Таа вчера во Мексико Сити оцени дека финансирањето, особено на општиот државен буџет на Украина, е „апсолутно неопходно“ и дека тоа е предуслов за поддршката на Меѓународниот монетарен фонд да продолжи да стигнува до Украина.Јелен кажа дека финансирањето на Украина е од суштинско значење за сите американски сојузници во Европа, кои и помагаат на земјата да ја добие борбата против руската инвазија.
Шефот на кабинет на украинскиот претседател Володимир Зеленски претходно изјави дека доцнењето на помошта од САД создава „голем ризик“ Украина да ја загуби речиси двегодишната војна.Украинскиот лидер подоцна го откажа говорот пред Конгресот во кој се очекуваше да го истакне барањето за директна американска помош, додека пратениците дебатираа за дополнителен пакет трошоци од повеќе од 100 милијарди американски долари што ќе вклучува помош за Украина и Израел, како и финансирање за граничната безбедност.