МАКТЕЛ

     

(ВИДЕО) По пауза од 7 години, Ердоган во Атина: почеток на нова ера во односите?

      


Реџеп Таип Ердоган во Грција/ Фото: AA/ABACA / Abaca Press / Profimedia
Турскиот претседател Ердоган денес е во официјална посета на Грција. Атина и Анкара изјавуваат дека тежнеат кон „позитивна агенда и приближување“. Има ли изгледи тоа да успее?

Првиот обид не успеа. Реџеп Таип Ердоган навистина беше првиот претседател на Турција кој во 2017 година по повеќе од 60 години, дојде во официјална посета на Грција, но секој кој тогаш се надеваше на историско зближување остана разочаран. Веднаш на почетокот на разговорите со грчкиот претседател Прокопис Павлопулос дојде до спор околу прашањето за поморските граници на Егејското море. Покрај тоа, како што и се очекуваше, Грците го одбија барањето на Ердоган за екстрадиција на турските офицери кои избегаа во соседната земја по неуспешниот пуч летото 2016 година. Следуваа шест години на ледени политички односи меѓу Атина и Анкара.

   

Сега има нов обид. Турскиот претседател денес, 7.12.2023, доаѓа во Турција и како што самиот вели тоа е вовед во „нова ера“ на билатералните односи. Грчко-турскиот совет за соработка со кој претседаваат Ердоган и грчкиот премиер Мицотакис исто така ќе се состане прв пат по седум години. Според пишувањето на медиумите, Ердоган нема да остане во Атина подолго од шест часа. Па колку е тогаш веројатен позитивен исход од разговорите?

Кој покажува подготвеност на компромис?
„Зависи од тоа како дефинирате ’позитивен‘“, вели за ДВ Константинос Филис од Институтот за меѓународни односи во Атина.
Најважно е, како што оценува Филис, да се придвижи позитивната агенда, да се намали недовербата и да се воспостави добра работна релација меѓу Ердоган и Мицотакис. Ќе се разговара за поблиска соработка во економијата, енергетиката и туризмот, но и за бегалската политика. Грчката државна телевизија ЕРТ најави дека во Атина ќе бидат најавени, па дури и потпишани вкупно 20 билатерални договори.

Сепак, Филис укажува на тоа дека не може да се очекува оти по посетата на Ердоган двете земји ќе ги надминат важните точки во спорот меѓу двете земји затоа што „Турција продолжува да поставува еднострани барања и да има територијални претензии кои не се правно втемелени и за кои не може сериозно да се расправа“, вели политикологот од Атина.
Фуад Аксу, политиколог од Техничкиот универзитет Јилдиз од Истанбул, има поинакво мислење и смета дека проблемот лежи во Атина.

„Грција очекува Турција секогаш да излегува во пресрет на нивните барања и да прави отстапки. Ако така остане и во текот на претстојната посета, ќе дојде многу тешко до помирување“, укажува турскиот аналитичар.
За да ги опише односите меѓу двете земји Аксу го користи терминот „студен мир“ кога зборува за ситуацијата во Егејското море.
„Во Турција и натаму се гледа со недоверба на Грција“, вели тој.

Визна либерализација како модел за ЕУ
Веројатно е значи погрешно да се имаат големи очекувања. Повеќе може да се смета на политика во мали чекори, како на пример кога станува збор за миграцијата.
Според податоците на Агенцијата на ОН за бегалци, од почетокот на годината до август во Грција од Турција се дојдени околу 25.500 мигранти, два пати повеќе отколку минатата година. Според информации на атинскиот весник „Катимерини“ двете НАТО држави се блиску до договор за построги контроли во Егејското море.

Освен тоа, Грција и Турција како што се наведува веќе се договориле турските државјани да добиваат визи за островите во источниот Егеј под олеснети услови и тоа за прв пат на рок од дури една година. Значи нема да има укинување на визите, но барем ќе има олеснување. Ердоган тоа упорно, но залудно го бара и од Европската унија. Дали сега Грците се можеби подготвени да му помогнат во тоа?

Политикологот Филис смета дека тоа е сосем можно и вели дека „договорот за визните олеснувања е важен за двете земји, а не само за туризмот во Грција. Ердоган веројатно дома ќе може да го продаде договорот како прв чекор кон преговори со Европската унија за долгоочекуваната либерализација на визниот режим“.
Помирување без изборен стрес
Во интервју за ДВ, Фатих Чејлан, пензиониран амбасадор, а денес шеф на „Политичкиот центар Анкара“, нагласува дека ова е погоден момент затоа што и Грција и Турција зад себе имаат важни избори и од таму е сега полесно да се помират. Поранешниот дипломат смета дека тоа би било позитивно, но и укажува дека „проблемите кои постојат долго време се нерешени“.

На крајот на краиштата, приближувањето на поранешните крвни непријатели би можело да ја зацврсти стабилноста во проблематичниот регион. Чејлан укажува на тоа дека западот е зафатен со војните во Украина и на Блискиот Исток, и дека затоа не може себе си да си дозволи нов судир меѓу Турција и Грција. „Затоа се обидуваат барем до некаде да ги подобрат односите меѓу Атина и Анкара“, смета тој. Политикологот Филис пак става под прашање во колкава мера западот воопшто уште може да влијае на тоа.
„Турција под Ердоган се повеќе се оддалечува од западот. Таа денес себеси се доживува како регионална сила која дејствува независно“, заклучува аналитичарот од Атина.
Извор: Дојче Веле/ Автори: Јанис Пападимитриу/Бурак Унверен

  

Најново

Трамп повикува на „безусловно“ 30-дневно примирје меѓу Русија и Украина

Sase Ivanovski

ВИДЕО: Пропагандни видеа се шират на Фејсбук: Москва е рајот, а европските метрополи пеколот!

Sase Ivanovski

Променливо облачно со сончеви периоди, попладне и во текот на ноќта дожд

Sase Ivanovski

ВИДЕО: Драматична потера по напаѓачот од Штип пред Скопје – полицајците пукале откако ја пробил рампата кај Миладиновци

Sase Ivanovski

Секој четврти Британец смета дека Трамп е поопасен од терористичките организации

Sase Ivanovski

САД по прекинот на струја на аеродромот Њуарк ќе го модернизира системот за контрола на летање

Sase Ivanovski

Кошта идната недела тргнува на турнеја по Западен Балкан

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Манчестер јунајтед и Тотенхем закажаа финале во Лига Европа

Sase Ivanovski

Србија: Гимназиски професор кој ги навредуваше студентите стана државен секретар

Sase Ivanovski

Мерц ќе воведува вонредна состојба за да ја спречи масовната миграција во Германија

Sase Ivanovski

Сиљановска Давкова упати честитка до новиот папа Лав Четиринаесетти

Sase Ivanovski

Томовски: Ако сакаме да бидеме сериозна држава треба да имаме соодветен владин авион

Sase Ivanovski

Димитриевски до Филипче: Самопрогласениот лидер да се занимава со себе и да види да не му се распадне зградата на Бихаќка

Sase Ivanovski

ЗА ВЛАДИНИОТ АВИОН ВЕЌЕ НЕМА РЕЗЕРВНИ ДЕЛОВИ Соседните држави не собираат со нивни летала

Sase Ivanovski

(Видео): Овие документи потврдуваат голем скандал во Куманово – Димитриевски и Митевски, со поддршка на ДУИ, заработиле 350.000 евра!

Sase Ivanovski

БИЛ ГЕЈТС ОБЈАВИ КОМУ ЌЕ ДОНИРА 107 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ Си даде рок од 20 години

Sase Ivanovski

Венс: Не би рекол дека Русија не сака прекин на војната, ама тие бараат премногу

Sase Ivanovski

24 Отворено – Политичка драма на повеќе фронтови

Sase Ivanovski

Вин-Вин: Кој е мастер планот за кого игра Таравари? – Интервју со Зијадин Села

Sase Ivanovski

Вучиќ: Остварив многу срдечни средби со разни лидери

Sase Ivanovski

Кога ќе профункционираат спортските објекти во Прилеп ?

Sase Ivanovski

Претрес на адвокатот на Кешишев: Како царот Палчо ги разочара поданиците, по убиствата на Вања и Панче

Sase Ivanovski

Сиљановска-Давкова: Саемот на книгата е обид за културен натпревар на народите

Sase Ivanovski

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) Крвавата пресметка ги вознемири штипјани

Sase Ivanovski

Честитка од премиерот Мицкоски за изборот на новиот папа Леоне XIV

Sase Ivanovski

Костадинов: Ќе ги рушиме угостителските објекти кои не исполнуваат стандарди!

Sase Ivanovski

„Прв американски папа, каква чест“: Трамп му упати честитки на новиот понтиф

Sase Ivanovski

РУСКА САЛАТА ОД ИЗГОВОРИ Еден по еден му откажуваат гостите на Путин

Sase Ivanovski

Прв говор на новиот папа: На човештвото му е потребен Христос како мост до Бога и неговата љубов

Sase Ivanovski

Новиот владин авион ќе нè чини од 20 до 50 милиони евра, ако сме сериозна држава, треба да имаме соодветно летало“, вели Томовски

Sase Ivanovski

Касами: Таравари ќе биде министер „уште некој ден“

Sase Ivanovski

Американецот Роберт Превост е новиот папа

Sase Ivanovski

(Видео) Пукање во Штип, едно лице убиено, нема информации за повредени

Sase Ivanovski

Родители на починатите во „Пулс“ со писмо до јавноста: Оваа трагедија е масовно убиство и загрозување на човековите животи и безбедноста. Бараме  правна разрешница и одговорност од сите инволвирани лица и институции

Sase Ivanovski

Ворен Бафет на 94 годишна возраст е горд што сè уште е жив со секојдневно јадење на брза храна и пиење кока-кола

Sase Ivanovski

Од ЕКВ и Дисциплина Кичме до Аца Лукас и Мира Шкориќ – „Коцка је бачена“ во МКЦ

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Филмски факт: Хероината на „Исправи се, Делфина“ меѓу реалноста и фикцијата

Sase Ivanovski

Новата сликовница „Девојчето со форичката“ ги едуцира децата за справување со емоциите

Sase Ivanovski

Утре еко час во „Лазо Ангеловски“ организација УНИЦЕФ и на Шведска

Sase Ivanovski

Изречена е казна затвор од една година за ширење расистички и ксенофобичен материјал кон ЛГБТИ заедницата како припадници на маргинализирана група

Sase Ivanovski

Нова продукциска куќа зад „Д-фест“, фестивалот останува во Дојран

Sase Ivanovski

Медицинска опрема вредна 18,6 милиони евра фаќа прашина по болниците бидејќи нема кој да ја користи

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ВМРО-ДПМНЕ: Денот во 60 секунди – Во завршна фаза е набавката за новите 120 автобуси, јавниот долг под просекот на ЕУ, се решава недостигот на човечки ресурси во болниците

Sase Ivanovski

Димовска- Касталди: парламентарните служби се клучни за демократија

Sase Ivanovski

Средба Гаши – Фонтана во Рим

Sase Ivanovski

Порака од Рим: Без интеграција во ЕУ на Балканот, ризикуваме создавање на географски вакуум

Sase Ivanovski

Од Скопје до Вол Стрит: Prime Capital by Adora — првата инвестициска консултантска компанија основана со македонски капитал со акредитација во САД

Sase Ivanovski

Томовски: Бројот на општини кои ВМРО-ДПМНЕ ќе ги освои нема да биде само повторен, туку ќе биде и зголемен

Sase Ivanovski

Томовски: СОЗР со неколку нови проекти во интерес на државата и граѓаните

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Скопската полиција на лице место фати криминалци кои краделе во објектите на поранешна Железара

Sase Ivanovski

Вооружени крадци уапсени во кругот на поранешна „Железара“, со пиштоли им се заканувале на вработени

Sase Ivanovski

Гостиварец извадил нож при кавга во продавница, сега ќе одговара

Sase Ivanovski

Газда на фирма од Гостивар ќе одговара за смртта на работник од Бангладеш

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Скопјанец снимен од камера како краде засадено декоративно растение

Sase Ivanovski

Adora Business Group: Со особена гордост го најавуваме новиот стратешки потфат на Adora Business Group — лансирањето на Prime Capital powered by Adora, инвестициска консултантска компанија со седиште на Wall Street во Њујорк, меѓу највлијателните финансиски институции во светот

Sase Ivanovski

Мистерија околу исчезнувањето на 28 годишниот Миле Тодоров

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Хаос во Париз по победата над Арсенал

Sase Ivanovski

Филипче за можна коалиција со ДУИ и Таравари: Ќе разговараме со сите политички партии

Sase Ivanovski

Ангеловска-Бежоска на Kонференцијата на Светската банка: За повисок раст најважно е да се зголеми продуктивноста којашто е околу половина од европската

Sase Ivanovski

Коцевски: Можно е проширување на истрагата за „Пулс“

Sase Ivanovski

Апелација со повисоки казни за обвинетите во „Ласкарци“, сопственикот на „Дурмо турс“ наместо 4 години ќе лежи во затвор 10 години

Sase Ivanovski

Муцунски: Посветени сме на реформите, но очекуваме и Брисел да го исполни она што го вети кон Западниот Балкан

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Виктор Грозданов: Извини господине Ахмети ќе се соочиш со вистината која се вика опозиција

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Лишен од слобода албански државјанин на Граничен премин Блато поради нудење поткуп

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) СДСМ поднесе предлог Закон за поддршка на настраданите во трагедијата во Кочани

Sase Ivanovski

(ФОТО) Голем интерес за селекција на отпад во Охрид: Комплетирана иницијативата за селекција како дел од РСУО

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Дамир Пух со нов инструментален сингл – „Saffron Skies“

Sase Ivanovski

(ФОТО) Средба на заменикот генерален секретар Ѓошевски со специјалната пратеничка на финското Претседателство со ОБСЕ

Sase Ivanovski

Средба на потпретседателот на Собранието Антонијо Милошоски со претставници од Секретаријатот на Партнерството за отворена власт

Sase Ivanovski

(ФОТО) Герасимовски: Ја отворивме првата градинка во Пролет по 50 години, за најмилите, за нашите дечиња

Sase Ivanovski

Максим Димитриевски: Цел на лагите на СДСМ не сум јас, туку ЗНАМ, како најбрзорастечка партија во Македонија

Sase Ivanovski

Дурмиши: Мерките на Министерството за економија и труд даваат резултат, цените на храната се стабилизираат, посветено работиме на заштита на животниот стандард

Sase Ivanovski

(ФОТО) Филипче: Градинката „Пролет“ е пример како треба да изгледа модерно Скопје – спротивно од кичот на Скопје 2014

Sase Ivanovski

Павле Арсоски Движење ЗНАМ – За наша Македонија во Крушево и Демир Хисар

Sase Ivanovski

(ФОТО) Максим Димитриевски во Долнени и Прилеп: Верувам во политиката што произлегува од теренот

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Манасиевски: Фирма за тендери – Стентон Градба во време на СДС 90% од приходите ги имала од јавни набавки, до кога ЈО ќе молчи?

Sase Ivanovski

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ треба да го поддржи Законот за Кочани

Sase Ivanovski

Пренџов: ДУИ е партија базирана на ширење нетрпеливост, лаги и манипулации

Sase Ivanovski

(ФОТО) Потпреседателката на ЗНАМ, Бендевска на средба со членовите и симпатизерите во Кавадарци и Неготино

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Кривична пријава против поранешен директор на ЈП „Колекторски систем“ Скопје – Подрачно одделение Охрид за злоупотреба на службената положба и овластување

Sase Ivanovski
Вчитувам....