Приведени крадци во тетовско, фатени на дело Денеска (02.12.2023) во с.Радиовце, тетовско, полициски службеници од СВР Тетово – Полициско одделение Жеровјане ги лишиле од слобода Л.Р.(26) од с.Синичане, тетовско, Ј.С.(20) од с.Селце, тетовско и Л.С.(19) од с.Селце Кеч, тетовско. Тие биле затекнати при извршување „тешка кражба“ во товано возило, при што одзеле повеќе предмети. Одземеното било пронајдено и вратено на сопственикот, а лицата биле задржани во полициска станица. По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
Приведени разбојници во Куманово, следува соодветна пријава
На 01.12.2023 во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово ги лишиле од слобода Д.С.(19) и Д.С.(28), двајцата од Куманово. Тие се сомничат дека на 29.11.2023 на бензинска пумпа на улица „Доне Божинов“ во Куманово физички го нападнале вработениот и со закана му одзеле пари од дневниот промет.По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
Приведен крадец во Велес, следува соодветна пријаваНа 01.12.2023 година во 12.10 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода И.В.(21) од Велес. Тој се сомничи дека од објект на правно лице одзел повеќе предмети. Одземеното било пронајдено и ќе биде вратено на сопственикот. За настанот бил известен јавен обвинител и по документирање на настанот, против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.