Иако поминаа само два дена од невидениот ирански напад, во Израел владее политички раздор. Лидерот на израелската опозиција Јаир Лапид го обвини Нетанјаху дека претседава со „тоталната загуба на израелската стратегија за одвраќање“.Нетанјаху подоцна покани некои опозициски лидери на безбедносен брифинг, но Лапид не беше вклучен.