21.8 C
Скопје
09/05/2025 11:31
МАКТЕЛ

     

ПЛУСИНФО: НЕМА НИ ТРАГА НИ ГЛАС ОД ИНВБЕСТИТОРОТ НА ПОПОВА ШАПКА, ТЕХНО АЛПИН, КОИ ВЕТУВАА 170 МИЛИОНИ ЕВРА

      

Ивеститорот, „фирмата „Техно Алпин“, не се видени од декември лани, кога беше презентиран планот за развој на Попова Шапка, во што треба да се вложат 168 милиони евра. Во меѓувреме, Попова Шапка останува иста како и пред 50 години, само малку нашминкана. Има и такви кои велат – добра е и вака.

Најавените 100 дена интензивна работа за изградба на две езера за складирање на вода за формирање вештачка снежна покривка за почеток на инвестицијата од презентацијата на стратешкиот партнер на владата за обнова на ски-центарот Попова Шапка, фирмата „Техно Алпин“ од Јужен Тирол, одамна поминаа. На теренот цела година ништо не е сработено. И тоа не по вина на странскиот инвеститор, кој беше расположен да инвестира, туку дека македонските институции бавно реагираат и не се флексибилни и ја отежнуваат реализацијата на секоја инвестиција. Овој пат е запнато на текстот на договорот, или на нешто друго, не се знае точно.Владата засега молчи зошто со оваа инвестиција, која требаше да почне годинава, се доцни. Нашите прашања упатени до Владата пред два дена останаа без одговор, иако ни беше ветено дека ќе добиеме одговор.

Владата молчи, инвеститорот никаде го нема

Од Ски-центарот Попова Шапка, кој е најзасегнат со постапката, ни изјавија дека инвестицијата е во фаза на договарање на текстот на договорот, односно дека владината комисија за стратешки инвестиции сè уште преговара со инвеститорот за некои детали, иако процесот е во поодмината фаза.

   

– Не можам да кажам многу, бидејќи оваа инвестицијата ја водат Министерството за животна средина и владината Комисија за стратешки инвестиции, но имам информација дека Комисијата работи. Се преговара со инвеститорот за некои детали од договорот. Мислам дека е во поодмината фаза преговарањето – вели в.д. директорот на Ски-центарот Попова Шапка и директор на „Елем Турс“, Адем Авзиу.

Во јавноста, пак, има шпекулации дека инвеститорот веќе се откажал, бидејќи му е понудено флексибилно инвестирање со непознат точен износ на инвестицијата. Се говори дека инвеститорот или негови претставници не се видени од декември лани, кога е презентиран планот за развој на Попова Шапка.

Што нудеше несудениот инвеститор „Техно Алпин“ за Попова Шапка?

Во декември лани компанијата „Техно Алпин“ во Владата го презентираше планот за развој на Ски-центарот на Попова Шапка тежок 186 милиони евра. На презентацијата учествуваше извршниот директор на компанијата Ерих Гумерер.

Беше најавено дека ќе се инвестира во 6 фази, во кои ќе се направат нови 16 патеки за скијање и 9 нови жичарници, од кои 2 на почетната фаза во која требаше да се изградат системите за вештачки снег, кои ќе бидат целосно автоматизирани и поврзани со софтвер. За правење вештачки снег во план беше да се изградат 2 резервоари на вода, кои на лето би биле посебни атракции. Ќе има и 15 километри патеки за крос-кантри скијање. Инвеститорот најави и набавка на 7 нови ратраци, а во првата фаза планирана е набавка на 2.

Беа најавени и 2 нови спа-хотели на почеток, а ќе се искористат и постојните 2 хотела за реконструкција. Најавена беше и изградба на ресторан за храна за носење, три нови паркинзи и улици кои ќе водат до новите хотели.Инвестицијата требаше да почне да се реализира почнувајќи од годинава, со реализирање на првата фаза вредна 55 милиони евра.

Љубителите на планината и скијачките спортови се разочарани

И додека Комисијата за стратешки инвестиции работи на договорот, речиси цела година јавноста шпекулира дека пропадна инвестиција од 168 милиони евра, граѓаните кои го очекуваа овој проект велат дека е пропуштена уште една шанса на овој скијачки центар да му се врати сјајот.

– Жално е што овој центар ги доживува најлошите години. Ништо што е во сопственост на државата не функционира. Да не се приватните хотели кои организираат најразлични манифестации, на Попова Шапка никој не би дошол, бидејќи објектите со кои стопанисува државата се во очајна состојба. И би рекол, ако некој сака да ги купи овие хотели, државата треба да стави пред нивните врати по 1.000 евра за да се ги искористи инвеститорот да се опие и да не знае утрото што купил. Јас и лани реков, дека инвестиција за масовен туризам и скијање на земјава не ѝ е потребна, бидејќи нема капацитет да ја искористи. За наши услови, и со мали поправки и одредени реконструкции би била доволна ваква каква што е Попова Шапка. А дека инвеститорот се откажа може да се согледа од тоа што тој не е присутен цела година на Попова Шапка, не да работи нешто, туку барем да е виден да разгледува нешто – вели Јован Божиноски, претседател на планинарското друштво „Љуботен“ од Тетово.

Додека се чека инвеститорот вработените останаа без плата

Вработените во поранешниот „Елем Турс“, од кој произлезе новата фирма Ски-центар Попова Шапка, се жалат дека веќе 3 месеци не примиле плата, не им се платени ниту придонесите и не знаат каде ќе завршат во наредниот период. Подготвиле тужба за неисплатените плати, а веќе се водат постапки и за надоместоци и испратнини за дел од нив.

– Неизвесноста за нас вработените во „Елем Турс“ почна со поделбата и подоцна со објавувањето на огласот за вработување во Ски-центарот Попова Шапка кој беше на определено време. Дел од вработените околу 7 до 10 луѓе прифатија такво вработување, но 27 луѓе не се јавивме на огласот и останавме во „Елем Турс“. Во овој период, од септември наваму не сме добиле плата, а плата за септември нема исплатено и за оние кои се префрлија во ски центарот, за да не ни биде исплатена и нас платата, бидејќи огласот заврши при крајот на септември. Сега одиме на работа на „Жичара“ во Тетово, каде што е администрацијата на ски-центарот, пиеме кафе и се враќаме дома, ама никој не нè регистрира ниту разговара со нас. Разговаравме и со правната служба во ЕСМ, но освен разговорот и ветувањето дека ќе се реши проблемот ништо нема. Што ќе се случува со нас не се знае – вели вработен во „Елем Турс“.

Проблемите со вработените произлегоа откако ЕСМ за да го отвори патот на стратешкиот инвеститор за Попова Шапка, го подели „Елем Турс“ на две подружници-Ски-центар Попова Шапка и Молика, но сè уште не ја ликвидира „Елем Турс, бидејќи голем дел од вработените остана незгрижени. Тие сега не примаат плата, а немаат платено ниту придонеси.

Авзиу вели дека на конкурсот за новата подружница Ски-центар Попова Шапка од поранешните 40 редовно вработени се пријавиле само 10 лица. Останатите останале во „Елем Турс“ кој сè уште не е ликвидиран.

– На во ски центарот сега имаме 20 работници, а за потребите на зимската сезона планираме да вработиме дополнителен број сезонски работници. Се разбира, ако за тоа има потреба. Овие работници редовно добиваат плата. Работниците кои останаа во „Елем Турс која не остварува никакви приходи два месеца немаат плата. Ова прашање треба да го реши нашиот содружник ЕСМ – вели Авзиу.

На Шапка деновиве падна и првиот снег, па апетитите на скијачите пораснаа, но не се знае во каква состојба се ски лифтовите и другите објекти пред почетокот на сезоната. Директорот на Ски-центарот вели дека ски-лифтовите се во добра кондиција, а поранешните вработени велат дека не виделе дека летово се работело на нив.

Каква е безбедноста на ски-лифтовите?

Според вработените кои останаа во „Елем Турс“ меѓу актуелните вработени во Ски-центарот Попова Шапка, нема лица кои претходно биле одговорни за ски-лифтовите и се сомнева дека ски-лифтовите ќе можат да функционираат оваа зима.

– Сите што работеа на одржување и управување на ски-лифтовите се останати во „Елем Турс“. Не знам дека од новите вработени некој е соодветен за тие работни места. Летово не видовме дека некој ги проверува ски-лифтовите, бидејќи секое лето се прави ремонт и се проверува во каква состојба се тие. Можеби е ангажирана надворешна фирма за тоа, но не верувам дека и тоа е направено-вели вработен во „Елем Турс“.Директорот Авзиу, пак, тврди дека зимската сезона на Попова Шапка ќе почне со првиот снег и со ски-лифтови во добра кондиција.

– Знаете, сезоната почнува кога ќе има снег. Добро би дошол и вештачки снег, но и годинава нема да го имаме. Ние сме подготвени за почеток. Ски-лифтовите се во добра кондиција, а со вработени ќе се дополнуваме со сезонски вработувања ако за тоа се јави потреба – вели тој.Љубителите на зимските спортови се разочарани од случувањата и се прашуваат дали се во ред реквизитите и ски-лифтовите на Попова Шапка. И претседателот на планинарското друштво „Љуботен“ вели дека можеби е ризично да се качи човек на ски-лифтовите оваа зима.

– Не сме виделе дека некој работи на ски-лифтовите, а се сомневам дека ги имаат добиено и дозволите кои им се даваат секоја година од Машинскиот факултет. Но затоа веќе имаме реклами за продажба на ски-карти па дури и реклама за блек фрајдеј – вели Божиновски.

Ски-центарот на Попова Шапка е стар повеќе од 50 години. Помеѓу 1970 и 1980-година е изградена ски-зоната со ски-лифтови и патеки, како и првите хотели. Повеќе од две децении не се инвестираше во модернизирањето на постоечките капацитети или проширување на сегашните, па поради истото, локалитетот во денешно време е застарен и заостанат, постоечките ски-лифтови се застарени, нема систем за правење снег и последователно скијачката сезона е условена од временските прилики, односно, се скија само кога има обилни врнежи на снег, а скијачките патеки главно се поврзуваат без каква било адаптација на теренот.Фирмата „Техно Алпине“, која е најавена како стратешки инвеститор, е светски лидер во производство и инсталирање на системи за вештачки снег, признаен експерт за дизајн на скијачки терени и скијачки зони, со 30-годишно искуство. Опслужува над 2.4000 муштерии во над 50 земји. Има над 700 вработени на 16 локации ширум светот.

    

Најново

Трамп повикува на „безусловно“ 30-дневно примирје меѓу Русија и Украина

Sase Ivanovski

ВИДЕО: Пропагандни видеа се шират на Фејсбук: Москва е рајот, а европските метрополи пеколот!

Sase Ivanovski

Променливо облачно со сончеви периоди, попладне и во текот на ноќта дожд

Sase Ivanovski

ВИДЕО: Драматична потера по напаѓачот од Штип пред Скопје – полицајците пукале откако ја пробил рампата кај Миладиновци

Sase Ivanovski

Секој четврти Британец смета дека Трамп е поопасен од терористичките организации

Sase Ivanovski

САД по прекинот на струја на аеродромот Њуарк ќе го модернизира системот за контрола на летање

Sase Ivanovski

Кошта идната недела тргнува на турнеја по Западен Балкан

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Манчестер јунајтед и Тотенхем закажаа финале во Лига Европа

Sase Ivanovski

Србија: Гимназиски професор кој ги навредуваше студентите стана државен секретар

Sase Ivanovski

Мерц ќе воведува вонредна состојба за да ја спречи масовната миграција во Германија

Sase Ivanovski

Сиљановска Давкова упати честитка до новиот папа Лав Четиринаесетти

Sase Ivanovski

Томовски: Ако сакаме да бидеме сериозна држава треба да имаме соодветен владин авион

Sase Ivanovski

Димитриевски до Филипче: Самопрогласениот лидер да се занимава со себе и да види да не му се распадне зградата на Бихаќка

Sase Ivanovski

ЗА ВЛАДИНИОТ АВИОН ВЕЌЕ НЕМА РЕЗЕРВНИ ДЕЛОВИ Соседните држави не собираат со нивни летала

Sase Ivanovski

(Видео): Овие документи потврдуваат голем скандал во Куманово – Димитриевски и Митевски, со поддршка на ДУИ, заработиле 350.000 евра!

Sase Ivanovski

БИЛ ГЕЈТС ОБЈАВИ КОМУ ЌЕ ДОНИРА 107 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ Си даде рок од 20 години

Sase Ivanovski

Венс: Не би рекол дека Русија не сака прекин на војната, ама тие бараат премногу

Sase Ivanovski

24 Отворено – Политичка драма на повеќе фронтови

Sase Ivanovski

Вин-Вин: Кој е мастер планот за кого игра Таравари? – Интервју со Зијадин Села

Sase Ivanovski

Вучиќ: Остварив многу срдечни средби со разни лидери

Sase Ivanovski

Кога ќе профункционираат спортските објекти во Прилеп ?

Sase Ivanovski

Претрес на адвокатот на Кешишев: Како царот Палчо ги разочара поданиците, по убиствата на Вања и Панче

Sase Ivanovski

Сиљановска-Давкова: Саемот на книгата е обид за културен натпревар на народите

Sase Ivanovski

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) Крвавата пресметка ги вознемири штипјани

Sase Ivanovski

Честитка од премиерот Мицкоски за изборот на новиот папа Леоне XIV

Sase Ivanovski

Костадинов: Ќе ги рушиме угостителските објекти кои не исполнуваат стандарди!

Sase Ivanovski

„Прв американски папа, каква чест“: Трамп му упати честитки на новиот понтиф

Sase Ivanovski

РУСКА САЛАТА ОД ИЗГОВОРИ Еден по еден му откажуваат гостите на Путин

Sase Ivanovski

Прв говор на новиот папа: На човештвото му е потребен Христос како мост до Бога и неговата љубов

Sase Ivanovski

Новиот владин авион ќе нè чини од 20 до 50 милиони евра, ако сме сериозна држава, треба да имаме соодветно летало“, вели Томовски

Sase Ivanovski

Касами: Таравари ќе биде министер „уште некој ден“

Sase Ivanovski

Американецот Роберт Превост е новиот папа

Sase Ivanovski

(Видео) Пукање во Штип, едно лице убиено, нема информации за повредени

Sase Ivanovski

Родители на починатите во „Пулс“ со писмо до јавноста: Оваа трагедија е масовно убиство и загрозување на човековите животи и безбедноста. Бараме  правна разрешница и одговорност од сите инволвирани лица и институции

Sase Ivanovski

Ворен Бафет на 94 годишна возраст е горд што сè уште е жив со секојдневно јадење на брза храна и пиење кока-кола

Sase Ivanovski

Од ЕКВ и Дисциплина Кичме до Аца Лукас и Мира Шкориќ – „Коцка је бачена“ во МКЦ

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Филмски факт: Хероината на „Исправи се, Делфина“ меѓу реалноста и фикцијата

Sase Ivanovski

Новата сликовница „Девојчето со форичката“ ги едуцира децата за справување со емоциите

Sase Ivanovski

Утре еко час во „Лазо Ангеловски“ организација УНИЦЕФ и на Шведска

Sase Ivanovski

Изречена е казна затвор од една година за ширење расистички и ксенофобичен материјал кон ЛГБТИ заедницата како припадници на маргинализирана група

Sase Ivanovski

Нова продукциска куќа зад „Д-фест“, фестивалот останува во Дојран

Sase Ivanovski

Медицинска опрема вредна 18,6 милиони евра фаќа прашина по болниците бидејќи нема кој да ја користи

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ВМРО-ДПМНЕ: Денот во 60 секунди – Во завршна фаза е набавката за новите 120 автобуси, јавниот долг под просекот на ЕУ, се решава недостигот на човечки ресурси во болниците

Sase Ivanovski

Димовска- Касталди: парламентарните служби се клучни за демократија

Sase Ivanovski

Средба Гаши – Фонтана во Рим

Sase Ivanovski

Порака од Рим: Без интеграција во ЕУ на Балканот, ризикуваме создавање на географски вакуум

Sase Ivanovski

Од Скопје до Вол Стрит: Prime Capital by Adora — првата инвестициска консултантска компанија основана со македонски капитал со акредитација во САД

Sase Ivanovski

Томовски: Бројот на општини кои ВМРО-ДПМНЕ ќе ги освои нема да биде само повторен, туку ќе биде и зголемен

Sase Ivanovski

Томовски: СОЗР со неколку нови проекти во интерес на државата и граѓаните

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Скопската полиција на лице место фати криминалци кои краделе во објектите на поранешна Железара

Sase Ivanovski

Вооружени крадци уапсени во кругот на поранешна „Железара“, со пиштоли им се заканувале на вработени

Sase Ivanovski

Гостиварец извадил нож при кавга во продавница, сега ќе одговара

Sase Ivanovski

Газда на фирма од Гостивар ќе одговара за смртта на работник од Бангладеш

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Скопјанец снимен од камера како краде засадено декоративно растение

Sase Ivanovski

Adora Business Group: Со особена гордост го најавуваме новиот стратешки потфат на Adora Business Group — лансирањето на Prime Capital powered by Adora, инвестициска консултантска компанија со седиште на Wall Street во Њујорк, меѓу највлијателните финансиски институции во светот

Sase Ivanovski

Мистерија околу исчезнувањето на 28 годишниот Миле Тодоров

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Хаос во Париз по победата над Арсенал

Sase Ivanovski

Филипче за можна коалиција со ДУИ и Таравари: Ќе разговараме со сите политички партии

Sase Ivanovski

Ангеловска-Бежоска на Kонференцијата на Светската банка: За повисок раст најважно е да се зголеми продуктивноста којашто е околу половина од европската

Sase Ivanovski

Коцевски: Можно е проширување на истрагата за „Пулс“

Sase Ivanovski

Апелација со повисоки казни за обвинетите во „Ласкарци“, сопственикот на „Дурмо турс“ наместо 4 години ќе лежи во затвор 10 години

Sase Ivanovski

Муцунски: Посветени сме на реформите, но очекуваме и Брисел да го исполни она што го вети кон Западниот Балкан

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Виктор Грозданов: Извини господине Ахмети ќе се соочиш со вистината која се вика опозиција

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Лишен од слобода албански државјанин на Граничен премин Блато поради нудење поткуп

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) СДСМ поднесе предлог Закон за поддршка на настраданите во трагедијата во Кочани

Sase Ivanovski

(ФОТО) Голем интерес за селекција на отпад во Охрид: Комплетирана иницијативата за селекција како дел од РСУО

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Дамир Пух со нов инструментален сингл – „Saffron Skies“

Sase Ivanovski

(ФОТО) Средба на заменикот генерален секретар Ѓошевски со специјалната пратеничка на финското Претседателство со ОБСЕ

Sase Ivanovski

Средба на потпретседателот на Собранието Антонијо Милошоски со претставници од Секретаријатот на Партнерството за отворена власт

Sase Ivanovski

(ФОТО) Герасимовски: Ја отворивме првата градинка во Пролет по 50 години, за најмилите, за нашите дечиња

Sase Ivanovski

Максим Димитриевски: Цел на лагите на СДСМ не сум јас, туку ЗНАМ, како најбрзорастечка партија во Македонија

Sase Ivanovski

Дурмиши: Мерките на Министерството за економија и труд даваат резултат, цените на храната се стабилизираат, посветено работиме на заштита на животниот стандард

Sase Ivanovski

(ФОТО) Филипче: Градинката „Пролет“ е пример како треба да изгледа модерно Скопје – спротивно од кичот на Скопје 2014

Sase Ivanovski

Павле Арсоски Движење ЗНАМ – За наша Македонија во Крушево и Демир Хисар

Sase Ivanovski

(ФОТО) Максим Димитриевски во Долнени и Прилеп: Верувам во политиката што произлегува од теренот

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Манасиевски: Фирма за тендери – Стентон Градба во време на СДС 90% од приходите ги имала од јавни набавки, до кога ЈО ќе молчи?

Sase Ivanovski

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ треба да го поддржи Законот за Кочани

Sase Ivanovski

Пренџов: ДУИ е партија базирана на ширење нетрпеливост, лаги и манипулации

Sase Ivanovski

(ФОТО) Потпреседателката на ЗНАМ, Бендевска на средба со членовите и симпатизерите во Кавадарци и Неготино

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Кривична пријава против поранешен директор на ЈП „Колекторски систем“ Скопје – Подрачно одделение Охрид за злоупотреба на службената положба и овластување

Sase Ivanovski
Вчитувам....