20.8 C
Скопје
17/05/2024 18:11
МАКТЕЛ

  

     

 

Милионска загуба: Отпадот од лозје загадува наместо да се користи за енергија

      

Дане Јошев од Кавадарци има 67 години и за МИА откри дека откако знае за себе остатокот при резидбата на виновите лози, се гори на крајот од меѓата. Се надева дека дур е жив, ќе дочека, отпадот од лозјата паметно да се искористи наместо да се уништува.
– Јас се надевам дека еден ден, Кавадарци како град на грозје и вино, ќе има централно греење преку искористување на овој отпад. Така ќе се намали и загадувањето, рече Јошев.

   

Тиквешани се свесни дека се губат милиони преку горење на отпадот од лозјето наместо да се користи за енергија. Светот на различни начини го користи овој ресурс, а во Тиквешијата, со море од лозја, долги години се сонува за тоа ридовите од исечени лозови прачки да не ги „јадат“ огновите, да не се загадува воздухот, да не се влијае врз климатските промени и да не бидат потенцијална опасност за пожари.Секоја исечена гранка има своја калорична вредост и може да биде употребена за брикети или пелети кои би се користеле за грејните тела. Но, мора да се истакне дека отпадот не се само лозовите гранки по резидбата, отпад се и други остатоци при обаботката на лозите, но и овошните насади од Тиквешко и Росоманско, како најголеми региони на грозјето и праските во државата.

 

Стручни лица потврдија за МИА дека наместо да се гори отпадот од лозјата и да се загадува околината, може да се искористи за повеќе намени. Имаше обиди во различни периоди, за искористување на овие лозови прачки, но засега, тие се се уште само декор по нивите, пред да станат храна за пламените јазици. И така секоја сезона, а се има случено, само во една противпожарна смена, да се гасат дури седум пожари предизвикани при горење на лозови прачки.

   

     

Отпадот е само отпад доколку не е обработен
Био-отпадот од лозјата наместо да се гори може да се користи за повеќе намени, ни рекоа и Александра Караевска Димовска и Билјана Матевска, вклучени во проектот „Развој на систем за управување со органски отпад во производство на грозје и вино во Тиквешкиот регион“.

Проектот се спроведува како дел од програмата за соработка со бизнис секторот develoPPP.de, а се реализира со финансиска поддршка на германското Сојузно министерство за економска соработка и развој (BMZ), преку Германско друштво за меѓународна соработка, во партнерство со винаријата ,,Бовин” и Центарот за истражување и креирање политики.

-Праксата на горење на гранките на отворено, е нешто што е забрането со закон и не влегува во добрите практики што се наложени во законот за управување со отпад. Тоа е нешто што мора да се искорени, во што е можно побрз временски период, ако сакаме да се доближиме до ЕУ, вели Матевска, координатор на проектот во рамките на Центарот за истражување и креирање политики.
Според неа, согорувањето на отворено е многу штетно пред се, затоа што овие гранки кога се сечат се согоруваат додека се уште се влажни.

-Се согоруваат во услови каде што нема доволно кислород за согорувањето да биде побрзо и на тој начин се ослободуваат микрочестички пм10 и пм2.5, но и други канцерогени честички, полиароматски јаглероводороди, како што се диоксини и фурани. Лошото согорување влијае и врз создавање на големи количини пепел што се разнесува со ветерот низ воздухот, додава таа.
Објаснува дека несоодветното согорување штетно влијае и врз почвите, а преку нив и врз подземните води, што се загадуваат. И секако, врз климатските промени, затоа што се ослободуваат стакленички гасови,

Тие ја испитале и енергетската вредност на гранките од лозите, преку брикети произведени од лозови гранки, без додатоци. Во сертифицирана лабораторија со исо стандард.
– Добиена е бруто калорична вредност од 4.062 калории на килограм или 17 илјади џули на грам, еквивалент на висококвалитетна сува бука подготвена за горење. Прилично добар енегенс, што може да се користи комотно за загревање на големи простории, јавни објекти, домаќинства и слично, нагласи Матевска.

Според неа, брикетите може да се замена на некои од постоечките енергенси во јавни институции.
-Да се замени огревното дрво и да не се сечат шуми, да се замени мазутот што загадува и влијае врз климатски промени. Брикетите од лози се поисплатливи од струја и нафта и се поздраво греење, споредено со други енергенси, вели таа.

Караевска Димовска, советник за управување со отпад при канцеларијата на ГИЗ, ни посочи дека овој отпад може да биде ресурс за греење, да се добие ѓубриво пестицид, сточна храна, брикети, пелети, други формати на грејни тела и слично на тоа. Но, како што нагласи, да се искористи и во прехранбена, фармацевтска и козметичка индустрија.
-Се планира да се развијат бизнис модели за различни типови на производ, во соработка со тим од експерти, откри Караевска Димовска, нагласувајќи дека целта им е да ја зголемат свесноста околу можноста за искористување на овој отпад и вклучување на што е можно повеќе субјекти во тој еколошки процес.

Караевска Димовска подвлече дека првично, заклучоците до кои доаѓаат ги реализираат заедно со ,,Бовин”, за подоцна тој модел на соработка да се оствари и со други винарници.
Според анализите, инвестициите во искористување на овој потенцијал, би чинеле од педесет илјади евра, па нагоре.
Костадин Китанов, директор на винарија ,,Бовин”, ни посочи дека имаат направено студии за искористеност од прачките на четири различни модели:биомаса за производство на енергија, пелети за огрев, вештачко ѓубриво и био-ќумур.Тие го одбрале третиот модел, како најрентабилен, што би чинел околу педесетина илјади еврa и дека се спремаат за негова имплементација и реализација.

Од винарската визба „Тиквеш“ ни рекоа дека во последниве години се во фаза на интензивни инвестиции во процесот на трансформација во т.н. зелена винарница, во согласност со својата стратегија за одржлив развој.
-Во рамките на овој процес, винарницата од оваа сезона почнува да ги користи остатоците од дрвената маса од извршената зимска резидба на нашите лозови насади за сопствено производство на компост, велат од винарницата.

Лојзе отпад тема
Претходно е инвестирано во набавка на потребната специјална опрема и механизација, а дефинирани се и прецизни протоколи и експертиза за процесот на компостирање.
-Покрај дрвената маса при производството на компост се користат и остатоци од производството на вино (комиње), растителни остатоци, арско ѓубриво и други органски материи, кои компостот го прават високо ефективен и корисен за насадите, ни одговорија од винарницата.

Оттаму нагласија дека паралелно, „Тиквеш“ инвестира во изработка на физибилити студија за искористување на целокупниот органски отпад од лозовите насади во насока на добивање топлинска енергија.

-Овој процес е во фаза на развој на проект и е еден од повеќето чекори кои „Тиквеш“ ги презема со цел да се здобие со статус на зелена винарница. Меѓу нив се и проектите кои во винарницата се во поодмината фаза на имплементација – воведувањето иновативни дигитални решенија во процесот на производство, користењето обновливи извори на енергија, системот за управување со отпадни води, користењето полесна амбалажа со намален отпечаток на CO2, органско производство, додадоа од винарницата.

Голем дел од децата во Тиквешко проодуваат и учат да зборуваат на лозјето, помеѓу лозовите прачки и грутките. Лозовите прачки, што најпрвин служат како материјал за изградба на импровизирани колиби, во игрите на многу тиквешки деца, денес се извор на загадување и опасност од пожари, но во иднина може да бидат вреден ресурс кој паметно може да се искористи

Оваа сторија е продуцирана со поддршка на регионалниот проект „SMART Balkans – Зајакнување на улогата на медиумите во справувањето со климатските промени“ имплементиран од Центарот за промоција на граѓанското општество (CPCD), Центарот за истражување и креирање политики (CRPM) и Институтот за демократија и медијација (IDM) и финансиски поддржан од Министерството за надворешни работи на Норвешка (НМФА). Содржината на сторијата е единствена одговорност на авторите и не мора да ги одразува ставовите на Министерството за надворешни работи на Норвешка (НМНР).

    

Најново

Црвеното злато“ руши ценовни рекорди: Македонија испушта над двесте милиони евра годишно, додека лежи на бакар

Sase Ivanovski

Реакција на членови на ДИК: Неприфатливо е мешањео на политички партии и поединци од техничката Влада во изборните процедури

Sase Ivanovski

Домашен притвор за родителот од Битола, кој во училница за време на настава натепа ученик и наставничка

Sase Ivanovski

Краткотрајно невреме следните денови, со пороен дожд, град и грмежи

Sase Ivanovski

Љупчо Палевски-Палчо бара да го застапува тим од адвокати, меѓу кои Менкиноски и Страшевски

Sase Ivanovski

Зајкова демантира дека се приклучува кон ВМРО ДПМНЕ: Тоа се нарачки од партиски ботови

Sase Ivanovski

„ВРЕДИ“: Паниката е разбирлива, но злоупотребата на функцијата и притисокот врз судот се неприфатливи!

Sase Ivanovski

Европски фронт: Дали „Вреди“ се согласиле со ВМРО за ревизија на Коридорот 8?

Sase Ivanovski

Пронашле граната и ја однеле во беровкста полиција, ЦУК со апел да не се допираат неексплодирани средства

Sase Ivanovski

Автомобил излета од патот Штип – Скопје, двајца повредени

Sase Ivanovski

Приведена девојка од Кочани, нападнала и ограбила 69-годишна штипјанка

Sase Ivanovski

Мицотакис: Без почитување на Договорот од Преспа, патот кон Европа ќе остане затворен

Sase Ivanovski

Внимание: Секој адекватен простор да се искористи за поставување фотоволтаични панели

Sase Ivanovski

Данска испраќа нов пакет воена помош за Украина во вредност од 750 милиони евра

Sase Ivanovski

Египетскиот претседател Ал Сиси го обвини Израел дека избегнува постигнување прекин на огнот

Sase Ivanovski

По атентатот на Фицо, закана стигнала и до полскиот премиер – Доналд Туск

Sase Ivanovski

Град Скопје: Дезинсекцијата во Скопје се реализира согласно можноста и временските услови

Sase Ivanovski

Зеленски: На Украина и се потребни системи „Патриот“ за заштитата на Харков

Sase Ivanovski

Зајкова демантира дека се приклучува кон ВМРО ДПМНЕ: Тоа се нарачки од партиски ботови

Sase Ivanovski

Тошковски: Високораководни структури во повеќе институции се во спрега со мафијата

Sase Ivanovski

Рама до Бугарија: Политиката на блокада е ужасна, одвратна и антиевропска!

Sase Ivanovski

Пад на германските инвестиции во земјава поради недостигот на стручни кадри

Sase Ivanovski

Британскиот воен аташе во Москва прогласен за персона нон грата

Sase Ivanovski

Две лица тешко ранети, а уште четири полесно во напад со нож во Швајцарија

Sase Ivanovski

Натпревар во печење прасиња и ,,Електрични оргазам” во Куманово: Бесплатен влез за рок настанот!

Sase Ivanovski

БОМБА НА ТЕЛМА: Николовски прв полицаец, Тошковски на Правда, Муцунски Надворешни, Кочовска на чело на финансии ?

Sase Ivanovski

Средба на претседателката Гордана Сиљановска Давкова со Росана Дуџак, постојан координатор на Обединетите Нации

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ЈАКИМОВСКИ ОТКРИ КАКО СЕ ВИКА ИМПОТЕНЦИЈА НА УНГАРСКИ

Sase Ivanovski

Тошковски во посета на Одделот за воздухопловни единици на МВР

Sase Ivanovski

Кривична пријава против тројца дилери на кокаин и марихуана

Sase Ivanovski

Екстрадиран Бесим Красниќи 

Sase Ivanovski

Еди Рама распали по Бугарија на настан во Тирана организиран од „Солуција“ и Рокфелер

Sase Ivanovski

КОИ СЕ ЛИЦАТА ОДГОВОРНИ ЗА ОРГАНИЗИРАНИОТ КРИМИНАЛ ВО ЕУРОСТАНДАРД БАНКА?

Sase Ivanovski

108 санкционирани возачи во Скопје

Sase Ivanovski

Аваја е единствен политички легитимен претставник на ромската заедница

Sase Ivanovski

МАКРАДУЛИ: „На СДСМ во моментов му требаат и децата на СДСМ, но и ние со белите коси. Ни требаат сите“

Sase Ivanovski

Расчистено разбојништво во Штип, одземеното вратено на сопственичката

Sase Ivanovski

МД „Илинден“: Честитки до студентите по македонски јазик во Тирана и критика за УКИМ

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) СТЕВЧО: ТОА ШТО ПЕЕВ “НИКО НАМ НИШТО НЕ МОЖЕ” МИ СЕ ВРАТИ СО ЛОШО, ОД ТОГАШ НАВАМУ САМО ПОРАЗИ НИЖАМ

Sase Ivanovski

Османи во Стразбур: “Мултилатерализмот останува единствен ефикасен одговор кон предизвиците”

Sase Ivanovski

Лидерите на земјите од Западен Балкан со заедничка изјава остануваат посветени на процесите за членство во ЕУ

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) СТЕВЧЕ ЈАКИМОВСКИ: КОЈ МЕ СРЕТНЕ НА УЛИЦА МИ ВИКА СТЕВЧЕ ГЛАСАВМЕ ЗА ТЕБЕ, А ВАМУ ГЛАСОВИТЕ ГИ НЕМА, КОЈ ЛАЖЕ, КОЈ КРАДЕ?!

Sase Ivanovski

Средба Тошковски – Давкова во Вила Водно: Со партнерски однос ќе градиме општество во кое основен принцип ќе биде владеење на правото а Македонија подобро место за живеење

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ЈАКИМОВСКИ: МНОГУ МИ Е ДРАГО ШТО НЕ УСПЕА БОЈКОТОТ НА ДУИ И ШТО СИЉАНОВСКА СТАНА ПРЕТСЕДАТЕЛКА

Sase Ivanovski

Таравари: Се очекува до петок да се постигне финален договор за формирање на Влада

Sase Ivanovski

Министерот Николовски ги додели првите 44 договори од новата ИПАРД 3 програма за мерките 1 и 7, поддршка вредна 30 милиони евра

Sase Ivanovski

Мицкоски: Главен приоритет на владата на ВМРО-ДПМНЕ  е силен економски развој за просперитет на Македонија и граѓаните

Sase Ivanovski

Герапетритис: Грчката Влада реагираше брзо и го интернационализираше прашањето по инаугурацијата на Сиљановска

Sase Ivanovski

ФОТО НА ДЕНОТ

Sase Ivanovski

ДОКТОР РИСТО СИМЕОНОВ ВО „КАДЕ СЕ ПАРИТЕ?“: ПАЦИЕНТИТЕ ЌЕ СЕ ЛЕКУВААТ ВО ШТИП, БИТОЛА, ТЕТОВО… НЕ САМО ВО СКОПЈЕ

Sase Ivanovski

Маринакис: Употреба на уставното име формално, но не и во јавни настапи не може да биде прифатена од Грција

Sase Ivanovski

Осомничениот за атентатот на Фицо рекол дека е горд на тоа што го направил го подготвувал нападот неколку дена

Sase Ivanovski

Адвокат почина во Граѓанскиот суд во Скопје

Sase Ivanovski

Сите политички чинители да ги почитуваат меѓународно преземените обврски, порачал Троказ на средба со Џафери

Sase Ivanovski

АНАЛИЗА: Три општини во државата должат по повеќе од 9 милиони евра

Sase Ivanovski

Проблематизирање на спогодбата со Грција

Sase Ivanovski

Во име на „Македонија“: повторно распламтен стариот спор

Sase Ivanovski

Приведен бегалец: осуден на казна затвор од четири години и девет месеци

Sase Ivanovski

Османи во Стразбур на сесијата на Комитетот на министри на Совет на Европа

Sase Ivanovski

„Макпетрол“: Со позитивна енергија во Градски Парк да застанеме на патот на врсничкото насилство

Sase Ivanovski

(ВИДЕОИНТЕРВЈУ) Илијевски: Резолуцијата за Сребреница го става на испит македонско-српско пријателство

Sase Ivanovski

(ФОТО) Бејби Лазања ја одби наградата од 50.000 евра: Му предложи на Пленковиќ каде да ги донира парите

Sase Ivanovski

Мицкоски го повикува Мицотакис да го срушат Преспанскиот договор

Sase Ivanovski

Истекнати права на гордост

Sase Ivanovski

Судската власт не е марионета , порачува Судскиот совет за најавите на Мицкоски за негово распуштање

Sase Ivanovski

Германската амбасада во Приштина смета дека последниот потег на косовската влада не го претставува тоа што го бараше Квинта

Sase Ivanovski

DynamicsMinds конференција собира повеќе од 1,000 учесници во Словенија

Sase Ivanovski

Претседателскиот мандат не е за нови внатрешни и регионални поделби и за изолација на земјата

Sase Ivanovski

Демократијата во опасност

Sase Ivanovski

Добро утро, Македонијо, првите 100 дена на реалност или фантазија?

Sase Ivanovski

Ѓузелов: Нереално е дека ВМРО-ДПМНЕ ќе го поништи Договорот од Преспа и ќе го врати старото име

Sase Ivanovski

Алегри беснеел и се заканувал на директорот на „Тутоспорт“: Знам каде да те најдам, ќе те претепам!

Sase Ivanovski

Столе Димитриевски стана голман со најмногу настапи во историјата на Рајо

Sase Ivanovski

Мис Америка се откажа од титулата поради „менталното здравје“: Крунисана нова убавица на нејзино место

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ВО ГРЦИЈА ЗАБЕЛЕЖАНА СИНА АЈКУЛА Допливала дури до пристаништето во Глифада

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) НЕСРЕЌНА ЖЕНА ЗАВРШИ НА НЕГОВИТЕ РОГОВИ! Див бик нападна туристкa на плажа во Мексико

Sase Ivanovski

„ЗАЕДНИЦА НА СРПСКИ ОПШТИНИ КОЈА НЕ ГО КРШИ УСТАВОТ НА КОСОВО“ Приштина усвои нацрт-статут и го информираше Советот на Европа

Sase Ivanovski

ПРЕД ГРАЃАНСКА ВОЈНА СМЕ, НЕ РАЗГОРУВАЈТЕ Словачка е во опасна ситуација по атентатот на Фицо?!

Sase Ivanovski

Најмалку тројца загинати во експлозија на киоск во Дизелдорф

Sase Ivanovski

ЕУ со истрага против Фејсбук и Инстаграм: Предизвикуваат зависно однесување кај децата

Sase Ivanovski
Вчитувам....