Хаџи Јанев при разговорот во студиото објасни дека сепак екстрадацијата не е гарантирана во сите случаи а особено кога станува збор политичка позадина. Како што тврди професорот во случајот со убиството на малата Вања не станува збор за никаква политичка конотација и затоа не би требало да има големо одовлекување на процедурата.
-Она што е можеби и најголема среќа во случајот и се однесува на побрзо задоволување на правдата е фактот што Македонија и Турција имаат потпишано билатерален договор за меѓусебна екстрадиција на лица обвинети за кривични дела што според мене навестува брзо испорачување на осомничениот Љупчо Палевски на домашните институции вели – Хаџи Јанев.
Познавачот на меѓународните односи посочува дека сега целата процедура се сведува на работата на турските институции и нивната проценка за гонетиот Палевски а тоа според Хаџи Јанев може да потрае еден месец но и повеќе.
-До сега она што е собрано од информации во предистражната и истражната постапка говори дека нема индикации за политичка вмешаност и поврзаност со осомничениот бегалец. Доколку се направи ретроспектива на бегалците од земјава кои се осуденени правосилно во постапки а кои сè уште не се достапни за нашите правосудни орган како случајот со екс-премиерот Никола Груевски но и останатите, може да се увиди дека станува збор за тотално различни случаи кои се со дебела политичка вмешаност. Во тој контекст овде не очекувам да има никакво пролонгирање на испорачување на осомничениот од страна на турските власти освен ако не станува збор за некоја административна грешка направена ненамерно од наша страна со цел побрзо да се комплетира документацијата за испорака на бегалецот Палевски закоја Турција би барала дополнителни информации– посочи професорот Хаџи Јанев.
Професорот Хаџи Јанев во разговорот во студиото се осврна и за последните случувањата со војните во Украина и Израел, блокирањето на Американскиот Сенат на барањето на Белата куќа за итна финансиска помош за Украина и Израел но и за други случувања од меѓународната политичка сцена.Повеќе од разговорот од гостувањето на универзитетскиот професор Методи Хаџи Јанев можете да погледнете во видеото во продолжение..