21.8 C
Скопје
09/05/2025 11:45
МАКТЕЛ

     

Најдобар начин да се реши корупцијата е евроинтеграцијата: Интервју со Едвард Џозеф

      

Во Македонија вчера имаше коментар дека единствена светла точка кај нас е црната листа на САД. Можат ли САД на ваков начин да го решат најголемиот проблем на Македонија и нели е срамота земја членка на НАТО која преговара за членство со ЕУ да има политичари и бизнисмени што се квалификуваат за црната листа?

Ова е многу важно прашање и знам дека е број еден во Македонија. Но, најпрво сакам да разјаснам дека Северна Македонија не е на црната листа на САД, туку се работи за поединци. Не станува збор за тоа дека е санкционирана целата земја и дека затоа треба да се срами. Исто така, има многу поединци во балканските земји кои се санкционирани од САД за тоа што се нарекува сериозна корупција и некои други дела, во БиХ, во Србија, во Албанија, во Црна Гора… така што одлуката не е уникатна само за Македонија. Но, одлуката сепак е потврда дека ова е многу сериозен проблем во моментов во државата.

   

И, јас пишував за тоа во главниот извештај за корупција на Меѓународната кризна група буквално пред 20 години и тој сѐ уште е на веб страницата на Меѓународната кризна група. Tој извештај беше насловен „Македонски јавни тајни – како корупцијата ја донесе земјата до дното“ и во него го посочивме тогашниот премиер Љупчо Георгиевски, пишувавме за ОКТА, за Царината и за други измами. Во него беа вклучени имиња и беа опишани измамите, нешто што не го прави дури ни црната листа. Ние опишавме како се прават измамите и затоа сум добро запознат со овој проблем, знам колку е сериозен и сметам дека граѓаните треба да бараат повеќе.

Пролетва се сретнав со актуелните членови на ДКСК и со други за корупцијата. Знам дека е тешко справувањето со неа, но многу е важно граѓаните да бараат и да инсистираат на тоа, а институциите да реагираат. Ова ниво на корупција едноставно е неприфатливо. Во октомври напишав текст кој главно беше фокусиран за притисоците од Бугарија, но во него исто така го критикував менувањето на Кривичниот закон кое води до де факто амнестија за многу сериозни дела и многу други и тие промени, како и злоупотребата на европското знаме се споменати и во извештајот на Европската комисија. Мој апел до Владата е да отиде во Собранието и да го врати назад она што го смени во Кривичниот закон и тоа ќе биде најдобриот потег што може да го направи пред изборите. Да дојдат преставници на Владата во Собранието и да речат „згрешивме и сега ќе покажеме решеност да се справиме со корупцијата“.

Значи ли тоа дека е неприфатливо и создавањето услови Никола Груевски да се врати во земјата?

Ова не се однесува само за Груевски. Патем, тој самиот исто така е на црната листа на САД од минатата година за истото прашање, т.е. за сериозна корупција.

Бизнисменот и поранешен вицепремиер Кочо Анѓушев, кој деновиве се најде на црната листа, најави дека ќе се жали на одлуката на Стејт департментот, меѓудругото бидејќи има компанија во САД и таму плаќа данок. Може ли да биде олеснување тоа?

Не го разбирам тој аргумент. Зошто е воопшто важно дека плаќа данок во САД? САД прават проценка за корупцијата врз основа на активностите во Македонија. Зошто би бил заштитен ако плаќа данок во САД? Многу луѓе го прават тоа и не значи дека имаат имунитет, така што ако нема друг аспект поврзан со таа специфична активност, не го разбирам овој аргумент.

Бевте во Македонија две години, по 2001-та. Гледано од оваа перспектива, каде ја гледате причината што Македонија е олку долго заглавена со билатерални прашања? Има ли делумно и наша вина?

Тешко е да се одговори кратко на ова прашање. Прво, не е фер да бидете блокирани поради билатерални прашања бидејќи тие не би требало да се критериуми за влез во ЕУ или во НАТО. Земјите што имаат билатерални прашања со Северна Македонија ги актуелизираа кога се најдоа во повластена позиција. Грција беше членка на НАТО и имаше блокирачка моќ, додека Бугарија е членка на ЕУ и исто така има блокирачка моќ. Причината зошто го направија тоа е затоа што можат, бидејќи овие организации функционираат со консензус. Добрата вест е дека Преспанскиот договор е извонреден договор и фер, а Северна Македонија го преговараше како еднаков партнер и со него се реши проблемот како што требаше. Знам дека во земјата сѐ уште има луѓе кои не го сакаат договорот, но тој беше добар компромис и Грција го призна со него македонскиот идентитет. И тоа беше голема отстапка од Грција. Со Бугарија не е така воопшто.

 Вие излеговте со идеја како да го решиме проблемот со Бугарија, барајќи да иницираме американско-македонска историска комисија која ќе ги истражи спорните негирања од Софија. Имаше ли реакција на таа идеја, бидејќи иста таква иницијатива веќе почна да се остварува за Украина…

Горд сум на ова. Имав текст во нашиот престижен магазин „Научен преглед“ со наслов „Како да се спаси Северна Македонија и да се победи путинизмот на Балканот“. Тој текст отвори нов пат за адресирање на овие идентитетски прашања што јас ги нарекувам идентитетска агресија. Притоа, јас го споредив пристапот на Бугарија со она што го прави Русија во Украина при што го цитирав славниот говор на Путин од јули 2021 година, практично шест месеци пред воената инвазија на Украина. Кога ќе го споредите тој говор со бугарските официјални позиции ќе видите дека зборовите се речиси исти и дека има преклопување што е неверојатно. Ова е обид посилна земја да ја диктира историјата на друга во смисла – ние ќе ви кажеме кои сте вие!

Иницијативата што ја предлагам треба да биде покрената од Северна Македонија, а пристапот е многу едноставен. Министерот Бујар Османи или премиерот Димитар Ковачевски треба да отидат во САД и да кажат дека им се допаѓа оваа идеја и дека би сакале да ја видат формирана оваа заедничка историска комисија. Ако се согласат САД, во таа комисија не треба да има улога за Бугарија. Треба да биде билатерална, само меѓу САД и Македонија и да биде само начин да ѝ се каже на Бугарија да не испорачува повеќе нови барања надвор од промената на Уставот и константно да го прави тоа. Таа ќе биде поттик Бугарија да дејствува разумно, но важи и за Македонија, за да не го искористи ова за да прави свои провокации, како што правеше Груевски во однос на Грција.

Но, ако Бугарија ја искористи нејзината посилна позиција и излезе со неразумни барања, тогаш САД може да ја активираат оваа комисија и таа со својата работа да ги уништи бугарските аргументи. Бидејќи целата бугарска негација на македонскиот идентитет почива на еден датум – на 1944 година и на тврдењето дека македонскиот идентитет е лажен бидејќи е создаден од Тито. Затоа треба да се уништи тој аргумент и да се најде евиденција пред 1944 година, а таква постои во архивите на САД. Бидејќи по Првата светска војна и по Балканските војни беше инволвиран претседателот Вудроу Вилсон и имаше мировни конференции, во текстот објавив фантастичен цитат од разговорот на специјалниот пратеник на Вилсон, амбасадорот Френк Полк, со францускиот премиер Жорж Клеменсо на мировната конференција во Париз 1919. Имате две клучни фигури и во тие записи, кои можат дури да се видат на страницата на Стејт департментот, а линкот е во мојот текст, ќе ја видите со свои очи историјата, односно дека Полк и Клеменсо го признаваат македонскиот идентитет. И многу е јасно дека мислат токму на Македонците бидејќи исто така ги споменуваат Албанците и Бугарите. Тоа е доказ дека декади пред 1944 година постоело ова и дека македонската нација не е создадена од Тито. Тоа е доказ дека имате македонски идентитет и не постојат аргументи во корист на Бугарија. Ако Бугарија се соочи со ова ќе биде внимателна и ќе престане со неразумни барања.

Помошникот државен секретар Џејмс О’Брајaн беше на министерскиот состанок на ОБСЕ во Скопје и порача дека имаме понуда на маса што треба да ја зграпчиме, а на тие што велат дека имаат друга алтернатива,но не кажуваат каква, да не им веруваме, практично повикувајќи не да не гласаме за ВМРО-ДПМНЕ. Како го коментирате тоа? Нема ли друга опција за Македонија освен да ги прифати уставните измени?

Најпрво, секој граѓанин на Македонија треба да биде горд на македонското претседателствување со ОБСЕ. Ова беше една од најтешките години во историјата на ОБСЕ, со војната во Украина, проблемите со Русија и блокирањето на Естонија како иден претседавач. Ова е заслуга на дипломатските напори на премиерот Ковачевски и на министерот Османи кои го засилија македонското лидерство надвор.

Околу изјавата на О’Брајан ќе кажам дека најдобар начин да се реши прашањето на корупцијата е евроинтеграцијата на земјата. Таа можеби нема да исчезне, но реформите што ќе треба да се прават систематски ќе го јакнат судството и другите институции и ќе бидат фактор за промена. Тоа го гледаме сега во Естонија, бивша комунистичка земја која има ниско ниво на корупција и високо ниво на образование. За да се случи тоа треба да поминат уставните амандмани.

Ако владата ги поништи промените на Кривичниот закон, тоа ќе обезбеди поттик за политичка промена и за нова политичка динамика така што ќе биде потешко за некои членови на ВМРО-ДПМНЕ да не ѝ се приклучат на власта и да не ги изгласаат измените. Во мојот текст напишав дека САД и Македонија имаат избор, а тоа ќе ѝ покаже на Бугарија дека нема да добие ништо со оваа идентитска агресија, која наликува на тоа што Русија ѝ го прави на Украина. Премиерот Ковачевски треба да побара од САД да се обврзат дека, ако Бугарија продолжи да излегува со неразумни барања, ќе и се приклучат на македонско-американската историска комисија.

Ова инаку го кажувам од Естонија, мал НАТО сојузник, земја помала дури и од Македонија која е пример за успех, која игра многу важна улога во Алијансата, која применува техники што се ефикасни и кои може да се применат и во Скопје и на тој начин да се спречи руската пенетрација, односно да се превенираат лошите избори и можноста да дојдат на власт лошите елементи во земјата што се проруски. Тоа ќе биде за вас катастрофа бидејќи Русија е катастрофа, а доказ за тоа е Естонија. Секој Русин може да види дека оваа земја на нивната граница е целосен успех, дека е водечка во Европа во однос на образованието, дека е најнапредната дигитална земја со успешна економија и дека успева да го менаџира малцинството што зборува на руски јазик. Русија е целосен неуспех и не гледам зошто некој во Македонија би ја посакувал како сојузник.

 Како да ги третираме политичките партии што се финансираат од Русија?

Финансирањето на политички партии од Русија, како и од други земји, треба да биде забрането. Во САД странски државјанин не може да донира пари за политичка кампања. Тоа е законски забрането. Странските донации во САД се третираат како кривично дело и се казнуваат. Треба да бидат изложени пред јавноста од новинарите. Ако некој се приклонува кон Русија и тоа го прави за пари, тука не станува збор за национален туку за приватен интерес.

Извор: nezavisen.mk

    

Најново

Трамп повикува на „безусловно“ 30-дневно примирје меѓу Русија и Украина

Sase Ivanovski

ВИДЕО: Пропагандни видеа се шират на Фејсбук: Москва е рајот, а европските метрополи пеколот!

Sase Ivanovski

Променливо облачно со сончеви периоди, попладне и во текот на ноќта дожд

Sase Ivanovski

ВИДЕО: Драматична потера по напаѓачот од Штип пред Скопје – полицајците пукале откако ја пробил рампата кај Миладиновци

Sase Ivanovski

Секој четврти Британец смета дека Трамп е поопасен од терористичките организации

Sase Ivanovski

САД по прекинот на струја на аеродромот Њуарк ќе го модернизира системот за контрола на летање

Sase Ivanovski

Кошта идната недела тргнува на турнеја по Западен Балкан

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Манчестер јунајтед и Тотенхем закажаа финале во Лига Европа

Sase Ivanovski

Србија: Гимназиски професор кој ги навредуваше студентите стана државен секретар

Sase Ivanovski

Мерц ќе воведува вонредна состојба за да ја спречи масовната миграција во Германија

Sase Ivanovski

Сиљановска Давкова упати честитка до новиот папа Лав Четиринаесетти

Sase Ivanovski

Томовски: Ако сакаме да бидеме сериозна држава треба да имаме соодветен владин авион

Sase Ivanovski

Димитриевски до Филипче: Самопрогласениот лидер да се занимава со себе и да види да не му се распадне зградата на Бихаќка

Sase Ivanovski

ЗА ВЛАДИНИОТ АВИОН ВЕЌЕ НЕМА РЕЗЕРВНИ ДЕЛОВИ Соседните држави не собираат со нивни летала

Sase Ivanovski

(Видео): Овие документи потврдуваат голем скандал во Куманово – Димитриевски и Митевски, со поддршка на ДУИ, заработиле 350.000 евра!

Sase Ivanovski

БИЛ ГЕЈТС ОБЈАВИ КОМУ ЌЕ ДОНИРА 107 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ Си даде рок од 20 години

Sase Ivanovski

Венс: Не би рекол дека Русија не сака прекин на војната, ама тие бараат премногу

Sase Ivanovski

24 Отворено – Политичка драма на повеќе фронтови

Sase Ivanovski

Вин-Вин: Кој е мастер планот за кого игра Таравари? – Интервју со Зијадин Села

Sase Ivanovski

Вучиќ: Остварив многу срдечни средби со разни лидери

Sase Ivanovski

Кога ќе профункционираат спортските објекти во Прилеп ?

Sase Ivanovski

Претрес на адвокатот на Кешишев: Како царот Палчо ги разочара поданиците, по убиствата на Вања и Панче

Sase Ivanovski

Сиљановска-Давкова: Саемот на книгата е обид за културен натпревар на народите

Sase Ivanovski

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) Крвавата пресметка ги вознемири штипјани

Sase Ivanovski

Честитка од премиерот Мицкоски за изборот на новиот папа Леоне XIV

Sase Ivanovski

Костадинов: Ќе ги рушиме угостителските објекти кои не исполнуваат стандарди!

Sase Ivanovski

„Прв американски папа, каква чест“: Трамп му упати честитки на новиот понтиф

Sase Ivanovski

РУСКА САЛАТА ОД ИЗГОВОРИ Еден по еден му откажуваат гостите на Путин

Sase Ivanovski

Прв говор на новиот папа: На човештвото му е потребен Христос како мост до Бога и неговата љубов

Sase Ivanovski

Новиот владин авион ќе нè чини од 20 до 50 милиони евра, ако сме сериозна држава, треба да имаме соодветно летало“, вели Томовски

Sase Ivanovski

Касами: Таравари ќе биде министер „уште некој ден“

Sase Ivanovski

Американецот Роберт Превост е новиот папа

Sase Ivanovski

(Видео) Пукање во Штип, едно лице убиено, нема информации за повредени

Sase Ivanovski

Родители на починатите во „Пулс“ со писмо до јавноста: Оваа трагедија е масовно убиство и загрозување на човековите животи и безбедноста. Бараме  правна разрешница и одговорност од сите инволвирани лица и институции

Sase Ivanovski

Ворен Бафет на 94 годишна возраст е горд што сè уште е жив со секојдневно јадење на брза храна и пиење кока-кола

Sase Ivanovski

Од ЕКВ и Дисциплина Кичме до Аца Лукас и Мира Шкориќ – „Коцка је бачена“ во МКЦ

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Филмски факт: Хероината на „Исправи се, Делфина“ меѓу реалноста и фикцијата

Sase Ivanovski

Новата сликовница „Девојчето со форичката“ ги едуцира децата за справување со емоциите

Sase Ivanovski

Утре еко час во „Лазо Ангеловски“ организација УНИЦЕФ и на Шведска

Sase Ivanovski

Изречена е казна затвор од една година за ширење расистички и ксенофобичен материјал кон ЛГБТИ заедницата како припадници на маргинализирана група

Sase Ivanovski

Нова продукциска куќа зад „Д-фест“, фестивалот останува во Дојран

Sase Ivanovski

Медицинска опрема вредна 18,6 милиони евра фаќа прашина по болниците бидејќи нема кој да ја користи

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ВМРО-ДПМНЕ: Денот во 60 секунди – Во завршна фаза е набавката за новите 120 автобуси, јавниот долг под просекот на ЕУ, се решава недостигот на човечки ресурси во болниците

Sase Ivanovski

Димовска- Касталди: парламентарните служби се клучни за демократија

Sase Ivanovski

Средба Гаши – Фонтана во Рим

Sase Ivanovski

Порака од Рим: Без интеграција во ЕУ на Балканот, ризикуваме создавање на географски вакуум

Sase Ivanovski

Од Скопје до Вол Стрит: Prime Capital by Adora — првата инвестициска консултантска компанија основана со македонски капитал со акредитација во САД

Sase Ivanovski

Томовски: Бројот на општини кои ВМРО-ДПМНЕ ќе ги освои нема да биде само повторен, туку ќе биде и зголемен

Sase Ivanovski

Томовски: СОЗР со неколку нови проекти во интерес на државата и граѓаните

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Скопската полиција на лице место фати криминалци кои краделе во објектите на поранешна Железара

Sase Ivanovski

Вооружени крадци уапсени во кругот на поранешна „Железара“, со пиштоли им се заканувале на вработени

Sase Ivanovski

Гостиварец извадил нож при кавга во продавница, сега ќе одговара

Sase Ivanovski

Газда на фирма од Гостивар ќе одговара за смртта на работник од Бангладеш

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Скопјанец снимен од камера како краде засадено декоративно растение

Sase Ivanovski

Adora Business Group: Со особена гордост го најавуваме новиот стратешки потфат на Adora Business Group — лансирањето на Prime Capital powered by Adora, инвестициска консултантска компанија со седиште на Wall Street во Њујорк, меѓу највлијателните финансиски институции во светот

Sase Ivanovski

Мистерија околу исчезнувањето на 28 годишниот Миле Тодоров

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Хаос во Париз по победата над Арсенал

Sase Ivanovski

Филипче за можна коалиција со ДУИ и Таравари: Ќе разговараме со сите политички партии

Sase Ivanovski

Ангеловска-Бежоска на Kонференцијата на Светската банка: За повисок раст најважно е да се зголеми продуктивноста којашто е околу половина од европската

Sase Ivanovski

Коцевски: Можно е проширување на истрагата за „Пулс“

Sase Ivanovski

Апелација со повисоки казни за обвинетите во „Ласкарци“, сопственикот на „Дурмо турс“ наместо 4 години ќе лежи во затвор 10 години

Sase Ivanovski

Муцунски: Посветени сме на реформите, но очекуваме и Брисел да го исполни она што го вети кон Западниот Балкан

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Виктор Грозданов: Извини господине Ахмети ќе се соочиш со вистината која се вика опозиција

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Лишен од слобода албански државјанин на Граничен премин Блато поради нудење поткуп

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) СДСМ поднесе предлог Закон за поддршка на настраданите во трагедијата во Кочани

Sase Ivanovski

(ФОТО) Голем интерес за селекција на отпад во Охрид: Комплетирана иницијативата за селекција како дел од РСУО

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Дамир Пух со нов инструментален сингл – „Saffron Skies“

Sase Ivanovski

(ФОТО) Средба на заменикот генерален секретар Ѓошевски со специјалната пратеничка на финското Претседателство со ОБСЕ

Sase Ivanovski

Средба на потпретседателот на Собранието Антонијо Милошоски со претставници од Секретаријатот на Партнерството за отворена власт

Sase Ivanovski

(ФОТО) Герасимовски: Ја отворивме првата градинка во Пролет по 50 години, за најмилите, за нашите дечиња

Sase Ivanovski

Максим Димитриевски: Цел на лагите на СДСМ не сум јас, туку ЗНАМ, како најбрзорастечка партија во Македонија

Sase Ivanovski

Дурмиши: Мерките на Министерството за економија и труд даваат резултат, цените на храната се стабилизираат, посветено работиме на заштита на животниот стандард

Sase Ivanovski

(ФОТО) Филипче: Градинката „Пролет“ е пример како треба да изгледа модерно Скопје – спротивно од кичот на Скопје 2014

Sase Ivanovski

Павле Арсоски Движење ЗНАМ – За наша Македонија во Крушево и Демир Хисар

Sase Ivanovski

(ФОТО) Максим Димитриевски во Долнени и Прилеп: Верувам во политиката што произлегува од теренот

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Манасиевски: Фирма за тендери – Стентон Градба во време на СДС 90% од приходите ги имала од јавни набавки, до кога ЈО ќе молчи?

Sase Ivanovski

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ треба да го поддржи Законот за Кочани

Sase Ivanovski

Пренџов: ДУИ е партија базирана на ширење нетрпеливост, лаги и манипулации

Sase Ivanovski

(ФОТО) Потпреседателката на ЗНАМ, Бендевска на средба со членовите и симпатизерите во Кавадарци и Неготино

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Кривична пријава против поранешен директор на ЈП „Колекторски систем“ Скопје – Подрачно одделение Охрид за злоупотреба на службената положба и овластување

Sase Ivanovski
Вчитувам....