9.8 C
Скопје
18/05/2024 09:06
МАКТЕЛ

  

     

 

Кица Колбе: Достоевски и прашањето на верата

      

Кица Колбе. / Фото: Архива на Слободен печат
Достоевски останува актуелен не со неговите славјанофилски погледи омилени кај некои балкански народи, туку со неговиот пророчки суд за опасноста од политичка манипулација со „религиозните вистини”.Кога се говори за прашањето на верата во животот и во творештвото на еден од најголемите писатели, Фјодор М. Достоевски, често се цитира една негова мисла. „Кога би ми докажале дека Христос е надвор од вистината, и кога навистина би било така што Христос не би бил еднаков со вистината, тогаш јас би сакал да останам со Христа, а не со вистината“. Притоа малкумина го цитираат целиот пасус во кој е изречена оваа мисла. Многу е важно што тој вели во претходната реченица. Во неа тој пишува: „Верувам дека нема ништо поубаво, подлабоко, посимпатично, поразумно, почовечко и посовршено од Христос. Со ревносна љубов си велам себеси дека не само што нема ништо слично на него, туку ниту може да има“. Од ова сознание на Достоевски следува заклучокот дека за него да биде „во Христа и со Христа“ е поважно од тоа да биде „со вистината“.

   

Иако знае дека Христос самиот во Евангелието (Јов 14,6) вели „јас сум патот и вистината и животот“, сепак, речиси пророчки загадочно изјавува дека повеќе сака да ја изгуби вистината, отколку Христос. Достоевски очигледно искусил дека вистината по себе не е гаранција за правилноста или праведноста на еден чин.
За да се разбере ова длабоко сознание, но и неговата актуелност особено во нашиот православен свет, треба да се прочита и продолжението на мислата на Достоевски, бидејќи нему му е јасно дека некој може да се обиде да ја одвои вистината од Христа. Затоа тој јасно укажува дека „без Христос одеднаш сѐ станува одвратно и погрешно. Покажете ми нешто подобро од Христа! Покажете ми ги вашите праведници кои би ги ставиле на местото на Христос“, заклучува Достовески. Од последните две реченици станува јасно дека изјавата на Достоевски е еден вид контрааргумент во полемички контекст. Тоа станува јасно кога ќе потсетиме кому се наменети овие мисли на Достоевски.

 

Имено, прочуената мисла за Христос и вистината Достоевски ја запишал 1854 година во писмото до Наталија Д. Фонвизина. Таа е жената која нему 1850-та, во сибирското прогонство во Тоболск, му го испратила Евангелието. Фонвизина била блиска на кругот на „декемвристите“. Лектирата на Евангелието, всушност, го променила неговиот живот исто толку силно, колку и настанот што претходел на прогонството. Достоевски во ноември 1849-та бил осуден на смрт со стрелање. Додека чекал во редот да биде стрелан, само неколку минути пред егзекуцијата, стигнал гласникот со указот на царот за помилување, со што смртната казна била заменета со четиригодишно прогонство во Сибир. Тоа вистинско чудо го менува од темел односот на Достоевски кон својот поранешен поглед на светот и кон идејата дека праведно општество може да се создаде со револуција и борба. Иако во прогонството имал пристап и кон други книги, Евангелието останало за Достоевски главната лектира.

   

     

Неговата сопруга подоцна сведочи дека тој примерок на Евангелието стоел секогаш на неговата работна маса. Таа раскажува дека кога тој размислувал или се колебал за нешто, имал обичај да го отвори Евангелието на која било страна и да го прочита текстот на левата страна. Иако самиот за себе и подоцна пишува дека е „дете на своето време“ и постојано е измачуван од сомнежот во однос на верата, Достоевски истакнува дека најсилниот импулс кај него е „копнежот по Христа“. Познато е дека кусо пред смртта запишал дека сака да напише „роман за Исус Христос“. Впрочем, тој веќе го имаше напишано еден од најубавите романи за Христос. Тоа е приказната за кнезот Мишкин кој, всушност, е „кнезот Христос“, кој во овој безумен и зол свет може да биде само „идиотот“ – чудакот, со наивноста и добрината на невино дете.
Тоа што мене денес, кога католиците и многумина од православните (по новиот календар) го слават првиот ден од Божиќ, ме потсети на прочуената мисла на Достоевски од писмото на Фонвизина, е состојбата во која се наоѓа нашиот свет. Во име на „својата вистина“ за Бог во моментот се водат две војни. Едната, онаа „метафизичката“, на Русија против Украина, трае веќе две години, додека другата, онаа на Израел против палестинските терористи, започна есенва со нападот на милитантно исламистичкиот Хамас на Израел. Тоа што Достоевски го сознал уште 1854-тата во писмото до Фонвизина, а го покажа во блескава литературна форма во поглавјето со „Повеста за големиот инквизитор“ во романот „Браќа Карамазови“, е сознанието дека со „вистината“ може да се манипулира од позицијата на политичка моќ и власт, но не и со Христос. Додуша, православниот богослов Александар Шмеман, кој, исто така, во своите дневници постојано се враќа на кризата на православието, истакнува уште во осумдесеттите дека може да има црква во која Христос не е на „прво место“. Тоа се случува тогаш, кога на неговото место ќе се постави „вистината“ што не е еднаква со Христа.

Тоа е токму таа ситуација за која пишува Достоевски. Тогаш на местото на Христа во црквата (што значи и во срцата на верниците!) може да биде поставена „светата мајка Русија“, „небеска Србија“, „света мајка Бугарија“, „вечна Македонија“ и така во недоглед. Тоа се случува тогаш кога нацијата се сакрализира, кога таа станува идол и замена за Бог. Тогаш нашиот сонародник или почвата на која сме се родиле или сакаме да ја поседуваме, ни станува помила од Бог – од Христос. Тогаш сме полни со љубов за своето и со омраза за туѓото. Овие нешта – земјата, нацијата, народот, гордоста, патриотизмот – тогаш за манипулираните верници стануваат „чистата вистина” и во православната црква, затоа што во последните два века во православниот свет црквата и нацијата толку сраснаа една со друга, што тие полека почнуваат да го затемнуваат погледот на верниците врз Христа.
Затоа денес, на Божиќ, кога православните верници ја проповедаат пораката за мирот што го дарува само Христос, сите ние, барем за миг, треба да се запрашаме како е возможно православни христијани да водат војна, во која православни христијани убиваат други православни христијани? Само за да ја „докажат“ својата „историска вистина“ за тоа на која модерна нација ѝ припаѓа славната „Киевска Рус“? Зарем забораваме во чие име се крштеваат сите христијани? Кога тоа ќе се заборави и кога нешто друго во срцата ќе го заземе местото на Христос, многу православни христијани денес уште не согледуваат дека војната на Русија против Украина е таа грда „вистина“ која, според Достоевски, е „надвор од Христа“.

И затоа тој категорично изјавува дека никогаш нема да ја избере, туку ќе остане кај Христа. Од Евангелието, имено, Достоевски научил дека кога станува збор за прашањето на верата, вистината е секогаш личност, а не идеологија или пропаганда. За него вистината е идентична со Христос, како што стои во Евангелието. На Достоевски му е јасно дека Христос не основаше „нова религија“, туку „нов живот“. Верата значи преобразба на личноста и на животот според првата заповед на љубовта: љуби го Бога и љуби го ближниот! Дали во име на таа заповед може да се оправда војната?
Во нашиов свет, во кој во домовите го славиме Христовото раѓање, дарувајќи се во знак на љубов, секоја радост е „поматена“ од фактот на двете стравотни војни. Едната рускиот патријарх ја „оправда“ нарекувајќи ја „метафизичка“, а другата, таа против Израел, трае со прекини од мигот на прогласувањето на државата Израел. И таа сето време од арапскиот свет се „оправдува“ како „религиозна војна“. Можно ли е тие што веруваат во Бога како дарител на мирот и љубовта, да веруваат дека ја остваруваат неговата волја и заповедта на љубовта со убивање луѓе? Ако секој христијанин во другиот човек треба да го препознае Христа, тогаш како тој може да верува во Христа и да убива на фронтот други христијани?
Достоевски го знаеше парадоксот на религијата, која напати може да се редуцира на идеологија, со која може да се манипулираат верниците за политички цели, па затоа толку јасно го кажа својот суд и своето кредо. Само тој што повеќе од секоја светска вистина го сака Христа, само тој нема да дозволи да го манипулира каква било пропаганда за високите национални или религиозни цели.

Токму затоа Достоевски останува актуелен. Не со неговите славјанофилски погледи кои се многу омилени кај некои балкански народи, туку со неговиот пророчки суд за опасноста од политичка манипулација со „религиозните вистини“. Во неговата „Повест за големиот инквизитор“, владиката го препознава Христа и наредува да го затворат. За неговите цели, на „големиот инквизитор“ не му треба повеќе Христос. Тој го исмева Христос кој, според него, бил наивен и им дал слобода на избор луѓето, за која, според „големиот инквизитор“, тие не се способни. Затоа нему повеќе не му треба Христос. Затоа што тој сега ја поседува „вистината“. „Големиот инквизитор“ им кажува на луѓето што е „вистината“. И луѓето му веруваат! А јас денес би додала: добредојдовте во дваесет и првиот век и во царството на „големиот инквизитор“, производителот на „теории на заговор“.

Дојче Веле
(Авторката е филозоф и македонска и германска писателка)

    

Најново

Заслужен пораз и незаслужена победа

Sase Ivanovski

Ахмети е доволно возрасен за да ја води конститутивната седница која е планирана за 27 мај

Sase Ivanovski

Напад на синагога во Франција, полицијата го уби напаѓачот

Sase Ivanovski

Словачките политичари повикуваат на смиреност на политичките тензии во државата: Да се намали и со кампањата за изборите за Европскиот парламент

Sase Ivanovski

(ФОТО) Османи со бројни билатерални средби во Стразбур

Sase Ivanovski

Калинак: Состојбата на Фицо по новата операција е стабилна, но многу тешка

Sase Ivanovski

Aнализа: Дали Нетанјаху има план за „ден по“ војната во Газа?

Sase Ivanovski

Словачка на работ од граѓанска војна: политичарите повикуваат на смиреност

Sase Ivanovski

Генерално чистење на дивите депонии во Битола

Sase Ivanovski

Орбан: Фицо е меѓу животот и смртта, се молиме за него

Sase Ivanovski

Водачот на Хутите: Ќе го гаѓаме секој брод што ќе се упати кон израелските пристаништа

Sase Ivanovski

Зеленски признава дека ситуацијата во североисточниот регион Харков е „исклучително тешка“

Sase Ivanovski

Управниот суд оформи седум предмети за поднесените тужби од „Европскиот фронт“, кои се против одлуката на ДИК

Sase Ivanovski

Нов критички одглас за романот на годината од Димковска – критички осврт на Мојсова-Чепишевска

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Силно невреме го зафати Хјустон: има загинати, а градот е во мрак

Sase Ivanovski

Здружението на судии апелира реформата на судството да биде аргументирана, а третата власт да биде вклучена

Sase Ivanovski

Путин вели дека Русија создава тампон зона крај Харков и не планира освојување на градот

Sase Ivanovski

Унгарија стави вето на резолуцијата на Советот на Европа за Украина

Sase Ivanovski

Бербок вели дека на Украина ѝ треба оружје со долг дострел за да го одбрани Харков

Sase Ivanovski

,,Вдоми” затоа што животот е поубав со куче

Sase Ivanovski

Макроекономските проекции претставени пред ММФ: Претпазливите политики на Народната банка клучни за одржувањето на макроекономската стабилност

Sase Ivanovski

Пукање во Стокхолм: Затворена израелската амбасада, има и приведени

Sase Ivanovski

Масовни напади на Крим, сателитски снимки откриваат уништени моќни авиони

Sase Ivanovski

Иако е на „црната листа“ на САД за корупција, Самсоненко продолжува да гради на плоштадот „Македонија“

Sase Ivanovski

Германија за Преспа: Важно е да нема сомнеж дека новата влада ги почитува обврзувачките договори

Sase Ivanovski

Црвеното злато“ руши ценовни рекорди: Македонија испушта над двесте милиони евра годишно, додека лежи на бакар

Sase Ivanovski

Реакција на членови на ДИК: Неприфатливо е мешањео на политички партии и поединци од техничката Влада во изборните процедури

Sase Ivanovski

Домашен притвор за родителот од Битола, кој во училница за време на настава натепа ученик и наставничка

Sase Ivanovski

Краткотрајно невреме следните денови, со пороен дожд, град и грмежи

Sase Ivanovski

Љупчо Палевски-Палчо бара да го застапува тим од адвокати, меѓу кои Менкиноски и Страшевски

Sase Ivanovski

Зајкова демантира дека се приклучува кон ВМРО ДПМНЕ: Тоа се нарачки од партиски ботови

Sase Ivanovski

„ВРЕДИ“: Паниката е разбирлива, но злоупотребата на функцијата и притисокот врз судот се неприфатливи!

Sase Ivanovski

Европски фронт: Дали „Вреди“ се согласиле со ВМРО за ревизија на Коридорот 8?

Sase Ivanovski

Пронашле граната и ја однеле во беровкста полиција, ЦУК со апел да не се допираат неексплодирани средства

Sase Ivanovski

Автомобил излета од патот Штип – Скопје, двајца повредени

Sase Ivanovski

Приведена девојка од Кочани, нападнала и ограбила 69-годишна штипјанка

Sase Ivanovski

Мицотакис: Без почитување на Договорот од Преспа, патот кон Европа ќе остане затворен

Sase Ivanovski

Внимание: Секој адекватен простор да се искористи за поставување фотоволтаични панели

Sase Ivanovski

Данска испраќа нов пакет воена помош за Украина во вредност од 750 милиони евра

Sase Ivanovski

Египетскиот претседател Ал Сиси го обвини Израел дека избегнува постигнување прекин на огнот

Sase Ivanovski

По атентатот на Фицо, закана стигнала и до полскиот премиер – Доналд Туск

Sase Ivanovski

Град Скопје: Дезинсекцијата во Скопје се реализира согласно можноста и временските услови

Sase Ivanovski

Зеленски: На Украина и се потребни системи „Патриот“ за заштитата на Харков

Sase Ivanovski

Зајкова демантира дека се приклучува кон ВМРО ДПМНЕ: Тоа се нарачки од партиски ботови

Sase Ivanovski

Тошковски: Високораководни структури во повеќе институции се во спрега со мафијата

Sase Ivanovski

Рама до Бугарија: Политиката на блокада е ужасна, одвратна и антиевропска!

Sase Ivanovski

Пад на германските инвестиции во земјава поради недостигот на стручни кадри

Sase Ivanovski

Британскиот воен аташе во Москва прогласен за персона нон грата

Sase Ivanovski

Две лица тешко ранети, а уште четири полесно во напад со нож во Швајцарија

Sase Ivanovski

Натпревар во печење прасиња и ,,Електрични оргазам” во Куманово: Бесплатен влез за рок настанот!

Sase Ivanovski

БОМБА НА ТЕЛМА: Николовски прв полицаец, Тошковски на Правда, Муцунски Надворешни, Кочовска на чело на финансии ?

Sase Ivanovski

Средба на претседателката Гордана Сиљановска Давкова со Росана Дуџак, постојан координатор на Обединетите Нации

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ЈАКИМОВСКИ ОТКРИ КАКО СЕ ВИКА ИМПОТЕНЦИЈА НА УНГАРСКИ

Sase Ivanovski

Тошковски во посета на Одделот за воздухопловни единици на МВР

Sase Ivanovski

Кривична пријава против тројца дилери на кокаин и марихуана

Sase Ivanovski

Екстрадиран Бесим Красниќи 

Sase Ivanovski

Еди Рама распали по Бугарија на настан во Тирана организиран од „Солуција“ и Рокфелер

Sase Ivanovski

КОИ СЕ ЛИЦАТА ОДГОВОРНИ ЗА ОРГАНИЗИРАНИОТ КРИМИНАЛ ВО ЕУРОСТАНДАРД БАНКА?

Sase Ivanovski

108 санкционирани возачи во Скопје

Sase Ivanovski

Аваја е единствен политички легитимен претставник на ромската заедница

Sase Ivanovski

МАКРАДУЛИ: „На СДСМ во моментов му требаат и децата на СДСМ, но и ние со белите коси. Ни требаат сите“

Sase Ivanovski

Расчистено разбојништво во Штип, одземеното вратено на сопственичката

Sase Ivanovski

МД „Илинден“: Честитки до студентите по македонски јазик во Тирана и критика за УКИМ

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) СТЕВЧО: ТОА ШТО ПЕЕВ “НИКО НАМ НИШТО НЕ МОЖЕ” МИ СЕ ВРАТИ СО ЛОШО, ОД ТОГАШ НАВАМУ САМО ПОРАЗИ НИЖАМ

Sase Ivanovski

Османи во Стразбур: “Мултилатерализмот останува единствен ефикасен одговор кон предизвиците”

Sase Ivanovski

Лидерите на земјите од Западен Балкан со заедничка изјава остануваат посветени на процесите за членство во ЕУ

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) СТЕВЧЕ ЈАКИМОВСКИ: КОЈ МЕ СРЕТНЕ НА УЛИЦА МИ ВИКА СТЕВЧЕ ГЛАСАВМЕ ЗА ТЕБЕ, А ВАМУ ГЛАСОВИТЕ ГИ НЕМА, КОЈ ЛАЖЕ, КОЈ КРАДЕ?!

Sase Ivanovski

Средба Тошковски – Давкова во Вила Водно: Со партнерски однос ќе градиме општество во кое основен принцип ќе биде владеење на правото а Македонија подобро место за живеење

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ЈАКИМОВСКИ: МНОГУ МИ Е ДРАГО ШТО НЕ УСПЕА БОЈКОТОТ НА ДУИ И ШТО СИЉАНОВСКА СТАНА ПРЕТСЕДАТЕЛКА

Sase Ivanovski

Таравари: Се очекува до петок да се постигне финален договор за формирање на Влада

Sase Ivanovski

Министерот Николовски ги додели првите 44 договори од новата ИПАРД 3 програма за мерките 1 и 7, поддршка вредна 30 милиони евра

Sase Ivanovski

Мицкоски: Главен приоритет на владата на ВМРО-ДПМНЕ  е силен економски развој за просперитет на Македонија и граѓаните

Sase Ivanovski

Герапетритис: Грчката Влада реагираше брзо и го интернационализираше прашањето по инаугурацијата на Сиљановска

Sase Ivanovski

ФОТО НА ДЕНОТ

Sase Ivanovski

ДОКТОР РИСТО СИМЕОНОВ ВО „КАДЕ СЕ ПАРИТЕ?“: ПАЦИЕНТИТЕ ЌЕ СЕ ЛЕКУВААТ ВО ШТИП, БИТОЛА, ТЕТОВО… НЕ САМО ВО СКОПЈЕ

Sase Ivanovski

Маринакис: Употреба на уставното име формално, но не и во јавни настапи не може да биде прифатена од Грција

Sase Ivanovski

Осомничениот за атентатот на Фицо рекол дека е горд на тоа што го направил го подготвувал нападот неколку дена

Sase Ivanovski

Адвокат почина во Граѓанскиот суд во Скопје

Sase Ivanovski

Сите политички чинители да ги почитуваат меѓународно преземените обврски, порачал Троказ на средба со Џафери

Sase Ivanovski

АНАЛИЗА: Три општини во државата должат по повеќе од 9 милиони евра

Sase Ivanovski
Вчитувам....