18.8 C
Скопје
18/05/2024 11:43
МАКТЕЛ

  

     

 

Од драма во драма – дали Алијансата избра да биде жртва?

      

Многу работи се познати кај политичките актери во френетичното загревање за изборната кампања. Сега еден момент изгледа најмистериозен – што ќе прави ВМРО-ДПМНЕ доколку победи и доколку успее да формира влада со преговарачката рамка и натамошниот пат кон ЕУ на Македонија.

   

Одговор број 1: Христијан Мицкоски во интервју за ТВ 24.

 

„ВМРО-ДПМНЕ е подготвена по формирањето на новата влада да седне со властите во Софија и да разговара да видиме – доколку има желба од таа страна – како ќе излеземе од оваа мртва состојба во којашто оваа влада и авантурите на (Бујар) Османи, на (Димитар) Ковачевски и (Стево) Пендаровски ја доведоа Македонија во евроинтегративниот процес“.

   

     

Одговор број 2: Антонио Милошоски во изјава за „Независен“.

„Не е идејата да одиме на меѓународна арбитража (како Словенија и Хрватска). Бугарија е второстепен актер во спорот. Првостепени се Франција, Германија, Холандија, Данска и други земји од кои ќе побараме да ни дадат предлог календар кога се подготвени за нова членка на ЕУ. Бидејќи сега ќе ги почнеш преговорите за членство, а не знаеш кога ќе ги завршиш“.

Одговор број 3: Антонио Милошоски во интервју за „Слободен печат“.

„Во 2019 година нас нè блокираше Франција, каде и тогаш и денес претседател е човек што припаѓа на европските либерали. И, за жал, тој потег и тогаш и денес го ценам како недостиг на визија за Европа за целиот европски континент… Изјавите од ЕУ дека не е можна промена на преговарачката рамка не го гледам како библиски став.

Залагањата на ВМРО-ДПМНЕ, или на идната влада по изборите, ќе бидат сериозен тест не само за Македонија, туку и за ЕУ во целина, и за Бугарија како сосед. Тоа би го именувал како дипломатски напор што треба да се движи во рамките на еден интегративен патриотизам“.

Одговор број 4: Тимчо Муцунски во разговор за „Плусинфо“.

„Западниот Балкан ќе биде еден пакет од гледна точка на пристапување кон ЕУ. Во овој момент, Србија, Црна Гора и Албанија се сметаат за првиот пакет, додека во вториот пакет се Косово и Босна и Херцеговина. Неизвесно е каде е Македонија. Сметам дека Западниот Балкан ќе биде апсорбиран од страна на ЕУ во еден пакет, без оглед што земјите се борат со своите индивидуални достигнувања. Доколку сме проактивни и ако го искористиме геополитичкиот контекст којшто ни оди во полза, можеме нешто да добиеме“.

Можеби мислите дека нема никаква разлика во овие ставови, а можеби проценувате дека тие се навистина различни. Не е ништо страшно луѓето во врвот на една партија да имаат различни или поинаку проспектирани ставови за една многу важна ситуација во која се наоѓа Македонија. Можеби ВМРО-ДПМНЕ е во потрага по вистинската стратегија која ќе треба да ја напише во предизборната програма. Па затоа, лидерот на партијата вели дека откако тој ќе ја формирал новата влада е подготвен да седне со бугарските власти за да разговара како да се излезе од „мртвата состојба“. Дипломатскиот гуру во партијата, Милошоски, пак, мисли дека како решение за блокадата од Бугарија неговата партија ќе понуди „европски модел, по примерот на Словенија и Хрватска“. Треба да се помести решавањето на спорот со моментот на ратификување на приемот на Македонија во ЕУ, како во хрватско-словенечкиот случај, вели Милошоски. Истото она што го бараше македонската влада при конципирањето на преговарачката рамка, а земјите-членки на ЕУ го одбија тоа.

Од другата страна на политичкиот спектар изгледа дека нема потреба од ваков квиз. Затоа што би било нелогично за партијата која учествуваше во калибрирањето на преговарачката рамка, а досегашниот премиер точките од неа ги брани како услови кои се најмалку проблематични. Па се претпоставува дека во изборната програма нема да има ништо што не е јасно од досегашните ставови. Но кој би можел да тврди со сигурност.

Херои и жртви

Тоа е околу квизот. Сега за она што ја прекри целата политичка сцена во Македонија. Драмата во Алијансата за Албанците. И политичките хиени што се појавија од саваната и мршојадците што гледаат како да го довршат она што другите ќе го распарчат.

Нема никаква дилема дека во оваа драма нема „херои“, туку има една главна жртва – самата партија Алијанса за Албанците, а посредно нејзините гласачи, кои толку многу веруваа дека на овие избори може да се направи клучниот пресврт во детронизирањето на ДУИ. Неверојатна мечешка услуга на Арбен Таравари и министерскиот двоец им направија вмровските функционери, а и пратениците за време на вчерашната расправа во парламентот кога внимателно го глорифицираа ова крило во АА. А само до пред десетина дена Таравари беше „тотемот“ кој се исмеваше, се потценуваше, се навредуваше дека ја предал опозициската кауза, дека влегол во челуста на ѕверот само поради необјасниви интереси. Сега тој да ти бил пленот кој самоволно влетал во смртната игра, а не требало да го направи тоа.

Арбен Таравари на собирот на неговиот дел од Алијансата се обиде да ги амортизира впечатоците што се наметнуваат: „Со целосна одговорност велиме дека нема да станеме дел од влада која не би ги направила уставните измени и која не прифаќа почеток на преговорите со ЕУ“, рече Таравари.

Но дали е тоа доволно? Без оглед што ќе се случи на денешното Централно собрание на АА во Скопје, дали Зијадин Села ќе собере мнозинство од неговите членови за да го поддржат претходно усвоениот став партијата да излезе самостојно на изборите, работите немаат светла перспектива за Алијансата за Албанците.

Како би изглегле на изборите: Едно од крилата ќе може со печатот на АА да ги пријави до ДИК кандидатите за пратеници, другите можеби ќе бидат претставени како независни листи. Донтовиот количник, со голема веројатност, ќе ги претвори во прашина надежите и Алијансата треба да ја очекува судбината на Беса по изборите во 2016 година кога успеа да го уништи неверојатниот резултат и да се атомизира.

Непозната територија

Многумина ќе кажат дека после овој сегашен раскол во АА работите во албанскиот блок одат на непозната територија. Овие денови изгледа дека од расколот ДУИ ќе извлече најголема корист. Но работите се менуваат толку брзо што една прогноза пред десетина дена не мора да значи дека ќе се оствари за две недели. А уште повеќе на денот на изборите. ДУИ најпосле може да биде подјадена. Според проекциите на Таравари, приклучувањето на Алијансата на тројниот блок од „Европскиот сојуз за промени“ треба да донесе додадена вредност за оваа четирчлена група конечно да ја победи ДУИ. Кој може сега да знае колку од гласачите на Алијансата ќе останат дома, ќе гласаат за некој друг или ќе гласаат за крилото на Села.

Никој со сигурност не можа да каже што го натера Арбен Таравари неколку дена по изгласувањето на техничката влада да објави дека Алијансата ќе оди на изборите со опозицијата. Дали тригерот беше средбата на опозициската тројка плус Таравари со косовскиот премиер Албин Курти, кој чекор по чекор се обидува да ја гради улогата на регионален лидер на Албанците. И дека пиемонт на албанскиот свет треба да биде Приштина, а не Тирана. Дали Таравари уште не може да заборави и да им прости на трупите на ДУИ што сѐ правеа на двата избори за градоначалник на Гостивар тој да не успее. А тој сепак успеа и го победи ДУИ. Тој го победи ДУИ во Гостивар, но прашање е дали ќе го победи другото крило во сопствената партија.

Косовскиот премиер Албин Курти се обидува да ја гради улогата на регионален лидер на Албанците. Косовскиот премиер Албин Курти се обидува да ја гради улогата на регионален лидер на Албанците.

Надвор од жестоките обвинувања на двајцата министри против ДУИ и особено кон вицепремиерот Артан Груби, интегративците забележително молчат. Тоа е многу јасно – што и да кажат ќе биде против самите себеси. Талат Џафери, во основа, е во право: двајца министри кои изјавуваат дека го поддржуваат нивниот претседател дека на изборите ќе одат со опозицијата, ја прави ситуацијата дијаболична. За двајцата пржински опозициски вмровски министри тоа е законски овозможено. Алијансата е дел од владината структура од пред 11 месеци. Тогаш, што се тие двајца министри од Алијансата – уште еден опозициски блок во владата?

Тоа изгледа франкенштајнски, како што е франкештајнска самата пржинска влада, иако, според досегашното искуство, нејзината работа беше корисна. Тоа е дел од големата нервоза што ги има зафатено сите политички актери пред изборите. Што му требаше, на пример, на министерот за здравство, пред една недела да ја разрешува директорката на Клиниката за инфективни болести со смешен изговор и да постави директор од неговата партија. Зошто кај него надвладеа партиското наместо она со коешто сега се фали.

Можете да ги гледате анкетите, да верувате или да не врувате во нив, но според однесувањето на актерите изгледа дека ништо не е сигурно пред овие извонредно возбудливи избори. Се чини како никогаш досега. Тоа е магијата на демократијата.

(dw) Љупчо Поповски

    

Најново

ЈОВАНА МОЈСОСКА ОД ЛЕВИЦА СО ПОРАКА ЗА ТАРАВАРИ: Ако ги слуша барањата на ЕУ, ќе бара и укинување на Рамковниот балансер

Sase Ivanovski

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ…“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

Sase Ivanovski

„ВМРОИДИТЕ СИ КУПИЛЕ ЧЕТВОРИЦА ПРАТЕНИЦИ НА КВАНТАШКИ“: Се огласи Апасиев за тоа што ВМРО-ДПМНЕ обезбедија 61 пратеник

Sase Ivanovski

МЕГА ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ВО ЛИДЛ МАКЕДОНИЈА: Се бараат работници за над 20 позиции, еве во кои сектори

Sase Ivanovski

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најголеми компании по добивка во Струмица – Панче Заев и Г’на дебитанти

Sase Ivanovski

Одобренијата за градба стопирани, законите заглавени во Собрание, коj сака да гради ќе мора да чека

Sase Ivanovski

ТОШКОВСКИ: Mакедонската јавност во наредниот период ќе види многу интересни случаи

Sase Ivanovski

ФИЦО Е САМО ПОЧЕТОК, ВО ОПАСНОСТ СЕ СИТЕ ШТО НЕ СЕ ВКЛОПУВААТ ВО АГЕНДАТА НА ЗАПАДОТ Руските политичари упатија предупредување

Sase Ivanovski

Мицкоски на средба со „Македонија 2025“: Следува забрзан економски развој и подобрување на животниот стандард на граѓаните

Sase Ivanovski

ЛУДО ВИДЕО: СРБИН КУПУВА БИГ МЕК ОД МАКЕДОНЕЦ ВО ГЕРМАНСКИ МЕКДОНАЛДС

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) „ПАГАНИНИ НА ГИТАРАТА“ ЈА ВООДУШЕВИ БЕЛГРАДСКАТА ПУБЛИКА Младиот Марцин го покажа својот раскошен талент

Sase Ivanovski

Средба на раководството на СВР Скопје со претставниците на мисијата на ОБСЕ

Sase Ivanovski

РЕДОВНИ ГИНЕКОЛОШКИ ПРЕГЛЕДИ ЗА ПОКВАЛИТЕТЕН ЖИВОТ Превентивните прегледи се важни и од финансиски аспект

Sase Ivanovski

РАБОТЕЊЕТО ОД ДОМА Е ПОДОБРО ЗА ЗДРАВЈЕТО Германска студија ги покажала предностите на онлајн работата

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ПОТРЕСНА СЦЕНА ЈА ТРОГНА ХРВАТСКА Пожарникари спасија исплашено куче, сопственикот плачеше

Sase Ivanovski

ПОТРЕБЕН НИ Е 5% РАСТ, ТОГАШ МОЖЕБИ БИ СЕ ВРАТИЛА И ДИЈАСПОРАТА Комората и Македонија2025 договориле конкретна соработка

Sase Ivanovski

ДИРЕКТОРУВАЛЕ СО ЛАЖНИ ДОКУМЕНТИ Поднесени две обвиненија за директори на училишта во струшко

Sase Ivanovski

НОВИ 44 СЛУЧАИ НА ГОЛЕМА КАШЛИЦА Вкупната бројка на заболени достигна 597

Sase Ivanovski

ЌЕ ГО ПОДДРЖИМЕ МИЦКОСКИ АКО СЕ ПОДОБРУВА ДОГОВОРОТ ЗА АВТОПАТОТ, ВЕЛИ АЗЕСКИ „Бехтел и Енка“ се зачлениле во Стопанската комора

Sase Ivanovski

ГО ФАТИЛ ДЕТЕТО ЗА УВО И ГО ТЕГНЕЛ, А СОПРУГАТА ЈА ДРЖЕЛА НАСТАВНИЧКАТА Детали за инцидентот во битолското училиште

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ПАДНА КОМАНДНИОТ ЦЕНТАР НА УКРАИНА КАЈ ХАРКОВ? „Не планираме да го освоиме градот“

Sase Ivanovski

ТОМИСЛАВ НИКОЛИЌ ИМАЛ СООБРАЌАЈКА Поранешниот претседател на Србија не е повреден

Sase Ivanovski

Отворен првиот „Саем на средни училишта на Град Скопје “ на плоштад Македонија

Sase Ivanovski

Пентагон: Проектот за пристаништето Газа е завршен, помошта наскоро ќе дојде

Sase Ivanovski

Сообраќајка кај „Џамбо“: Автомобил се заби во бандера

Sase Ivanovski

Фанта-финта со Преспанскиот

Sase Ivanovski

Уште две обвиненија за Рамиз Мерко за незаконско назначување директори на училишта

Sase Ivanovski

Заслужен пораз и незаслужена победа

Sase Ivanovski

Ахмети е доволно возрасен за да ја води конститутивната седница која е планирана за 27 мај

Sase Ivanovski

Напад на синагога во Франција, полицијата го уби напаѓачот

Sase Ivanovski

Словачките политичари повикуваат на смиреност на политичките тензии во државата: Да се намали и со кампањата за изборите за Европскиот парламент

Sase Ivanovski

(ФОТО) Османи со бројни билатерални средби во Стразбур

Sase Ivanovski

Калинак: Состојбата на Фицо по новата операција е стабилна, но многу тешка

Sase Ivanovski

Aнализа: Дали Нетанјаху има план за „ден по“ војната во Газа?

Sase Ivanovski

Словачка на работ од граѓанска војна: политичарите повикуваат на смиреност

Sase Ivanovski

Генерално чистење на дивите депонии во Битола

Sase Ivanovski

Орбан: Фицо е меѓу животот и смртта, се молиме за него

Sase Ivanovski

Водачот на Хутите: Ќе го гаѓаме секој брод што ќе се упати кон израелските пристаништа

Sase Ivanovski

Зеленски признава дека ситуацијата во североисточниот регион Харков е „исклучително тешка“

Sase Ivanovski

Управниот суд оформи седум предмети за поднесените тужби од „Европскиот фронт“, кои се против одлуката на ДИК

Sase Ivanovski

Нов критички одглас за романот на годината од Димковска – критички осврт на Мојсова-Чепишевска

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Силно невреме го зафати Хјустон: има загинати, а градот е во мрак

Sase Ivanovski

Здружението на судии апелира реформата на судството да биде аргументирана, а третата власт да биде вклучена

Sase Ivanovski

Путин вели дека Русија создава тампон зона крај Харков и не планира освојување на градот

Sase Ivanovski

Унгарија стави вето на резолуцијата на Советот на Европа за Украина

Sase Ivanovski

Бербок вели дека на Украина ѝ треба оружје со долг дострел за да го одбрани Харков

Sase Ivanovski

,,Вдоми” затоа што животот е поубав со куче

Sase Ivanovski

Макроекономските проекции претставени пред ММФ: Претпазливите политики на Народната банка клучни за одржувањето на макроекономската стабилност

Sase Ivanovski

Пукање во Стокхолм: Затворена израелската амбасада, има и приведени

Sase Ivanovski

Масовни напади на Крим, сателитски снимки откриваат уништени моќни авиони

Sase Ivanovski

Иако е на „црната листа“ на САД за корупција, Самсоненко продолжува да гради на плоштадот „Македонија“

Sase Ivanovski

Германија за Преспа: Важно е да нема сомнеж дека новата влада ги почитува обврзувачките договори

Sase Ivanovski

Црвеното злато“ руши ценовни рекорди: Македонија испушта над двесте милиони евра годишно, додека лежи на бакар

Sase Ivanovski

Реакција на членови на ДИК: Неприфатливо е мешањео на политички партии и поединци од техничката Влада во изборните процедури

Sase Ivanovski

Домашен притвор за родителот од Битола, кој во училница за време на настава натепа ученик и наставничка

Sase Ivanovski

Краткотрајно невреме следните денови, со пороен дожд, град и грмежи

Sase Ivanovski

Љупчо Палевски-Палчо бара да го застапува тим од адвокати, меѓу кои Менкиноски и Страшевски

Sase Ivanovski

Зајкова демантира дека се приклучува кон ВМРО ДПМНЕ: Тоа се нарачки од партиски ботови

Sase Ivanovski

„ВРЕДИ“: Паниката е разбирлива, но злоупотребата на функцијата и притисокот врз судот се неприфатливи!

Sase Ivanovski

Европски фронт: Дали „Вреди“ се согласиле со ВМРО за ревизија на Коридорот 8?

Sase Ivanovski

Пронашле граната и ја однеле во беровкста полиција, ЦУК со апел да не се допираат неексплодирани средства

Sase Ivanovski

Автомобил излета од патот Штип – Скопје, двајца повредени

Sase Ivanovski

Приведена девојка од Кочани, нападнала и ограбила 69-годишна штипјанка

Sase Ivanovski

Мицотакис: Без почитување на Договорот од Преспа, патот кон Европа ќе остане затворен

Sase Ivanovski

Внимание: Секој адекватен простор да се искористи за поставување фотоволтаични панели

Sase Ivanovski

Данска испраќа нов пакет воена помош за Украина во вредност од 750 милиони евра

Sase Ivanovski

Египетскиот претседател Ал Сиси го обвини Израел дека избегнува постигнување прекин на огнот

Sase Ivanovski

По атентатот на Фицо, закана стигнала и до полскиот премиер – Доналд Туск

Sase Ivanovski

Град Скопје: Дезинсекцијата во Скопје се реализира согласно можноста и временските услови

Sase Ivanovski

Зеленски: На Украина и се потребни системи „Патриот“ за заштитата на Харков

Sase Ivanovski

Зајкова демантира дека се приклучува кон ВМРО ДПМНЕ: Тоа се нарачки од партиски ботови

Sase Ivanovski

Тошковски: Високораководни структури во повеќе институции се во спрега со мафијата

Sase Ivanovski

Рама до Бугарија: Политиката на блокада е ужасна, одвратна и антиевропска!

Sase Ivanovski

Пад на германските инвестиции во земјава поради недостигот на стручни кадри

Sase Ivanovski

Британскиот воен аташе во Москва прогласен за персона нон грата

Sase Ivanovski

Две лица тешко ранети, а уште четири полесно во напад со нож во Швајцарија

Sase Ivanovski

Натпревар во печење прасиња и ,,Електрични оргазам” во Куманово: Бесплатен влез за рок настанот!

Sase Ivanovski

БОМБА НА ТЕЛМА: Николовски прв полицаец, Тошковски на Правда, Муцунски Надворешни, Кочовска на чело на финансии ?

Sase Ivanovski

Средба на претседателката Гордана Сиљановска Давкова со Росана Дуџак, постојан координатор на Обединетите Нации

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ЈАКИМОВСКИ ОТКРИ КАКО СЕ ВИКА ИМПОТЕНЦИЈА НА УНГАРСКИ

Sase Ivanovski
Вчитувам....