на државата и граѓаните

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Скопската полиција на лице место фати криминалци кои краделе во објектите на поранешна Железара

Sase Ivanovski

Вооружени крадци уапсени во кругот на поранешна „Железара“, со пиштоли им се заканувале на вработени

Sase Ivanovski

Гостиварец извадил нож при кавга во продавница, сега ќе одговара

Sase Ivanovski

Газда на фирма од Гостивар ќе одговара за смртта на работник од Бангладеш

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Скопјанец снимен од камера како краде засадено декоративно растение

Sase Ivanovski

Adora Business Group: Со особена гордост го најавуваме новиот стратешки потфат на Adora Business Group — лансирањето на Prime Capital powered by Adora, инвестициска консултантска компанија со седиште на Wall Street во Њујорк, меѓу највлијателните финансиски институции во светот

Sase Ivanovski

Мистерија околу исчезнувањето на 28 годишниот Миле Тодоров

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Хаос во Париз по победата над Арсенал

Sase Ivanovski

Филипче за можна коалиција со ДУИ и Таравари: Ќе разговараме со сите политички партии

Sase Ivanovski

Ангеловска-Бежоска на Kонференцијата на Светската банка: За повисок раст најважно е да се зголеми продуктивноста којашто е околу половина од европската

Sase Ivanovski

Коцевски: Можно е проширување на истрагата за „Пулс“

Sase Ivanovski

Апелација со повисоки казни за обвинетите во „Ласкарци“, сопственикот на „Дурмо турс“ наместо 4 години ќе лежи во затвор 10 години

Sase Ivanovski

Муцунски: Посветени сме на реформите, но очекуваме и Брисел да го исполни она што го вети кон Западниот Балкан

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Виктор Грозданов: Извини господине Ахмети ќе се соочиш со вистината која се вика опозиција

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Лишен од слобода албански државјанин на Граничен премин Блато поради нудење поткуп

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) СДСМ поднесе предлог Закон за поддршка на настраданите во трагедијата во Кочани

Sase Ivanovski

(ФОТО) Голем интерес за селекција на отпад во Охрид: Комплетирана иницијативата за селекција како дел од РСУО

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Дамир Пух со нов инструментален сингл – „Saffron Skies“

Sase Ivanovski

(ФОТО) Средба на заменикот генерален секретар Ѓошевски со специјалната пратеничка на финското Претседателство со ОБСЕ

Sase Ivanovski

Средба на потпретседателот на Собранието Антонијо Милошоски со претставници од Секретаријатот на Партнерството за отворена власт

Sase Ivanovski

(ФОТО) Герасимовски: Ја отворивме првата градинка во Пролет по 50 години, за најмилите, за нашите дечиња

Sase Ivanovski

Максим Димитриевски: Цел на лагите на СДСМ не сум јас, туку ЗНАМ, како најбрзорастечка партија во Македонија

Sase Ivanovski

Дурмиши: Мерките на Министерството за економија и труд даваат резултат, цените на храната се стабилизираат, посветено работиме на заштита на животниот стандард

Sase Ivanovski

(ФОТО) Филипче: Градинката „Пролет“ е пример како треба да изгледа модерно Скопје – спротивно од кичот на Скопје 2014

Sase Ivanovski

Павле Арсоски Движење ЗНАМ – За наша Македонија во Крушево и Демир Хисар

Sase Ivanovski

(ФОТО) Максим Димитриевски во Долнени и Прилеп: Верувам во политиката што произлегува од теренот

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Манасиевски: Фирма за тендери – Стентон Градба во време на СДС 90% од приходите ги имала од јавни набавки, до кога ЈО ќе молчи?

Sase Ivanovski

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ треба да го поддржи Законот за Кочани

Sase Ivanovski

Пренџов: ДУИ е партија базирана на ширење нетрпеливост, лаги и манипулации

Sase Ivanovski

(ФОТО) Потпреседателката на ЗНАМ, Бендевска на средба со членовите и симпатизерите во Кавадарци и Неготино

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Кривична пријава против поранешен директор на ЈП „Колекторски систем“ Скопје – Подрачно одделение Охрид за злоупотреба на службената положба и овластување

Sase Ivanovski
Вчитувам....